Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Отуѓувањето на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на правни и физички лица - се врши преку јавно наддавање
која е процедурата за купување државно земјиште од 10 ина квадратни метри кои се наоѓаат веднаш до мојот плац? кои се потребните документи и колку време ќе трае сето тоа?
Дозволете да Ве известиме дека до Министерството за транспорт и врски треба да доставите барање за откуп на државно земјиште, дооформување на градежна парцела, со потребната документација, и тоа: - Извод од Детален урбанистички план, односно усвоен урбанистички проект, согласно Генералниот урбанистички план; - Нумерички податоци и список на индикации; - Имотен лист (или Поседовен лист со спроведена трансформација односно приватизација) за сопствената катастарска парцела; - Имотен лист (или Поседовен лист) за катастарска парцела сопственост на Република Македонија; - Уверение за движење на катастарска парцела сопственост на Република Македонија; - Потврда дека нема постапка за денационализација за катастарска парцела која е предмет на оттуѓување прибавена од Министерство за финансии, (Одделение за имотно-правни работи); - Уверение за државјанство; - Фотокопија од лична карта; - Барањето се таксира со 250 денари таксени марки; - Аерофотограмистичка снимка од катастар. Понатаму по основ на Вашето барање, ќе се постапи согласно Законот за градежно земјиште (“Службен весник на Република Македонија” број 53/2001). Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Заинтересиран сум за градежно земјиште на државата и ако се продава да купам?
Дозволете да Ве известиме дека до Министерството за транспорт и врски треба да доставите барање за распишување на оглас за јавно наддавање, со извод од Детален Урбанистички план издаден од надлежната општина, зависно од тоа на која локација се наоѓа предметното земјиште. Доколку се работи за земјиште во државна сопственост, Министерството за транспорт и врски по службена должност ги обезбедува сите докази потребни за оттуѓување на земјиштето со јавно наддавање. Објавите за јавното наддавање, Министерството за транспорт и врски ги објавува во дневните печатени медиуми. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Корисник сум на јавна површина во Општина Тетово. Таа површина се наоѓа пред мојот локал кој се наоѓа во зграда? Инаку плаќам во општина Тетово за сезонско користење на таа површина? Дели постои или има начин тој дел да се откупи од државата?
Дозволете да Ве известиме дека до Министерството за транспорт и врски треба да доставите барање за откуп на државно земјиште, дооформување на градежна парцела, со потребната документација, и тоа: - Извод од детален урбанистички план, односно усвоен урбанистички проект, согласно Генералниот урбанистички план; - Нумерички податоци и список на индикации; - Имотен лист (или Поседовен лист со спроведена трансформација односно приватизација) за сопствената катастарска парцела; - Имотен лист (или Поседовен лист) за катастарска парцела сопственост на Република Македонија; - Уверение за движење на катастарска парцела сопственост на Република Македонија; - Потврда дека нема постапка за денационализација за катастарска парцела која е предмет на оттуѓување прибавена од Министерство за финансии, (Одделение за имотно-правни работи); - Уверение за државјанство; - Фотокопија од лична карта; - Барањето се таксира со 250 денари таксени марки - Аерофотограмистичка снимка од катастар. Понатаму по основ на Вашето барање ќе се постапи согласно Законот за градежно земјиште (“Службен весник на Република Македонија” број 53/2001). Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Jam i interesuar te blej truall per ndertim te shtepise familjare ne teritorin e komunes Butel. Si egziston mundesia qe une te blej token ne pronesi te shtetit me kushtet e parapara me ligj?
Дозволете да Ве известиме дека до Министерството за транспорт и врски треба да доставите барање за распишување на оглас за јавно наддавање, со извод од Детален Урбанистички план издаден од надлежната општина, во случајот општина Бутел. Доколку се работи за земјиште во државна сопственост, Министерството за транспорт и врски по службена должност ги обезбедува сите докази потребни за оттуѓување на земјиштето со јавно наддавање. Објавите за јавното наддавање, Министерството за транспорт и врски ги објавува во дневните печатени медиуми. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
На улица “Скупи” број 7 (во делот покрај Вардар) диво населени Роми го узурпираат државното земјиште. Некои од нив градат објекти на место на кое пред неполни 10 години беше фудбалско игралиште. Исто така покрај Вардар на самиот Кеј, на реката има заградени оранжерии и ниви со земјоделска култура и местото е непроодно. Дали надлежните институции се заинтересирани да превземат нешто?
Дозволете ни да Ве информираме дека по однос на ова прашање потребно е да се обратите до Државниот инпекторат за градежништво и урбанизам, директор г-ѓа Жаклина Ангеловска, контакт телефон: 023226184 Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Каде можам да го видам ценовникот за откуп на државно земјиште. Конкретно јас живеам во Тетово на ул.180 во населба Блок 70. Ве молам за информации и совет.
Дозволете ни да Ве известиме дека со влегувањето во сила на Законот за градежното земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2008 ) престана да важи Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.53/2001). Прописите предвидени со овој Закон ќе се донесат во рок од три месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон со кои ќе се определи и цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Корисник сум на државен стан во кој живеам диво вселен, кој сакам да го купам ?
Дозволете ни да Ве информираме дека стан сопственост на Република Македонија може да се продаде на носителот на станарското право или со негова согласност на член на неговото семејно домаќинство, кој е корисник на станот. - Стан во сопственост на Република Македонија се користи доколку надлежен државен орган Ви издаде решение за користење на стан и Ви склучи договор за користење на стан. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Сопственик сум на стопански објект кој е купен од општина Валандово.Имам корисничко право на замјиштето под објектот а целата урбанистичка парцела е на Република Македонија.Ве молам да ми дадете насоки како да го откупам земјиштето под објектот, дворно место кое припаѓа на објектот.
Дозволете ни да Ве информираме дека што се однесува до корисничкото право на земјиштето под објектот треба да се регулира преку Министерството за финансии, сектор за имотно правни односи и тоа согласно Законот за приватизација. Одкако земјиштето под објектотот ќе биде во ваша сопственост и доколку вашиот стопански објект е внесен во Катастар, а согласно урбанистичкиот план се вклопува во градежната парцела ќе може земјиштето сопственост на Република Македонија да се отуѓи согласно (член 14 став 2 алинеја 6 Законот за градежно земјиште Службен весник на Република Македонија 82/89 од 08.07.2008 година). Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Општина Берово. Покрај мојата куќа минува пат кој моментално е узурпиран од соседот и е засаден со градинарска култура.Истиот пат по речиси целата должина е узурпиран од соседите и воопшто не е во функција.Позади мојата куќа имам изградено гаражи меѓутоа не можам да влезам во нив со возилото бидејки пристапот е со ширина од 2 метри. Сакм да ве прашам дали можам да ја откупам површината од патот која минува покрај мојата куќа или како да го ставам во функција патот за да можам да влегувам во гаражата.За овој проблем се обратив во општина Берово во одделот за урбанизам и кај комуналниот инспектор маѓутоа добив одговор дека тие не се надлежни за тоа.
Дозволете ни да Ве информираме дека во врска со Вашето прашање Министерството за транспорт и врски не е надлежно. За узурпацијата на патот, Ве насочуваме своите права да ги остварите преку покренување судска постапка со тужба. Во однос на второто прашање за откуп на површината од патот покрај вашата куќа, Ве известуваме дека државно земјиште може да се одкупи, само ако тоа е предвидено согласно деталниот урбанистички план. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Почитувани, живејам во семејна куќа која му е доделена на мојот дедо во 1963 година врз основа на препорак на собрание на општината и врз основса на одлука на советот на работна (поседуваме решение) од каде е и пензиониран.Кога тргнавме по институциите да побараме откуп наидовме на проблеми и препреки за кои до ден денес нема решение. Најпрвин отидовме во Јавно Стамбено Претпријатие од каде ни кажаа дека становите ги немаат во евиденција а од работната организација од каде е доделен станот на мојот дедо секој месец на ист датум стига уплатница да се плати кирија. Интервенираше судот и откако работната организација не можеше да докаже сопственост престанавме да плаќаме надомест за станарина. Потоа не упатија во Катастар од каде ни побараа движење на земјиште и истото да биде изложено. Сето тоа го сторивме и по неколку години ги добивме решението за движење каде стои дека земјиштето и припага на Република Македонија и е без терет,решение за изложено земјиште каде што ново настанатиот имот се евидентира на име на Република Македонија. Со овие документи не испратија до Влада на Република Македонија до Сектор за имотно правни работи. Иако уредно поднесените документи беа доставени до Сектор за имотно правни работ отаму не известија дека тоа не е во нивна надлезност туку дека за тоа е надлезно Министерството за транспорт и врски. Научени да лутаме по институциите се упативме до ресорното министерство и ги доставивме документите кои ги поседуваме. Отаму добивме одговор дека нашата документација не е потполна и дека ни фали договор за склушен закуп со Јавното станбено претпријатие.По професија сум дипломиран економист а со текотот на околностите научив и многу за имотно правните работи и дојдов до заклуцок од нас се бара документ кој треба да го издаде Јавното станбено претпријатие кое што ни вели дека постоечките објекти во кои ние живееме ги нема во евиденција и не се надлежни за истите објекти туку дека целата гриза е на Влада на Република Македонија. Водени од мислата дека надежта последна умира се обративме до Влада на Република Македонија до сектор за имотно правни работ и отму ни кажаа дека се чека на одлука која треба да помине на владина седница за да се одлучи кој ќе биде за решавање на ваквите случаи. Ситуацијата е таква да ние со ваквите проблеми тапкаме во место и сме во еден таканаречен вакум кој намерно или не е створен за да царува урбаната мафија која не бира средства и начин да ги спроведе своите идеи и цели. Моето прашање е дали откако ке помине таа владина одлука нашиот имот ќе биде запишан во Јавно стамбено претпријатие. Дали ќе можеме да го откупиме и станеме сопственици и дали со сегашниот статус сме заштитени од било какви квази интервенции,просторни уредуванја и проширување.Мојот проблем и проблемот на моето семејство е мал во споредба со нашите маки.
Дозволете ни да Ве информираме дека ќе можете да го одкупите станот согласно „Законот за продажба на општествени станови“ доколку доставите барање за склучување на купопродажен договор и во барањето ги предложи следниве документи : • Решение за користење на станот ( оргинал) • Договор за користење на стан (оргинал) • Фотокопија од важечка лична карта • Уверение за државјанство (оргинал) • Имотен лист или потврда дека станот е во државна сопственост ( оргинал) • Изјава заверена кај нотар дека нема друг стан или куќа на територија на Република Македонија (оргинал) • Потврда за регулирана закупнина од ЈПССДО на Република Македонија (оргинал) Напомена : По завршувањето на постапката до издавањето на Договор за купопродажба сите горенаведени поднесоци во оргинал ќе ви бидат вратени заедно со договорот.
Заинтересиран сум за легализација на дивоградба, па ме интересира до кога е крајниот рок и каде треба да се обратам во општина Гази Баба и кои документи треба да ги обезбедам. Поздрав
Дозволете да Ве известиме дека согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ”, бр.23 од 24.02.2011), постапката за легализација започнува со поднесување на барање за утврдување на правниот статус на бесправен објект од страна на имателот на бесправната градба до единицата на локалната самоуправа на чие подрачје е изграден бесправниот објект, во рок од 6 месеци од денот на влегување во сила на овој закон. Законот за постапување со бесправно изградени објекти стапи во сила на 03.03.2011 година. Барателот е должен да достави: уверение за државјанство за домашно физичко лице односно дозвола за постојан престој за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице, извод од Централен регистар на РМ односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште; доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн), а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред влегување во сила на овој закон; геодетски елаборат за извршен премер на катастарската или градежната парцела и на бесправниот објект, кој содржи скица на премерување на катастарска или градежна парцела и скици на премерување на внатрешната површина на бесправниот објект; проект за фактичка состојба на бесправен објект изработен од правно лице со соодветна лиценца за проектирање и имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
Живеам во двор кој 500 квадрати е во приватна сопственост а 400 квадрати сопственост на РМ. Сопственици на првите 500 квадрати сме 6-мина наследници од нашиот татко кои веке ги откупивме како дворно место. Ме интересира кој има право на откуп, останатите 400 квадрати државно место, дали мора да бидат прашани сите 6-мина или тоа можи да го направи само еден без согласност од другите. Значи, јас сам на веќе објавена лицитација од страна на РМ да ги откупам тие 400 квадрати. Поздрав.
Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски не е надлежно за овој проблем.За одговор на ова прашање обратете се во Министерството за финансии на Република Македонија. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Корисник сум на земјиште кое е во државна сопственост за кое поминат договорот за користење, и земјиште кое е купено со договор за купопродажба и тие две парцели се една до друга.На парцелите има изградено викендица и работилница кои не се сеуште легализирани.Ве молам да ми одговорите дали може сето тоа земјиште да го откупам од државата да биде во моја сопственост и која е процедурата за сето ова.Однапред ви благодарам,
Дозволете ни да Ве информираме дека што се однесува до корисничкото право на земјиштето под објектот треба да се регулира преку Министерството за финансии, сектор за имотно правни односи и тоа согласно Законот за приватизација. Додека за легализација на бесправно изградените објекти согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ”, бр.23 од 24.02.2011 година) истите можат да бидат предмет на овој закон и доколку ги исполнат условите истите можат да се легализираат. Ви благодариме на соработката.Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
Дали сеуште важи законот за откуп на дворно место по 1 евро. Имено, имам купено стан и сега незнам дали можам самостојно да си поднесам документи за откуп на земјиште на која е изградена зградата соодветно на квадратите на мојот стан. Незнам дали комшиите имаат поднесено групно барање во предходниот период, а тоа не е и толку битно , прашањето ми е дали можам јас сега самостојно да поднесам и кои документи ми се потребни ?
Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски не е надлежно за овој проблем.За одговор на ова прашање обратете се во Министерството за финансии на Република Македонија. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Сопственик сум на катастарска парцела која е дел од градежна парцела (2 дела се, 1 во моја сопственост, другиот на РМ) и на неа треба да биде петкатница по новиот ДУП. Останатата парцела од градежната парцела се води на Република Македонија и ние бесправно ја имаме заградено и користено 40 години. пред еден месец лица насилно упаднаа, ја срушија нашата ограда и почнаа да градат барака, објект од привремен карактер. Иако ние имаме повеќе од 50% од градежната парцела они поднеле барање за откуп на земјиштето иако ние исто така имаме поднесено барање пред одредено време. Прашањето ми е: Кој ќе има предност во купувањето, дали тој што прв поднел или ние бидејќи имам повеќе од 50%. И дали треба некој да не извести ако се даде земјиштето на јавно наддавање од нивното барање. И второ дали има право општината да го продаде и дали може општината им го продаде земјиштето по непосредна спогодба без ние воопшто да бидеме известени за тоа. Се работи за општината Чаир.
Почитувани, Во врска со Вашето прашање Ве известуваме дека начинот, постапката и условите за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, се регулирани со Законот за градежно земјиште, со тоа што доколку се бара откуп на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба по основ на офрмување на градежна парцела, а во рамки на градежната парцела има повеќе сопственици на катастарски парцели потребно е сите сопственици на катастарските парцели да се јават како баратели за откуп на земјиштето. Доколку еден се јави како барател неможе да изврши откуп на градежното земјиште без согласност на останатите, а доколку тој не ги извести, истите ќе бидат известени од Министерството за транспорт и врски, додека времето на поднесување на барањето за откуп на градежното земјиште нема никакво значење и не дава никаква предност за откуп на земјиштето. Додека постапките за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање се различни од постапките за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија по пат на непосредна спогодба, на тој начин што постапките за јавно наддавање се спроведуваат со објавување на градежното земјиште во најмалку два дневни весници, а доколку во рамки на градежната парцела има право на сопственост на физички лица истата неможе да биде отуѓена по пат на јавно наддавање без согласност на сопствениците, а без оглед кој орган ја спроведува постапката сопствениците на катастарските парцели кои влегуваат во рамки на градежната парцела мора да бидат известени за давање на согласност. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Koj e krajniot rok za kompletirawe na dokumtite za odkup na drzavno zemjiste ?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно Закокот за градежно земјиште, нема краен рок за постапките за дооформување, трансформација на право на сопственост по основ на договори постари од 20 години, откуп на земјиште по основ на сопственост на објект и сл. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Имам купено куќа која лежи на градежно изградено земјиште со право на користење ,бидејќи претходниот сопственик на куќата не извршил приватизација на дворното земјиште.Но бидејќи дворното земјиште не беше приватизирано,нотарот во договорот за купопродажба на куќата не го внесе листот Б од имотниот лист во кое стои дворното земјиште со право на користење.Дали јас сега како нов сопственик на куќата ќе можам сам да си ја извршам приватизацијата на дворното земјиште или тоа ке мора да го направи претходниот сопственик,бидејќи тој како претходен сопственик на куќата го имал правото на користење на градежното изградено земјиште.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно Законот за градежно земјиште Министерството за транспорт и врски и општините може да водат постапка за „трансформација“ на право на користење врз основа на договор склучен со поранешен сопственик повеќе од 20 години од денот на склучувањето на договорот. Согласно член 88 од Законот за градежно земјиште, лице кое користи градежно неизградено и изградено земјиште пренесено од поранешен приватен сопственик, може да стекне право на сопственост на тоа земјиште ако истото го користи врз основа на договор склучен со поранешен сопственик повеќе од 20 години од денот на склучувањето на договорот и кога ќе плати данок на промет за земјиштето. Кон барањето се приложува: - доказ за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите на наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа), - договор за купопродажба на земјиштето, - податоци за градежното земјиште (имотен лист од Агенцијата за катастар на недвижности), - извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела согласно со Законот за просторно и урбанистичко планирање, - геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;, - уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и - изјава заверена на нотар во која сопственикот на земјиштето или неговиот законски наследник признава дека земјиштето е продадено или судска пресуда со која се потврдува дека за земјиштето пренесено од поранешен приватен сопственик е склучен договор со поранешен сопственик. Постапки за приватизација на градежно земјиште согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост води Министерството за финансии, Управа за имотно правни работи. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Почитувани, Со соседот извршивме размена на имотите и за истата ни пресметаа и плативме данок во УЈП. Јас сум единствен сопственик на мојот имот, меѓутоа на земјиштето на соседот, покрај соседот, право на сосопственост има Република Македонија. Напоменувам дека размена вршиме само на идеален дел на кој е сопственик соседот, а не и на идеалниот дел што е во сопственост на РМ Договорот за размена сакаме да го завериме на нотар заради упис во катастар, меѓутоа никој не прифаќа договорот да го солемнизира. Ни беше кажано дека е потребна некаква согласност од Владата на РМ. За каква согласност станува збор и што треба да се превземе?!
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека кога се отуѓува земјиште кај кое во идеален дел е сосопственик Република Македонија, тогаш продавачот согласно Законот за сопственост и други стварни право, член 32 и член 33, е должен својот идеален дел најпрвин да го понуди за продажба на другиот сосопственик (во овој случај Република Македонија) со подавка преку Нотар и доколку другиот сосопственик не е заинтересиран за купување, во тој случај може да се отуѓува на трети лица. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Pocituvani:Imame kuca vo Djorce Petrov naselba Hrom podelena na dva dela i ima dva posedovni lista so razlicit evidenten broj ,edniot glasi na mojot tatko (gi imame site dokumenti osven elaborat) a drugiot na negoviot brat koj e pocinat a negoviot sin uste nema nisto prepisano na negovo ime a i adresata uste ne e smeneta (se vodi na stara adresa) . Sto treba da napravime so otpocnuvanjeto na legalizacija na zemjisteto bidejki imame podneseno baranje vo zakonski rok p.s. ne mozeme d napravime fizicka delba bidejki finansiski ne e spremen,pa bi ve zamoli za precizen odgovor.Odnapred mnogu vi blagodaram.
Почитувани, Лицето кое нема спроведено оставинска постапка треба да започне оставинска постапка и до општината да достави известување од нотарот повереник на оставинскиот суд дека се води оставинска постапка за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект, по што надлежниот орган е должен во рок од 10 работни дена од приемот на барањето да донесе заклучок за прекин на постапката. Постапката ќе продолжи по доставување на правосилно оставинско решение. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Нашата парцела е со површина од 1000 м2 градежно земјиште и од едната страна граничи со парцела од 300м2 сопственост на Р.Македонија.Дали со купување на овие 300 м2 кои се сопственост на Р.М. се обврзуваме во определен рок да мораме да градиме?И уште едно пташање .Дали при купување на горенаведеното земјиште на Р.М. доколку не лицитира нашиот единствен сосед (физичко лице) дали ние треба од него да имаме согласност за докупување на земјиштето?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во врска со Вашето прашање поставено на порталот, потребно е да има урбанистички план на градежното земјиште. Доколку тие 300 м2 се ставени во иста градежна парцела со Вашите 1000 м2, потребно е да се направи дооформување на земјиштето, додека пак ако станува збор за различна градежна парцела, потребно е да се спроведе постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, Во врска со Објавите за отуѓување на градежно земјиште по пат на електронско јавно наддавање, сопственост на Република Македонија, односно делот за потребните документи ме интересира "Дали оригинален или заверен кај нотар примерок од државјанство мора посебно да биде приложен за сите објавени градежни парцели сочинети во иста Објава? И дали на секоја наредна објава мора да биде доставен оригинален или заверен примерок од државјанство доколку претходно се доставени документи меѓу кои и оригинален примерок од државјанството? Дали може да се повикам на оригиналниот примерок од претходната Објава, а во наредната да доставам само фотокопија? Ова прашање го поставувам бидејќи Министерството треба да ги поседува документите (од претходни објави) во архива и според мене ирационално и непотребно е да барате за секоја објава или градежна парцела оригинален или заверен примерок што чини пари и време. Со Почит.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно законските рамки секоја објава е посебна сама за себе и потребно е да се достави документација за секое ново пријавување за отуѓување на градежно земјиште. Во самата објава наведени се условите и потребната документација за учество на електронското јавно наддавање каде е наведено дека документацијата потребно е да се приложи во оригинал или фотокопија заверена на нотар. Со почит, Министерство за транспорт и врски
Почитувани, Пред околу една година како председател на заедница на сопственици на станови до подрачното министерство за финансии поднесов барање за откуп на државно земјиште. Службеничката ми одговори дека со последната тогашна измена не е потребнода се врши заедничко поднесување документи. Ми кажа дека државните служби по службена должност ќе поднесат до секој станар известување(барање) со кој секој независно понатаму ќе ја проследи постапката. Но одтогаш помина многу време а немеме добиено никакво известување. Ве молам за одговор. Се работи за станбена зграда на ул.Булевар 1-ви Мај 204 Битола. Со почит, Томе Димитровски
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за откуп на дворно место надлежно е Министерството за финансии на РМ. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
почитувани. сакам да купувам земиште во село Бериково. но не можам да дојдам до документи односно на сопственици дека правото на корисникот не е определен. односно за нив 60- 80 год. никој не ги плачал на државата порез за недвижен имот. како до го купувам то земиште станува збор за пасиште итн. дали может да се конфискува то земижте и после да се купува од државата. по договорена цена. ви благодарам
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за одговор на Вашето прашање може да се обратите во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, во чија надлежност се пасиштата. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Pocituvani,imam podneseno baranje za legalizacija na pomosen objekt(garaza)koja se naoga vo mojot transformiran del od 285 m2 eden del od13m2 a drugiot del od nea ili okolu 6m2 e vo del na sosedna netransformirana parcela koja se vodi na Republika Makedonija parcela od 200m2 od koja i jas imam del 1/9.Vo urbanizam dobiv odgovor deka bez soglasnost na drugite dvajca sopstvenici koi imaat po 4/9 od istata taa sosedna parcela ne mozam da go legaliziram objektot...iako taa parcela od 200m2 se vodi na Republika Makedonija...soglasnosta od kosopstvenicite ne ja dobiv ili ednostavno ne sakaat da mi dadat soglasnost...kako do legalizacija????
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 6 став 3 од Законот за постапување по бесправно изградени објекти (Службен весник на РМ, бр. 23 од 24.2.2011 година), доколку бесправниот објект е изграден на земјиште кое не е сопственост на барателот или на Република Македонија односно земјиштето е сопственост на друго физичко или правно лице, барателот покрај останатите докази должен е да достави и договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот на земјиштето. Потребно е да се решат имотно-правните односи со сосопствениците за да може да се утврди правен статус на објектот. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, ме интересира дали Општина Маврово и Ростуша ги има преземено ингеренциите за располагање со државно земјиште? Ако ги има преземено зошто тоа не е објавено на веб страната на Министерство за транспорт и врски. Од ЕЛС тврдат дека се преземени, а сите општини кои ги имаат преземено се објавени на њеб страната на МТВ, за оваа општина нема никаква информација. Со почит
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски имате листа на општини кои го имаат преземано управувањето со градежно неизградено земјиште во сопственост на Република Македонија.Меѓу општините на листата се наоѓа и општина Маврово и Ростуше. Во прилог, Ви доставуваме и линк од листата: http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3616 Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
kakvi dokumenti se potrebni i kade da se dostavat za otkup na drzavno zemjiste koe se naoga do kukata vo koja ziveeme vo selo Velmevci -Demir Hisar za koe poseduvame imoten list i kopie od katastarski plan sto uste e potrebno da se dostavi
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за дооформување на градежно земјиште потребно е: Б А Р А Њ Е за отуѓување на градежно земјиште сопственост Република Македонија со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план а лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела и ако со планот на таа градежна парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон (административна такса 1500,00 денари) Од _______________________________________од___________________________ со стан (седиште) ул.„___________________________“бр. _____. Тел.бр.______________________ Бараме да ни се отуѓи градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план а лицето има сопственост повеќе од 30% од градежната парцела и ако со планот на таа градежна парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон, кое претставува КПбр._________________________ КО __________ со површина од ____________м2, кое претставува градежна парцела согласно ДУП_______________________________. Во прилог кон барањето ги доставуваме следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот): 1. Извод од урбанистички план со дефинирана градежна парцела; 2.Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела; 3.Имотен или поседовен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето, за градежното земјиште кое претставува над 30% од градежната парцела; 4.Имотен или поседовен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена; 5.Уверение за редослед на извршените промени во катастарската евиденција за предметното градежното земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина; 6.Доказ за регистрација од Централен Регистар на Република Македонија ако подносител на барањето е правно лице односно фотокопие од лична карта ако подносител на барањето е физичко лице и 7.Врз основа на Уверението од точка 5, конкретен одговор од Министерство за финансии дека не е покрената постапка за денационализација до 31.12.2007 година за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија кое претставува КПбр._______ КО ________ од поранешните сопственици односно од нивните наследници (надлежната Комисија за денационализација). Подносител на барањето __________________________ Имено, истото може да го најдете и на нашата интернет страница, во делот Услуги за граѓаните. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
spored zakonot za legalizacija na divogradbi mi e legalizirana divogradbata koja se naoga na drzavno zemjiste.kako mozam da si go otkupam zemjisteto od drzavata?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 69 од Законот за градежно земјиште, Кога градежното земјиште се отуѓува со непосредна спогодба на другите сопственици на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација и еведентирани во јавната книга на недвижности кои не поседуваат акт за доделување на правото на користење на градежно земјиште, се поднесува барање до Министерстовото за транспорт и врски, односно општината (во зависност дали има преземено надлежности за управување со градежно земјиште) со следните докази: - извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела, - геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела, - имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето, - имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, - уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и - доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопиjа од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Vo edna gradezna parcela ima tri katastarski parceli. Jas sum sopstvenik na ednata, sosedot na vtorata i tretata e vo sopstvenost na RM. Kako odi porcedurata za otkup na parcelata na RM i dali mozam jas sam da podnesam baranje za otkup bez sosedot zosto sum sopstvenik na del pogolem od 30% od parcelata?
Почитувани, Согласно Законот за градежно земјиште во член 68 е наведено дека: Кога градежното земјиште се отуѓува со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација, а лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела и ако со планот на таа градежна парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон, кон барањето се поднесуваат следниве докази: - извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела, - геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела, - имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето, за градежното земјиште кое претставува над 30% од градежната парцела, - имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, - уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и - доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице. За да се изврши дооформување на градежната парцела со земјиште во сопственост на Република Македонија, неопходно е пред поднесување на такво барање да се регулираат меѓусебните односи помеѓу сите сосопственици на катастарските парцели кои припаѓаат во градежната парцела, или да се јават како баратели сите сосопственици. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Таткоми има право на трајно користење на градежно изградено земјиште во сопственост на Р.Македонија но тој е починат. Дали можам јас да поднесам барање за приватизација на ова земјиште и да биде моја сопственост. Ако неможам да поднесам барање за приватизација дали и како може правото на користење да се пренесе од таткоми намене или на трети лица?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека постапките за приватизација на градежно земјиште се во надлежност на Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи. По смртта на корисникот на земјиштето во оставинска постапка се распределува целокупниот имот на покојниот при што се врши распределба и на недвижниот имот. Доколку постои објект на градежното земјиште со распределбата на објектот се пренесува и правото на користење на градежното земјиште на наследниците како наследено право, а потоа по добивање на имотен лист со право на користење, новите корисници може да поведат постапка за приватизација на градежното земјиште. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Сопственик сум на кука во нас.Пинтија. Пред 15 години од другата страна на уличката имам изградено две гаражи на државен плац . Сакам истите да ги легализирам и да си го откупам плацот ако е можно. Како?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека по добивање на решение за утврдување на правен статус на бесправен објект од општината, потребно е општината да донесе урбанистичко планска документација со која ќе ги вклопи објектите во урбанистички план. Потоа, постои можност за откуп на предметното земјиште. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
dali seuste mozam da podnesam baranje za legalizacija na hangar vo opstina butel do makedonija lek
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека рокот за поднесување на барања за легализација на бесправно изградени објекти заврши на 3 септември 2011 година. За сите бесправно изградени објекти за кои не се поднесени барања во законскиот рок ќе следи постапување согласно Законот за градење (Службен весник на Република Македонија бр. 130/09, 124/10,18/11 и 54/11). Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
08.02.2013 Sopstvenik sum na zemjiste koe e del od gradezna parcela.So sosedot pred okolu 1g.vodevme usni razgoovori okolu prodazba na negoviot del. vo m.12.2012 vadejki za mene imoten list izvadiv i za negovata parcela. Pred okolu 1 nedela barajki nekoi informacii od katastarot preku internet, dojdov do informacija deka sosedot go prodal placot . Kakvi se moite prava ? So po cit,
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 5 од Законот за градежно земјиште е определено дека „На правото на сопственост на градежното земјиште и на другите стварни права се применуваат прописите за сопственост и другите стварни права, за договорен залог, за облигационите односи, за запишување на правата на недвижностите и други прописи.“ Во член 9 од истиот закон е наведено дека „Прометот со градежното земјиште е слободен и се врши под услови утврдени со овој и друг закон.“ Понатаму е определено дека „Кога градежното земјиште во сопственост на физички и правни лица со урбанистички план или урбанистичка планска документација е планирано за градење на објекти од јавен интерес за Републиката утврден со закон,или за градење на објекти од јавен интерес од локално значење утврден со закон, првенствено право на купување има Република Македонија, на начин утврден со закон, односно првенствено право на купување имаат општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, на начин утврден со закон.“ Со овие законски прописи не се определени посебни соседски права. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Пред 50 год. направена е арондација на земјиште. На земјиштето што ни е доделено, веќе 50 год. имаме изградено станбен објект. Правниот статус не е решен сеуште и земјиштето гласи на Р.М. Сега се појавуваат сопственици кои тврдат дека земјиштето го вратиле на денационализација. Објектите се легализирани. Прашањето ми е дали можеме да го откупиме дворното место со законот за откуп на дворно земјиште ? Однапред ви благодарам.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека Вашето прашање не содржи доволно податоци по однос на тоа дали објектот е изграден со уредна документација, односно дали земјиштето било запишано во поседовен лист, па поради наведеното се претпоставува дека се работи за приватизација на градежно земјиште. Истата треба да се врши во постапка согласно законските одредби на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (“Службен весник на Република Македонија” број 4/2005, 13/2007,165/2008, 146/2009 и 18/2011), што е во надлежност на Министерството за финансии-Управа за имотно правните работи. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Можно ли е да постојат два имотни листа за иста парцела во катастар? Една која се однесува на самиот објект, кој е заведен како семејна зграда, и во него се наведени катовите а друг, во кој е наведено земјиштето под зграда и дворното земјиште?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно Законот за катастар на недвижности во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности, меѓу другото е и формирање и управување со Геодетско – катастарскиот информационен систем, вршење на основни геодетски работи, вршење на премер на недвижностите, запишување на правата на недвижностите и востановување и одржување на катастарот на недвижностите. Поради наведеното Агенцијата за катастар на недвижности е надлежна за давање одговор на ова прашање, а од досегашната пракса не е невообичаено да има еден имотен лист за објектот, а друг имотен лист за земјиштето. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, сопственик сум на градежен плац во нас.Пинтија со површина од 710 m2.Според ДУП Пинтија на плацот има маркица за објект за домување и маркицата е лоцирана во граници на катастарската парцела (плацот) но урбанистичката парцела излегува за 3 метри од катастерската парцела (иако немало потреба за тоа,плацот е 710 m2) и навлегува во дворот на соседот.Соседот не сака да продава оти ќе нема двор и не можам да ја оформам урбанистичката парцела.Фирмата која го изготвила ДУП Пинтија тврди дека поради тогашните методи на мерење е направена грешката и бараат да им платам 120.000 денари за изготвување на измена на ДУП Пинтија во делот на мојот плац а јас сметам дека тоа е навистина многу скапо.Прашањето е има ли некој друг начин како да добијам одобрение за градба а да не морам да го менувам ДУП Пинтија и да правам дооформување на урбанистичка парцела оти неспорен факт е дека мојот плац е доволно голем за 2 урбанистички парцели а камоли за една урбанистичка парцела.Факт е и дека ДУП Пинтија на овој начин ми го држи имотот заробен,ниту можам да го продавам ниту да градам.Ве молам да ми помогнете да го решам проблемов. Срдечен поздрав!!!
Почитувани, Поставеното прашање кое се однесува на ДУП Пинтија или негово изменување и дополнување, како и спроведувањето на истиот е во надлежност на Општина Кисела Вода, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“, бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11 и 144/12 и 55/13). Што се однесува до примедбите на Деталниот урбанистичкиот план Пинтија, Ве известуваме дека согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“, бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11 и 144/12 и 55/13), по нацртот на урбанистичките планови општината спроведува јавна презентација и јавна анкета, а согласно став (11) од истиот член времето и местото каде што ќе биде изложен планот и спроведувањето на јавната презентација и јавната анкета, задолжително се објавува со соопштение во најмалку две јавни гласила. Согласно став (9) од истиот член, комисијата од став (6) на овој член е должна писмено да го извести секое лице кое поднело анкетен лист со образложение за прифаќање или неприфаќање на неговите забелешки или предлози. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, неодамна купив градежно државно земјиште-плац за изградба на семејна кука. околу плацот има три семејни куки од кој сите имат навлезено со дворовите во мојата парцела. Од општината ме известија дека отстранувањето на оградите од мојата парцела е проблем на општината, меѓутоа јас сакам да почнам што поскоро со градбата, и ме интересира дали соседите имат право на жалба и дали ке ми одземе дополнително време чекајки да се разреши спорот. Како и тоа дали може да се случи да не им се отстранат оградите и да ми се намали површината на парцелата. Благодарам и поздрав.
Почитувани, Со купувањето на градежната парцела новиот сопственик го стекнува правото за градење на истата согласно деталниот урбанистички план и одредбите за негово спроведување дадени во изводот од планската документација. Инвеститорот смее да отпочне со изградбата согласно одредбите на Законот за градење по правосилноста на одобрението за градење издадено од надлежниот орган. Правото на жалба изјавена по одобрението за градење од непосредните соседи е законски определено и не постои начин да се оспори. Отстранувањето на бесправни објекти за кои е донесено решение за отстранување го спроведуваат надлежните служби во општината, на чија територија се наоѓаат истите, согласно утврдената динамика во донесена програма. Согласно одредбите од Законот за градење по решението за отстранување донесено од овластениот градежен инспектор е допуштена жалба, но врз основа на член 137 став 4 истата не го одлага извршувањето. Промената на површината на градежната парцела се врши исклучиво во пропишана постапка согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, односно со изменување или дополнување на деталниот урбанистички план, што значи дека со неотстранување во некој рок на бесправните градби не може да се промени површината на градежната парцела утврдена во планот. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, сакаме да извршиме легализација на бесправно изграден објект. Од потребната документација за постапката ги имаме сите потребни документи, освен имотниот лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект. Причината поради која го немаме имотниот лист е тоа што земјиштето е дел од парцела на која не е утврден сопственикот на истата, од причина што земјиштето е купено од еден од можните наследници на парцелата, со кого имаме договор за купопродажба кој е заверен на нотар. Проблемот е во тоа што во имотниот лист не стои сопственикот, како сопственик на целата парцела туку соседите како сосопственици кои исто како и ние купиле дел од парцелата и државата како сосопственик. Дали може да не насочите од каде да почнеме, со оглед на тоа дека ни лицето од кое ние сме купиле дел од парцелата нема запишано право на сопственост, бидејќи немало спроведена оставинска постапка. Како да се стекнеме и ние со статус на сосопственици на парцелата?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека одредбите на членот 6 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти (на Република Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12 и 72/13) ги дефинираат потребните докази кои се поднесуваат со барањата за утврдување правен статус на бесправен објект, така што во нив стои: „(3) Доколку бесправниот објект е изграден на земјиште кое не е сопственост на барателот или на Република Македонија, односно земјиштето е сопственост на друго физичко или правно лице, односно бесправниот објект е изграден на земјиште кое е сосопственост на барателот и друго физичко или правно лице, барателот покрај доказите од ставот (2) на овој член е должен да достави и договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето или изјава заверена на нотар со која сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето изјавува дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект и истиот да се запише во јавните книги за запишување на правата на недвижности на име на барателот. (4) Доколку бесправниот објект е изграден на земјиште пренесено од поранешен сопственик врз основа на договор за купопродажба, на кое како корисник во имотниот лист е евидентиран поранешниот сопственик, а барателот го користи земјиштето повеќе од 20 години од денот на склучувањето на договорот, барателот е должен покрај доказите од став (2) на овој член да достави и договор за купопродажба на земјиштето и изјава заверена на нотар, дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека барателот или лицето чиј наследник е барателот го имаат купено земјиштето од поранешниот сопственик и истото го користат повеќе од 20 години од денот на склучувањето на договорот.“ Во зависност од конкретната ситуација на земјиштето на кое е изграден бесправниот објект, треба да се применат наведените ставови (3) и (4) од членот 6 од Законот. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Edna katastarska parcela(sosoptsvenost so R.M.) e razdelena na dve gradezni parceli od koi ednata e na moe ime a ednata sme sosopetvenici so R.M. kade imam 1/10 od vtorata gradezna parcela. Dali mozam so neposredna spogodba da go dokupam ostatokot og gradeznata parcela? pozdrav
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека одредбите на членот 15 став (4) од Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија“ број 17/11, 53/11, 144/12 и 25/13) определуваат дека градежното земјиште се отуѓува со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација, а лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела и ако со планот на таа градежна парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон. Поради наведеното сопственоста на 10% од градежната парцела не претставува основ за оттуѓување со непосредна спогодба. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, според новиот ДУП градежната парцела се состои од 3 катастарски парцели, од мои двете се приватизирани во наша сопственост, а третата КП парцела е во идеална половина и тоа половината е во наша сосптвеност а другата идеална половина од оваа КП е на Р. Македонија но со 3 други лица со право на користење. Врз основа на кои членови од Закон или друг акт можеме да им се одземе корисничкото право на овие лица, со цел да ја дооформам градежната парцела, ако се има во предвид дека јас сум сопственик на 90% од Градежната парцела (2 КП + 1/2 од третата КП). Благодарам на одговор.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека потребно е да се поднесе барање за дооформување на градежната парцела со комплетна документација, меѓу која и изјава заверена на нотар дека барателот ќе ги сноси трошоците за одземање на корисничкото право. Постапувајки по барањето за оформување на градежната парцела надлежниот орган за одлучување по барањето, по службена должност доставува Предлог до Државното правобранителство за одземање на корисничкото право. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, Користам земјиште повеќе од 40год.за кое во Катастар на РМ не може да се издаде Имотен лист бидејќи земјиштето не е изложено (со неутврдено право на сопственост). Меѓутоа со елаборат за идентификација е добиена информација (само за службени потреби) дека корисник на земјиштето сум јас заедно со собрание на општина, а сопственик е Р.М.. Е сега, за да го запишеме корисничкото право во имотен лист ни бараат основ по кој би го извршиле изложувањето. Во моментов таков документ не можеме да обезбедиме. Парцелата по ДУП е паркинг за новопредвидена зграда. Ме интересира дали општината или инвеститорот може да го изгради паркингот без да не обештети ? Вашиот совет многу ни значи ! Поздрав
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека обештетување може да добие само оној кој го има запишано правото на сопственост или користење во катастарот на недвижности. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani gospoda sakam da prasam vo vrska so zejmisteto ispod legaliziran objekt pame interesira dali stapi vo sila novata uredba ili noviot zakon za zejmisteto ispod legaliziran objekt bidejki so najava od premierot mr.nikola gruevski deka ke se prodava zejmisteto ispod legaliziranite objekti i bez detalen plan a vo 18.11.2013 isto imase obrakanje od ministerot na transport i vrski deka vo legaliziranite objekti nema da ima ogranicuvanje na parcelata ali do 500 metra kvadratni ie se plaka po 1 evro a nad 500 m2 ke se odredi cena po tabelarot sto e za doformuvanje na parcela Znaci potocno sakam da znam dali e donesen toj zakon ili uste ne e donesen Vi blagodaam
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека на 18.11.2013 година е објавена во Сл.Весник бр.158 Уредбата со која се пропишува висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп, како и за засновањето на право на стварна службеност, и согласно Уредбата со која се пропишува висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп, како и за засновањето на право на стварна службеност (Сл.Весник бр.158/2013) во член 2 став 5 е наведено дека: „По исклучок од став (4), алинеа 2 на овој член, за отуѓување на градежното земјиште кое се наоѓа во рамки на градежната парцела, а не претставува земјиште под објект, за објекти со намена индивидуално домување предвидени со урбанистички план или урбанистичка планска документација, во рамки на градежната парцела до 500м2 ќе се применува табеларениот преглед од Прилог 3 на оваа уредба, а доколку градежната парцела е поголема од 500м2, делот од градежната парцела кој надминува површина од 500м2 ќе се отуѓува согласно Табеларниот преглед од Прилог 2 на оваа уредба(за дооформување). На 07.10.2013 година беше објавен во Сл.Весник бр.137 каде во член 17 е наведено дека во членот 69-а ставот 2 се менува и гласи: „Градежното земјиште сопственост на Република Македонија може да се отуѓи со непосредна спогодба на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности, и тоа: - градежното земјиште под објектот, односно делот од објектот за кој е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти и - градежното земјиште кое се наоѓа во рамките на градежната парцела, а не претставува земјиште под објектот.“ Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Сопственик сум на една парцела во едно населено место во Општина Теарце.До мојата парцела има државно земјиште од околу 100 квадрати кое сум заинтересиран да го откупам.За ова населено место не постои урбанистички план.Која е процедурата за тоа и кои документи се потребни
Почитувани, Министерството за транспорт и врски и локалната управа преку своите служби во име на Република Македонија ги спроведуваат постапките за оттуѓување на градежно земјиште, согласно Законот за градежно земјиште, каде е наведено дека може да се врши по пат на јавно наддавање кога градежното земјиште во рамките на градежна парцела е во целост сопственост на Република Македонија без товари и ограничувања и кога повеќе од 70% од вкупната површина на градежната парцела е сопственост на Република Македонија без товари и ограничувања, или по пат на непосредна спогодба меѓу другото и за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела. Значи во секој случај потребно е прво да постои детален урбанистички план со формирани градежни парцели, а во зависност од градежните парцели ќе се утврди можниот начин на оттуѓување на градежното земјиште. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, поднесов документација за легализација на бесправно изграден а викенд куќа, при што15 м2 од истата е изградена на површина на земјиште на РМ а корисник е правно лице во стечај. Како можам да ја докупам наведената површина од РМ и да докупам дел од земјиштето соп. на РМ. Поздрав.
Почитувани, Министерството за транспорт и врски и локалната управа преку своите служби во име на Република Македонија ги спроведуваат постапките за оттуѓување на градежно земјиште, согласно Законот за градежно земјиште каде согласно членот 69-а ставот 2 е наведено дека градежното земјиште сопственост на Република Македонија може да се отуѓи со непосредна спогодба на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти под објектот и градежното земјиште кое се наоѓа во рамките на градежната парцела, а не претставува земјиште под објектот. Според наведеното во прашањето градежното земјиште е во сопственост на Република Македонија, па во постапката за оттуѓување на градежно земјиште во рамки на градежната парцела надлежниот орган е должен да побара од Државното правобранителство како застапник на Република Македонија да ја спроведе постапката за одземање на корисничкото право со цел реализација на урбанистичкиот план. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани ! Сакам да купам градежно земјиште на кое е изградена куќа-дивоградба за која сеуште трае постапката за легализација од причина што како сосопственици на земјиштето се јавуваат повеќе физички лица и Р.Македонија-со забелешка во Имотен лист -право на користење на 2 физички лица( кои имаат поднесено барање на откуп, но сеуште не е одлучено по истото) и од општината ни бараат согласност од сите сосопственици за легализација на истата. Поради горенаведеното ме интересира дали морам да чекам да се откупи тој дел од РМ, за да се легализира дивоградбата и дури тогаш да склучам договор за купопродажба или постои друг начин ? Однапред Ви благодарам
Почитувани, Законот за постапување со бесправно изградени објекти содржи одредби кои дават одговор на Вашето прашање. Во член 6 став 2 е определено дека барателот е должен со барањето за утврдување на правен статус на бесправни објекти од локално значење да достави меѓу другото и геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект. Во став 6 од истиот член на овој закон е определено дека доколку бесправниот објект е изграден на земјиште сопственост на Република Македонија на кое право на користење има друго физичко или правно лице, а земјиштето не е пренесено од поранешен сопственик врз основа на договор за купопродажба или земјиштето е пренесено од поранешен сопственик но како корисник во имотниот лист не е евидентиран поранешниот сопственик, барателот е должен покрај доказите од ставот (2) на овој член да достави и изјава заверена на нотар, дадена под кривична и материјална одговорност со која ќе потврди дека предметното земјиште го користи повеќе од 20 години. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
naslednik sum na parcela so zapisani korisnicki prava po poranesna sopsvenost .Sega na imoten list stoi R.M.Dali ima izmeni vo zakonot za privatizacija na drzavno zemjiste ,dali mozam sega da ja trasvormiram taa gradezna parcela i ako moze do koga bidejki i na nejze ima izgradeno objekti koi se vo faza na legalizacija.blagodaram
Почитувани, Согласно член 23 став 1 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12 и 72/13) „Земјиште сопственост на Република Македонија на кое во јавната книга за запишување на правата на недвижностите има запишано право на сопственост на објект врз основа на решение за утврдување на правен статус на бесправен објект, по донесување на урбанистичко планска документација со која е вклопен објектот доколку истиот претходно не е вклопен, сопственикот на објектот може да го откупи во согласност со Законот за градежно земјиште.“ А согласно член 15 став 4 алинеја 4 е утврдено дека со непосредна спогодба градежното земјиште сопственост на Република Македонија се отуѓува на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со закон за утврдување на правен статус на бесправен објект врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Zdravo naslednik sum na kuka i plac do nejze sega treba da vnesam ostavinska postapka me interesira otkako ke go sredam toa dali ke treba da go privatiziram dvornoto mesto
Почитувани, По завршување на оставинската постапка, доколку се наследи корисничко право на земјиште во сопственост на Република Македонија, за истото може да се поведе постапка за приватизија или да се склучи договор за долготраен закуп.
Поседувам судско решение за наследник на целокупната оставнината од мојот покоен татко со исто мое и негово презиме(Спасов). Во понеделникот извадив Имотен лист и во него не се наведени сите катастарски парцели кои што се наброени во судското решение, односно 3 ниви фалат. Катастарскиот службеник успеа да ги најде трите ниви кои фалат од мојот имотен лист и ме информира дека трите ниви се уште се водат запишани на татко ми и тоа под друго презиме (Ѓорѓиев) но не со презимето (Спасов) кое што татко ми е запишан во судското решение. Јас успеав да ги најдам старите поседовни листови од татко ми за сите ниви и на нив тој е со презимето Ѓорѓиев. Во книгата на родени и умрени татко ми е запишан со презимето Спасов. Би сакал да знам зошто овие три ниви не се префрлени на мое име во Катастарот по службена должност - по налог на судското решение а исто така што треба да направам, која е процедурата за да се запишат истите на мое име и на мој имотен лист?
Почитувани, Запишувањето на недвижностите во Јавната книга за запишување на правото на сопственост и на другите стварни права на недвижностите (катастар), се врши од страна на Агенцијата за катастар на недвижности врз основа на Законот за катастар на недвижности. Надлежноста за запишување на наведените права е на Агенцијата за катастар на недвижности-одделение на територијата на која се наоѓа предметната недвижност, поради што е потребно како надлежен орган да одговори на поставеното прашање.
Почитувани ве молам за поука. Имам запрена постапка за легализација на дивоградба со образложение дека е потребно договор за долготраен закуп или изјава заверена на нотар за согласност за легализација од сите сопственици на парцелата 4481 (Охрид4). Во имотниот лист 91523 постојат 3 сопственици од кој јас имам сопственост 32/34 дел од парцелата, 1/34 е на РМ и 1/32 е на трето лице. Прашањето е дали е може да се откупи делот од РМ за 1 евро м2 или да се направи нешто што вие би ме советувале за да продолжи процесот на легализација.
Почитувани, Oдредбите на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, во член 6 став 3 утврдуваат дека: „Доколку бесправниот објект е изграден на земјиште кое не е сопственост на барателот или на Република Македонија, односно земјиштето е сопственост на друго физичко или правно лице, односно бесправниот објект е изграден на земјиште кое е сосопственост на барателот и друго физичко или правно лице, барателот покрај доказите од ставот (2) на овој член е должен да достави и договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето или изјава заверена на нотар со која сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето изјавува дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект и истиот да се запише во јавните книги за запишување на правата на недвижности на име на барателот.“. Поради наведеното, за земјиштето-независно од големината на површината, кое не е сопственост на барателот или на Република Македонија, неопходно е да се достави и договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето или изјава заверена на нотар со која сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето изјавува дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект и истиот да се запише во јавните книги за запишување на правата на недвижности на име на барателот. По добивање на решението за утврдување на правен статус на бесправниот објект треба да се поведе постапка за оттуѓување на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија и за истото цената за оттуѓување изнесува едно евро по метар квадратен, за површина до 500м2 во градежната парцела.
naslednik sum na plac(vo gradezen reon) na koj vo 1980 godina imam izgradeno kuka za koja imam gradezna dozvola.PlacoT go imam nasledeno od mojot tatko a toj go ima dobieno po pat na razmena na zemjiste so zemjodelskoto stopanstvo.i sega vo imoten list stoi moeto ime no kako ,,pravo na koristenje,, a a ne sopstvenost. MOETO PRASANJE E DALI TREBA DA APLICIRAM ZA OTKUP NA DVORNO MESTO ZA DA SE NAPRAVI PROMENA NA SOPSTVENOSTA I DALI KE TREBA DA PLATAM ODREDENA SUMA.
Почитувани, Согласно член 14 став 2 од Законот за приватизација и закуп на на градежно земјиште во државна сопственост, „Градежното земјиште може да се приватизира во површина на стекнатото право на користење, а во рамките на градежната парцела чија површина е дефинирана со актот за урбанистичко планирање со кој се утврдува градежната парцела.“ Членот 17 од истиот закон ги определува случаите на приватизација без надомест, каде меѓу другото стои дека за приватизацијата на градежното земјиште не се плаќа надомест, ако е стекнато со доделување на земјиштето во замена за експроприрана недвижност, како и со доделување на земјиштето за замена на одземено од владение градежно земјиште од поранешен сопственик. Барањето за приватизација се поднесува до органот на државната управа надлежен за имотно-правните работи на подрачјето каде што се наоѓа градежното земјиште што е предмет на приватизација, односно надлежен орган за спроведување на постапките е Министерството за финансии.
Zainteresiran sum vo kamp Andon.Dukov vo ohrid da kupam vikend kuka .sopstvenikot koj ja prodava poseduva samo imoten list za objektot se raboti za. Ohrid 4 imoten list za objekt 90473. Ve molam dali ako go kupam objektot navodno sopstvenikot ima baranje za otkup na zemjisteto.ako go kupam vaka dali utre moze da mi go srusat objektot i da me. Iselat Vi blagodaram
Почитувани, Во врска со сите информациии по однос на проблемот странклата треба да се обрати во општина Охрид- Сектор за урбанизам и заштита на животна средина.
Постави прашање за дадената услуга
Email
Прашање
NextSense Captcha

По внесување на кодот кој го гледате на екранот во текст полето од негова десна страна, кликнете на линкот Прати прашање во долниот десен агол од екранот.