Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Барање за упис во регистерот на правни лица за промет на мало на средства за заштита на растенија
Кое е минималното потребно образование за отворање земјоделска аптека? Дали е доволно вишо земјоделско образование градинарски смер во Струмица
Благодариме што ја посетивте нашата веб страна,одговорот на вашето прашање е НЕ, сопственикот на земјоделска аптека треба да има висока стручна спрема /ВСС
како невработен дипл.инг.агроном се регистрирав како индивидуален земјоделец што беше услов за земање под закуп земјодел.земјиште на РМ,мегутоа во решението за регистриран земјоделец не стои дека можам да се занимавам и со промет на мало на средства за заштита на растенијата односно да отворам земјоделска аптека,па поставувам прашање ШТО ДА НАПРАВАМ ЗА ДА ОТВОРАМ ЗЕМЈОДЕЛСКА АПТЕКА А И ПОНАТАМУ ДА ГО ЗАДРЖАМ ПОД ЗАКУП ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ ЗАШТО ВРЗ ИСТИТЕ ВЕКЕ ИМАМ НАСАДЕНО ПОВЕКЕ ГОДИШЕН НАСАД? ОДНАПРЕД БЛАГОДАРАМ! Прашањето пред некој ден веке го имам поставено а одговор немам,затоа го поставувам повторно
Можете и понатаму да го задржите земјоделското земјиште добиено под закуп, доколку сте запишани во регистерот на вршители на земјоделска дејност
Pocituvani Do koga neregistrirani firmi na crno bez soodvetno resenie za prodazba na malo na pesticidi vo Tikvesijata ( Kavadarci i Negotino) ke prodavat preparati za otkupenoto grozjei. ke se stavi li kraj na ovoj nelegalen biznis od strana na lokalnite biznismeni koi nemaat vraboteno nitu eden agronom za prodavanje na preparati nitu pak imaat otvoreno specijalizirana prodavnica za prodazba. So pocit.
Во врска со вашето прашање Фитосанитарната управа врши упис во регистарот на земјоделси аптеки кои бараат да се регистрират согласно ,,правилникот за побилските услови за производство,складирање,пласирање на пазарот на производите за заштита на растенијата,формата содржината и начинот на водење на регистар ,,објавен во службен весник на Република Македонија бр. 28/2008.Контролата ја врши Државен инспекторат за земјоделие.
За отварање на земјоделска аптека потребно е да се приложи поседовен лист за земјиште, дали е лимитирана минималната површина
Pocituvani,Ne e limitirana minimalnata povrsina
каде можам да го најдам Барањето - формуларот за упис во регистар
Почитувани, Наведете за кој регистар ви е потребно барањето( во МЗШВ има повеке регистри)
Имам високо образование Va степен (по најновата квалификација за високо образование во РМ од декември 2010 година), по занимање агроном по полјодекство и градинарски култури, имам работно искуство како продавач на прехрамбени производи една година, веќе 20 години работам се и сешто бе зникаков испех за редовен работен однос. Планирам да отварам свој бизнис као земјоделска аптека. Што ми треба уште за да ја остварам својата замисла. Однапред благодарам, со нетрпение го чекам вашиот одговор.
Baranje.diploma ili uverenie ,resenie od centralen registar so sifra na dejnost 47.78, m1 m2 za vraboteniot,dogovor za zakup ili imoten list ,1500 den administrativna taksa.
Koi se uslovite za otvaranje na zemjodelska apteka, i so tocno koi fakulteti i smerovi mozi da se otvori istata?
Потребни документи за запишување во регистерот на снабдувачи на мало на семе и саден материјал : - Да се пополнети образци 1, 2 и 3 кој е составен дел од Правилникот за условите што треба да ги исполнува снабдувачот за да се запише во регистарот на семенски материјал и регистарот на саден материјал, содржината и начинот на водење на регистрите и содржината на барањето за запишување (Службен весник на Република Македонија бр.08/07 ). Снабдувачот кон барњето треба да приложува и: - Доказ за обезбедено одговорно лице со високо образование земјоделски факултет-соодветна насока - М1/М2-образец - Копија од договорот за вработување или копија од договор, со кој снабдувачот и одговорното стручно лице ги договараат меѓусебните односи - Уверение или диплома (копија заверена на нотар ) - Доказ за поседување на магацински и деловен простор (договор). - Доказ за палтена административна такса ( уплатница или таксени марки во вредност од 1500.00 денари. - Решение од Централен регистар за дејност За подетални информации обратете се во Управата за семе и саден материјал или на страната на МЗШВ <>
Dali postoi sifra na dejnost za vestacenje,odnosno za vestolice od ekonomska struka.I dali ako se registriram kako TP-vesto lice ne mozam da polagam za drugi licenci (ovlasten smetkovoditel,ovlasten procenitel ili revizor),.
Почитувани За информации од ваков карактер обратете се некој од Економски факултет
Ќе ве замолам за предлог шифра на дејност за фондации, од причини што во националната класификација неможам да најдам соодветна, освен шифрата - дејности на др.организации врз основа на членство 94.99, но фондацијата не работи врз основа на членство, така да ??? Ваш предлог Однапред Ви благодарам
За информации од овој карактер обрате те се до министерство за економија Со почит
Ve molam ako moze da dobijam informacija kade da se obratam za polaganje za licenci za ovlasten smetkovoditel,procenitel ili revizor.
Почитувани. Ова прашање не во наша надлежност. Со почит
драво. Во еден од условите за отварање на земјоделска аптека е да бидат обезбедени минимално технички услови за врешење на дејноста. Па сакам да знам подетално на што се мисли, и што треба да се обезбеди за да бидат исполнети условите. Однапред благодарам.
Да Располага со објект, Работен дел , Продажен дел, Издвоен дел за продажба на Ѓубриња, и семенски и саден материјал , Магацински дел , Располага со палети , Посебно место за складирање на ПЗР со поминат рок во магацинскиот простор, Систем за вентилација , Прострија за гаредероба, Санитарен јазол , Кутија за прва помош , Противпожарен апарат
Ве молам да ми одговорите која е процедурата за полагање за лиценца за проценител од областа на машинството.Дали е почнат овој процес,а ако не е од кога се планира да се почне.
Почитувани. Ова прашање не во наша надлежност. Со почит
Pocituvani.Ve molam ne mozam da ja najdam sifrata za medicinski pomagala.ili konkretno ako nema za medicinski pomagala pod koja sifra treba da se prijavi firmata.Pozdrav.
Почитувани Ова прашање не е во надлежност на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со почит
Почитувани,Ве молам да ми одговорите дали за проджба на средства за заштита на растенија е неопходна шифра 47.78 или може и да се регистрираме и со шифра 47,76?
За подетални информации можете да се обратете во Фитосанитарна управа при МЗШВ во зградата на македонија табак ул трета македонска бригада бб Скопје или на тел 02-,3112-210 . Со почит
Почитувани,дали може да работам во земјоделска аптека (како агроном/продавач) со завршени постдипломски студии на земјоделски факултет,насока агроекономика (со претходен степен на образование дипломиран економист на департман надворешна трговија)? Однапред Ви благодарам. Со почит.
Почитуван можеш да работош во аптека за продажба на ѓубриња а за производи за заштита на растенија треба да имаш положено испити по фитопатологија за попдетални информација јависе во фитосанитрната управа зграда на македонија табак 02-3112 241 со почит
Почитувани, дали може во земјоделска аптека како стручно лице (како носител на дозволите) да работи шумарски инженер- насока општа шумарска имајки в предвид дека поголемиот дел од областите што ги изучуваат се идентични
Почитувани, Како носител на дозволите во земјоделска аптека треба да се јави вработен со високо образование Земјоделски Факултет- Соодветна насока. Со почит
Ве молам да ми кажете која шифра е вода за полевање на дворни површини или каде да го најдам шифрарникот за дејности од комунални услуги.Однапред ви благодарам.
Почитувани Ова прашање не е во надлежност на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со почит
Имаме регистрирано земјоделска задруга во која како менаџер е вработен земјоделски инженер,сакаме да набавуваме ѓубрива,семенски и саден материјал за оснивачите и членовите на задругата на големо,а исто така и за продажба на истите на мало. Кои се услови и дозволи ни требаат за истото.
Почитувани, За да увезете семенски и саден материјал во Република Македонија треба да бидете регистрирани во Управата за семе и саден материјал. Услови за регистрација се: Постапка за запишување на Снабдувачот на семенски и саден материјал во Регистар на снабдувачи на семенски и саден материјал кој го води Управата е следна: Потребни документи за запишување во регистерот се : - Да се пополнети образци 1, 2, 3 и пријава за производство доколку се регистрира за производство на семе и/или саден материјал кој е составен дел од Правилникот за условите што треба да ги исполнува снабдувачот за да се запише во регистарот на семенски материјал и регистарот на саден материјал, содржината и начинот на водење на регистрите и содржината на барањето за запишување (Службен весник на Република Македонија бр.08/07 ). Снабдувачот кон барњето треба да приложува и: - Доказ за обезбедено одговорно стручно лице со високо образование земјоделски факултет-соодветна насока. - Копија од договорот за вработување или копија од договор, со кој снабдувачот и одговорното стручно лице ги договараат меѓусебните односи - М1/М2 од агрономот – доказ дека е вработен - Уверение или диплома (копија заверена на нотар ) - Доказ за поседување на земјиште, опрема, магацински и деловен простор. - Доказ за платена административна такса ( уплатница) во вредност од 1500.00 денари.
Имаме регистрирано земјоделска задруга во која како менаџер е вработен земјоделски инженер,сакаме да набавуваме ѓубрива,семенски и саден материјал за оснивачите и членовите на задругата на големо,а исто така и за продажба на истите на мало. Кои се услови и дозволи ни требаат за истото.
Почитувани, За да увезете семенски и саден материјал во Република Македонија треба да бидете регистрирани во Управата за семе и саден материјал. Услови за регистрација се: Постапка за запишување на Снабдувачот на семенски и саден материјал во Регистар на снабдувачи на семенски и саден материјал кој го води Управата е следна: Потребни документи за запишување во регистерот се : - Да се пополнети образци 1, 2, 3 и пријава за производство доколку се регистрира за производство на семе и/или саден материјал кој е составен дел од Правилникот за условите што треба да ги исполнува снабдувачот за да се запише во регистарот на семенски материјал и регистарот на саден материјал, содржината и начинот на водење на регистрите и содржината на барањето за запишување (Службен весник на Република Македонија бр.08/07 ). Снабдувачот кон барњето треба да приложува и: - Доказ за обезбедено одговорно стручно лице со високо образование земјоделски факултет-соодветна насока. - Копија од договорот за вработување или копија од договор, со кој снабдувачот и одговорното стручно лице ги договараат меѓусебните односи - М1/М2 од агрономот – доказ дека е вработен - Уверение или диплома (копија заверена на нотар ) - Доказ за поседување на земјиште, опрема, магацински и деловен простор. - Доказ за платена административна такса ( уплатница) во вредност од 1500.00 денари.
Pocituvani, Imam zavrseno zemjodelski fakultet nasoka gradinarstvo-cvekarstvo. Sakam da otvoram zemjodelska apteka. Koi se uslovite za da otvoram zemjodelska apteka, Odnapret vi blagodaram.
Pocituvani, Vo zavisnost od sto ke se prodava vo taa zemjodelska apteka potrebni se slednite registracii: 1. Za prodazba na gubrinja, biostimulatori I podobruvaci na svojstva na pocvata potrebna e registracija soglasno Zakon za gubrinja istata se sproveduva vo Fitosanitarnata uprava 2. Za prodazba na proizvodi za zastita na rastenija potrebna e registracija vo oddelenie za proizvodi za zastita na rastenija vo Fitosanitarna uprava i 3. Za prodazba na semenski I sadden materiaj od zemjodelski vidovi na ratsenija potreba e registracija od Upravata za seme I sadden material Uslovite koi treba da se isponuvaat za registracijata pod redden broj 1 definirano e vo Pravilnik za pobliskite uslovi za magacinite, islovite za smestuvanje I cuvanje na gubrinjata I uslovite za zastita na zivotnata sredina pri plasiranje na Pazar na gubrinjata na golemo I na malo (Sl. Vesnik na RM 150/2010).Uslovite koi se potrebni za ispolnuvanje na registracijata pod redden broj 2 se definirani vo Pravilnikot za pobliskite uslovi za proizvodtsvo, skladiranje, plasiranje na proizvodite za zastita na rastenijata, formata I sodrzinata na nacinot na vodenje na registarot (sl. Vesnik na RM broj 28/2008), za uslovite predvideni vo tocka tri definirani uslovi ima vo Pravilnik za uslovite sto treba da gi ispolnuva snabduvacot za da se zapise vo registarot na semenski I sadden material, sodrzinata I nacinot na vodenje na registrite I sodrzinata na baranjeto za zapisuvanje (sl vensik na RM 8/2007) So pocit
Почитувани! Дали може да се работи (како носител на дозволи) со диплома од Земјоделски факултет - Инженер Агроном -општа насока (180 ЕКТС) во земјоделска аптека . Со почит!
Почитувани, Согласно позитивните законски прописи кои важат во Република Македонија носител на дејност во специјализирани продавници за продавање на производи за заштита на растенија – земјоделски аптеки може да бидат дипломирани инженери агрономи – растителна насока (вклучувајќи и општа насока) и дипломирани шумарски инженери – шумарска насока со минимум 240 ЕКТС или VII/1 степен на образование. Со почит
kolku agronomi treba da imame vo zemjodelska apteka za da moze da otvorime ,i dali treba da gi zastaklime raftovite vo zemjodelskata apteka
Почитувани, Условите кои треба да ги исполнуваат земјоделските аптеки се пропишани во правилникот кој е во прилог на овој допис МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 26 став 7, од Законот за производи за заштита на растенијата („Службен весник на Република Македонија” бр.110/2007), министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство во согласност со министерот за здравство и министерот за животна средина и просторно планирање, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО, СКЛАДИРАЊЕ, ПЛАСИРАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА, ФОРМАТА И СОДРЖИНА И НАЧИН НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТЕРОТ 1. Општи одредби Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските услови што треба да ги исполнуваат правните лица за производство, складирање на производите за заштита на растенијата, пласирање на пазарот на големо и на мало во специализирани продавници (земјоделски аптеки) како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на правни лица за производство, пласирање на пазар на големо и на мало во специјализирани продавници на производите за заштита на растенијата. Правните лица од став 1 на овој член, покрај условите пропишани со овој правилник, треба да ги исполнуваат условите од прописите за хемикалии, управување со отпадот и животна средина. Член 2 Поимите употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. „Производство“ е формулирање на секоја формулација на активни супстанции и производи за заштита на растенијата со пакување во соодветно пропишани пакувања за производи за заштита на растенијата, 2. „Пласирање на големо“ е секое снабдување и складирање за издавање во оригинални пакувања на производителот на производи за заштита на растенијата за внатрешноста на Република Македонија, извоз и увоз. 3. „Пласирање на мало“ е секое снабдување, складирање за издавање во оригинални пакувања на производителот на производи за заштита на растенијата за внатрешноста на Република Македонија во специјализирани продавници за промет на мало и издавање на корисниците според упатствата од производителот и принципите за добра земјоделска пракса. 4. „Надлежен орган“ е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Фитосанитарната управа. 2. Услови за производство на производи за заштита на растенијата Член 3 Правните лица кои вршат производство на производи за заштита на растенијата треба да ги имаат следните простории и уреди: 1. фабричка хала за производство на производи за заштита на растенија, со соодветен пристап и вентилација и без приклучок на директна канализација. Во рамките на фабричката хала треба да се изградени: 1.1. простории за прием и сместување на суровини, со издвоен дел - карантин за суровини (отрови од I група - Високо токсични Т+); 1.2. простории за производство на производи за заштита на растенијата со: - производна линија за течни формулации на производи за заштита на растенијата; - производна линија за полуцврсти формулации на производи за заштита на растенијата; - производна линија за цврсти формулации на производи за заштита на растенијата; - производна линија за формулации на производи за заштита на растенијата за посебни намени. 2. складови со опрема за суровини за производство на производи за заштита на растенијата, и тоа: - склад за хербициди; - склад за фунгициди и зооциди; - склад за растворувачи и полнители. 3. складови за готови производи за заштита на растенијата: - склад за хербициди; - склад за сите други производи за заштита на растенијата. 4. уреди за пречистување на отпадни води, со одвојување на: 4.1. атмосферски води; 4.2. санитарни води и 4.3. технолошки води што се пречистуваат. 5. уреди за пречистување на отпадни гасови, што се “фаќаат”, плакнат или неутрализираат и 6. Просторија за привремено складирање на отпадот од производствениот процес и на производи за заштита на растенијата со изминат рок на употреба. Правните лица кои произведуваат производи за заштита на растенијата потребно е да обезбедат отстранување на отпадните материи од процесот на производството, неупотребливите количини на суровини и производи за заштита на растенијата и искористената амбалажа согласно со прописите за управување со отпад. Член 4 Просториите од член 3 од овој правилник треба да ги исполнуваат следните услови: 1. градежно-технички да се погодни за намената за која се определени, односно ѕидовите, подовите и таваните да се изградени од тврд незапалив материјал, да се со мазни површини и да можат брзо и лесно да се чистат; 2. да се осветлени и климатизирани за безбедна работа на уредите и за сместување на суровини, полупроизводи и готови производи за заштита на растенијата; 3. опремата и уредите во просторијата да се распоредени така што да е можно непречено одвивање на процесот на работата во сите фази, без ризик и можност на замена и мешање на различни суровини и нивни компоненти; 4. ако процесот на производство на производот за заштита на растенијата се одвива во повеќе простории, тие простории треба да бидат поврзани за да може производството да се одвива без пречки и влијанија врз квалитетот на производот; 5. да овозможуваат безбеден транспорт на суровини и готови производи за заштита на растенијата. Просторија за привремено складирање на отпадот од производствениот процес и на производиза заштита на растенијата со изминат рок на употреба, покрај условите од став 1 од овој член треба да бидат така изградени да не дозволуваат истекување на течност и ширење на непријатна миризба. Член 5 Правните лица кои произведуваат производи за заштита на растенијата треба да имаат соодветна опрема која ги исполнува следните услови: 1. да е погодна за употреба според техничките карактеристики и капацитетот; 2. да е можно редовно одржување и чистење; 3. да обезбедува заштита од секаков вид на загадување во процесот на производство; 4. да обезбедува сигурност во процесот на производство; 5. во текот на производството видно да обележува број на серија и дата на производство на производот за заштита на растенијата. Член 6 Производната линија за течните формулации на производите за заштита на растенијата (воден раствор,емулзија на масло во вода, емулзија на вода во масло, емулзија за третирање на семето, концентрат за емулзија, концентрирана емулзија, концентриран раствор и други облици на течни формулации) за производство на хербициди треба да биде одвоена од линијата за производство на фунгициди и зооциди. Производната линија од став 1 на овој член треба да има: 1. приемни (подземни или надземни) резервоари за растворувачи со опрема (мерачи на протокот), 2. реактори со мерна техника во “С” електрично изведување, 3. пумпи за активни материи, растворувачи и емулгатори, 4. приемни садови (комори) за подгревање односно преминување на компонентите од цврста во течна состојба, 5. ваги за мерење на составните компоненти и готовите производи и 6. машини (пакерки) за пакување на готови производи (полуавтоматски или автоматски) со прецизно мерење на соодветниот вид пакување. Член 7 Производната линија за полуцврстите формулации на производите за заштита на растенијата (концентрирана суспензија, суспоемулзија, флуидна паста, суспензија на капсули и др.) треба да има: 1. приемни резервоари, 2. реактори со дисперзер, 3. млинови за предмелење и фино мелење во течна состојба, 4. вакум уреди, моно пумпи, транспортери, мерачи на протокот, 5. ваги за мерење на составните компоненти и готовите производи и 6. машини (пакерки) за пакување на готови производи (полуавтоматски или автоматски) со прецизно мерење на соодветниот вид пакување. Член 8 Производната линија за цврстите формулации на производите за заштита на растенијата треба да има: 1. за прашива (прашиво за запрашување на растенијата, прашиво за запрашување на семето): - соодветни мешалки за хомогенизација на цврстите компоненти и за хомогенизација на течната и цврстата компонента, - ваги за мерење на составните компоненти и готовите производи, - пумпи, транспортери, аспирациони филтри, компресорски станици и - машини (пакерки) за пакување на готови производи (полуавтоматски или автоматски) со прецизно мерење на соодветниот вид пакување. 2. за микро и макро гранули: - соодветни мешалки (гранулатор мешач), - ваги за мерење на составните компоненти и готовите производи, - транспортери, аспирациони филтри и - машини (пакерки) за пакување на готови производи (полуавтоматски или автоматски) со прецизно мерење на соодветниот вид пакување. 3. за прашкасти формулации (водорастворлив прашок, вододисперзибилен прашок за третирање на семе, водорастворливо прашиво за третирање на семе и др.): 3.1. соодветни приемни садови, 3.2. млинови (чеканичари, воздушно-струјни), 3.3. ваги за мерење на составните компоненти и готовите производи, 3.4.филтер циклони, транспортери, компресорска станица и 3.5. машини (пакерки) за пакување на готови производи (полуавтоматски или автоматски) со прецизно мерење на соодветниот вид пакување. Член 9 Производната линија за формулациите на производите за заштита на растенијата за посебни намени (пелети, таблети, мамци и др.) треба да има: 1. приемни садови за подготовка на компонентите и активната материја, 2. ваги за мерење на составните компоненти и готовите производи и 3. машини (пакерки) за пакување на готови производи (полуавтоматски или автоматски) со прецизно мерење на соодветниот вид пакување. Член 10 Правните лица кои произведуваат производи за заштита на растенијата треба да имаат соодветна лабораторија која располага со неопходна опрема за определување на квалитативни, квантитативните својства на производите што ги произведуваат. Член 11 Правните лица кои произведуваат производи за заштита на растенијата за вработените треба да имаат посебна просторија за гардероба, со санитарен јазол и просторија за вршење на административни работи. 3. Услови за пласирање на пазар на големо на производи за заштита на растенијата Член 12 Правните лица кои вршат пласирање на големо на производи за заштита на растенијата треба да имаат објекти за сместување, чување и издавање односно пласирање на пазар на производи за заштита на растенијата. Објектите треба да имаат просторија за складирање на производи за заштита на растенијата со соодветен капацитет (склад), просторија за стручните лица, просторија за гардероба и санитарен јазол. Во складот треба да има палети, доволно одвоени заради манипулирање при сместувањето и издавањето на производите за заштита на растенијата. Производите за заштита на растенијата од I група отрови (високо токсични Т+) посебно се издвојуваат во простор ограден со жичена преграда, кој се заклучува. За производите за заштита на растенијата со изминат рок треба да се обезбеди посебен простор во складот, каде се чуваат се до нивното уништување. 4. Услови за пласирање на пазар на мало на производи за заштита на растенијата Член 13 Правните лица кои вршат дејност пласирање на мало на производи за заштита на растенијата во специјализирани продавници (земјоделски аптеки) треба да имаат објекти со ограден работен, продажен и магацински дел, како и посебна просторија за гардероба и санитарен јазол. Работниот дел служи за престој и работа на стручните лица. Во работниот дел може да бидат сместени литература, рекламен материјал (проспекти, упатства и друго), опрема и помагала за идентификација одосно утврдување на растителни болести, штетници и плевели. Продажниот дел служи за пласирање на производи за заштита на растенијата кои се сместени на рафтови и опрема за примена на производи за заштита на растенијата. Ако во продажниот простор се врши продажба на семе и саден материјал, тие мораат да бидат сместени во посебно издвоен простор (боксови) на продажниот дел. Магацинскиот дел служи за сместување на производите за заштита на растенијата и на опремата за примена на тие производи, кои се издвоени од семето и садниот материјал во боксови. Член 14 Во продажниот и магацинскиот дел треба да биде вградена соодветна вентилација за проветрување на истите. Член 15 Покрај просториите од член 13 на овој правилник специализираните продавници (земјоделските аптеки) треба да имаат простории за привремено складирање на производите за заштита на растенијата со изминат рок. Производите за заштита на растенијата треба да се чуваат се до нивното конечно отстранување. Член 16 Правните лица кои вршаат производство и пласирање на големо и мало на производи за заштита на растенијата, треба да имаат кутија за прва помош. 5. Регистер на правни лица за производство, пласирање на големо и мало на производи за заштита на растенијата Член 17 Правните лица кои вршаат производство и пласирање на големо и мало на производи за заштита на растенијата се запишуваат во Регистарот на правни лица за производство, пласирање на големо и на мало во специјализирани продавници на производи за заштита на растенијата согласно член 26 став 1 од Законот за производи за заштита на растенијата. Регистарот на правни лица за производство, пласирање на големо и на мало во специјализирани продавници на производи за заштита на растенијата (во понатамошниот текст: регистар) се води во тврдо укоричена книга со поврзани и нумерирани страни А-4 формат како и електронски. Член 18 Содржината на регистерот е дадена во Прилог 1 кој составен дел на овој правилник. Регистарот од став 1 на овој член се состои од три дела: 1. Регистар на правни лица за производство на производи за заштита на растенијата, 2. Регистар на правни лица за пласирање на големо на производи за заштита на растенијата и 3. Регистар на правни лица за пласирање на мало во специализирани продавници на производи за заштита на растенијата. Член 19 Во регистерот се врши запишување врз основа на поднесено барање и потребна документација по спроведена проверка на барањето и документацијата и утврдување на исполнетоста на условите (оперативна проверка). Член 20 Барањето за запишување во регистерот со пропишаната документација се поднесува 30 дена пред датумот кога се планира да се отпочне со производство, пласирање на големо или пласирање на мало во специјализирани продавници на производи за заштита на растенијата, а барањето за промена на податоците се поднесува најмалку 10 дена пред да се изврши промената. Член 21 Во барањето за запишување во регистерот, а кога е потребно и во барањето за промена се наведуваат следните податоци и докази : 1. Деловен назив на барателот, седиште, адреса за прием на пошта, претежна дејност, (производство или пласирање на пазар),решение за упис на правното лице во Централниот регистар на Република Македонија, како и контакт телефон, факс и е-адреса. 2. Опис на предложената дејност: производство, пласирање на пазар на големо или пласирање на пазар на мало во специализирани продавници, 3. Име и презиме и квалификации и докази за лицата со соодветно образование и професионално искуство согласно член 26 став 2 точка 5 од Законот за производи за заштита на растенијата (Диплома, уверенија, решенија и др), 4. Докази за вработување на лица со соодветно образование за, производство, пласирање на пазар на големо или пласирање на пазар на мало (М1/2 обрасци или договори за работа), 5. Листа на опрема за производниот процес и за соодветно складирање и издавање потпишана од дговорното лице во правното лице, 6. Договор или друг документ за сопственоста на просториите или за закуп на истите. Правно лице кое поднело барање за запишување во регистерот на производители на производи за заштита на растенијата покрај податоците и доказите од став 1 на овој член кон барањето треба да приложи и: - дозвола за вршење на дејност производство на хемикалии издадена од министерот за здравство и - решение за одобрување на студија за оценка на влијание врз животната средина, или решение за одобрување на елаборат за заштита на животна средина и /или интегрирана еколошка дозвола или дозвола за усогласување со оперативен план издадени од надлежен орган согласно Законот за животната средина . Документите кои се приложуваат со барањето треба да бидат во оригинал или копии заверени кај нотар. По исклучок за документи за кои не може да се прибави оригинал надлежниот орган ги прифака во копии согласно Законот за општа управна постапка. Со барањето се приложува доказ за платена административна такса согласно Законот за административните такси. Член 22 Со проверката што ја спроведува надлежниот орган во рок од 8 дена по добивање на барањето од член 20 од овој правилник се утврдува дали: 1. барањето ги содржи сите податоци неопходни за да се постапи по истото,2. се поднесени сите документи и докази за бараните податоци кои се приложуваат кон барањето и 3. е уплатена административната такса. Доколку барањето содржи некој недостаток, надлежниот орган постапува согласно Законот за општа управна постапка, односно го известува за тоа барателот и му дава рок за отстранување на констатираните недостатоци. Доколку барателот ги отстрани недостатоците во предвидениот рок се смета дека барањето било уредно од самото поднесување. Доколку барателот не ги отстрани недостатоците во предвидениот рок надлежниот орган донесува решение со кое го одбива барањето најкасно во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Член 23 Доколку проверката на барањето со придружната документација покаже дека правното лице ги задоволува барањата за производство односно за пласирање на големо или мало на производи за заштита на растренијата, надлежниот орган врши оперативна проверка за утврдување на исполнетоста на условите. По извршената оперативна проверка се составува записник во кој се констатира исполнетоста на пропишаните услови со рокови за отстранување на евентуално утврдени недостатоци, а најкасно до истекување на роковите од член 8 на овој правилник. Член 24 Податоците за настанатите промени по запишувањето во регистарот се внесуваат во посебна графа “промени” според добиеното известување за промените од запишаното правно лице. За секоја промена се наведува основот за нејзиното запишување во регистарот или бришење од регистарот. Член 25 Податоците и документите кои се во прилог на барањето и се во врска со утврдувањето на пропишаните услови за производство и пласирање на големо и мало на производи за заштита на растенијата и запишувањето во регистарот се чуваат одделно и се составен дел на регистарот. 6. Преодни и завршни одредби Член 26 Со денот на отпочнувањето со примена на овој правилник, престанува да важи Правилникот за условите што треба да ги исполнуваат правните лица во поглед на опремата, уредите и просториите за вршење дејност производство, промет на големо и мало на средства за заштита на растенијата и содржината и начинот на водење на регистерот („Службен весник на Република Македонија” бр. 54/2001). Член 27 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Со почит
do koga otkupuvacite na grozje ke ne ucenuvaat deka mora da zimame zastitni sretstva za zastita na lozovite nasadi od kajniv mesto da ni davaat pari za naseto proizvodstvo poz
Почитувани, Согласно член 32 од Законот за земјоделство и рурален развој(„Службен весник на РМ“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13 и 106/13), производителот и откупувачот задолжително склучуваат писмен договор каде се наведува начинот и рокот на исплата.Производителот и откупувачот треба да се придржуваат кон одредбите што ги уредува овој договор. Со почит,
Почитувани, кои лиценци се потребни и кои услови треба да се исполнат, за пакување на алкохолни пијалоци во друга амбалажа, за кои веќе е платена акциза. Ви благодарам однапред.
Почитувани, За ова прашање треба да се обратите до Агенција за храна и ветерина info@fva.gov.mk Со почит
Pocituvani, jas sum vrabotena no bi sakala da znam, imam golem interes za cvekarstvo, dali moram da imam registrirano firma ili sl. za da otvoram eden staklenik od 500 m.2 za cvekarstvo, ima li nekoj subvencii ili slicno za ovaa dejnost? Odnapred Vi blagodaram.
Почитувана, За да произведувате саден материјал од цвеќе потребно е да имате фирма и да сте регистрирани во Управата за семеи саден материјал при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство: Во Република Македонија за да се произведува и увезува сертифициран семенски и саден материјал од земјоделски растенија потребно е следново: 1. Правното лице - Фирмата треба да е регистриран во Управата за семе и саден материјал како производител на сертифициран семенски и саден материјал, за да се регистрирате како производител потребно е: - Попoлнети образци 1,2 и 3 и пријава кој е составен дел од Правилникот за условите што треба да ги исполнува снабдувачот за да се запише во регистарот на семенски материјал и регистарот на саден материјал, содржината и начинот на водење на регистрите и содржината на барањето за запишување (Службен весник на Република Македонија бр.08/07 ). Снабдувачот кон барањето приложува и: - Доказ од Централен регистар – за регистрирана дејност - Доказ за обезбедено одговорно лице (М1/М2 образец)- Агроном –соодветна насока - Копија од договорот за вработување или копија од договор, со кој снабдувачот и одговорното стручно лице ги договараат меѓусебните односи - Уверение или диплома (копија заверена на нотар ) - Доказ за поседување на земјиште, опрема, магацински и деловен простор. - Уплатница од 1.500 денари на буџет на Р. Македонија 2. Договор за застапништво со фирмата производител на садниот материјал односно земјата од каде потекнува материјалот доколку увезува саден материјал. 3. Производството на саден материјал од украсни ратсенија треба да биде според Правилникот за трговија со материјал за размноување и саден материјал од украсни растенија ( Сл. Весник на Р.М. број 25/2014) Сите потребни документи Правилниците како и обрасците наведени во овој допис Ви се достапни на веб – страната на МЗШВ www.mzsv.gov.mk на која од левата страна има линк Органи во состав каде се наоѓа линкот за Управата за семе и саден материјал. Тел. број на Управата за семеи саден материјал е 02 3226 417 Со почит,
Како носител на дејноста во земјоделска аптека со соодветната законска струка при вршење на услуги со муштерии,бидам заменет привремено во таа дејност од вработен во фирмата што не е со соодветна диплома дали следуваат санкции и ако е така,какви се последиците од инспекциските служби
Pocituvani, Vo vrska so Vaseto prasanje, Fitosanitarnata uprava go dava slednoto objasnuvanje: Vrz osnova na clen 26 stav 2 tocka 5.2.od Zakonot za proizvodi za zastita na rastenijata, eden od uslovite koi treba da gi ispolnuvaat pravnite lica koi proizveduvaat i skladiraat proizvodi za zastita na rastenijata so cel nivno plasiranje na pazarot na golemo i na malo vo specijalizirani prodavnici ( zemjodelski apteki ) e da imaat vraboteno diplomiran zemjodelski inzener ( site nasoki-studiski programi vo koi se vkluceni predmeti od oblasta na zastitata na rastenijata ), sto se dokazuva so diploma za zavrseno soodvetno obrazovanie ( clen 21 tocka 3 od Pravilnikot za pobliskite uslovi za proizvodstvo, skladiranje, plasiranje na pazarot na proizvodite za zastita na rastenijata, formata i sodrzina i nacin na vodenje na registerot ) i obrasci M1i M2 za vraboteniot ( clen 21 tocka 4 od pogorespomenatiot pravilnik ), koi pak se dostavuvaat kako del od dokumentacijata koja se podnesuva do Fitosanitarnata uprava. Vrz osnova na clen 76 stav 1 tocka 6 od istiot zakon, predvidena e globa od 6000 do 12000 evra vo denarska protivvrednost za pravnoto lice dokolku proizveduva i skladira proizvodi za zastita na rastenijata so cel nivno plasiranje na pazarot sprotivno na clen 26 stav 2 od ovoj zakon. Vrz osnova na gorenavedenoto, Ve izvestuvame deka sekoja izmena vo pogled na kadarot ( zemjodelski inzener ) vo pravnite lica koi vrsat plasiranje na pazarot na proizvodi za zastita na rastenijata, treba da bide pokriena so drug soodveten kadar so isto obrazovanie ( zemjodelski inzener ) soglasno zakonot. So pocit
kako nositel na dejnosta vo zemjodelska apteka so soodvetnata zakonska struka pri vrsenje na uslugi so musterii,bidam zamenet vo taa dejnost privremeno od vraboten vo firmata sto ne e so soodvetna diploma,dali sleduvaat sankcii i ako e taka kakvi se posledicite od inspekciskite sluzbi.
Pocituvani, Vo vrska so Vaseto prasanje, Fitosanitarnata uprava go dava slednoto objasnuvanje: Vrz osnova na clen 26 stav 2 tocka 5.2.od Zakonot za proizvodi za zastita na rastenijata, eden od uslovite koi treba da gi ispolnuvaat pravnite lica koi proizveduvaat i skladiraat proizvodi za zastita na rastenijata so cel nivno plasiranje na pazarot na golemo i na malo vo specijalizirani prodavnici ( zemjodelski apteki ) e da imaat vraboteno diplomiran zemjodelski inzener ( site nasoki-studiski programi vo koi se vkluceni predmeti od oblasta na zastitata na rastenijata ), sto se dokazuva so diploma za zavrseno soodvetno obrazovanie ( clen 21 tocka 3 od Pravilnikot za pobliskite uslovi za proizvodstvo, skladiranje, plasiranje na pazarot na proizvodite za zastita na rastenijata, formata i sodrzina i nacin na vodenje na registerot ) i obrasci M1i M2 za vraboteniot ( clen 21 tocka 4 od pogorespomenatiot pravilnik ), koi pak se dostavuvaat kako del od dokumentacijata koja se podnesuva do Fitosanitarnata uprava. Vrz osnova na clen 76 stav 1 tocka 6 od istiot zakon, predvidena e globa od 6000 do 12000 evra vo denarska protivvrednost za pravnoto lice dokolku proizveduva i skladira proizvodi za zastita na rastenijata so cel nivno plasiranje na pazarot sprotivno na clen 26 stav 2 od ovoj zakon. Vrz osnova na gorenavedenoto, Ve izvestuvame deka sekoja izmena vo pogled na kadarot ( zemjodelski inzener ) vo pravnite lica koi vrsat plasiranje na pazarot na proizvodi za zastita na rastenijata, treba da bide pokriena so drug soodveten kadar so isto obrazovanie ( zemjodelski inzener ) soglasno zakonot. So pocit
kako nositel na dejnosta vo zemjodelska apteka so soodvetnata zakonska struka pri vrsenje na uslugi so musterii,bidam zamenet vo taa dejnost privremeno od vraboten vo firmata sto ne e so soodvhttp://uslugi.gov.mk/Prasanja.aspx?__formShieldID=ctlContainer-_ctl0-regContent-CtrlFAQ1-CtrlCapcha1-imgFormShield&properties=uwYVjuQNqLYs54fMQLRYgIb9h4OUOTm21JnLOQvp3Jzasz%2f2UML7wuFtg9VMQTRdVNAp2JE5WtfIyetswSsvI7qgQPRqYIFHxubJgq2q8%2b%2fvpSyYO%2fMRuBUUC7liDHoF8%2fPmtYUyxzvisKtxhtmlVJUbbSyzjyhgOvccx7vIn%2ftd3gAYYc8S%2bpkXozGcgpYj7FV0An%2flvehjtYCKsAenXOOqgGJ9vg4%2fptT55T%2bhDhM%3detna diploma,dali sleduvaat sankcii i ako e taka kakvi se posledicite od inspekciskite sluzbi.
Pocituvani, Vo vrska so Vaseto prasanje, Fitosanitarnata uprava go dava slednoto objasnuvanje: Vrz osnova na clen 26 stav 2 tocka 5.2.od Zakonot za proizvodi za zastita na rastenijata, eden od uslovite koi treba da gi ispolnuvaat pravnite lica koi proizveduvaat i skladiraat proizvodi za zastita na rastenijata so cel nivno plasiranje na pazarot na golemo i na malo vo specijalizirani prodavnici ( zemjodelski apteki ) e da imaat vraboteno diplomiran zemjodelski inzener ( site nasoki-studiski programi vo koi se vkluceni predmeti od oblasta na zastitata na rastenijata ), sto se dokazuva so diploma za zavrseno soodvetno obrazovanie ( clen 21 tocka 3 od Pravilnikot za pobliskite uslovi za proizvodstvo, skladiranje, plasiranje na pazarot na proizvodite za zastita na rastenijata, formata i sodrzina i nacin na vodenje na registerot ) i obrasci M1i M2 za vraboteniot ( clen 21 tocka 4 od pogorespomenatiot pravilnik ), koi pak se dostavuvaat kako del od dokumentacijata koja se podnesuva do Fitosanitarnata uprava. Vrz osnova na clen 76 stav 1 tocka 6 od istiot zakon, predvidena e globa od 6000 do 12000 evra vo denarska protivvrednost za pravnoto lice dokolku proizveduva i skladira proizvodi za zastita na rastenijata so cel nivno plasiranje na pazarot sprotivno na clen 26 stav 2 od ovoj zakon. Vrz osnova na gorenavedenoto, Ve izvestuvame deka sekoja izmena vo pogled na kadarot ( zemjodelski inzener ) vo pravnite lica koi vrsat plasiranje na pazarot na proizvodi za zastita na rastenijata, treba da bide pokriena so drug soodveten kadar so isto obrazovanie ( zemjodelski inzener ) soglasno zakonot. So pocit
Каде можам да се пријавам и да полагам со цел да се стекнам со лиценца од областа заштита на животната средина и екологијата? Ви благодарам.
Почитувани, За ова прашање треба да се обратите до Министерство за животна средина и просторно планирање. Со почит
Почитувани, дали може дипл.земјоделски инженер насока квалитет и безбедност на храна да отвори земјоделска аптека. Ви благодарам
Почитувани, Дипломиран земјоделски инженер, насока квалитет и безбедност на храна не може да отвори земјоделска аптека. Со почит
Постави прашање за дадената услуга
Email
Прашање
NextSense Captcha

По внесување на кодот кој го гледате на екранот во текст полето од негова десна страна, кликнете на линкот Прати прашање во долниот десен агол од екранот.