Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Каде може да се аплицира за виза
Можете ли да ми кажете дали на Аласка имаме можда наша амбасада или каде во Америка имаме наша македонска амбасада?
Во Соединетите Американски Држави, Република Македонија има амбасада во Вашингтон. Контакт: тел: +1 202 667 0501 факс: +1 202 667 2131 e-mail: washington@mfa.gov.mk
Pocituvani, bi sakala da prasam dali za drzavjanin od Meksiko e potrebna viza za vlez vo Makedonija, dokolku toj planira da ostane vo zemjava 3 nedeli. Vi blagodaram.
Почитувана, за државјани на Мексико не е потребна виза за влез во Република Македонија, за престој до 90 дена.
Pocituvani, bi sakal da ve praham dali za vo Kolumbija ke mi bide potrebna viza i kade treba da se obratam za da ja dobijam? Pozdrav, Angele.
Почитуван, за влез во Колумбија потребна ви е виза, за виза треба да се обратите во нивното представништво во Виена од каде ја покриваат Република Македонија, контакт телефон е +4314084132.
Pochituvani,me interesira koi dokumenti mi trebaat,za da apliciram za ruska turistichka viza?
Почитуванa, за добивање на виза треба да се обратите до Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, контакт информации: Embassy of the Russian Federation, Pirinska 44, 1000 Skopje telephone: +389 2 3117 160 fax: +389 2 3117 808 e-mail: embassy@russia.org.mk web site: www.russia.org.mk Но за државјани на Република Македонија и на Руската Федерација се применува Спогодбата склучена меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за услови на заемни патувања на државјаните на двете земји (Сл. весник број 119 од 19.09.2008 година): виза не е потребна • Двострано за носители на дипломатски и службени патни исправи • Двострано, носители на граѓански патни исправи кои имаат одобрение за привремен или постојан престој на територијата на другата држава • Двострано, носители на граѓански патни исправи кои патуваат заради остварување на деловни контакти, размена во научно-техничка, образовна, културна, спортска област и новинарска дејност, краткорочен студиски престој, лекување, како и посета на роднини или познати (до 90 дена, врз основа на покана од физички или правни лица оформена согласно законодаството на секоја држава • Туристички патувања (престој до 30 дена, врз основ на оригинален договор за давање туристичка услуга (ваучер) и потврда за прифаќање на странските туристи од организаторот која врши туристичка дејност на територијата на другата држава; Во сите други случаи потребна е виза;
Почитувани , дали е потребна виза за во Бразил за престој не подолг од 3 недели и доколку е потребна каде треба да се аплицира. Ви Благодарам.
Почитувана, за државјани на Република Македонија потребна е виза за влез во Бразил, за виза може да се аплицира во Амбасадата на Бразил во Софија - Република Бугарија (тоа е најблиската Амбасада на Бразил од каде ја покриваат Република Македонија), повелете контакт телефон +359 29719823.
...Mojata prijateka e od filipini i e mazena tuka ,saka so niv da odime tamu ..nie sme drzavjani na RM no od konzulatot na hrvatska i pisale mail deka dobile izvestuvanje vo izminatite denovi deka ne treba viza... Ona e filipinski i MK drzavjanin a nejzinoto dete i maz se makedonski taka da dali imate nekoja presna informacija zosto nekade na interent procitav deka uste od 2008 se pravat napori za vospostavuvanje na vrska so filipini bez viza,...Vi Blagodaram Odnapred
Почитувана, Република Македонија има целосен визен режим со Филипини, што значи дека на македонските државјани им треба виза за влез и престој во Филипини и обратно. -ви доставуваме линк од МНР на Филипини и Амбасадата на Филипини во Атина: http://www.dfa.gov.ph/main/index.php/consular-services/visa и http://www.philembathens.gr/facts/view/5.
Na prethodno postaveno prasanje do vas dali mi treba viza na Filipini mi odgovorivte deka e nadlenza ambasadata vo Atina...No mojata prijatelka koja zivee tuka vo makedonija ja izvestile od ambasadat vo Viena deka od 14 Maj graganite na Makedonija za vreme od 30 dena prestoj nemaat porteba od Filipinska Viza..Vo prilog vi go davam i nivnoto izvestuvanje...Dear Ms. Raichelle Mae Pacquiao, I would like to inform you that starting 14 May 2012, citizens of Macedonia are allowed to stay in the Philippines for 30 days without a visa. Have a safe trip to the Philippines. Regards, Ke ve zamolam da ne informirate dali e vo sila odlukata .Blagodaram
Почитувана, како што претходно ви одговоривме, за државјани на Република Македонија за влез во Филипини потребна им е виза.
pocituvani, me interesira za lice koe saka da ja oseti makedonija a koe vo sopstvenata zemja nema nasa ambasada vo koja moze da aplicira za viza (nema ni vo sosednite zemji ili najbliskata e premnogu odalecena) , dali postoi opcija da aplicira preku posta ili onlajn i da ja podigne vizata pri vlez vo zemjava (na aerodrom)? isto taka, me interesira dokolku lice od edna zemja e vo druga kaj sto ima nasa ambasada (na primer lice od gana e vo london) dali moze da aplicira vo taa ambasada za nasa viza ? blagodaram odnapred
Почитувани, известуваме дека на државјаните на Иран им е потребна виза за влез во Република Македонија. Согласно Законот за странци, странецот кој има намера да влезе и престојува во Република Македонија или да помине преку територијата на Република Македонија треба да обезбеди соодветна виза пред неговото влегување во Република Македонија. Барањето за издавање на виза странецот го поднесува до дипломатско-конзуларно преставништво на Република Македонија во странство во државата чиј државјанин е странецот или до државата во која престојува врз основа на дозвола за престој. Во случај кога во државата во која странецот живее, односно престојува нема дипломатско-конзуларно преставништво, странецот барањето за издавање на виза го поднесува до дипломатско-конзуларното преставништво на Република Македонија во најблиската држава.
POcituvani,pred dva dena go psotaviv slednoto prasanje: za lice koe saka da ja poseti makedonija a koe vo sopstvenata zemja nema nasa ambasada vo koja moze da aplicira za viza (nema ni vo sosednite zemji ili najbliskata e premnogu odalecena) , dali postoi opcija da aplicira preku posta ili onlajn i da ja podigne vizata pri vlez vo zemjava (na aerodrom)? isto taka, me interesira dokolku lice od edna zemja e vo druga kaj sto ima nasa ambasada (na primer lice od gana e vo london) dali moze da aplicira vo taa ambasada za nasa viza ? vo odgovorot me izvestuvate deka za lica od iran e potrebna viza ?!? jas nikade ne spomnav deka se raboti za lice od iran, a isto taka nemam odgovor na prasanjeto dali postoi opcija i isklucok viza nekoj da podigne na samiot aerodrom pri vlez vo zemjata vo slucaj koga vo negovata i vo zemjite vo blizina nema ambasada na RM. isto taka nemam odgovor i na prasanjeto dokolku lice od edna zemja e vo druga kaj sto ima nasa ambasada (na primer lice od gana e vo london) dali moze da aplicira vo taa ambasada za nasa viza ? se nadevam ke gi dobijam site odgovori so site potrebni informacii. blagodaram odnapred.
Почитуванa, во врска со нашиот разговор известуваме дека на државјаните на Иран им е потребна виза за влез во Република Македонија. Согласно Законот за странци, странецот кој има намера да влезе и престојува во Република Македонија или да помине преку територијата на Република Македонија треба да обезбеди соодветна виза пред неговото влегување во Република Македонија. Барањето за издавање на виза странецот го поднесува до дипломатско-конзуларно преставништво на Република Македонија во странство во државата чиј државјанин е странецот или до државата во која престојува врз основа на дозвола за престој. Во случај кога во државата во која странецот живее, односно престојува нема дипломатско-конзуларно преставништво, странецот барањето за издавање на виза го поднесува до дипломатско-конзуларното преставништво на Република Македонија во најблиската држава.
pocituvani, prasanjata koi gi postaviv se odnesuvaat na gragani na zemji od Afrika (Kenija, Gana, Malavi, Namibija, Mauricius) iako mislam deka prasanjeto e dovolno jasno za da moze da se odgovori i bez da se navede za koi zemji se raboti. problemot e sto na site ovie zemji najbliska ambasada im e onaa vo cairo no i toa e premnogu oddaleceno , zatoa prasuvam dali moze da se izdava viza na stranski drzavjani na granicni premini pri vlez vo nasata zemja ( vakvo nesto e spomnato vo zakonot za stranci vo cl.36 za vizi od tip B i C pri opredeleni slucai). znaci me interesira dali postoi nekoja olesnitelna okolnost za izdavanje viza za ovie gragani na koi najbliskoto diplomatsko-konzularno pretstavnistvo na makedonija realno im e PREMNOGU daleku. vo prethodnite odgovori koi mi gi prakavte imate navedeno deka: baranjeto za izdavanje viza stranecot go podnesuva do diplomatskoto konzularno pretstavnistvo na RM vo stranstvo cij drzavjanin e stranecot ili do drzavata vo koja prestojuva vrz osnova na dozvola za prestoj (pretpostavuvam ova znaci deka ako nekoj legalno prestojuva vo London na primer, deka baranje moze da podnese do diplomatskoto konzularno pretstavnistvo na RM vo London???). pozdrav
Почитувани, Согласно Законот за странци, странецот кој има намера да влезе и престојува во Република Македонија или да помине преку територијата на Република Македонија треба да обезбеди соодветна виза пред неговото влегување во Република Македонија, доколку имаме визен режим кон таа држава. Барањето за издавање на виза странецот го поднесува до дипломатско-конзуларно преставништво на Република Македонија во странство во државата чиј државјанин е странецот или во државата во која престојува врз основа на дозвола за престој. Во случај кога во државата во која странецот живее, односно престојува нема дипломатско-конзуларно преставништво, странецот барањето за издавање на виза го поднесува до дипломатско-конзуларното преставништво на Република Македонија во најблиската држава. Визниот режим и адресите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија се објавени на www.mfa.gov.mk.
Pocituvani, Mazena sum za Jordanec, koj bi sakal da ja poseti Makedonija, pa me interesira kakov e vizen rezim so Jordan? dali licno mora da aplicira vo Makedonskata ambasada vo Turcija ili ima polesen nacin za da dobie viza? Blagodaram
Почитувана, треба да аплицира за виза воАнкара....+90 312 44 02 054.
Pocituvani, Ve molam za informacija, dali e potrebna viza za Peru za makedonski drzavjani, turisticka poseta, i kade da se obratime za izdavanje na istata Odnapred Vi blagodaram
Почитувана, за влез во Перу за туристичка посета не ви е потребна виза.
Pocituvani, Ve molam za informacija, dali e potrebna viza za Peru za makedonski drzavjani, turisticka poseta, i kade da se obratime za izdavanje na istata Odnapred Vi blagodaram
Почитувана, за туристичка посета не ви е потребна виза за влез во Перу.
почитувани.јас сум македонец имам биометарски пасош,сакам да знам што се е потребно за да одам во филипини,и колку можам да останам.
Почитуван, за влез во Филипини потребна ви е виза, за сите потребни детали за аплицирање за виза треба да се обратите до нивното најблиско представништво во Атина, контакт тел.+302106721883
Pocituvani, bi sakala da prasam dali mene kako makedonski drzavjanin (imam biometriski pasos) so postojan prestoj vo Italia, mi e potrebna viza za vlez od 1 nedela vo Anglija? Italijanskite dokumenti mi se isteceni i cekam novi, zatoa sakam da znam dali od Italija treba da imam viza za vlez vo Anglija. Odnapred Vi blagodaram.
Почитуванa, посочуваме да се обратите до Амбасадата на Велика Британија во Рим.
Pocituvani, bi sakala da prasam dali mene kako makedonski drzavjanin mi e potrebna viza za vlez vo Mexico, potocno Kankun, Vi blagodaram.
Почитувана, за влез во Мексико потребна ви е виза, за виза можете да аплицирате во нивното најблиско представништво од каде ја покриваат Република Македонија кое се наоѓа во Белград, повелете контакт тел број......+381113674170.
POCITUVANI BI SAKAL DA PRASAM DALI E POTREBENA VIZA ZA GRAGANI OD INDUIJA DA PRESTOJUVAAT VO MAKEDONIJA KAKO TURISTI?
Почитуван/а, потребна е виза, за виза може да аплицираат во Амбасадата на Република Македонија во Њу Делхи, повелете контакти: Адреса: Hauz Khaz Enclave K 80 A, New Delhi 110016, India Телефон: ++ 91 11 4614 2603 , ++ 91 11 4614 2602 Факс: ++ 91 11 4614 2604 Емаил: delhi@mfa.gov.mk
Počituvani! Mojeto ime e Nadina Salievska.Ziveam vo Slovenija i imam vo plan da patuvam vo Gvatemala.Viza za taa drzava ne ni trebi, samo sto letot mi e preku SAD i mi treba tranzit viza. Koji dokumenti mi trebaat za da apliciram za tranzit viza vo SAD?Dali mozam da apiciram vo ambasadata na SAD vo Ljubljana? Fala za odnapred za vasiot odgovor. Nadina Salievska
Почитувана, Согласно тоа дека имате регулиран престој во Словенија, за сите информаци околу постапката за американска виза, обратете се до нивната амбасада во Љубљана.
Dobar Den So makedonski pasas vo koi drzavi moze da se patuva bez viza. Dali imate nekoj izvestaj za ova. Blagodaram
Почитувани, За сите информации околу визниот режим на Република Македонија со другите земји, посетете ја веб страната на Министерството за надворешни работи (Документот Визен Режим).
Почитувани Поднесов онлине апликација за добивање на британска виза, заради тоа што треба да одам на неколку дневна посета како учесник на еден проект. Бидејќи сум малолетна, а возрасното лице кое патува со мене е координатор на проектот. Од вас барам да ме упатите кои документи треба да ги извадам за да ги доставам на разговорот за виза, потпис согласност од родители, дозвола дека можам да патувам? Кои информации од лицето што ќе патува со мене треба да ги знам? И кој е задолжен за издавање на тие документи во Велес? Благодарам однапред.
Почитувана, За сите информации околу постапката за виза треба да се обраите до Амбасадата на Велика Британија во Скопје. Второ, за да патува малолетно дете надвор од државата, потребна е согласност од двата родители (заверена во нотар).
Pocituvani, dali mene kako makedonski drzavjanin mi e potrebna visa za vlez vo Mexico? Planiram da patuvam za USA ( imam visa za USA ) i od tamu planiram da otpatuvam za Mexico, na period od 7 dena.
Почитувана, Секој странски државјанин кој поседува важечка виза за САД, а патуваат во Мексико транзитно, како туристи или деловно, можат да влезат во Мексико и без поседување на мeксиканска виза, без оглед на кој правец (граничен премин). Истотака се укинува потребата од виза за сите странски државјани кои пристигнуват во Мексико со авион од САД, само доколку целта на патувањето во Мексико е транзит, туризам или деловна посета.
Dali treba viza za Makedonski drzavjani da odat vo Pakistan
Почитувани, За македонските државјани потребна е виза за влез во Пакистан, и се обраќаме преку нивната Амбасада во Анкара....+90 312 427 14 10 Со почит,
Sakam da patuvam do Irska i me interesira dali mi treba viza ili ne mi treba. Ako mi treba kade treba da se obratam. Kako mozam da dobijam viza. So pocit.
почитуван/а за патување во Ирска за државјаните на Република Македонија треба виза, надлежа е Амбасдата на Ирска во Букурешт,тел.++40213102161 +40 21 3102131,bucharestembassy@dfa.ie;www.embassyofireland.ro, со почит,
Imam prijatelka od Filipini koja zivee i raboti so godini vo Holandija. Nema holandski pasos tuku poseduva Schengen, C visa i DC - dual. Dali za vlez vo Makedonija i e potrebna viza?
Почитувани/а Ако лицето поседува единствена повеќекратна виза Ц, важечка за сите земји потписнички на Шенгенскиот договор, може да влезе во Република Македонија без виза, со престој до 15 дена. Шенген визата треба да е важечка најмалку 5 дена повеќе од дозволениот престој. Секој странски државјанин, носител на валидна патна исправа на трета земја, а има регулирано постојан престој во земја членка на Европската Унија или потписничка на Шенгенскиот договор, може да влезе во Република Македонија без виза, со престој до 15 дена. Ако лицето не исполнува ниеден од наведените услови тогаш треба да аплицира за македонкса виза во Амбасадата на Република Македонија во Хаг. Со почит,
dali moze da se pravi vlez vo amerika so kanadska visa
Почитувани/а Во Соединетите Американски Држави може да се влезе само со американска виза, не со канадска виза. Со почит,
Почитуван/а Би сакал да добијам една информација во врска со дозволениот престојот од 90 дена без виза како турист во европската унија. Се бројат деновите на престој во целата европска унија, или се пресметува посебно престојот во шенген зоната и посебно престојот во земјите членки на европската унија кои не се дел од шенген зоната (во мојот пример станува збор за престој во Р. Романија)? Однапред ви благодарам. Со почит
почитуван/а шенгенското олеснување важи за шенген зоната, за ваша информација Романија е членка на шенген зоната и европската унија. со почит,
ЗДРАВО! Сакам да прашам за работна виза за во Италија.Ке можете ли да ми објасните за потребните документи и каде да се обратам.
Почитуван/а за секакви информации околу потребните документи за работна виза ве молиме да се обратите до Амбасадата на Италијанска Република во Скопје тел..(02) 32 36 500 со почит,
bi sakal da prasam do kolku sakam da idam da rabotam vo svjacarija kakvi dokumenti mi treba od gore imam eden drugar ima firma tamu koj se moznostite da dobijam visa fala od napred
почитуван/а за секакви информации околу потребните документи и какви ви се можностите за добивање на Швајцарска работна виза, ве молиме да се обратите до Амбасадата на Швајцарија во Скопје, тел.+389 2 310 33 00 , со почит
Me interesira dali za vlez vo meksiko mi e potrebna viza i kade moze da ja dobijam ako mi e potrebna е виза, надлежна е амбасадата на Мексико во Белград, тел..+381113674170
почитуван/а за државјаните на Република Македонија за патување во Мексико
Pocituvani Ve molam za info za MK gragjanin koj prestojuva so viza vo Breg na Slonova Koska treba da patuva za Kamerun, poradi bolest ne e vo moznost da patuva nazad do Mk za viza za Kamerun. Dali nekoi od Mk ambasadite vo Afrika asisitira vo vakvi slucai i dali e mozno da se zeme viza na vlez vo zemjata. Blagodarnost. Mia
почитуван/а за патување во Камерун за македонски државјани или носители на македонска биометриска патна исправа треба виза, надлежна е Амбасадата на Камерун во Берлин.004930890680921, или преку било која нивна амбасада во странство. со почит,
Почитувани,мојата сестра работи на брод и сака да дојде во РМ со лице од Индонезија.како е процедурата за доагање во Македонија,знаејки дека таа е бремена од него.И двајцата работат на брод околу Средна Америка.Кое е најблиското претставништво за да поднесе барање за виза и за колку време ке добие одговор.дали тоа барање може да се поднесе онлајн.Ова го прашувам бидејки додека се на бродот кај нив не се пасошите туки им се земени.
почитуван/а за државјаните на Индонезија за влез во РМ треба виза, може да аплицираат преку било која Амбасада на Република Македонија во странство. Потребни документи за виза Ц се: 1. Апликација за виза 2. важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ 3. фотографија во боја на бела позадина која верно го прикажува неговиот лик 4. доказ за платена такса за обработка на барањето за издавање на виза 5. патничко осигурување 6. покана заверена на нотар 7. доказ за финансиски средства (доколку не ги покрива трошоците гарантот т.е. фирмата, каде што треба да стои во поканата дека фирмата ги покрива сите трошоци за престојот на странецот во Република Македонија), со почит
Pocituvani drzavjanin sum na makedonija I sakam da odam kako turist vo London me interesira dali e potrebno viza I dokolku e potrebno kako mozam da dobijam viza I sto se e potrebno za istata
почитуван/а за патување во Кралството на Велика Британија и Северна Ирска за државјаните на Република Македонија, треба виза, за потребни документи за добивање виза ве молиме да се обратите до Амбасадата на Кралството на Велика Британија и Северна Ирска во Скопје, тел.02 3299 299, или на web страната на нивниот нов комерцијален партнер Teleperformance Ltd ќе управува со Центарот за аплицирање за визи во Скопје, кој ќе биде сместен во центарот Соравија, ул. “Стив Наумов“ во Скопје www.tpcontact.co.uk,со почит,
Постави прашање за дадената услуга
Email
Прашање
NextSense Captcha

По внесување на кодот кој го гледате на екранот во текст полето од негова десна страна, кликнете на линкот Прати прашање во долниот десен агол од екранот.