Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Пријавување на живеалиште и престојувалиште
Kakov dokument treba da podnesam za baranje za promena na predhodno zivealishte, ako noviot stan e vo sopstvenost na tatkoto na moeto momce.
Благодариме што ја посетивте нашата веб страница.Во членот 3 од Законот за пријавување на живелиштето и престојувалиштето на граѓаните (»Службен весник на РМ« бр.36/92 и 43/2000) е предвидено дека, ако се преселите од едно во друго место во Република Македонија, во рок од 8 (осум)дена е потребно да го одјавите претходното живеалиште и да го пријавите новото живеалиште. Согласно член 2 од наведениот закон: “ Живеалиштето е место во кое граѓанинот се населил со намера во него постојано да живее и во кое има обезбедено стан за живеење. Се смета дека граѓанинот има стан за живеење, во смисла на овој закон, ако тој или член на неговото семејство има вселив стан по основ на сопственост или договор за закуп во согласност со законот.” Согласно наведеното за да го промените Вашето место на живеење во личната карта потребно е да ги доставите следните документи: Ø Барање Ø лична карта (или друга исправа со која може да се утврди вашиот идентитет) Ø обезбеден вселив стан - Документ дека станот е Ваша сопственост или пак договор за закуп на стан во согласност со закон, заверен кај нотар. - Ако живеете во стан кој е сопственост на Вашите родители или деца, тогаш ќе го доставите нивниот документ за сопственост како и изјава од родителителите/децата дека ќе живеете со нив. Ø Потврда дека сте го одјавиле претходното живеалиште. Ø КАДЕ: Во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи надлежна според местото каде што го пријавувате своето живеалиште. Од горенаведеното произлегува дека за да го промените Вашето живеалиште, покрај горе наведените докази, доколку сте во брак со Вашето момче и живеете во иста семејна заедница со таткото на Вашето момче, на истата адреса на која се наоѓа станот каде сакате да пријавите живеалиште, потребно е да доставите фотокопија од личната карта на Вашето момче и извод од матична книга на венчаните. Со почит
koj dokumenti se potrebni za dobivanje na traen prestoj na stranec vo makedonija
Благодариме што ја посетивте нашата веб страна.Барање за постојан престој може да поднесе странец кој веќе има одобрение за привремен престој или деловна виза по основ на вложени странски средства во стопанска дејност, непрекинато најмалку три години. Пред истекот на рокот од три години одобрување за постојан престој би можело да се издаде на странец чиј престој е во интерес на Република Македонија, како и на детето до наполнети 18 години живот или на брачниот другар на странецот кој веќе има одобрение за постојан престој. Заедно со барањето за одобрение за постојан престој странецот е должен да поднесе докази за причината заради која се поднесува барањето како и следните исправи: 1. извод од матична книга на родените, 2. извод од матична книга на венчаните (за лице во брак), 3. уверение за здравствена состојба, 4. исправа за школска или стручна подготовка, 5. исправа со која докажува дека има средства за издржување или дека издржувањето во Р Македонија му е обезбеден на друг начин, 6. други докази што во постапката ќе ги побара надлежниот орган, 7. такса согласно Законот за административни такси Барањето за одобрување постојан престој во Р Македонија се поднесува до Министерството за внатрешни работи на чие подрачје странецот има живеалиште односно преку дипломатско или конзуларно преставништво на Р Македонија во странство. Одобрението за постојан престој се издава во писмена форма, а во патната исправа на странецот се втиснува штембил. Со почит
Почитувани, дали како странец (поранешен државјанин на Македонија) кога ќе допатувам во Македонија (сопствена куќа) морам да се пријавам во полициска станица јас и целото мое семејство ако престојуваме само 3 недели, и ако да, дали тоа се врши и на друго место освен во полициска станица или телефонски бидејќи несакам да ги носам децата и сопругата во полициска станица како некои криминалци. Благодарам
Ви благодараме што го посетивте нашиот веб портал. Без оглед што порано сте биле македонски државјанин, од моментот на откажување на државјанството вие сте се стекнале со статусот “странец“, па оттаму согласно пропишаните законски акти Вие и вашето семејство сте должни уредно да го пријавите престојот во Република македонија. Пракса, што патем е речиси идентична и во рамките на Европската унија и надвор од неа. Имаме полно разбирање за Вашето чувство на непријатност, но сега-засега процедурата пропишува дека Вие и Вашето семејство сте должни, без оглед на временската големина на престојот да се пријавите во најблиската полициска станица на територијата на општината каде што престојувате и тоа во рок од три (3) дена. Процедурата е многу едноставна и брза-пополнувата формулар-барање, се евидентираат Вашите лични податоци и после тоа можете да уживате во вашиот престој во република Македонија. Истата куса процедура и во истата полициска станица сте должни ден пред да ја напуштите земјата да го одјавите престојот Ваш и на Вашето семејство. Инаку, си земаме за слобода да Ве информираме дека во рамките на реформите, вклучителни и во делокругот на МВР се прават напори да за што поскоро имплементирање на стандардите на ЕУ во сите административни домени. Со почит.
Постави прашање за дадената услуга
Email
Прашање
NextSense Captcha

По внесување на кодот кој го гледате на екранот во текст полето од негова десна страна, кликнете на линкот Прати прашање во долниот десен агол од екранот.