Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Отуѓување на градежно земјиште по пат на непосредна спогодба
Сакам да купам парцела за градба на куќа во Битола, во населба Усици, меѓутоа нема оглас за дадената локација. Земјата е во сопственост на Република Македонија На кој начин може да се достават документи за купување?
Дозволете да Ве известиме дека до Министерството за транспорт и врски треба да доставите барање за распишување на оглас за јавно наддавање, со извод од Детален Урбанистички план издаден од надлежната општина, во случајот општина Битола. Доколку се работи за земјиште во државна сопственост, Министерството за транспорт и врски по службена должност ги обезбедува сите докази потребни за оттуѓување на земјиштето со јавно наддавање. Објавите за јавното наддавање, Министерството за транспорт и врски ги објавува во дневните печатени медиуми. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Сакам во Гевгелија да направам Вински Подрум и за тоа имам веке обезбедено се што е потребно за производство на околу 100000 литри вино. Цистерни и се друго што се купува со пари веќе е купено. Сега имам проблем со обезбедување на локација за лоцирање на овие орудија за работа. Купив две локации од приватни лица но локалната власт не ми дозволува да градам поради некои прицини. Дали може од Државата со непосредна спогодба да купам една парцела во градежниот регион во Гевгелија овде не станува збор за некоја злоупотреба туку за купување на локација од околу 1000 метри квадратни каде би можел да ја лоцирам винаријата и да започнам со работа. Однапред ви благодарам за билокаков одговор поздрав лице за контакт Андон Ристовски 070854215.
Дозволете ни да Ве известиме дека за купување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, со непосредна спогодба за изградба на вински подрум на подрачјето на општина Гевгелија, доколку се создадат услови Министерството за транспорт и врски, согласно Законот за градежно земјиште (“Службен весник на Република Македонија” број 53/01) и Уредбата за начинот и постапкатана оттуѓување, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за оттуѓување и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 79/01, 103/01, 38/02, 95/04, 87/05 и 47/06) градежното земјиште на подрачјето на општина Гевгелија ќе оттуѓи по пат на јавно наддавање, со Објава од страна на Министерството за транспорт и врски, која ќе се објави во средствата за јавно информирање, доколку тоа е предвидено со важешкиот урбанистички план. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Како може општина Струмица да добие земјиште за да реализира улица во нова населба? Имено мора да одземеме парцели и по 500м2, а сопствениците се согласуваат единствено да го отстапат имотот со соодветна замена во исти урбан блок. Несакаат да потпишат спогодби за експропријација со паричен надомест, туку единствено со замена на парцела. Ние ги изведуваме улиците а понатаму остануваат сопственост на државата.
Дозволете ни да Ве известиме дека за давање на градежно земјиште сопственост на Република Македонија на општина Струмица за реализација на улица, со цел да се постигне спогодба во постапка за експропријација за замена на градежно земјиште, согласно Уредбата за начинот и постапката за оттуѓување, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за оттуѓување и давање под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 79/01, 103/01, 38/02, 95/04, 87/05 и 47/06), во замена може да се даде друго градежно земјиште кое согласно Законот за експропријација е експроприрано, а е превземена обврска од Јавното правобранителство на Република Македонија, по предходна согласност на Министерот за транспорт и врски. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Јас, како и уште 7 фамилии живееме во времени објекти (бараки) на територија на општина Карпош. Тие објекти се поставени по скопскиот земјотрес во 1963 година од страна на “Технометал Вардар”. Нас ни се доделени на користење од нивна страна со одлука (решение). По приватизацијата е утвдено дека фирмата нема документ за сопственост, по што се отпишуваат од катастарот како сопственици. Моментално земјиштето е во сопственост на Република Македонија, меѓутоа објектите немаат никаков статус бидејки комуналиите за истите не се платени. Ве молам за совет, дали има начин на основ на нашето долгогодишно живеење во бараките, да го откупиме земјиштето од државата? (или друг начин да да се легализираат нашите домови?) Во очекување на Вашиот одговор, Однапред Ви благодарам.
Дозволете на да Ве известиме дека согласно Законот за продажба на станови во општествена сопственост (“Службен весник на Република Македонија” број 36/1990, 62/92, 7/98, 24/03) сите станови, меѓу кои и становите од претпријатија, се во државна сопственост. По однос на Вашето прашање надлежно е Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, каде треба да се обратите со целокупната постоечка документација со која располагате, каде ќе Ве информираат за можностите за решавање на Вашиот проблем. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Ме интересира колку изнесува закупот на градежно земјиште за Општина Бутел (Бутел 2) за физички лица според Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште.
Дозволете да Ве известиме дека цената на закуп во општина Бутел за индивидуално домување е 80 денари во I зона, 35 денари во II зона, 18 денари во населени места во општината. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Во 1980 имаме купено градежно земјиште. Договорот е потпишан од претходниот газда кој е жив и од тројца сведоци кои се починати. Што треба да се направи за земјиштето да гласи на наше име. Сметките за струја како и данокот за земјиштето гласат на мое име. Го имам ама го немам. Ве молам да ми помогнете што треба да направам. Ви благодарам.
Дозволете ни да Ве информираме дека согласно член 68 од Законот за градежното земјиште (,,Сл.весник на Република Македонија“ бр.53/01) може да се обратите до Министерството за транспорт и врски со следното барање: Б А Р А Њ Е за стекнување право на сопственост на градежно земјиште кое се користи врз основа на договор склучен со поранешниот сопственик (административна такса) Од _______________________________________од_______________ со стан (седиште) ул.„____________________________________“бр. ____________ Барам да стекнам право на сопственост на градежно земјиште кое го користам и фактички го владеам врз основа на договор склучен со поранешниот сопственик, кое претставува КПбр._________________________ КО __________ со површина од ____________м2. Во прилог кон барањето ги доставувам следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот): 1. Договор склучен со поранешниот сопственик пред 20 години; 2.Поседовен лист односно Имотен лист за предметното градежно земјиште кое претставува КПбр._______ КО со површина од ________м2 (од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастар_______); 3.Уверение за редослед за извршени промени во катастарската евиденција за КП по стариот премер од која е настаната предметната КПбр._______ КО ______ за период од 1929 година до денес (од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастар_______); 4.Копие од катастарски план за предметното градежно земјиште кое претставува КПбр._______ КО _________ (од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастар_______); 5.Извод од урбанистички план за предметното градежно земјиште кое претставува КПбр._______ КО _________ со површина од ______м2 (од надлежната општина); 6.Изјава УЗПбр. заверена од нотар, со која поранешниот сопственик го потврдува постоењето на договорот за отстапување на правото на користење на градежното земјиште со надомест и дека истото е во владение на сегашниот корисник. (1. доколку е починат поранешниот сопственик Изјава УЗПбр. заверена од нотар да дадат прогласените наследници на поранешниот сопственик односно со пресуда да е потврден договорот склучен пред 20 години со поранешниот сопственик) 7.Уверение за државјанство, Фотокопија од лична карта. Подносител на барањето __________________ Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. При купувањето на стан, на земјиштето по објект е дадено право на користење, но дворното место кое го користиме повеќе 30 години се уште се води на Република Македонија. Која е постапката да се купи дворното место, кое е веке оформена парцела .Однапред Ви благодарам.
Дозволете да Ве известиме дека, согласно член 12 од Уредбата за начинот и постапките на оттуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за оттуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште, сопственост на Република Македонија ("Службен Весник на Република Македонија бр.79/2001; 103/2001; 38/2002; 52/2003; 95/2004; 87/2005; 47/2006; 155/2007 и 158/2007), Министерството за транспорт и врски спроведува постапка за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба по основ на изграден објект, за што е потребна следната документација: Б А Р А Њ Е за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба за изграден објект со градежна документација, на градежно земјиште на кое не е стекнато корисничко право (административна такса) Од _______________________________________од_______________ со стан (седиште) ул.„____________________________________“бр. ____________ Барам да ми се оттуѓи градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба, кое претставува КПбр._________________________ КО __________ со површина од ____________м2, кое претставува градежна парцела. Во прилог кон барањето ги доставувам следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот): 1.Извод од важечки Детален урбанистички план со затемнета градежна парцела со точни мери и граници на градежната парцела, односно Урбанистички проект согласно член 50 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/2005 и 137/2007) (од надлежната општина); 2.Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела усогласени со горе наведениот Извод (изготвен од трговец поединец-овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи); 3.Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија и евидентирано право на сопственост на објектот изграден со градежна документација (од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастар_______); 4.Уверение за редослед на извршените промени во катастарската евиденција за предметното градежното земјиште сопственост на Република Македонија кое претставува КПбр._______ КО ________ за период од 1929 година до денес (од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастар_______); 5.Врз основа на Уверението од точка 4, конкретен одговор дека не е покрената постапка за денационализација до 31.12.2007 година за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија кое претставува КПбр._______ КО ________ од поранешните сопственици односно од нивните наследници (надлежната Комисија за денационализација) ; 6.Уверение за државјанство, Фотокопија од лична карта односно за правните лица доказ од Централен Регистар на Република Македонија; Подносител на барањето __________________ Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Како да купам дворно место во сопственост на Република Македонија, во општина Кисела Вода. Објектот е семејна куќа но е без дозвола за градба, но е влезен во деталниот урбанистички план на општината. Објектот е изграден во 1959 година, го има во авионското снимање во 1964.
Дозволете да Ве известиме дека согласно член 12 од Уредбата за начинот и постапките на оттуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за оттуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште, сопственост на Република Македонија ("Службен Весник на Република Македонија бр.79/2001; 103/2001; 38/2002; 52/2003; 95/2004; 87/2005; 47/2006; 155/2007 и 158/2007) Министерството за транспорт и врски спроведува постапка за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба по основ на изграден објект, без одобрение за градење, за што е потребна следната документација: Б А Р А Њ Е за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба за изграден објект до 01.02.1996 година без одобрение за градење, а вклопен во урбанистички план (административна такса) Од _______________________________________од_______________ со стан (седиште) ул.„____________________________________“бр. ____________ Барам да ми се оттуѓи градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба, кое претставува КПбр._________________________ КО __________ со површина од ____________м2, кое претставува градежна парцела. Во прилог кон барањето ги доставувам следните докази во оригинал (фотокопија со нотарска заверка за верност на оригиналот): 1.Извод од важечки Детален урбанистички план со затемнета градежна парцела со точни мери и граници на градежната парцела, односно Урбанистички проект согласно член 50 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/2005 и 137/2007) (од надлежната општина); 2.Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела усогласени со горе наведениот Извод (изготвен од трговец поединец-овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи); 3.Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија(од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастар_______) (без товари и ограничувања) односно доколку во катастарската евиденција е евидентиран друг корисник согласно член 79 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (,,Сл.весник на РМ“ бр.4/2005 и 13/2007) потребно е Министерството за финансии, Управа за имотно правни работи_________ да утврди престанок на правото на користење; 4.Заверена Скица од аерофотограметриско снимање за предметната градежна парцела, за снимањето пред 01.02.1996 година (од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастар_______); изјави нотарски заверени од најмалку двајца сведоци за тоа чиј е објектот и кога е изграден; записник од градежна инспекција дека објектот бил изграден без одобрение за градење пред 01.02.1996 година; јавни исправи од Јавни Претпријатија или органи кои евентуално вршеле приклучоци на објектот (вода, струја, канализација и др. до 01.02.1996 година); 5.Уверение за редослед на извршените промени во катастарската евиденција за предметното градежното земјиште сопственост на Република Македонија кое претставува КПбр._______ КО ________ за период од 1929 година до денес (од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастар_______); 6.Врз основа на Уверението од точка 5, конкретен одговор дека не е покрената постапка за денационализација до 31.12.2007 година за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија кое претставува КПбр._______ КО ________ од поранешните сопственици односно од нивните наследници (надлежната Комисија за денационализација) ; 7.Уверение за државјанство, Фотокопија од лична карта односно за правните лица доказ од Централен Регистар на Република Македонија; Подносител на барањето __________________ Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Колку е цена за откуп на дворно земјиште од барака во населба Маџари, кој е крајниот рок за откуп и која би била цена на наемнината?
Дозволете да Ве известиме дека, согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.4/2005 и 13/2007), приватизацијата на градежно земјиште во државна сопственост е стекнување на право на приватна сопственост на градежното земјиште во државна сопственост на кое право на користење имаат физички и правни лица. Барањето за приватизација може да се поднесе во рок од четири години од денот на влегувањето во сила на овој закон и барањето за приватизација се поднесува до органот на државната управа надлежен за имотно-правните работи на подрачјето на општината каде што се наоѓа градежното земјиште што е предмет на приватизација. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Зошто цената на метар квадратен на земјиште на Република Македонија не е намалена за објект од дива градба и изнесува 1000 денари и мора да се плати ви готово?
Дозволете да Ве известиме дека, цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија е утврдена во Табеларниот преглед од Уредбата за начинот и постапката на отуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за отуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија („Сл.весник на РМ “ бр.79/01; 103/01; 38/02; 51/03; 95/04; 87/05, 47/06; 155/07 и 158/07). Министерството за транспорт и врски како надлежен орган кој ги врши работите на управувањето со градежното земјиште сопственост на Република Македонија ги спроведува законите и подзаконските акти.
Дали има можности Владата да донесе Уредба за изедначување на оние што имаат дива градба со оние со легална градба за земјиштето на Република Македонија. Ова од причина што се работи за земјиште на Република Македонија. Не мора да значи дека оние со дивограба ќе бидат вечни еден ден тие ке се легализираат и од тоа ќе се полни државниот буџет. Во Македонија има илјадници со дива градба и доколку се овозможи откуп на земјиштето на РМ под исти услови како легалните ќе се зголеми и барањата за легализација на дивоградбите. Се е тоа врзино коло.Од тоа најмногу ќе профитира државата која ќе го полни Буџетот и граѓаните кои ке имаат сопственост како на земјиштето така и ке има легализација на објектите и спречување на дивата градба и ред во комуналното живеење во РМ.
Дозволете да Ве известиме дека, предлогот за корекција на цената и можноста за плаќањето на рати на градежното земјиште сопственост на Република Македонија на кое има изградено објекти без одобрение за градење ќе се има во предвид во понатамошните постапки за измена на законската регулатива. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
. Едно прашање. Дали лицата бедници кои имаат дива градба треба да плакаат дупло поголема цена за квадратен метар од оние со легална градба.Прашувам во името на 300.000 бедници кои врзуваат крај со крај на месецот. АПЕЛ. Владата под хитно да ја изедначи цената со оние со легална градба и да се остави можност на плакање на рати како на оние со легална градба. Дали сме ние граѓани од втор ред. Тврдам ако се изедначат условите повеќето ќе си го откупат земјиштето и повеќе пари во Буџетот на Република Македонија.
Дозволете да Ве известиме дека, согласно постојната законска регулатива може да аплицирате за остварување на Вашето право комплетирајќи ја потребната документација од која ќе се констатира дали ги исполнувате условите за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ве молам да ми одговорите на ова прашање, зошто цената на м2 не е намалена за нас што имаме дивоизградени објекти и изнесува 1000 денари а на оние со одобрение е намалена за 50% и сега изнесува 700 денари плус ако го купат во готово имаат намалување од 33% и изнесува 450 денари.Ние немаме никакво намалување ако го купиме во готово и изрикито мораме да го купиме во готово.Зошто вакво двојство, во име на 200.000 луге прашувам дали ние сме луѓе од втор ред, бедници браме ист статус со првите.
Дозволете ни да Ве известиме дека Вашите предлози потребно е да ги доставите до Владата на Република Македонија. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ве молам ако може да ми одговорите кои документи се потребни за одземање на корисничко право за дооформување на парцела сопственост на РМ. Парцелата фактички никој не ја користи но постапката мора да се спроведе во општина. Сопственик сум на повеќе од 50% од градежната парцела и потребен е уште мал дел (100-200м2) од државното земјиште, имам заверен урбанистички проект но во општина ми дадоа информации дека е потребен елаборат за државното земјиште, извод од план од мојата и државната парцела, финансови картици за корисникот на државната парцела, за мене, движење на парцелите, скици, и дека не е водена постапка за денационализација (незнам каде да го поднесам и ова барање) и др. Ве молам ако може да ми објасните конкретно што навистина е потребно?
Дозволете ни да Ве известиме дека потребно е да поднесете конкретно писмено барање до Министерството за транспорт и врски, на адреса: булевар “Црвена Скопска Општина” број 4, 1000 Скопје. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА. Изгледа оваа општина децентрализацијата си ја свати како деконцентрација на целокупната власт па и онаа која е незаконска. Би сакала да се пожалам на еден конкретен проблем(покрај другите со кои секојдневно се соочува) и мислам дека повторно би требало да и одземете дел од овластувањата. Како инвеститор се соочивме со проблеми само со оваа општина. за секоја локација при водењето на аквизиција потребен ни е извод од план со кој би ги дознале плановите на оваа општина дали во иднина не би поставила улица или парк па не би можеле да добиеме дозвола за грдба. Меѓутоа конкретно за една станбена зграда каде не интересираше дали процентот на изграденост е запазен и дали имаме можност за надградба, општината ни одговори дека е потребно од секој сопственик на стан да извадиме финансова картицаод град скопје и од општина кисела вода(вкупно 60), скицата од овластено геодетско друштво не ја прифатија како валидна и покрај што тие се земени од катастар, побараа да има печат од катастар(незнам зошто), и финансова картица од нас како баратели на изводот. Ве молам проследете го писмово до надлежните лица бидејќи неможеме како инвеститори да го наплаќаме данокот на обврзниците мислам дека треба да си најдат соодветен начин за тоа бидејќи изводот од план веќе во другите општини можеме да го симнеме од интернет страната, во гази баба е само со барање без имотни листови скици ниту пак финансови картици, а воопштина карпош барањето може да се поднесе и преку интернет. Пробавме да стапиме во контакт со раководителот на секторот за урбанизам и многу неучтиво не одби, со градоначалникот веќе 6 месеци пробуваме да закажеме состанок но без успех. А мотото им е општината е тука за вас граѓаните а не граѓаните за општината, тука сме за да ве услужиме.
Дозволете ни да Ве известиме дека постапката за издавање на Извод од урбанистички план е пропишана во Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен Весник на Република Mакедонија” број 51/2005), а во работата на Општината Кисела Вода, констатирани се и дополнителни услови кои се бараат од граѓаните кои поднесуваат барања за издавање на Извод од урбанистички план, односно се бараат финансиски картици за регулирање на даночните обврски на граѓаните што е надвор од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен Весник на Република Mакедонија” број 51/2005). Во врска со ова Ве известуваме дека на Општината и е сугерирано да ги отстрани овие недостатоци и да ги укине овие дополнителни барања. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Со судски договор од 1967 год. за купопродажба на дивоградба изградена пред земјотресот од 1963 год. купена е куќата изградена на земјиште на РМ. Дали може земјиштето да го откупам под услови на легална градба со оглед дека во Законот за градба стои дека ако објектот е изграден до 31.12.1968 год. како дивоградба ќе се смета дека е легален и вклопен во урбанистички план.Дали може земјиштето да го откупам под истите услови како оние со легална градба. БЛАГОДАРАМ.
Дозволете ни да Ве известиме дека согласно Законот за градежното земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2008) градежно земјиште сопственост на Република Македонија може да се оттуѓи со непосредна спогодба на сопствениците на објекти изградени со градежно-техничка документација и евидентирани во јавната книга на недвижности кои не поседуваат акт за доделување на правото на користење на градежно земјиште. Странката може апликацијата да ја достави до Министерството за транспорт и врски, на улица “Црвена Скопска општина” број 4, 1000 Скопје . Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Кога излезе законот за откуп на дворни места во склоп на бараките поднесени се документи во Општина Гази Баба јануар,2004 год.Чекајки одговор за премер и плакање документите се изгубени,плацот кој е доделен со бараката од 1964год.поделен и дел е даден во постапка за денационализација.За ова не сме воопшто информирани,а би сакале да се откупи целиот двор .Ве молиме за помош ?
Дозволете ни да Ве информираме дека согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (,,Сл.весник на РМ“ бр.4/2005 и 13/2007), приватизацијата на градежно земјиште во државна сопственост е стекнување на право на приватна сопственост на градежното земјиште во државна сопственост на кое право на користење имаат физички и правни лица.Барањето за приватизација може да се поднесе во рок од четири години од денот на влегувањето во сила на овој закон и барањето за приватизација се поднесува до органот на државната управа надлежен за имотно-правните работи на подрачјето каде што се наоѓа градежното земјиште што е предмет на приватизација.Од причина што во поставеното прашање не се доставени конкретни податоци дали во катастарската евиденција предметното градежно земјиште е евидентирано со корисничко право (во тој случај постапката се спроведува согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост) или предметното градежно земјиште е евидентирано на Република Македонија, во тој случај ќе се применат одредбите од Законот за градежното земјиште („Сл.весник на РМ“ бр.82/2008). Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Сакам да извршам трансформација на земјиште во сопственост на РМ, објектот се води како објект за колективно домување со двајца сопственици и лежи на една катастарска парцела. Делот на објекотот кој што е во моја сопственост е откупен со ИЛ без никакви терети. Покрај потребните документи во Општина Центар ми побараа изјава потпишана кај нотар од двајцата сопственици во која што ке биде наведено кој сопсвеник колкава квадратура користи од парцелата. Бидејки деловите од објектот соодветно и површината од кат. парцела се со различна квадратура односно деловите не претставуваат идеални половини Проблематичен е начинот на утврдување кој корисник колкава квадратура користи .Пред извесен период во дневниот весник Дневник имаше статија за наведениот проблем, односно дека тоа е проблем кај сите објекти за колетивно домување и дека има Работна група составена од претставници од катастрот и Агенцијата за имотно правни односи и дека се работи на решавање на овој недостаток. Ме интересира дали е утврдена процедурата и дали воопшто има некое поместување во однос на решавање на овој проблем.
Дозволете ни да Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски не е наджно за овој проблем, за одговор на ова прашање обратете се во Министерството за финансии,сектор за имотно правни односи. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
По основ на договор за подарок на недвижен имот О.В.бр.562 од 20-12-1971 јас сум сопственик на парцела 58/60 со површина од 650м2.Во 1973година без никаков основ на одземање и оттуѓување парцелата е намалена и е заведена како 814/1 со површина од 423 м2 а останатите 227 м2 се влезени во соседните парцели за дооформување на градежните парцели на соседните куки. Ве замолувам да ми кажете како да си ги повратам одземените квадрати кои ми се бесправно одземени. Пред мојот плац се наоѓа друг плац кој е во државна сопственост. Дали може одземените квадрати да ми се вратат од тој плац .Оваа се работи за општина Берово.
Дозволете ни да Ве информираме дека, доколку сте сопственик на земјиште кое се простира во други плацеви, а во нив влегува земјиште кое е во сопственост на Република Македонија, може да побарате дооформување согласно член 14 Законот за градежно земјиште(Службен весник на Република Македонија бр.82/08 од 08.07.2008 година).За дооформување потребно е да ги доставите во прилог следниве документи : 1.Извод од важечки Детален урбанистички план со затемнета градежна парцела со точни мери и граници на градежната парцела, со графички приказ и легенда за сопственото градежно земјиште и градежното земјиште сопственост на Република Македонија (од надлежната општина); 2.Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела усогласени со горе наведениот Извод (изготвен од трговец поединец-овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи). 3.Имотен лист за сопственото градежно земјиште или Поседовен лист и доказ за извршена приватизација на градежното земјиште согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (,,Сл.весник на РМ“ бр.4/2005 и 13/2007) (од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастар___). 4.Имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија(од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастар___) (без товари и ограничувања) односно доколку во катастарската евиденција е евидентиран друг корисник согласно член 79 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (,,Сл.весник на РМ“ бр.4/2005 и 13/2007) потребно е Министерството за финансии, Управа за имотно правни работи___ да утврди престанок на правото на користење. 5.Уверение за редослед на извршените промени во катастарската евиденција за предметното градежното земјиште сопственост на Република Македонија кое претставува КПбр.__ КО ___за период од 1929 година до денес (од Државен завод за геодетски работи, Сектор за премер и катастар__). 6.Врз основа на Уверението од точка 5, конкретен одговор дека не е покрената постапка за денационализација до 31.12.2007 година за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија кое претставува КПбр.___ КО ____ од поранешните сопственици односно од нивните наследници (надлежната Комисија за денационализација). 7.Уверение за државјанство, Фотокопија од лична карта односно за правните лица доказ од Централен Регистар на Република Македонија; Доколку земјиштето кое ви е одземено а е запишано на Република Македонија, тогаш можете да се обратите до надлежен суд, со тоа што ке треба да докажете со валидни документи дека тоа земјиште е токму ваше. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дозволете ми да прашам која е постапката за легализација или приватизација на два објекти во станбена зграда. Првиот објект е кровна конструкција на приземје која е претворена во импровизиран балкон со настрешница-значи претходно до пред 2 години тука не постоел балкон а сега е поставена ограда и отворена е врата од стан на мезанин. Исто така дали може да се легализираат или приватизираат ходници од заедничките простории во станбена зграда-припоени со становите во истата.
Дозволете ни да Ве информираме дека сите бесправно изградени објекти кои се изградени заклучно до 03.03.2011 година се предмет на Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ”, бр.23 од 24.02.2011 година) и доколку ги исполнат условите предвидени со овој закон истите можат да се легализираат. Под бесправно изградени објекти во смисла на овој закон се подразбираат објекти од значење за Републиката согласно Законот за градење и друг закон, објекти со намена производство, дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта), објекти со намена домување во станбени куќи, согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и електронски комуникациски мрежи и средства согласно Законот за градење, кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, како и делови на објектите со наведената намена кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, во и надвор од плански опфат. Ви благодариме на соработката.Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
imame firma vo stranstvo koja dosta solidno raboti i bi sakale da investirame vo makedonija za izkradba nafabrika za termo cigli i termo beton vo praskasta forma za sto ni treba placod 8 do10000 m2 dali mozeme da go dobieme so neposredna spogodba kako stranski investitori ili trba da aplicirame na drug nacin
Почитувани, Во врска со Вашето прашање Ве известуваме дека начинот, постапката и условите за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, се регулирани со Законот за градежно земјиште, со тоа што не се предвидува отуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба доколку целокупната површина на градежната парцела е во сопственост на Република Македонија, односно такво отуѓување може да се спроведе само по пат на јавно наддавање. Имено Во зависност од тоа на која општинска територија имате намера да инвестирате, потребно е да стапите во контакт со надлежната општина за добивање на податоци од урбанистичкото уредување на градежното земјиште, во поглед на тоа дали општината има донесено ДУП (детален урбанистички план) кој предвидува градежна парцела со површина од околу 8-10000 м2 предвидена за изградба на објакти од стопанска дејност. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ве подравувам и ви благодарам многу за вашиот одговор, но Општина Боговиње нема детален урбанистички план како може да стекнам право на та парцела со оглед на овие околности, дали има други процедури или други можности за оформување на градежната парцела, Све најдобро... Претходни прашања: Поставено прашање: Поздрав од Палчиште, Општина Боговиње, ме интересира за еден објект сега е легализиран но земјиштето не е во имотен лист или не ни припада нам, сега со овие промени се очекува да се легализира и земјштето каде го леализиравме самиот објект, но исто така јас се интересирам дали имам право да го доофорумувам земјиштето и со објектот и повеќе метража, бидејќи сум слушнал дека имам право да ја купим около 49 % од то што го имам, местот каде сакам да го купим или да го дооформувам нема на та страна никој кој може да се жали или немам никој комшија, ВЕ МОЛИМ какви ми се шансите и дали имам право до го стекнам тој имот со купување, какви чекори да превземам, кај де се обратам ??!! Све најдобро Одговор од: Lidija Kirjazovski, e-mail: Прашање: Поздрав од Палчиште, Општина Боговиње, ме интересира за еден објект сега е легализиран но земјиштето не е во имотен лист или не ни припада нам, сега со овие промени се очекува да се легализира и земјштето каде го леализиравме самиот објект, но исто така јас се интересирам дали имам право да го доофорумувам земјиштето и со објектот и повеќе метража, бидејќи сум слушнал дека имам право да ја купим около 49 % од то што го имам, местот каде сакам да го купим или да го дооформувам нема на та страна никој кој може да се жали или немам никој комшија, ВЕ МОЛИМ какви ми се шансите и дали имам право до го стекнам тој имот со купување, какви чекори да превземам, кај де се обратам ??!! Све најдобро Одговор: Почитувани, Вие имате право да барате оформување на градежната парцела на која е легализиран Вашиот објект. Ако за земјиштето каде е објектот постои детален урбанистички план, потребно е да барате нумерички податоци кои ќе Ви ги изготви геодетска фирма. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека според член 30 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Службен весник на РМ, бр. 23 од 24.2.2011 година), единиците на локалната самоуправа се должни урбанистичко-планската документација со која се врши вклопување на бесправните објекти да ја донесат во рок не подолг од 5 години од денот кога решението за утврдување на правен статус станало конечно. По спроведување на постапката, следи и откуп на земјиштето. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Почитувани, сопственик сум на градежно земјиште од 707м2 како целина. Во постојниот детален урбанистички план 526м2 се водат како градежна парцела со маркица за постоечки објект.Само 6м2 на ивица на градежната парцела не се во моја сопственост односно истите се уште се водат како земјиште КОР.Г.И.З. СО ЗГ.на друго лице. Значи не можам да направам ниту договор за долгорочен закуп ниту истите да ги купам. Дали имам право да барам урбанистичката парцела да ми се намали за тие 6 м2 односно да се откажам од тоа право? Овака сум блокиран и не можам да остварам други права согласно законот за градба. Со Почит,
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека промена на урбанистичко планска документација вршат единиците на локалната самоуправа. Доколку не може да изврши дооформување на градежна парцела, потребно е да се обратите до општината и да побарате измена на урбанистичкиот план. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Mojot problem se sostoi vo slednovo: Potrebno e da izvrsam transformacija na urbanisticka parcela vo detalniot urbanisticki plan,odnosno promena na nejzinite granici, so cel nejzino sramnuvanje so katastarskata parcela.Imeno, mojata urbanistickata parcela vo DUP e zavedena so povrsina od 388m2, dodeka katastarskata parcela se vodi kako povrsina od 363m2, odnosno vo DUP se opfateni 25m2 od sosednata parcela koja e vo privatna sopstvenost. Bi ve zamolil da mi ja objasnite ovaa postapka ili da me upatite na nekoj zakon vo koj e opisana vakvata procedura. Isto taka bi ve zamolil da mi odgovorite koja drzavna institucija e nadlezna za vakov tip na transformacija na urbanisticka parcela. So pocit Radomir Ivanovik
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во однос на Вашето прашање потребно е да се обратите до надлежната опшина каде се наоѓа предметното земјиште. Имено, постапките од ваков тип ги уредува Законот за просторно и урбанистичко планирање ( Сл.Весник на РМ, бр.51/05, од 30.06.2005 година). Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani ve molam za pomos kon Otugjuvanjeto na gradezno zemjiste sopstvenost na RM na parvcela na koja imam sopstvenost povekja od 30% vp KO Gj.Petrov , KP vo Vlae 1. Izvrsitelot mi prodade parcela od 200 m2, so DUP gradba so gabarit 100 m2 za oformuvanje nataksvo gradezno zemjistetreba da se odkupi del od 30m2 vo sopstvenost na RM. Kakva je postapka, kod kogo, kolku moze da bide cena za m2 na drzavni del na parcelata, kolku dolgo moze da trae postapkata??? Mnogu vi blagodaram za pomos
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека дооформувањето на градежна парцела со местоположба во Ѓорче Петров се прави во Министерството за транспорт и врски. Во однос на Вашето прашање за потребната документација, потребно е да проверите на интернет страницата на нашето Министерство, каде во делот Услуги за граѓаните ќе го најдете барањето за дооформување и потребната документација. Додека, во однос на Вашето прашање за цената за м2 зависи пред се од намената на парцелата. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani ve molam za pomos kon Otugjuvanjeto na gradezno zemjiste sopstvenost na RM imam dostaveno dokumentacia za otugjuvanje za 16 m2 za doformuvanje na gradezna parcela pa ke ve molam kolku vreme trae od prilika i kakva e postapkata dali treba da dojdete vo ohrid da merete baranjeto e na ime edis zejnula i afrim maksudi brojceto od predmetot e 21yl.3006/1 od 10 11 2011 odnapred vi blagodaram za vaseto izvestuvanje jas mislam deka ja imame dostaveno celosna potrebna dokumentcia pa cekame izvestenie
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за одговор на Вашето прашање потребно е да доставите подетални податоци, односно име и презиме и број на предмет кој е доставен до нашето министерство. Може да се јавите директно во Секторот за документирање и управување со градежно земјиште на телефонскиот број: 02/3145-460. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Почитувани, веќе незнам каде да се обратам за мојов проблем па би ве замолила за совет и одговор. Имено, се работи за следниов проблем: Мојот сопруг во 2010 година склучи Купопродажен договор на објект руинирана барака во површина од 95 м2, од кои 3/16 од објектот ги купи тој. Правното лице со кое мојот сопруг склучи Купопродажен договор за 3/16 од објектот го имало стекнато сопственичкото право на истиот со пресуда по пат на извршување на долг спрема поранешниот сопственик. Во пресудата воопшто не е спомнато корисничкото право на земјиштето бидејки корисничкото право неможе да биде предмет на извршување. Е сега проблемот е во тоа што мојот сопруг го откупи само делот од руинираната барака од 3/16 но нема никакво земјиште. Корисничко право на земјиштето има поранешниот сопственик од делот на сопругот и други. Мојот сопруг поднесе барање до Општина Карпош за одземање на корисничко право како и барање за приватизација на земјиште при што беше одбиен поради немање основ за приватизација а за барањето за одземање на корисничко право доби само известување за дополнување на барање со елаборат за нумерички податоци. Прашањето ми е следното , дали се обраќаме на вистинското место и доколку се обраќаме што се е потребно за да може да обезбедиме земјиште кое ќе биде врзано со самиот објект од причини што објект неможе да виси. Доколку не се обраќаме на вистинското место Ве молам за совет каде и како да постапиме за да можеме да оствариме и право на градежно земјиште врзано со купениот објект. Ви Благодарам на помошта.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека доколку правото на користење на земјиштето го има поранешниот сопственик и има договор за купопродажба на земјиштето, во тој случај потребно е да се поднесе барање за трансформација до општина Карпош. Доколку нема договор за купопродажба на земјиштето, туку има само за објектот кој е изграден, тогаш потребно е да го приватизирате земјиштето во Министерството за финансии на Република Македонија, во Управата за имотно-правни работи, во подрачната единица Карпош, односно во единицата на локалната самоуправа каде се води земјиштето. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Pocituvani,sopstvenik sum na gradezna parcela vo Ohrid 1322m2, i imam dve gradezni markici. Celata parcela e odamna privatizirana,po urbanisticki plan trebit da pominit pristapen pat za sosedite so schirina 6m. Po barajne na sosedite toa praschajne posle 15 godini ponovo se pokrena. Rakovoditelot na fondot za komunalen razvoj od Ohrid na 14.06.2011 javno pred kamerite na TVM-Ohrid izjavi deka trebit da se izvrschit eksproprijacija od moeto zemjischte vkupno 678m2 i deka mi ponudile 2,500,den za m2 schto ne e tocno ! Na 21.06.2011 god. dobiv ponuda kade mi e ponudeno 1,200,den po m2, schto znacit nekoj lazit. Ke ve molam da mi kazite dali imat nekoj zakonski rok za ovaa postapka ekspropirjacija ili 100 godini ke stojt toj urbanisticki plan koj nikogasch nemat da se realizirat a istovremeno plakam porez a moeto zemjischte nemozam da go planiram od druga strana Opschtinata nemat pari i celata rabota tapkat na mesto veke 18 godini. Posledna informacija deka predmetot bil daen kaj narodniot pravobranitel da go reschit problemot no i otamu nemat nischto dosega. Molam da mi kazite dali imat nekakov zakonski rok koj za kolku vreme trebit da postapit. Odnapred blagodaram.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека надлежен орган за водење постапка за експропријација е Управата за имотно-правни работи при Министерството за финансии. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Imam edno prasanje koe kje mi go olesni resavanjeto na mojot problem. Da obrazlozam : se raboti za KO katlanovo.Imeno, od vujkomi imam dobieno na podarok zemjiste vo moja sopstvenost zapisano vo AKN. na ova zemjsite 80 godini majkami izgradila deloven objekt divogradba koj jas minatata godina go legalizirav.Pri upisot vo katastar izleze deka del od delovniot objekt lezi na mojata katastarska parcela na koja imam sopstvenost a del lezi na parcela na R.M -Patista koja vo AKN ne e izlozena. E sega mojot problem e sleden.Se raboti za 14 m2 del od parcela na R.M i neznam kade da se obratam i sto dokumenti se potrebni za da mozam i ovie 14 m2 da gi kupam i da bidat vo moja sopstvenost kako i da gi spojam so mojata parcela. Ve molam da mi pomognete i da me upatite sto i kako treba da napravam. ODNAPRED BLAGODARAM
Почитувани, Дозволете да Ве известиме дека до Министерството за транспорт и врски треба да доставите барање за откуп на државно земјиште, дооформување на градежна парцела, со потребната документација, и тоа: - Извод од Детален урбанистички план, односно усвоен урбанистички проект, согласно Генералниот урбанистички план; - Нумерички податоци и список на индикации; - Имотен лист (или Поседовен лист со спроведена трансформација односно приватизација) за сопствената катастарска парцела; - Имотен лист (или Поседовен лист) за катастарска парцела сопственост на Република Македонија; - Уверение за движење на катастарска парцела сопственост на Република Македонија; - Потврда дека нема постапка за денационализација за катастарска парцела која е предмет на отуѓување прибавена од Министерство за финансии, (Одделение за имотно-правни работи); - Уверение за државјанство; - Фотокопија од лична карта;- Аерофотограмистичка снимка од катастар. Понатаму по основ на Вашето барање, ќе се постапи согласно Законот за градежно земјиште. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Член 10 ст.(2) од Законот за градежно земјиште (СВ бр.17 од 11.02.2011 и бр.53 од 14.04.2011) гласи: “Времен објект не е дел од градежното земјиште и врз основа на времен објект не се стекнува право на сопственост и други стварни права врз градежното земјиште.“ Член 2 ст.(1) од Законот за постапување со бесправно изградени објекти (СВ бр.23 од 24.02.2011 и бр.54 од 14.04.2011), како бесправно изградени објекти ги подразбира објектите од значење за Републиката, од локално значење и објектите на здравствените установи и нивни делови, (без да ги ги спомене времените објекти). Став(2) од истиот член вели дека предмет на овој Закон се бесправните објекти од став(1) на овој член, што значи дека истиот никако не се однесува на времените објекти. Во конкретниов случај, се работи за времен објект - барака на АД“Славија“, самопослуга издадена под наем, која со актуелниот ДУП со еден дел е влезена во наша градежна парцела, а со друг дел во сообраќајно решение-раскрсница (површина од јавен интерес). Од закупецот бесправно беше реновирана и санирана, притоа без да излезе од својот габарит. За бесправната реконструкција, надлежниот градежен инспектор во 2010 год. издаде Решение за рушење на реконстукциските зафати, а издаде и Заклучок за извршност на тоа Решение, по кое до денес не е постапено. Во 2011 година, сопственикот на времениот објект, АД“Славија“ поднела барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Одделението за урбанизам, при локалната самоуправа, со увид на лице место констатира дека се работи за времен објект, истиот го има и заведено како таков во својата евиденција и наместо барањето да биде одбиено како НЕОСНОВАНО, тие почнуваат постапка, под изговор дека во законот не постои член по кој би го одбиле.?? Од овде произлегуваат неколку ПРАШАЊА : Дали Законот за постапување со бесправно изградени објекти, се однесува и на времените објекти ? Дали треба да се применува истиот, кога за времен објект, некој ќе поднесе барање за утврдување статус на бесправен објект? И дали надлежниот Орган, може да прифати такво барање, само затоа што во Законот не постои член по кој би го одбил барањето, што подразбира дека ќе го прифати, а притоа во истиот Закон, да не постои ниту член по кој би го прифатил таквото барање? Всушност такви членови во Законот и неможе да постојат, затоа што истиот,не се ни однесува на времените објекти. Однапред Ви благодарам. Поздрав - Илија Николовски од Скопје.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека бесправно изградени објекти кои се предмет на законот се дефинирани во членот 2 од Законот, согласно кој член под бесправно изградени објекти во смисла на овој закон се подразбираат објекти од значење за Републиката согласно Законот за градење и друг закон, објекти од локално значење согласно Законот за градење и објекти на здравствени установи за примарна, секундарна и терцијална здравствена заштита, кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, како и делови (доградби и надградби) на објектите од значење за Републиката, од локално значење и на објектите на здравствените установи за примарна, секундарна и терцијална здравствена заштита, кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, во и надвор од плански опфат. Согласно наведената одредба времен објект не е предмет на овој закон и по тој основ треба да се одбие барање за утврдување на правен статус. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
до општина имам поднесено барање за легализација на бесправен објект, но мојата КП е имот на РМ- корисник ЈП за стопанисување на пасишта, каде терба да се обратам за одземање на корисничко право? Со почит...
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека постапката за одземање на правото на користење на градежно земјиште се спроведува согласно Законот за приватизација и закуп на државно земјиште, а надлежен орган за спроведување на истата е Управата за имотно-правни работи. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани Јас сум косопственик на недвижен имот запишан во ПЛ 166 КО ВОЛКОВО со површина од 2753 м2 и ПЛ 1795 КО ВОЛКОВО со површина од 2753 м2 како КП 783, во место викано УШИ план 5 скица 16 култура лозје, 4 класа со вкупна површина од 5506 м2. Повикавме геодет да изработи елаборат за физичка делба и составивме договор. Кога го однесовме договорот кај нотар истиот ни рече дека не може да се изврши физичка делба на имотот, бидејќи било земјоделско земјиште. Сакам да нагласам дека на наведениот имот има изградено 7 куќи и истите се во процедура, за легализација согласно законот за постапување со бесправно изградени објекти. Што треба да направиме за да ја спреведеме физичката делба. Благодарам однапред
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме во врска со Вашето прашање за појаснување на постапката за физичка делба на земјоделско земјиште треба да се обратите до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Soglasno clen 16 od Zakonot za gradezno zemjiste,kako sopstvenik na zemjiste vrz koe soglasno DUP e predvideno prosiruvanje na postoeckata ulica,me interesira,dali jas kako fizicko lice moze da pokrenam postapka za razmena na zemjisteto ,ili pak mora kako inicijator da se javi opstinata koga ke resi da ja prosiruva ulicata?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека кога со урбанистички план на одредена градежна парцела е предвидено изградба или проширување на улица, во постапката за експропријација се утврдува надоместокот за одземањето на земјиштето (во пари или во друга недвижност). Имено, иницијатор е субјектот кој покренува постапка за одземање кога ќе се создадат услови за реализација на урбанистичкиот план. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Како да се внеси кука и објект во новиот детален генерален план за општина битола бидеки во новиот план сне обележани како нива??
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“, бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11 и 53/11), постапката за изработка и донесување на урбанистичките планови од членот 7, точка 2, алинеа 2, 3 и 4 на овој закон, се во надлежност на општините. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Имам купено земјиште во 1977. Лицето е починато и неговите наследници не сакаат да отворат оставинска постапка ниту да имаат било каква врска со него. Во имотен лист стои дека сопственик е РМ а право на користење има починатото лице. Поради тоа запрена е и мојата постапка за легализација на куќата. Како да го избршам името на поранешниот корисник и да остане само РМ како сопственик. Благодарам
Почитувани, Одземање на корисничко право се врши во управна постапка пред надлежен орган за имотно правни работи како дел од Министерството за финансии. Меѓутоа, во конкретниот случај купувачот на градежното земјиште остварената купопродажба треба да ја регулира пред надлежни судски органи по пат на тужба за признавање на купопродажбата на градежното земјиште, а пресудата во таа постапка ќе му послужи пред надлежниот орган како доказ за регулирани имотно правни односи. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани Парцелата на која е изграден мијот објект е составена од три катастерски парцели од кои мојата е со површина 200м2 и е приватизирана, втората е со површина од 70м2 е е во сопственост на РМ а третата е со површина од 50м2 и е со ,, непозната,, сопственост т.е. се води под шифра 99. Дали можам да барам дооформување на парцелата само со делот кој е во сопственост на РМ а делот кој под шифра 99 да остане за понатаму?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека дооформувањето на градежните парцели се врши во постапка пропишана со Законот за градежно земјиште, каде во член 72 е наведено дека: „Градежното земјиште сопственост на Република Македонија може да биде предмет на отуѓување и давање под долготраен закуп и доколку за 10% од вкупната површина на градежната парцела не се решени имотно правните односи, под услов истите да не влегуваат во површината предвидена за градење на објектот, при што предмет на отуѓување не е делот од градежното земјиште за кое не се решени имотно правните односи.“ Во конкретниов случај не е исполнет условот за 10% од вкупната површина на градежната парцела за кои може да не се решени имотно правните односи, меѓутоа и доколку се исполнети наведените услови може да се изврши дооформување, согласно законот за градење не може да се добие одобрение за градење доколку не се решени имотно правните работи во целост. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
sakam da se sovetuvam so vas ida me upatite sto da storam ponatamu i kako da go resam mojot problem koj ne po moja vina mi se nametna.Se raboti za slednoto:mojot dedo kako poranesen sopstvenik mu e dodeleno zemjiste na trajno koristenje na koe 1974-1976.god.izgradil kuka so celata potrebna dokumentacija ( odobrenie za gradba,protokol potesna lokacija idr.) koga ja izgradil vo 1977god. ja poklonuva so dogovor za poklon kukata na mojot tatko i mu go prenesuva pravoto na koristenje na zemjisteto ispod kuka idvor 100 kvadrati i vo katastar tatko mi si vadi posedoven list . Posle avionskoto snimanje 80-84 god.mu go zapisuvat samo zemjisteto pod objekt no ne i dvornoto mesto na koe ima korisnicko pravo a e nosena cela dokumentacija kaj niv za da se koregira toa nose se sveduvase na toa deka ke se ispravi po sluzbena dolznost no nikako ne se ispravuvase toa tuku si zapisale se sprotivno na pravnite osnovi s. i site segasni podatoci se vnesuvani so tehnicki greski kako vo katastarskiot plan taka i vo katastarkiot operat DUP i dr. Kako sega jas da si go sredam problemot Kako se vnesuvani tie podatoci koga ne se gi ni poglednale dokumentite kako sto treba tuku se drzat do toa kako oni si zapisale a ne kako e faktickata sostojba i taa vo dokumentacijata( za objektot e zapisana samo po objekt a vo tehnickata dokumentacija se gleda deka ima kat pa vi se molam da me posocite dali ke moze da mi se razgleda celata dokumentacija vo ministerstvoto za transport i vrski vo mojot grad i da me posocite sto ponatamu za da si go resam mojot problem Pozdrav
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека Министерството за транспорт и врски нема подрачни единици по градовите, туку општините согласно своите надлежности имаат сектори и одделенија во секторите кои ги вршат работите на урбанизмот односно кои ги спроведуваат постапките за издавање на одобренија за градење. Уписот на податоците во јавната книга за запишување на правата на недвижностите го врши надлежниот орган-Агенција за катастар на недвижности преку своите одделенија согласно Законот за катастар на недвижности. Поради наведеното, приговорите во врска со уписите се доставуваат до второстепениот орган преку органот кој издал имотен лист, потврда за упис или за одбивање на упис во катастарот на недвижности. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, имаме купено со меѓусебен договор со сведоци земјиште во општина Аеродром на кое имаме изградено куќа -дивоградба во 1972 година и за него имаме имотен лист на име на наследникот на сопственикот на кој стои дека е катастарска култура 50000 и 70000. Прашањето ми е дали можеме да поднесеме Б А Р А Њ Е за стекнување право на сопственост на градежно земјиште кое се користи врз основа на договор склучен со поранешниот сопственик, а напоменувам дека во податоците за носител на право на сопственост стои физичко лице - сопругата на продавачот, а шифрата на правото е 814 - Право на користење на изградено градежно земјиште врз кое постои зграда. Дали треба да се прави трансформација или можеме да поднесеме такво барање врз основа на нотарска изјава од наследничката дека сме имале таков купопродажен договор во 1972 година.... поздрав и благодарам
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 6 став 4 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти доколку бесправниот објект е изграден на земјиште пренесено од поранешен сопственик врз основа на договор за купопродажба, на кое како корисник е евидентиран поранешниот сопственик, а барателот го користи земјиштето повеќе од 20 години од денот на склучувањето на договорот, барателот е должен покрај доказите од став (2) на овој член да достави и договор за купопродажба на земјиштето и изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека барателот или лицето чиј наследник е барателот го имаат купено земјиштето од поранешниот сопственик. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Дали издаденото одобрение за градење на име повеќе инвеститори но без идеални делови е незаконско односно дали општината морала да ги стави идеалните делови?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 59-д став (2) од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12 и 25/13) „кога одобрението за градење се издава на повеќе инвеститори во одобрението се наведуваат сите инвеститори во идеални или реални делови, врз основа на правно дело за уредување на меѓусебните права и обврски за градба, заверено кај нотар.“ Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Kako Akcionerskoto drustvo za izgradba i stopanisuvawe so stanben prostor i deloven prostor od znacenje za Republikata - PO Kavadarci koj stopanisuva so stanovi vo sopstvenost na Republikata imame problem za koj bi pobarale Vase tolkuvanje. Imeno, pri izmena i dopolna na detalen urbaniscki plan na Opstina Negotino napraven e previd i dve parceli so dva objekti koi se prilepeni eden do drug (so DUP i dvata se legalizirani i imaat Imotni listovi) se pretstaveni kako edna parcela i eden objekt so pristat do soobrakajnica, so sto do vtoriot objekt nema obezbedeno voopsto nikakov pristap. Za javnata rasprava za usvojuvanje na izmenite ne bevmen ni izvesteni ni povikani i ne bevme vo sostojba navremeno da reagirame na nepravilnostite koi se napraveni. Ve molime za nasoki kako da go ostvarime pravoto za neprecen pristap do vtoriot stanben objekt.Vi blagodarime
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека поставеното прашање се состои од два дела. Првиот дел кој се однесува на Детален урбанистичкиот план за Неготино, и Ве известуваме дека истото не содржи податоци за кој план станува збор за да можеме да дадеме соодветен одговор. По вториот дел од прашањето, Ве известуваме дека согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“, бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11 и 144/12 и 55/13), по нацртот на урбанистичките планови општината спроведува јавна презентација и јавна анкета, а согласно став (11) од истиот член времето и местото каде што ќе биде изложен планот и спроведувањето на јавната презентација и јавната анкета, задолжително се објавува со соопштение во најмалку две јавни гласила. Согласно став (9) од истиот член, комисијата од став (6) на овој член е должна писмено да го извести секое лице кое поднело анкетен лист со образложение за прифаќање или неприфаќање на неговите забелешки или предлози. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Бидејки на веб страната на Министерството за финансии,денес 24.09.2013 година,стои повик за откуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Прашањето е дали сеуште може да се поднесе барање за откуп на градежно земјиште
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за одговор на Вашето прашање може да се обратите до Министерството за финансии. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani,imam tapija od 1928 godina.Na tapijata go ima jasno celiot imot a deneska ne se sovpagja so nacrt skica na detalniot urbanisticki planSo toa mi odzimaat del od imotot.Koga se obrativ do katastarot mi kazaa deka toa sega ne vazi .Pri privatizacija na zemjiste ja imam prilozeno taa tapija koja ne odgovara so resenieto dadeno od katastarot.Ve molam kako i kaj kogo da se obratam za mojot problem. ODNAPRED BLAGODARAM.IGOR. INAKU SE RABOTI ZA PARCELA 16561 PO NOVO.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека постапката за приватизација ја спроведува Министерството за финансии согласно важечката законска регулатива, а во решението се наведува врз основ на кои документации и докази се врши приватизацијата. Незадоволните странки од решението за приватизација имаат право на жалба до второстепен орган во рок определен во самото решение. Со деталниот урбанистички план се формира градежна парцела согласно законските и подзаконските прописи со максимално почитување на сопственоста на земјиштето, но понекогаш е неопходно да се зафати дел од приватната сопственост за реализација на градби од јавен интерес-сообраќајници, тротоари, пристапи или друго. Доколку земјиштето е приватизирано, одземањето на земјиштето се врши во постапка за експропријација. Пред донесување на деталниот урбанистички план истиот се изложува пред граѓаните со можност за доставување на анкетен лист со забелешки, во законски определена постапка, во која може да се бара промена на утврдените граници на градежната парцела, доколку тоа е возможно. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani imam prasanje poseduvam deloven objekt vo opstina Gazi Baba koj sto e izgraden vo 1964 no e divogradba i po podnesenite dokumenti se razbira vo vremenskiot period koj sto bese odrden i kako sto znaete bese kazano deka komunaliite ke bidat do 5 evra a zemjisteto ako e na Republika Makedonija po 1 evro e sega go dobivme resenieto vo koe za komunalii treba da platime po 137 evra , a za zemjisteto po 12 evra a odkako im kazavme deka e predadeno vo ramkite na kampanjata za legalizacija ni rekoa deka toa ne vazi i deka na resenieto nemame pravo na zalba a samo za komunalii treba da platime nad 25.000 evra samo da podsetam za objekt od 1964 godina. I iako prasavme da plakame na rati zosto se raboti za golema suma ni rekoa deka toa veke ne vazi. Blagodaram odnapred.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 20 став (2) од Законот е дефинирано дека висината на надоместокот за утврдување на правен статус за објектите со намена домување во станбени куќи согласно со правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, за трафостаници, за викенд куќи, за доградби на објекти со намена домување во станбени згради – тераси и тераси пренаменети во станбен простор и за електронските коминикациски мрежи и средства изнесува 61,00 денар по м2 од изградената површина на бесправниот објект, која е утврдена со геодетскиот елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект. Меѓутоа, согласно член 20 став (3) од Законот Висината на надоместокот за утврдување правен статус на бесправните објектите од локално значење освен за објектите од ставот 2 на овој член и висината на надоместокот за утврдување правен статус на бесправните објекти на приватните и мешовитите здравствени установи за примарна, секундарна и терцијална здравствена заштита, е еднаква на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште кој се пресметува во постапката за добивање на одобрение за градење за овој вид на објекти, која е утврдена од едниците на локалната самоуправа до денот на влегувањето во сила на овој закон, при што предвид се зема изградената површина на бесправниот објект, утврдена со геодетскиот елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект. По однос на земјиштето, истото се оттуѓува согласно Уредбата за висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, но во постапка е донесување на нова Уредба за висината на надоместокот за оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија за објектите со утврден правен статус согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Ova moze ne e za vaseto min no bi mozele da me upatite.Pred 33 godini kupeno e zemjiste so kuka,so meguseben dogovor,no nikade vo dogovorot ne e zapisano deka ima kuka, tuku deka se kupuva zemjiste. Prodavacot (1) so ist takov dogovor go kupil zemjisteto od prodavac(2) i ne se spomnuva nikakva kuka,prodavacot (2) go kupil istoto zemjiste od prodavacot(3)i povtorno ne se spomenuva nikakva kuka.prodavacot(3) go kupuva istoto zemjiste bez kuka vo dogovorot od prodavac(4)period od tursko vreme nekade okolu 1907 ili 1908. I sega pri legalizacija na divogradba na imoten list se pojavuva prodavac(4) so sopstvenost na etaz od 14 m2. Prodavacot (1) ja gradi segasnata kuka posle poplavata vo Skopje.Kade da se obratime? Vi blagodaram odnapred
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во постапка за утврдување на правен статус на бесправен објект подносител на барањето е имателот на бесправниот објект, а доколку има нерасчистени имотни односи истите може да се решат во друга постапка, што во конкретниот случај би можел да биде надлежен суд пред кој е потребно да се поведе постапка за утврдување кој го изградил објектот, односно да се утврди имателот на бесправниот објект, а потоа со одлуката-решение или пресуда од судот да се продолжи постапката за утврдување на правен статус на бесправниот објект. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани-Ние граѓаните кои живееме на ул. Иво Лола Рибар од 15 парцели кои се наоѓаат на трасата на т.н. Јужен Булевар на потезот од ново изградениот комплекс Гранд Престиж до трговски центар Олимп ико во од десната страна на ул Иво Лола Рибар неможеме да си ги приватизираме имотите од причина што на еден дел од парцелите поминува инфраструктурен објект(улица). Во истиот ред на парцели после 2003 год има три парцели кои имаат сопственост а сопствениците се населени после 2003год. Ние староседелците живееме уШте од 1958год . Бараме да ни одговорите како ние не можеме да добиемеприватизација на имотите. Воедно би напоменала дека Јужниот Булевар постои и пред Законот за приватизација и истиот проблем го имаат и други физички лица и во Кисела Вода и Нерези ама конкретно најголем проблем постои тука на потег од поранесна Алумина до Трговски центар Олимпико , бидејки како што напоменав и погоре ние тука сме уште од 1958 година и соласно Законот за приватизацја и закуп на градежно земјиште ние би претставувале поранешни сопственици и како некои кои се наоѓаат на истата траса и страна можат да добијат приватизација а се доселиле подоцна односно 2003 година а оние кои се тука 50н години не и што да се превземе во врска со оваа ситуација? Ве молам за одговор
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека постапките за приватизација по Законот за приватизација и закуп на државно земјиште се водат во подрачните одделенија (во општините) на Управата за имотно правни работи при министерството за финансии. Овие органи постапките ги спроведуваат согласно законските одредби утврдени во Законот за приватизација и закуп на државно земјиште, за кои министерството за транспорт и врски нема надлежност. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani, ako predmetot za kupoprodazba na gradezno zemjiste e vo sudska postapka poradi nerazreseni imotno pravni odnosi pomegju sopstvenikot i negovite rodnini,a dadeniot rok za otkup istece,dali ima nacin da se podnesat dokumenti za otkup na dvorno mesto sopstvenost na RM, po zavrsuvanjeto na sudskata postapka
Почитувани, Спроведувањето на постапките „за откуп на дворно место“, односно оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија за дооформување на градежна парцела е уредено во Законот за градежното земјиште. Во наведениот закон не е определен рок за поднесување на барања, додека за постапките за приватизација кои се регулирани со Законот за приватизација и закуп на на градежно земјиште во државна сопственост може да се поведат со барања поднесени до 12.11.2014 година односно 9 месеци по влегување во сила на последната законска измена објавена во Сл.весник бр.27 објавена на 05.02.2014 година.
Постави прашање за дадената услуга
Email
Прашање
NextSense Captcha

По внесување на кодот кој го гледате на екранот во текст полето од негова десна страна, кликнете на линкот Прати прашање во долниот десен агол од екранот.