Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Информација за остварување на еднократна парична помош и помош во натура
Koја документација треба да се достави за остварување на еднократна помош 2.Кои документи и кој критериум треба да се добие за постојана парична помош.
1.Еднократна парична помош или помош во натура се доделува на лице или семејство, кои се нашле во полжба на социјален ризик, заради претрпена природна непогода или епидемија, подолго лекување во здравствена установа, или друга социјална криза. Под помош во натура, во смисла на овој закон, се подразбира обезбедување на облека, исхрана и други средства неопходни за минимална егзистенција на граѓанинот и семејството. Износот на еднократната парична помош може да изнесува најмногу до висина на две просечни месечни нето плати по работник во Република Македонија остварени во последните три месеци. Износот на еднократната парична помош со акт го определува минстерот. Еднократната парична помош се остварува во центарот за социјална работа, а во итни и неодложни случаи министерот може да ја додели еднократната парична помош. Против решението на министерот од ставот 5 на овој член може да се изјави жалба до Комисијата на Владата за решавање на управни работи во втор степен од областа на трудот, социјалната политика и здравството (во натамошниот текст: Комисијата на Владата). Правото од став 1 на овој член по исклучок во несреќни случаи, акутна болест која бара болничко лекување и слично може да го користат и државјани на Република Македонија кои немаат постојано живеалиште, како и странци кои немаат постојан престој на живеење во Република Македонија 2.Право на постојана парична помош има лице неспособно за работа и социјално необезбедено, кое не може да обезбеди средства за својата егзистенција врз основа на други прописи. Неспособно за работа во смисла на овој закон се смета лице : - со умерени, тешки и најтешки пречки во интелектуалниот развој и лице со други пречки во развојот, кое заради степенот на попреченоста не може да се стекнува со образование, како и лице кое по развојниот период стекнало телесна попреченост, поради која е неспособно за работа; - самохрана жена за време на бременоста еден месец пред породувањето и самохран родител до три години возраст на детето; - дете до навршени 15 години живот или до 26 години живот, ако е на редовно школување и - жена и маж постари од 65 години. Неспособноста за работа во смисла на став 1 алинеја 1 од овој член ја утврдува стручен орган кој врши оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во интелектуалниот или физичкиот развој до 26-годишна возраст, под услови и на начин утврдени со посебни прописи, односно стручен орган за оцена на работната способност на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија за лица постари од 26 години. За социјално необезбедено лице, во смисла на овој закон, се смета лице кое нема приходи или чии приходи по сите основи, како приход на целото семејство, се помали од постојаната парична помош утврдена со овој закон. Како приход во смисла на став 1 на овој член, не се смета паричен надоместок за помош и нега од друго лице, детски додаток и посебен додаток остварен врз основа на други прописи. Постојана парична помош се обезбедува во вид на основна парична помош на носителот на правото и додаток на другите членови на семејството неспособни за работа (соуживатели на помошта). Правото на постојана парична помош се остварува во центарот за социјална работа според местото на живеење на подносителот на барањето.
Nie do sega kako Pomska nevladina organizacija podnesuvame barawa do centarot za socijalno zagrozeni lica koi nemaat moznost da istite dojdat do egzistencija no direktorkata na CSR-Nada Stojanova od Kavadarci ne im udovoluva so nase barawe i sl. Zosto direktorkata voopsto ne im veruva na romite odnosno gi diskriminira i sl.
Барањата за оставарување на права од социјалната заштита се поднесуваат во месно надлежниот центар за социјална работа и по секое барање се постапува поединечно во согласност со Законот за социјалната заштита.Доколку лицето не е задоволно со донесената одлука од старна на центарот или пак центарот не постапил по однос на барањето лицето може да поднесете жалба до Министерството за труд и социјална политика кој како второстепен орган е надлежен да постапува по истата.
Жител сум на Скопје од 1994 година. Како невработен се пријавував во Агенцијата за вработување околу 12 години, и дури неодамна се вработив. Немаме сопствен стан и живееме под кирија. Двете наши деца се ученици. Трошоците за киријата и за училиште се многу големи. Како можеме да добиеме општествен стан? Кој е редоследот на постапката? Од каде да почнеме? Ве молиме да ни дадете точни упатства и да го отпочнеме процесот. Жител сум на Скопје од 1994 година. Како невработен се пријавував во Агенцијата за вработување околу 12 години, и дури неодамна се вработив. Немаме сопствен стан и живееме под кирија. Двете наши деца се ученици. Трошоците за киријата и за училиште се многу големи. Како можеме да добиеме општествен стан? Кој е редоследот на постапката? Од каде да почнеме? Ве молиме да ни дадете точни упатства и да го отпочнеме процесот. Жител сум на Скопје од 1994 година. Како невработен се пријавував во Агенцијата за вработување околу 12 години, и дури неодамна се вработив. Немаме сопствен стан и живееме под кирија. Двете наши деца се ученици. Трошоците за киријата и за училиште се многу големи. Како можеме да добиеме општествен стан? Кој е редоследот на постапката? Од каде да почнеме? Ве молиме да ни дадете точни упатства и да го отпочнеме процесот.
Во врска со Вашето барање треба да се обратите до Министерството за транспорт и врски, кое што е надлежно околу постапката за доделување на станови за лица со ниски примања.
Корисник сум на Соцци.Парицна помос од 1.650.00 ден. Во мегевреме ми е откриен hepatit b1 позитв. БЕВ на испитување , а тоа коста пари . домсега имам дадено 500.00ден., атрба да одам на ехо во трасфузиологија , а ако е потребно и во Скопје. Имам и упат за во Букуреска поликлиника за стрс тест И тоа коста пари. Се обратив до Подр.МСР за да побарам еднократна парицна помос. Од таму ми одговорија дека сумата со прилозените уредно фотокопиран ис-ки у упати с-ката била мала и не ми следувало ЕПП.Наводно с-ката требало да биде поголема . Јас не знам колкава треба да биде с-ката спрема моите соц. примања и од каде толку пари.МИ рекоа дека ми следувало само 3 пати во год. ЕПП. Знаци ние напустенитените не по наса вина СОЦ.слуцаеву трба да умираме. Мојата веб срана е " Z.KAROV@YAHOO.COM
Вие треба повторно да поднесете барање за еднократна парична помош до надлежниот центар за социјална работа, кој е должен да донесе решение, со кое или ќе го уважи или одбие Вашето барање. Доколку центарот донесе решение со кое ќе го одбие Вашето барање за еднократна парична помош, имате право на тоа решение да поднесете жалба до министерот за труд и социјална политика.
ни треба информација за лице кое се нашло во положба на социјален ризик поради подолготрајно лекувајне кое на крајот завршува со хируршка интервенција изведена во филип втори и за кое е потребно понатамошна рехабилитација во охрид.истото лице е корисник на постојана социјална помош, не интересира кои документи ни се потребни за остварување на еднократна помош во висина до две просечни плати и истите документи каде треба да ги доставиме. ние сме од гостивар и се обративме во овдешната подрачна единица на центарот за социјални работи каде ни е кажано дека за истата помош треба да аплицираме во МТСП=во скопје
Брањето за остварување на правото на еднократна парична помош се поднесува до надлежниот центар за социјална работа, според местото на живеење, согласно Законот за социјалната заштита. Според тоа Вие треба да го поднесете Вашето барање со потребната медицинска и друга документација до центарот за социјална работа во Гостивар, кој е надлежен да постапи по барањето и да донесе решение со кое Вашето барање ќе се уважи или ќе се одбие.
potrebna mi e paricna pomos od 3000evra dali mozam da ja dobijam isto dokumenti mu se potrebni se naogam vo teska ekonomska kriza
Во врска со Вашето прашање Ве информирам дека треба да се обратите до надлежниот центар за социјална работа, според местото на живеење, каде што ќе бидете информирани за условите и критериумите за остварување на еднократна парична помош.
vo tretiot mesec od bremenosta se vrabotiv vo firma vo koja rabotev 4 meseci megutoa poradi teskata rabota se vrabotiv vo druga firma vo koja rabotev 2 meseci so cel da go koristam trudnickoto bolovanje.Megutoa sega doznav deka vo juni mesec tie me odjavile porano(mi dadoa platen odmor od 8 dena sto sega mi se prekin za stazot od 6 meseci) nekoj den pred da pocnam da rabotam vo drugata firma a pridonesite za toj mesec se celosno plateni.Znaci spored isplakanjeto na platite jas imam neprekinat staz od 6 meseci.Tie mi velat greska napravil nivniot knigovoditel.Dali mozam da zemam bolovanje a ako ne posovetuvajte me sto da napravam zosto mi e potrebno.Odnapred vi blagodaram
Во врска совашето прашање ве информирам дека сте го доставиле во погрешна услуга, за конкретен одговор треба да се обратите до услугите кои третираат прашања од областа на работните односи.
nositel sum na nega od drugo licedokumentite se ponoveni od april 2011komisijata bese ednas vo nasiot grad berovo.no kaj mene ne e dojdena a neprimam nikakva druga pomos,do den denes uste ja nema kom,kko moze da se zivee koga za edni kratna pomos velat mozebi ke dobiete mozebi ne zatoa sto nositel sum na tuga nega, a uste ne sum dobila nikakvo resenije od m, za trud, i sicijala. prasanjeto mi e koga i dali ce dojde komisijata i od sto ke ziveeme koga edno kratna pomos mi dadoa lanskata godina 3000.il.den. a od m.za trud i socijala nemat nikakov interes za taa grupa na gragani,jas sum od romska nacionalstvo. i kaj kogo da se javam za ovoj problem so pocit Do vas, nositel sum na nega od drugo licedokumentite se ponoveni od april 2011komisijata bese ednas vo nasiot grad berovo.no kaj mene ne e dojdena a neprimam nikakva druga pomos,do den denes uste ja nema kom,kko moze da se zivee koga za edni kratna pomos velat mozebi ke dobiete mozebi ne zatoa sto nositel sum na tuga nega, a uste ne sum dobila nikakvo resenije od m, za trud, i sicijala. prasanjeto mi e koga i dali ce dojde komisijata i od sto ke ziveeme koga edno kratna pomos mi dadoa lanskata godina 3000.il.den. a od m.za trud i socijala nemat nikakov interes za taa grupa na gragani,jas sum od romska nacionalstvo. i kaj kogo da se javam za ovoj problem so pocit Do vas, nositel sum na nega od drugo licedokumentite se ponoveni od april 2011komisijata bese ednas vo nasiot grad berovo.no kaj mene ne e dojdena a neprimam nikakva druga pomos,do den denes uste ja nema kom,kko moze da se zivee koga za edni kratna pomos velat mozebi ke dobiete mozebi ne zatoa sto nositel sum na tuga nega, a uste ne sum dobila nikakvo resenije od m, za trud, i sicijala. prasanjeto mi e koga i dali ce dojde komisijata i od sto ke ziveeme koga edno kratna pomos mi dadoa lanskata godina 3000.il.den. a od m.za trud i socijala nemat nikakov interes za taa grupa na gragani,jas sum od romska nacionalstvo. i kaj kogo da se javam za ovoj problem so pocit Do vas,
Во врска со вашето прашање ве информирам дека во овој период Стручната комисија за давање наод, оценка и мислење за потребата од помош и нега од друго лице работи со забрзан интензитет и сите нерешени предмети ќе бидат решени во најкраток рок. Ве информирам дека и вашиот предмет ќе биде решен во наведениорт рок.
Јас сум самохран родител на две малолетни деца. Во моментов сум невработена, а примам алиментација во висина од 7000 денари. Ме интересира дали за моите деца следува детски додаток и каде да се обратам.
Во врска со вашето прашање ве упатувам да се обратите до услугите кои третираат прашања од областа на детската заштита, односно детски додаток, бидејќи прашањето ви е доставено во услугите од областа на социјалната заштита.
dali ima ednokratna pomos za vtoro dete..
Ве информирам дека еднократна парична помош за новороденче следува единствено за првородено живо дете.
pocituvan gospodine minister , jas sum 5 cleno semejstvo, koj eden od clenovite, se raboti za 16 godisna kerka ,koja boleduva od cerebralna paraliza. A voedno ne vraboten nitu jas nitu soprugata, na rabot na egzistencijata, koja i sudbinata se poigra so nasite zivoti. dali imame pravo na edno kratna pomos, koja se dodeluva ednas vo godinata. na nivo so procenka na vas g-ne ministere. zatoa sto jas pobarav da mi se odobri, ali socijalniot rabotnik vo mojot roden grad PRILEP vo centarot za socijalni raboti, me navredi so mnogu upadni zborovi, i koj uporno tvrdese deka ne mi sleduvalo. a koga vo zakonot stoi deka mi se sleduva. Jas rabotev vo JKP KOMUNALEC vo prilep , so dogovor na delo 4 godini i 4 meseci bes pauza , posle tolku vreme me otpustija, koj sega nemam nikakva egzistencija , nitu imam pari za naj ophodnite potrebi za mojata bolna kerka koja e zatvorena vo 4 zida. vi se molam stoe mozno pobrzo da bidam informiran za toa pravo na edno kratna pomos koi vie ja dodeluvate vo sorabotka so centarot za socijalni raboti vo prilep. Predhono vi se zablagodaruvam.
Во врска со вашето прашање ве информирам дека секое лице кое се наоѓа во социјален ризик има право да поднесе барање за еднократна парична помош, а центарот за социјална работа е надлежен да постапи по барањето и врз основа на сите докази да оцени дали лицето има право на еднократна парична помош. Доколку барањето ви е одбиено имате право на решението да поднесете жалба, по која надлежност да постапува има министерот за труд и социјална политика.
pocituvan gospodine minister , jas sum 5 cleno semejstvo, koj eden od clenovite, se raboti za 16 godisna kerka ,koja boleduva od cerebralna paraliza. A voedno ne vraboten nitu jas nitu soprugata, na rabot na egzistencijata, koja i sudbinata se poigra so nasite zivoti. dali imame pravo na edno kratna pomos, koja se dodeluva ednas vo godinata. na nivo so procenka na vas g-ne ministere. zatoa sto jas pobarav da mi se odobri, ali socijalniot rabotnik vo mojot roden grad PRILEP vo centarot za socijalni raboti, me navredi so mnogu upadni zborovi, i koj uporno tvrdese deka ne mi sleduvalo. a koga vo zakonot stoi deka mi se sleduva. Jas rabotev vo JKP KOMUNALEC vo prilep , so dogovor na delo 4 godini i 4 meseci bes pauza , posle tolku vreme me otpustija, koj sega nemam nikakva egzistencija , nitu imam pari za naj ophodnite potrebi za mojata bolna kerka koja e zatvorena vo 4 zida. vi se molam stoe mozno pobrzo da bidam informiran za toa pravo na edno kratna pomos koi vie ja dodeluvate vo sorabotka so centarot za socijalni raboti vo prilep. Predhono vi se zablagodaruvam.
Во врска со вашето прашање ве информирам дека секое лице кое се наоѓа во социјален ризик има право да поднесе барање за еднократна парична помош, а центарот за социјална работа е надлежен да постапи по барањето и врз основа на сите докази да оцени дали лицето има право на еднократна парична помош. Доколку барањето ви е одбиено имате право на решението да поднесете жалба, по која надлежност да постапува има министерот за труд и социјална политика.
mojata majka pocina jas imam 41 godina sum nevrabotena ziveam sama dali mi sleduva nekoja pomos nemam nikakvi prihodi imam zemja na moe ime no ne sum sposobna sama da ja rabotam rabotev no bev prinudena da napustam poradi sto nemase koj da ja cuva mojata majka koga se razbole so nejzinata penzija ziveevme sega nemam nisto dali voopsto nesto mi sleduva
Во врска со вашето прашање Ве упатувам да се обратите до центарот за социјална работа надлежен за општината во која живеете, каде од страна на стручните лица ќе биде разгледан вашиот случај и ќе бидете информирни дали и кој облик на социјална заштита може да Ви биде обезбеден.
Каде треба да се обратам за земање на општествен стан со плаќање кирија.Жител сум на Скопје имам 36 години и со моите родители немаме никаков имот во наша сопственост.Кажете ми каде да се обратам.Благодарам
Во врска со Вашето прашање Ве упатувам да се обратите до Министерството за транспот и врски, во чија што надлежност е станбената политика и доделувањето на социјални станови.
Би сакал да ве замолам да ми ги доставите барањата односно обрасците за остварување на правото за социјална парична помош
Ве информирам дека за аплицирање за правото на социјална парична помош треба да се обратите до надлежниот центар за социјална работа, според местото на живеење, каде што ќе ги добиете сите потребни информации за условите и критериумите за остварување на правото на социјална парична помош.
Почитувани, Ве молам да ме упатите која е процедурата за добивање постојана социјална парична помош. Се работи за домаќинство кое се состои од две возрасни лица (61 година и 55 години), со живеалиште во Скопје, од кои ниту еден не остварува никаков приход ниту пак има можност за тоа. Исто така ме интересира ДАЛИ САМОХРАН РОДИТЕЛ (вдовица) со едно дете на возраст од 15 години, има право на детски додаток иако е вработена (на определено работно време) и која процедурата за тоа/ Ви благодарам
Почитувана, Ве информирам дека треба да се обратите до надлежниот центар за социјална работа, според местото на живеење, каде што ке бидете информирани за сите услови и критериуми за остварување на правата од социјалната и детската заштита.
Јас сум самохрана мајка на едно малолетно дете. Во моментов сум невработена и живеам во станот кој се води на име на бившиот сопруг и на мое име. Примам алиментација која не е доволна за егзистенција. Дали ми следува социјална помош?
Почитувана, во врска со вашето прашање ве упатувам во месно надлежниот центар за социјална работа, каде што ќе ги добиете сите потребни информации за условите и критериумите за остварување на правото на социјална парична помош.
jas sum korisnik na socijalna paricna pomos i imam tri maloletni deca dali mi sleduva decki dodatok ijas i soprugot sme nevraboteni . od aracinovo.
Почитуван, ве информирам дека согласно Законот за заштита на децата, право на детски додаток имаат децата чии родители се вработени.
Почитувани, основана е нова невладина организација. Добивме информација дека од општината (конкретно Битола) нудат еднократна парична помош за ново-создадени невладини организации
Почитувани, Во врска со вашето прашање Ве упатуваме да се обратите до Општината-Битола за добивање на соодветен и конкретен одговор, од причина што Министерството за труд и социјална политика нема таква надлежност.
jas sum roditel na 6 deca primam socijalna pomos ot 2000 den..nesum vraboten sakam da se zgolemi socijalnoto . ??
Во врска со Вашето прашање Ве известувам дека висината на социјалната парична помош се утврдува врз основа на 46, 47 и 48 од Законот на социјалната заштита и не е можно индивидуално зголемување на истата.
seuste memam dobieno odgovor za podnesenoto baranje za socijalna pomos...i molam za informacija dali imam pravo na ednokratna pomos za da moze sinmi da se zapise vonredno da go prodolzi srednoto obrazovanie...toj ima zavrseno treta godina sredno uciliste ,,prasanje e samoo zavrsnata cetvrta godina od sred..obrazovanie seuste memam dobieno odgovor za podnesenoto baranje za socijalna pomos...i molam za informacija dali imam pravo na ednokratna pomos za da moze sinmi da se zapise vonredno da go prodolzi srednoto obrazovanie...toj ima zavrseno treta godina sredno uciliste ,,prasanje e samoo zavrsnata cetvrta godina od sred..obrazovanie
Почитуван, Ве информирам дека центарот за социјална работа по однос на поднесеното барање за остварување на правото на социјална парична помош треба да донесе решение во рок од 60 дена од денот на поднесеното барање. Право на еднократна парична помош или помош во натура се доделува на лице или семејство кое се нашле во положба на социјален ризик, како и на лице и семејство заради претрпена природна непогода или епидемија и подолго лекување во здравствена установа.
biidejci nemozev da najdam usluga-subvencija za struja--resiv tuka da vi pisam.sakam dave prasam koga ce pocnete da isplacate pari za subvencii za struja za socijalnite slucai-bidejci vetivte deka ce ima i nova programa vo koja ce davate po 700den.za sekoja platena smetka.posleden pat isplativte denta pred isbori,iakko i togas docnevte so placanje nekolku meseci.no sega vece 15meseci nemate isplateno nitu denar.vo socijanite centri velat imalo tehnicki problemi-ama koi se tie tehnicki problemi 15meseci.pa sakam da mi odgovorite dali ce pustate pari,dali vazzi usta ovaa programa,dali uste da placame ,fotokopirame smetki nosime po socijalnite centri pravime guzvi,ideme sekoj den po banki da proveruvame dali ima pusteno pari.daj ve molam kazite da znaeme da nese dzabe maltretirame ili pak kazete mi na koja adresa mozam dago postavam ovaa prasanje.odnapred vi blagodaram.
Почитуван, Ве информирам дека согласно со Програмата за субвенционирање на потрошувачката на енергија за 2013 година (Сл.весник на РМ бр.4/2013), се врши субвенционирање на потрошувачката на енергија (електрична енергија, огревно дрво, јаглен, екстра лесно масло за домаќинство/нафта за домаќинство и централно греење. Корисници на оваа Програма се домаќинства кои се корисници на право на социјална парична помош и семејства корисници на правото на постојана парична помош. Висината на месечниот надоместок за субвенција изнесува 700 денари. Надоместокот за субвенција се исплаќа на месечна основа, но во текот на 2013 година поради оправдани технички проблеми исплатата се извршува со задоцнување. Новиот софтвер за администрирање на паричните надоместоци од областа на социјалната заштита континуирано се развива за сите парични права, и истиот е надограден и се развива и во модулот на субвенционирање на потрошувачката на енергија. Поради целосно развивање на модулот на субвенционирање на потрошувачката на енергија во новиот софтвер и внес на податоците на сите корисници од страна на стручните лица од центрите за социјална работа на ниво на цела држава, исплатата на надоместокот за субвенција во одделни центри се врши со задоцнување. Министерството за труд и социјална политика и одговорните лица од Проектната единица за имплементација на новиот софтвер со сериозен пристап прават напори овој технички проблем во најбрз временски период да биде надминат и да се изврши исплата на сите корисници на ниво на Република Македонија.
Имам 26 години, и имам телесен хендикеп-церебрална парализа. Се движан со помагало(патерици). Го остварив правото за туѓа нега, 3800 денари. Дали имам право на постојана парична помош?
Почитуван, Ве информирам дека согласно Законот за социјалната заштита право на постојана парична помош има лице неспособно за работа и материјално необезбедено, кое не може да обезбеди средства за својата егзистенција врз основа на други прописи. Неспособно за работа, во смисла на овој закон, се смета лице: - со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој и лице со комбинирани и други пречки во развојот, кое заради степенот на попреченоста не може да се стекне со образование, како и лице со телесна попреченост, поради која е неспособно за работа, - лице душевно заболено и лице со трајни промени во здравствената состојба, поради која е неспособно за работа, - самохрана жена за време на бременоста еден месец пред породувањето и самохран родител согласно со Законот за семејството до три години возраст на детето, - дете без родители и без родителска грижа кое не се штити врз основа на правото на сместување, кое нема приходи врз основа на имот и имотни права и не остварува средства врз основа на други прописи, но најмногу до 18-годишна возраст и - лице постаро од 65 години. со почит, МТСП
Gospodine minister ve molam ako mozi da mi odgovorite koga ke go isplatite paricniot nadomest za treto dete za mesec februari bidejki nie sme pet cleno semejstvo i pod kirija.POZDRAV I SE NADEVAM NA BRZ ODGOVOR
Почитуван, во врска со Вашето прашање Ве информирам дека исплатата на сите парични права се извршува редовно секој месец на почетокот на месецот. Со почит, МТСП
A ja sum so sum nA Srceto aritmija Osteten vid na Levoto Oko spondioloza nemam pari Lennon da jadam struja nemam so Meseci ni Stanton nas imam odeno vo socijalnoto viikat ne Mr sleduvalo nisto
Почитуван, во врска со Вашето прашање Ве информирам дека треба да се обратите до месно надлежниот центар за социјална работа, каде што стручен тим ќе го разгледа Вашето барање и ќе определи соодветен облик на социјална заштита. Со почит, МТСП
Kazete mi kade da se obratam,samohrana majka,so 22 godisen sin koj gi prekina studiite poradi nemanje sredstva,ziveeme pod kirija,bez nikakvi primanja,30 pati preseluvani,psihicki maltretirana,omalovazena i so tumori na dvete gradi...izmanipulirana od drugo lice vo vrska so firma,otvorena vo negov interes...sto da pravam
Почитувани, во врска со Вашето прашање Ве упатувам да се обратите во центарот за социјална работа надлежен за општината во која живеете, каде од страна на стручните лица ќе биде утврдена Вашата фактичката состојба врз основа на која ќе Ви се определи соодветен облик на социјална заштита. Со почит, МТСП
ve molam kazete mi dali imate namera da isplakate ednokratna pomos baranjeto mi e od mart ovaa godina dokumentacijata e gotova samo parite nikako da gi pustate zatoa ve molam do koga treba uste da cekame ?poz
Почитуван, Ве информирам дека за секој проблем околу остварување на одредено право од областа на социјалната заштита, треба да се обратите до надлежниот центар за социјална работа. Со почит, МТСП
Почитувани поднесов документи за социјална помош во почетокот на април 2014 год. но парични средства на мојата сметка почнаа да пристигаат дури во август. На шалтерот каде што ги поднесував документите ми кажаа дека ке ми се исплатат средства и за пропуштените месеци од април до август, па ме интересира кога ке се случи тоа. Велат дека причината за доцнење на тие средства е поради некои моментални проблеми со кои се соочува министерството. Ме интересира дали тие средства ке ги добиеме и ако е можно да ни кажете кога би можеле да ги очекуваме? Исто така сакав да прашам во врска со годишната реобнова на документите, дали е можно после реобновата средствата да доцнат, бидејки денес е 10 декември 2014 и сеуште немаме добиено пари на сметка. Ве молам да ме известите доколку може да се очекува задоцнување на средствата и слично, бидејки моментално преживуваме благодарение на тие пари и многу ни е важно да имаме точна информација доколку доцнат и слично. Однапред ви благодарам.
Почитувани, Во врска со Вашето прашање Ве известувам дека Министерството за труд и социјална политика прави напори за навремена и редовна исплата на корисниците на право на социјална парична помош. Со почит, МТСП
Почитувани.Бев корисник на социјална парична помош ,еден период беше прекината поради вработување , сега не сум вработен се откажав самиот .тте го напуштив работното место и не земам социјална парична помош засега немам никакви примања . Додека го остварам повторно правото на социјална парична помош според законот дали ми се следува еднократна парична помош. Благодарам
Почитувани, Во врска со Вашето прашање Ве известувам дека барањето за остварување на правото на еднократна парична помош се поднесува во меснонадлежниот центар за социјална работа, каде од страна на стручните лица врз основа на утврдената фактичка состојба ќе одлучат дали и колкав износ на еднократна парична помош Ви следува. Со почит, МТСП
Постави прашање за дадената услуга
Email
Прашање
NextSense Captcha

По внесување на кодот кој го гледате на екранот во текст полето од негова десна страна, кликнете на линкот Прати прашање во долниот десен агол од екранот.