Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Податоци, информации и извештаи за состојбата, квалитетот и трендовите на животната средина
Dali za sobiranje na plastika i nejzino recikliranje na nivo na opstina treba da se obezbedi licenca ili koncesija? M-r Cvetanaka Nikoloska - inspektor za zastita na zivotna sredina vo opstina Prilep
Za sobiranje na plastika i nejzino recikliranje nema potreba od obezbeduvanje na licenca ili koncesija, tuku firmata koja ke go vrsi sobiranjeto ili recikliranjeto treba taa dejnost da ja ima vo registracijata na firmata
Da li e dozvoleno vo sklop na individualna zgrada da se odgleduvaat svinji , koi uslovi za toa se potrebni i dokolku mojot sosed gi odgleduva a mene mi preci do koja institucija da se obratam bidejki miren dijalog ne vrodi so plod. Ziveam vo naselbata Butel 1 na UL. Butelska 5( 10km od strog centar) Blagodarna grupa na gragani
Почитувани, ова прашање не е во надлежност на нашето Министерство. Потребно е да се обратите до Министерство за транспорт и врски за да Ви одговорат дали во таа зона на домување е дозволено чување на домашни животни
Дали температурните вредности од сите, на вас достапни уреди за мерење температура на воздух, се јавно достапни и каде можат да се најдат во секое време на интернет, во реално време, не после два три дена, ако се достапни? А ако не се достапни, зошто не се и дали е тоа регулирано со закон или некој правилник, забрането ли е или не?
Автоматските мониторинг станици за квалитет на воздух вршат мерење на метеоролошки податоци: температура, притисок, влажност, брзина и правец на ветер и сончева радијација. Температурните вредности добиени од мониторинг станиците се часовни и истите се испраќаат секој час во централната станица во Македонскиот информативен центар за животна средина, во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање. Меѓутоа не постои развиена апликативна алатка за објавување во реално време на интернет. Сметаме дека температурните вредности во реално време, на интернет треба да се објавуваат на web страницата на Управата за хидрометеоролошки податоци.
1. Koи се минималните технички услови што треба да ги исполнуваат превозните средства со кои што се транспортира отпад? 2. Кои се условитена локациите на кои се врши складирање на отпад како и начинот и условите за складирање на отпадот? 3. Кои се условите што треба да ги исполнат местата за собирање и селектирање на комунален отпад и минималните технички услови што треба да ги исполнуваат садовите и другата опрема за собирање на отпадот? Ви благодариме!
IV. МИНИМАЛНО ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТА IV.1 Техничка опременост, средства и опрема за вршење на дејноста Член 5 (1) Собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад се врши со специјализирани моторни возила кои што обезбедуваат сигурен и безбеден транспорт на отпадот од местото на неговото собирање до местото на неговата крајна испорака, односно до инсталациите за третман, преработка, складирање или отстранување на отпад. (2) Правните и физичките лица кои што вршат дејност собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад треба да обезбедат најмалку две специјализирани возила за собирање и транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад согласно став 1 од овој член. Член 6 (1)Моторните и приклучните возила кои се користат како средства за собирање и транспортирање на отпад треба да имаат исправни уреди и опрема и да ги исполнуваат важечките барања и стандарди за димензиите, вкупните маси и осното оптоварување на возилата и за основните услови кои мораат да ги исполнуваат уредите и опремата на возилата во сообраќај на патиштата. (2)Моторните и приклучните возила кои се користат како средства за собирање и транспортирање на отпад треба редовно да се одржуваат во исправна состојба. Член 7 (1) Возилата за собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад треба да бидат соодветно обележани за да може јасно да се види нивната намена и вршителот на јавната услуга. (2)На бочните страни на возилата треба на воочлив начин да биде напишано назив на претпријатието, со контакт адреса и телефон, а под него да стои намената на возилото „ВОЗИЛО ЗА СОБИРАЊЕ И ТРАНСПОРТИРАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД“. (3)Натписот на назив на претпријатието треба да биде со димензии најмалку 20 х 30 cm, како и димензиите на натписот „ВОЗИЛО ЗА СОБИРАЊЕ И ТРАНСПОРТИРАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД“. Член 8 (1) Возилото за собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад треба да овозможи натоварениот отпад да биде безбеден за транспорт, односно возилото да има соодветен простор каде што е натоварен отпадот и истиот да не се расфрла или да не протекува за време на транспортот, а селективно собраниот отпад да не се меша. (2) Возилото за собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад треба да обезбеди и соодветен простор за сместување на работниците кои што вршат собирање и товарење на комуналниот и на другите видови неопасен отпад во возилото. Член 9 (1) Составен дел на опремата на возилата се и средствата за собирање на расфрлен отпад надвор од садовите за собирање на отпад. Член 10 (1) Работниците коишто вршат собирање на комуналниот и на другите видови на неопсен отпад и/или празнење на садовите за собирање на отпадот во возилото за транспорт треба на себе да носат заштитни средства и опрема согласно прописите за заштита при работа. Член 11 ЗАВРШНА ОДРЕДБА Овој Правилник влегува во сила со денот на објавувањето во ²Службен весник на Република Македонија². Бр.07-5767 Министер д-р Зоран Шапуриќ 26 декември 2005 година Скопје
Зошто покрај кејот на реката Вардар во населба Аеродром има диво населени ромски семејства, кои го уништуваат зеленилото и ги оштетуваат одбрамбените бедеми против поплавување. Ве молам да ми одговорите кој е надлежен за да ги отстрани од кејот.
Почитувани, На Вашето прашање зошто има населено ромски семејства на кејот на Вардар во буквална смисла на прашањето неможеме да Ви одговориме. Тоа е проблем на општеството зошто оваа категорија луѓе зошто не се згрижени во некој прифатен центар или сл., за тоа е надлежно Министерството за Труд и Социјална Политика. Во однос на зеленилото надлежни се соодветните служби во Општината Аеродром и Градот Скопје. Градежната инспекција од Општината Аеродром треба да постапи согласно ДУП, ГУП и др. документи што е планирано на наведениот дел, доколку нема планирано ваков тип објекти треба да се отстранат, а комуналната инспекција се грижи околу нарушување на зеленило и др. Единствено што е проблем доколку е деградирано зеленилото реално да се наплати казна од оваа категорија луѓе. Инаку за Ваше запознавање согласно Законот за животната средина секоја од општините, почнувајќи од 1 септември 2005 година има должност да назначи Овластен Инспектор за животна средина. Зошто досега Општина Аеродром нема вакво лице и комунален инспектор ќе треба да побарате информација во општината. Градот Скопје има Комунален Инспекторат и во тек е процедура за назначување на двајца Овластени Инспектори за животна средина.
kade vo makedonija ima centri za recikliranje na plasticna ambalaza
Почитувани, според наши информации, со кои располагаме во моментов, во Република Македонија за постои само една фабрика за рециклирање на пластика ДАМЈАН ПЛАСТ во Радовиш.
Preku naseto ekolosko drustvo "eko-ciflik"od s.Ciflik opstina Cesinovo-Oblesevo, na Rabotilnicata za Regionalni Razvojni Koncepti shto se odrza vo Bansko na 15-06-2007god.kako golem ekoloshki problem na koj treba da rabotime go nametnavme nekontroliranoto crpenje na pesok i secenjeto na sumite okolu reka Bregalnica.Za taa cel se dogovorivme da za narednata rabotilnica obezbedime nekoi podatoci okolu prijavenite divi korisnici na pesok i na onie koi imaat koncesii za toa.Jas kako inicijator i kako clen na ovaa rabotna grupa pobarav informacii od inspektoratot na MZSV vo Kocani no istite ne mozev da gi dobijam so obrazlozenie deka toa e delovna tajna pa zatoa moeto prasanje e: kako mozam da dojdam do ovie podatoci i dali mozam da dobijam nekakvo polnomosno za istoto da go storam i vo podracnite edinici vo Vinica i vo Stip. Blagodaram. Stefanov Stance pretsedatel na ekolosko drustvo ''Eko-Ciflik"
Почитувани, Управата за Водостопанство преку Водостопанските Инспектори при Министерството за земјоделие, Шумарство и водостопанство врши инспекциски надзор за оваа проблематика (црпење песок), а Инспекторатот за шумарство исто така од Министерството за земјоделие, Шумарство и водостопанство за сеча на сумите, така да најдобро е да се обратите до централата во Скопје на Ул. Ленинова бр. 2, Министерството за земјоделие, Шумарство и водостопанство во Скопје.
Me interesira kade mozam da se informiram za licnosti ili firmi koi otkupuvaat plasticna ambalaza na teritorijata na grad Skopje
Почитувана Г-ѓо Тодорова, Потребно е да прецизирате за каков вид на амбалажа се работи, од каков состав, за да бидеме во можност да Ви посочиме фирми кои се бават со таа дејност.
kade vo makedonija ima za recikliranje na staklo ili kade se vrsi otkup na staklena ambalaza (2)sto se e potrebno za da se zapocne biznis za recikliranje na staklo vo pomali meri (pod pomali meri mislam na lokalno nivo)
Vo Makedonija za zal seuste ne postoi linija za recikliranje na staklo i od tie pricini ne se vrsi otkup na staklena ambalaza, Za da se otpocne sistem na recikliranje na staklo potrebno e da se postapi po clen 32 od Zakonot za upravuvanje so otpad(http://www.moepp.gov.mk/default-mk.asp?ItemID=CDE248186C8CAB4DABD7358B5B18B162.
Постави прашање за дадената услуга
Email
Прашање
NextSense Captcha

По внесување на кодот кој го гледате на екранот во текст полето од негова десна страна, кликнете на линкот Прати прашање во долниот десен агол од екранот.