Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Склучување на договори за откуп на општествени станови
Се викам Лимановски Сејдула, вработен сум во Владин орган, сакам да се информирам за тоа дали има станови за млади брачни парови или било каков друг за откуп на општествен стан?
Дозволете да Ве известиме дека согласно Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за 2007 година (“Службен весник на Република Македонија” број 26/2007), предвидено е изградба на станови за млади брачни двојки, во повеќе градови во државата меѓу кои и градот Скопје, чие завршување се очекува во текот на 2008 година, за што сите заинтересирани ќе бидат дополнително информирани преку јавните медиуми како и преку официјалната интернет страница на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk . Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Кои документи се потребни за откуп на државните станови, согласно одлуката за продажба на државни станови?
Дозволете да Ве известиме дека доколку се работи за откуп на стан на кој корисникот е носител на станарско право и истиот може да го откупи согласно Законот за продажба на становите во општествена сопственост (“Службен весник на Република Македонија” број 36/1990, 62/92, 7/98, 24/03), во образецот “Барање” кој може да го добијете преку архива на Министерството за транспорт и врски, наведени се сите потребни документи за покренување на постапката. За дополнителни информации може да се јавите на контакт телефонот 02/3145424. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Барам плац за изградба на куќа во Радовиш, или куќа за продажба?
Дозволете ни да Ве известиме дека за купување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба, за изградба на куќа на подрачјето на општина Радовиш, доколку се создадат услови Министерството за транспорт и врски, согласно Законот за градежно земјиште (“Службен весник на Република Македонија” број 53/01) и Уредбата за начинот и постапката на оттуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за оттуѓување и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 79/01, 103/01, 38/02, 95/04, 87/05 и 47/06) градежното земјиште на подрачјето на општина Радовиш ќе оттуѓи по пат на јавно наддавање, со Објава од страна на Министерството за транспорт и врски, која ќе се објави во средствата за јавно информирање, доколку тоа е предвидено со важечкиот урбанистички план. Воедно, Ве известуваме дека Министерството за транспорт и врски не располага со куќи за продажба. Согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија” број 58/00) во член 27 меѓу другите работи што ги врши Министерството за транспорт и врски е и управување со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Каде треба да се обратам за социјални станови за млади брачни парови и кои документи треба да се приложат?
Дозволете да Ве известиме дека становите во државна сопственост се издаваат по објавен Јавен Оглас во дневен печат, во кој се наведени сите потребни документи, услови и рокот одреден за аплицирање. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Каде има слободни општествени станови за откуп во Скопје?
Дозволете да Ве известиме дека општествен стан може да биде откупен само од корисникот на тој стан (носител на станарско право), или негов наследник, како член на семејно домаќинство и кој непрекинато го користи станот како сопствено живеалиште и ниту еден член од семејството на барателот не поседува друг стан во своја сопственост. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Мојата мајка има судски спор околу неплатени кирии со Јавното претпријатие во Штип. Од 2006 година јас сум носител на станарско право (наследено од мојот починат татко) и сакам да го купам станот. Дали судскиот спор на мојата мајка (која е независна од мене) може да биде пречка во купувањето на станот?
Дозволете да Ве известиме дека доколку се работи за истиот стан за кој се води судски спор, сите настанати обврски утврдени во Договорот за користење на станот се пренесуваат на носителот на станарското право. Во случајот за да се откупи општествениот стан потребна е потврда за исплатени кирии, издадена од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија-подрачна единица Штип. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Имам склучено договор за закуп во 2001 година но во времетраење од 1 година. Уште веднаш поднесов барање за откуп на општествениот стан, но никогаш не добив никаков одговор. Сеуште ми пристигнуваат сметки за кирија во висина од 1800 денари иако договорот за закуп е одамна прекинат. Секаде пратив барање за решавање на овој проблем но никаде не наидов на разбирање. Навистина незнам што да правам? Ве молам за совет?
Дозволете да Ве известиме дека Вашето прашање треба да го упатите до Комисијата за станбени прашања на Владата на Република Македонија. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Здраво, вработен сум во МВР на РМ и сум од внатрешноста на РМ. На должност сум во Скопје веќе 5 години. Пред шест месеци се оженив тука и пред три недели добив ќерка. Ме интересира дали има слободни станови за млади брачни парови и кои се критериумите и условите за нивно добивање? Однапред благодарам.
Дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2007 година”, е предвидена изградба на станови за лица со ниски примања, како и станови за млади брачни парови, во повеќе градови во Република Македонија, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои ги навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk. Однапред Ви благодариме на соработката.
Каде можам да се обратам за станови за млади брачни парови, кои се услови и потребни документи што треба да се приложат?
Дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2007 година”, е предвидена изградба на станови за лица со ниски примања, како и станови за млади брачни парови, во повеќе градови во Република Македонија, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои ги навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk. Однапред Ви благодариме на соработката.
Каде можам да се информирам повеќе за станови за млади брачни парови?.
Дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2007 година”, е предвидена изградба на станови за лица со ниски примања, како и станови за млади брачни парови, во повеќе градови во Република Македонија, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои ги навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk. Однапред Ви благодариме на соработката.
Ме интересира која е цената за квадрат за откуп на дворно место во населба Бутел 2 и каде да се обратам? Однапред Ви благодарам.
Дозволете да Ве информираме дека во врска со Вашето прашање потребно е да се обратите до подрачната единица на Министерството за финансии, каде што се наоѓа земјиштето, во Оделение за имотно-правни работи, кои се надлежни за решавање на Вашето прашање. Однапред Ви благодариме на соработката.
Ве молам да ме известите како да ги пријавам неправилностите околу неправедната работа на општина Чаир во врска со градежништвото, ние староседелците кои сме тука немаме право на никакви согласности, се градат објекти без никакви одобренија и каде што по новиот Детален урбанистички план треба пат да има и тука се веќе изградени големи објекти и воедно од чарсија па до теќето се гради на големо. Ве молам да бидам известен како ќе се решат овие тешки проблеми да си одиме од тука или државата ќе превземе нешто и да ме известите каде треба да се обратам? Со почит.
Дозволете ни да Ве информираме дека по однос на ова прашање потребно е да се обратите до Државниот инпекторат за градежништво и урбанизам, директор г-ѓа Жаклина Ангеловска, контакт телефон: 02/3226-184. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Дали при трансформација кога е неопходно согласно законот да се води сметка за Урбанистичките планови може да се трансформира катастарска парцела која била на користење, а дел од неа припаѓа на соседната урбанистичка парцела?
Дозволете да Ве известиме дека согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (,,Службен весник на Република Македонија“ број 4/2005 и 13/2007) градежното земјиште може да се приватизира во површина на стекнатото право на користење а во рамките на градежната парцела чија површина е дефинирана со урбанистичките планови. Воедно, Ве известуваме дека горенаведената постапка е во надлежност на Министерството за финансии. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1.Дали има во Радовиш станови кои се во сопственост на државата или некоја банка што можат да се откупат преку нив?.
Дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2008 година”, е предвидена изградба на социјални станови како и станови за млади брачни парови и лица со ниски примања, во повеќе градови во Република Македонија, а ќе се реализират во период на градба 2007-2009 година. Имено, распределбата на становите се врши по електронски пат, со што целосно се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои и навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, се одредуваат со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, за што јавноста благовремено се известува преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Ве молам да ми одговорите дали може да откупам општествен стан, ако носителот на станарското право ги нема подмирено сметките до сега и нема услови да го купи општествениот стан во кој живее?.
Дозволете да Ве известиме дека општествен стан може да биде откупен само од корисникот на тој стан (носител на станарско право), или негов наследник, како член на семејно домаќинство и кој непрекинато го користи станот како сопствено живеалиште и ниту еден член од семејството на барателот не поседува друг стан во своја сопственост. Доколку корисникот е носител на станарско право и истиот може да го откупи согласно Законот за продажба на становите во општествена сопственост (“Службен весник на Република Македонија” број 36/1990, 62/92, 7/98, 24/03), во образецот “Барање” кој може да го добиете преку архиваta на Министерството за транспорт и врски, наведени се сите потребни документи за покренување на постапката. За дополнителни информации може да се јавите на контакт телефонот 02/3145424, лице за контакт Ленче Бајкова. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Ве молам да ме известите дали ќе има изградба на станови во државна сопственост, пред се за млади брачни парови во Гостивар и Кичево?
Дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2008 година”, е предвидена изградба на социјални станови, во повеќе градови во Република Македонија, меѓу кои и градовите Гостивар и Кичево, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои и навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Ве молам да ме информирате дали во општина Охрид има станови за млади брачни парови или други станови во државна сопственост кои се за продажба? Благодарам.
Дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2008 година”, е предвидена изградба на социјални станови, во повеќе градови во Република Македонија, меѓу кои и градот Охрид, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои и навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Која е постапката за откуп на општествени станови?.
Дозволете да Ве известиме дека општествен стан може да биде откупен само од корисникот на тој стан (носител на станарско право), или негов наследник, како член на семејно домаќинство и кој непрекинато го користи станот како сопствено живеалиште и ниту еден член од семејството на барателот не поседува друг стан во своја сопственост. Доколку корисникот е носител на станарско право и истиот може да го откупи согласно Законот за продажба на становите во општествена сопственост (“Службен весник на Република Македонија” број 36/1990, 62/92, 7/98, 24/03), во образецот “Барање” кој може да го добиете преку архивата на Министерството за транспорт и врски, наведени се сите потребни документи за покренување на постапката. За дополнителни информации може да се јавите на контакт телефонот 02/3145424, лице за контакт Ленче Бајкова. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Јас сум разведена и живеам со родителите, имам дете за кое не примам алиментација. Дали можам да поднесам документи за некој од општествените станови и каде треба да се обратам? Однапред Ви благодарам.
Доколку Вашето прашање се однесува на станови за лица со ниски примања, како и станови за млади брачни парови, дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2008 година”, е предвидена изградба на станови за лица со ниски примања, како и станови за млади брачни парови, во повеќе градови во Република Македонија, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои ги навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Простете што Ве вознемирувам, дали од горенаведените информации дека станови за млади брачни парови ќе се градат низ повеќе градови во Републиката, спаѓа и Струмица? Однапред Ви благодарам, Анка.
Дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2008 година”, е предвидена изградба на социјални станови, во повеќе градови во Република Македонија, меѓу кои и градот Струмица, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои и навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Јас сум Рамиз Илјази од с.Шипковица -Тетово немам свој дом па затоа сакам да знам: Како може да откупам опстествен стан во Тетово? И ако може Минситесртвото за трнаспорт и врски да ми помогне за добивање на стан, бидејки живеам со моето семејство и тоа со жена ми и со трите деца. Со мојата плата што ја земам како наставник не можам да изелгувам до крајот на месецот. Ве молам да ми помогнете да добијам на откуп општествен стан. Со почит.
Доколку Вашето прашење се однесува на социјални станови како и станови за млади брачни парови и лица со ниски приходи, дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2008 година”, е предвидена изградба на социјални станови, во повеќе градови во Република Македонија, меѓу кои и градот Тетово, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои и навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Ние се млад брачен пар и имаме две деца. Не интересира дали постот можност да добиеме стан социјален или со минимално учество и кој е процесот н аконкурирање доколку воопшто го има?
Дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2008 година”, е предвидена изградба на станови за лица со ниски примања, како и станови за млади брачни парови, во повеќе градови во Република Македонија, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои и навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Самохрана мајка сум на две малолетни деца, вдовица, вработена сум, но не ми е решено стамбеното прашање, живеам под кирија, би ве замолила ако е можно да ми одговорите на прашањето кога може да се очекува градење на државни станови во Куманово, кои би можеле да се откупуваат на одреден временски период. Однапред многу благодарам за соработката преку интернет страницава.
Дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2008 година”, е предвидена изградба на станови за лица со ниски примања, како и станови за млади брачни парови, во повеќе градови во Република Македонија, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Инаку, распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои ги навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Дали може при приватизација да се откупи градежно земјиште според Катастарска парцела која била на користење ако таа излегува од урбанистичката парцела, особено ако тоа одстапување влегува во соседната урбанистичка парцела?
Дозволете да Ве известиме дека Согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.4/2005 и 13/2007) градежното земјиште може да се приватизира во површина на стекнатото право на користење а во рамките на градежната парцела чија површина е дефинирана со урбанистичките планови. Постапките за приватизација не се спроведуваат по Катастарска парцела. Воедно, Ве известуваме дека горенаведената постапка е во надлежност на Министерството за финансии. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Мојот пријател работи во МВР и има специфични обвластувања и повеќе години има под закуп стан во државна сопственост. Редовно плаќа кирија. Од разбирливи причини не сака да се идентификува, па Ве молам да ми одговорите какви се изгледите во најскоро време да си го купи овој стан , согласно законските прописи?
Дозволете да Ве известиме дека општествен стан може да биде откупен само од корисникот на тој стан (носител на станарско право), или негов наследник, како член на семејно домаќинство и кој непрекинато го користи станот како сопствено живеалиште и ниту еден член од семејството на барателот не поседува друг стан во своја сопственост. Доколку корисникот е носител на станарско право и истиот може да го откупи согласно Законот за продажба на становите во општествена сопственост (“Службен весник на Република Македонија” број 36/1990, 62/92, 7/98, 24/03), во образецот “Барање” кој може да го добиете преку архивата на Министерството за транспорт и врски, наведени се сите потребни документи за покренување на постапката. За дополнителни информации може да се јавите на контакт телефонот 02/3145424, лице за контакт Ленче Бајкова.
Ќе Ве молам да ме информирате каде да се обратам за аплицирање на социјални станови и кои се потребните услови да ги исполнувам и дали се доделуваат во Битола?
Дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2007 година”, е предвидена изградба на социјални станови, станови за лица со ниски примања, како и станови за млади брачни парови, во повеќе градови во Република Македонија, меѓу кои и градот Битола, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои ги навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk.
Ме интересира дали ќе има изградба на станови во државна сопственост за млади брачни парови со минимални примања во Битола и дали истите за да се добијат ќе мора да се вложи учество или не?
Дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2007 година”, е предвидена изградба на социјални станови, станови за лица со ниски примања, како и станови за млади брачни парови, во повеќе градови во Република Македонија, меѓу кои и градот Битола, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои ги навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk.
Дали размислувате за они брачни парови кои дваесет години чекаат да го решат стамбеното прашање, а сега веќе не се млади брачни парови?
Дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2007 година”, е предвидена изградба на социјални станови, станови за лица со ниски примања, како и станови за млади брачни парови, во повеќе градови во Република Македонија, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои ги навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk.
Јас сум самохрана мајка имам едно дете живеам со моите родители. Вработена сум и сакам да знам кои документи се потребни за општествени станови и дали можам јас да поднесам и каде?
Дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2007 година”, е предвидена изградба на социјални станови, станови за лица со ниски примања, како и станови за млади брачни парови, во повеќе градови во Република Македонија, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои ги навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk.
Кои документи и услови треба да се исполнуват за станови за млади брачни парови и кога е конкурсот за истите?
Дозволете ни да Ве информираме дека во “Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија за 2007 година”, е предвидена изградба на социјални станови, станови за лица со ниски примања, како и станови за млади брачни парови, во повеќе градови во Република Македонија, а истите ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Распределбата на становите ќе се врши по електронски пат, со што целосно ќе се елиминира човековиот фактор, а се со цел становите да бидат доделени само на оние лица кои ги навистина ги заслужуваат. За распределбата на становите, како и условите за нивно користење, кои ќе бидат одредени со посебни Одлуки на Владата на Република Македонија, јавноста благовремено ќе биде известена преку средствата за јавно информирање. Со цел подетално запознавање со условите за конкурирање за досега објавените огласи од страна на Министерството за транспорт и врски, можете да ја посетите интернет страницата на Министерството www.mtc.gov.mk.
Ме интересира како можам да купам или закупам општествен стан каде носителот на станарско право е починат и нема негов наследник?
Дозволете да Ве известиме дека согласно постоечката законска регулатива во РМ не можете да купите или закупите општествен стан каде носител на станарското право е починат и нема негови наследници. Воедно Ве известуваме дека Министерството за транспорт и врски не определува лица за носители на станарско право туку носи Решенија за пренос на станарско право од починат носител на станарско право. Кон барањето за пренос на станарското право од починат носител на станарско право, барателот треба да ја приложи следната документација: 1. Решение за користење на станот - од носителот на станарското право (ОРГИНАЛ) 2. Договор за користење на стан -од носителот на станарското право(ОРГИНАЛ) 3. Извод од матична книга на умрените Потребни документи за барателот: 1. Извод од матична книга на венчаните(ОРГИНАЛ) или 2. Извод од матична книга на родените(ОРГИНАЛ) 3. Фотокопија од важечка лична карта 4. Уверение за државјанство(ОРГИНАЛ) 5. Уверение за жителство од МВР(ОРГИНАЛ) 6. Изјава заверена кај нотар дека нема друг стан или куќа на територијата на Република македонија (ОРГИНАЛ) Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Здраво, ме интересира за становите во Велес за млади брачни парови дали има слободни станови и ако има кога ќе има конкурс за тие станови. Однапред Ви благодарам на одговорот.
Дозволете да Ве известиме дека Министерството за транспорт и врски на ден 18.03.2008 година објавениот оглас во дневниот печат “Вечер“ и “Коха“ за распределба на 8 стана изградени по “Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи“ во градот Велес на ул.“Благој Ѓорев“ бб - населба Тунел 2 згради Б1-1, Б1-2 и Б1-3 наменети за решавање на станбеното прашање на лица со ниски приходи и млади брачни двојки станбено необезбедени граѓани на Република Македонија. Рокот за поднесување на документите беше 15 дена од денот на објавувањето на огласот. Согласно Одлуката за услови и критериуми за распределба на станови изградени по “Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи“ (“Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2003, 55/2006, 50/2007 и 30/2008), распределбата на становите ја врши Комисија формирана од страна на Министерот за транспорт и врски. Комисијата е составена од 5 члена, од кои 3 члена од Министерството за транспорт и врски, 1 член од Министерството за финансии и 1 член од Министерството за труд и социјална политика. Становите ќе се распределуваат согласно Методологијата за бодирање на кандидатите за добивање право на стан под закуп (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/2007). Доставените апликации од лицата кои се пријавиле на огласот, од страна на Комисијата за распределба на становите се внесуваат во компјутерска програма за електронска распределба (софтверска апликација изготвена од страна на УСАИД во рамките на проектот E-gov Project за внес на податоци и електронска распределба на станови. По извршената електронска распределба на становите, врз основа на ранг листата Министерот за транспорт и врски донесува поединечни решенија за распределба на становите за секој учесник на огласот. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Се виакм Ванче Голомеов живеам на ул.Солидарност 1/17 2000 Штип тел.070/805782 Моето прашање е Јас минатата година го исплатив во готово мојот стан кој беше на 40 години за исплаќање. Платив 2125 евра. Од банката ми кажаа да го платам, а имало не редовно плаќање на ратите кои се плаќале од 1993год. Али проблемот е во тоа што не е плаќано редовно до 15-ти во месецот.( А плаќано е после 15 или е плаќано одеднаш и до 10 рати али е се исплатено. И од банката ми израчунаа ако сакам да го платам во готово ќе има 70%попуст ако платев во Евра. Тоа го и направив. И сега ми речеа да чекам. Јас сакам да завршам се и да видам дали има камата или не. Ако има колку е? Да си ја платам. Кога ќе се израчунаат сите рати се платени од 1993 до 2007.
Дозволете ни да Ве известиме дека по однос на Барањето за издавање на потврда за целосно исплатен општествен стан до Министерство за транспорт и врски, поднесено од Ваша страна, е решено позитивно и Барателот ги има подигнато своите документи. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Јас веќе стварно не знам каде да се обратам за мојов случај, но мислам дека сум на правото место. Јас сум Илиевски Горан, вработен во МВР, женет со две деца се уште живеам со моите родители, брат и сестра, во двособен стан, иако во редовна постапка од Комисија за станбени и иселенички прашања при Владата Р.епублика Македонија добив РЕШЕНИЕ ЗА ЗАКУП НА СТАН бр.08-6936/5 издадено 26.07.2002година кое што Комисијата го донела на седницата одржана на 03.06.2002година. Кога отидов да се вселам во станот, во станот живееше семејство кое ми покажаа документи со кој го купиле станот еден месец пред да го добијам јас. Подесов три жалби на кои немам одговор до ден денес. Што понатаму и каде да се обратам ? Со почит
Дозволете да Ве известиме дека во писмото доставено до Министерството за транспорт и врски со кое барате решавање на Вашето станбено прашање, цитирате број на Решение бр. 08-6936/5 (со кое Вие сте се стекнале со право на закуп на стан) издадено 26.07.2002 година а донесено на седница на Комисијата за станбени и иселенички прашања при Владата на Република Македонија одржана на ден 03.06.2002 година, но не наведувате дали сте склучиле Договор за закуп на стан со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија. Бидејќи не располагаме со актите кои Вие ги наведувате а од кои произлегуваат Вашите права и обврски (акти со кои сте се стекнале со правото на закуп на стан), Министерството за транспорт и врски согласно позитивните законски прописи Ве известува дека нема надлежност над акти кои ги издава друг орган или институција во Вашиот случај Комисија за станбени прашања при Влада на Република Македонија, поради што и таа е единствено надлежна и должна да постапува по Вашиот предмет. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Пред неколку месеци го исплативме општествениот стан, кој што го отплаќавме на 40 години. Последен документ што го добивме од општинскиот суд во Струмица е РЕШЕНИЕ ЗА БРИШЕЊЕ НА ИНТАБУЛАЦИЈА т.е. бришење на хипотека на недвижен имот. Ве молам да ми појасните кој е финалниот документ кој што треба да го добиеме кој би служел како доказ за сопственоста врз станот и како и каде можеме да го добиеме? Однапред благодарам.
Дозволете ни да Ве известиме дека по однос на Барањето за издавање на потврда за целосно исплатен општествен стан до Министерство за транспорт и врски, поднесено од Ваша страна, е решено позитивно и Барателот е повикан телефонски да ги подигне документите, но сеуште тоа не е извршено од негова страна. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Почитувани, доколу сакам да купам стан во градба од комерцијалните станови (станбени објекти наменети за продажба според програмата на Владата на Р.М) кому треба да се обратам, односно на која агенција за недвижности? Конкретно ме интересира постапката за купување на наведените станбени објекти? Однапред благодарам?
Дозволете да Ве известиме дека согласно Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за 2008 година (“Сл.весник на РМ“ бр.16/2008 и 48/2008) предвидено е изградба и довршување на објекти кои се сопственост на Република Македонија а се наменети за продажба. За организирање и реализација на Програмата задолжено е Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија. Согласно постоечката законска регулатива во Република Македонија, продажбата на станови во сопственост на Република Македонија се врши по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во Огласот. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Од 2002 година под закуп користам стан во сопственост на ЈПССДП. Ниту јас ниту било кој член од моето семејство не поседува стан во своја сопственост. Ме интересира дали можам да го откупам станот кој го користам под закуп и која е цената на 1 м/2 станбен простор со оглед на тоа што зградата во која живеам е постара од 20 години? Со почит!
Дозволете да Ве известиме дека не сме во можност да Ви дадеме конкретен одговор бидејќи не располагаме со актите (решение за закуп, договор за закуп и друго) од кои произлегуваат Вашите права и обврски. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ве молиме за подетални информации за доделување на општествени станови на територијата на Велес, кои се условите начинот на пријавување како и кои документи ќе ни бидат потребни за конкурирање? Однапред Ви благодариме.
Дозволете да Ве известиме дека Министерството за транспорт и врски на ден 18.03.2008 година објавениот оглас во дневниот печат “Вечер“ и “Коха“ за распределба на 8 стана изградени по “Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи“ во градот Велес на ул.“Благој Ѓорев“ бб - населба Тунел 2 згради Б1-1, Б1-2 и Б1-3 наменети за решавање на станбеното прашање на лица со ниски приходи и млади брачни двојки станбено необезбедени граѓани на Република Македонија. Рокот за поднесување на документите беше 15 дена од денот на објавувањето на огласот. Согласно Одлуката за услови и критериуми за распределба на станови изградени по “Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи“(“Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2003, 55/2006, 50/2007 и 30/2008), распределбата на становите ја врши Комисија формирана од страна на Министерот за транспорт и врски. Комисијата е составена од 5 члена, од кои 3 члена од Министерството за транспорт и врски, 1 член од Министерството за финансии и 1 член од Министерството за труд и социјална политика. Становите ќе се распределуваат согласно Методологијата за бодирање на кандидатите за добивање право на стан под закуп (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/2007). Доставените апликации од лицата кои се пријавиле на огласот, од страна на Комисијата за распределба на становите се внесуваат во компјутерска програма за електронска распределба (софтверска апликација изготвена од страна на УСАИД во рамките на проектот E-gov Project за внес на податоци и електронска распределба на станови. По извршената електронска распределба на становите, врз основа на ранг листата Министерот за транспорт и врски донесува поединечни решенија за распределба на становите за секој учесник на огласот. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ве молиме да ме известите каде да најдам подетални информации (во кој дневен лист е излезен огласот) за добивање на општествен стан на територијата на град Велес.
Дозволете да Ве известиме дека Министерството за транспорт и врски на ден 18.03.2008 година објавениот оглас во дневниот печат “Вечер“ и “Коха“ за распределба на 8 стана изградени по “Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи“ во градот Велес на ул.“Благој Ѓорев“ бб - населба Тунел 2 згради Б1-1, Б1-2 и Б1-3 наменети за решавање на станбеното прашање на лица со ниски приходи и млади брачни двојки станбено необезбедени граѓани на Република Македонија. Рокот за поднесување на документите беше 15 дена од денот на објавувањето на огласот. Согласно Одлуката за услови и критериуми за распределба на станови изградени по “Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи“(“Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2003, 55/2006, 50/2007 и 30/2008), распределбата на становите ја врши Комисија формирана од страна на Министерот за транспорт и врски. Комисијата е составена од 5 члена, од кои 3 члена од Министерството за транспорт и врски, 1 член од Министерството за финансии и 1 член од Министерството за труд и социјална политика. Становите ќе се распределуваат согласно Методологијата за бодирање на кандидатите за добивање право на стан под закуп (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/2007). Доставените апликации од лицата кои се пријавиле на огласот, од страна на Комисијата за распределба на становите се внесуваат во компјутерска програма за електронска распределба (софтверска апликација изготвена од страна на УСАИД во рамките на проектот E-gov Project за внес на податоци и електронска распределба на станови. По извршената електронска распределба на становите, врз основа на ранг листата Министерот за транспорт и врски донесува поединечни решенија за распределба на становите за секој учесник на огласот. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
. Прашањево го поставувам веке по втор пат, се надевам на одговор: Јас и сопругата сме невработени, се пријавуваме во Агенцијата за вработување. Имаме две деца, ученици. Живееме под кирија, која едвај ја плаќаме. Ми е срам да Ви кажам што сум по професија, оти ке се чудите како да немам работа со таква титула и искуство. Ете така, немам. Оти сум политички неутрален, затоа. Дали постои некакво решение за семејствата како нас да добијат стан во кој ќе плаќаат некаква поповолна кирија, или тој стан да се доплати, или откупи на подолг рок? Не интересираат сите можности и варијанти, се чувствуваме како непотребни во државава: без работа, без детски додаток, без сопствено живеалиште? Не можеме ни да излеземе од државава, без виза. А немаме ни пари за авионска карта, немаме пари. Аман! Очекуваме одговор, ама не “профи”, колку да не откачите, туку да ни ги каже некој нашите права и мозности. Многу Ви благодариме. Митко Јованов, Скопје,
Дозволете да Ве известиме дека, согласно Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за 2008 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 16/2008 и 48/2008) предвидена е изградба на објекти во градот Скопје (вкупно 276 стана) кои се наменети за издавање на социјални лица. Распределбата на овие станови како и условите за нивно користење ќе бидат одредени со посебна Одлука на Владата на Република Македонија. Овие објекти ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Согласно постоечката законска регулатива во Република Македонија, распределбата на станови во сопственост на Република Македонија се врши по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во огласот. Исто така, огласот содржи податоци за местоположбата на станбениот објект и адреса, број на станови и станбена површина, спецификација на потребната документација која барателот на стан треба да ја приложи, рок за поднесување на потребната документација како и критериумите по кои ќе се врши распределбата на становите. Воедно Ве известуваме и за можноста да се обратите односно доставите писмено барање до Комисијата за станбени прашања при Владата на Република Македонија, бидејќи согласно Законот за домување (Службен весник на Република Македонија“ бр.21/1998) - Владата на Република Македонија одлучува за давање под закуп станови во сопственост на Република Македонија на социјално загрозени лица – станбено необезбедени, согласно со Законот за социјална заштита. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Би сакал да го купам земјиштето во Козле на 17.03.08 имам поднесено барање во суд 2 за имовинска постапка од починат родител меѓутоа до ден денес ме немаат повикано на рочиште, ми викаат предметот е даден на нотар меѓутоа не знаат кој нотар кој ден денес ми нема пратено покана како јас ќе го добијам ова право за откуп кога веќе 3 месеци се влечат работите и како ќе успеам сето ова да го завршам за откуп до нова година а има и пратено е-маил и до првда и не знам више каде ВЕ МОЛАМ ДА МЕ ИЗВЕСТИТЕ ПО Е-МАИЛ иако треба ќе ви дадам и други податоци некако да се забрза работава.
Дозволете ни да Ве известиме дека потребно е да поднесете ургентно барање до суд заради распоредување на Вашето барање за поведување на оставинска постапка пред надлежен Нотар. Вашето барање за откуп на земјиштето ќе може да го остварите во Министерство за финансии, воедно со приложување на доказ дека сте поднеле барање за спроведување на оставинска постапка . Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Работам во фирма која има еден минибус со кој врши превоз на свои вработени до работните места (превоз на патници за сопствени потреби) како и камиони над 3.500 кг. носивост кои вршат превоз на сопствена стока (за сопствени потреби) во домашниот и меѓународниот патен сообраќај. Во врска со тоа Ве молам да ми одговите на две прашања: 1. дали е потребно да имаме лиценца за превоз на патници и стока во домашниот или меѓународниот сообраќај, и 2. дали треба во фирмата да имаме лице со сертификат за професионална компетентност. Ви благодарам на одговорот.
Дозволете ни да Ве известиме дека со членот 7 од Законот за превоз во патниот сообраќај (“Службен Весник на Република Македонија”, број 68/04), во ставот 1 точка 1 алинеа 4 и 7 и точка 2, алинеа 3 и 5, пропишано е дека се издаваат лиценци и за превоз на патници за сопствени потреби и за превоз на стоки за сопствени потреби, како за домашниот така и за меѓународниот патен сообраќај. Со членот 4 став 1 точка 6 од Измените и дополнувањето на Законот за превоз на патниот сообраќај (“Службен Весник на Република Македонија”, број 127/06), пропишано е дека управителот или обвластеното лице одговорно за превоз потребно е да има сертификат за професионална компетентност. Полагањето испит за стекнување на овој сетификат се врши организирано. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Возач сум на камион во транспортна фирма. Ме интересира кога кај нас ќе се појават чип или дигитални картици за тахограф со кои би можеле и да работиме во ЕУ затоа што веќе за ЕУРО 5 камиони кои ги има и кај нас треба таква картица за во ЕУ. Молам за одговор и Ви благодарам унапред?
Дозволете ни да Ве известиме дека во тековниов период се вршат интензивни подготовки, имајќи во предвид дека од 2010 година употребата на ваквите уреди ќе биде задолжително на територијата на Европската Заедница. Со Измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Службен Весник на Република Македонија”, број 86 од 14.07.2008 година) се предвидува изработка на два Правилници кои ќе ја регулираат употребата на Дигиталните тахографи. Правилниците ќе се однесуваат како на начинот и контролните постапки при употреба на тахографите, така и на техничките карактеристики на истиот. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Добив покана за регулирање на имотната сопственост, на увидот во подрачната единица за катастар во Демир Хисар се појави проблем затоа што во договорот кој го имам за купобродажба на општествениот стан во сопственост на ЈЗУ психијатриска болница Демир Хисар не е внесен подрумот и покрај тоа што е направена проценка и е платен и тој простор зеадно со станот. Проценката ја има извршено Заводот за урбанизам проектирање и изработка на студии - Прилеп во 1993г. бидејќи не ни е доставена листа на бодирање каде може да ја најдеме истата, моите сознанија се дека Заводот е под стечај, и како може да се реши истиот проблем.
Дозволете ни да Ве известиме дека Во врска со Вашето Барање потребно е да се направи Анекс кон основниот договор и до Министерството за транспорт и врски, Сектор за станбено комунални работи, да доставите: - Барање со 300 ден. таксена марка, - Договор за купопродажба на стан (оргинал), - Предмер пресметка за вредноста на станот (каде ќе се види дали е подрумот внесен) - Фотокопија од лична карта и - Контакт телефон. За подетални информации во врска со Вашето барање можете да се обратите до Министерството за транспорт и врски, до ѓ-ѓа Ирена Петанова, канцеларија број 303, контакт телефон: 02/3145-489. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дивовселена сум со малолетно дете, дали може да си го откупам станот?
Дозволете ни да Ве известиме дека Министерството за транспорт и врски не е надлежно по однос на нелегално вселените станови. Доколку станот е во државна сопственост, Ве молиме да се обратите до Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дали и кога ќе биде решено прашањето со становите во пензионерската зграда во Прилеп и при евентуален нивни откуп дали освен носителите на станарското право и нивни наследници ќе може да го откупат станот и под кои услови.
Дозволете ни да Ве известиме дека по однос на Вашето прашање потребно е да се обратите до Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, Подрачна Едининица Прилеп, како надлежна институција. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Имам поднесено барње за откуп на стан во Струга во кој живеам фамилијарно 4 члена, Но со решение за привремено сместување од 1991 год. Документите се доставени и заведени во архива со бр.орг.единица 25 бр.9407 од 16.11.2007 год. во Министерството за транспорт и врски. Никаков спор немам со станот а го имам добиено преку МВР бидејќи таму сум вработен во ОВР - Струга. Дали наведените документи требало да ги доставам до комисијата за станбено иселенички прашања во Владата на Р.М. Каде можам да добијам подетални информации околу горенаведеното односно резултат од поднесеното барање. Однапред ви се заблагодарувам со почит.
Дозволете ни да Ве известиме дека по однос на Вашето прашање потребно е да се обратите до Комисијата за станбени прашања при Владата на Република Македонија. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Носител сум на станарско право на општествен стан и истиот сакам да го откупам. Имам склучено договор за купопродажба на стан во 1991 год. со Основно училиште ,,Круме Кепески,, (од каде што го добив станот) кој е заверен од страна на тогашниот општински суд. Исто така имам платено и учество за станарско право (кое изнесува 25% од тогашната вредност на станот). Пред неколку дена за ова прашање се обратив во Комерцијална банка АД Скопје и од таму ми дадоа инструкции дека треба да склучам Анекс на договорот за купопродажба на стан и истиот да го заверам на нотар, за да може да се утврди поповолна цена за откуп. Ме интересира дали склучувањето на анексот е неопходно, со оглед на тоа што веќе постои склучен договор за купопродажба кој е заверен во суд.
Дозволете ни да Ве известиме дека потребно е да се склучи Анекс договор на основниот Договор за купопродажба на станот, додека за подетални информации околу потребната документација може да се информирате во Министерството за транспорт и врски, кај г-ѓа Ирена Петанова, канцеларија број 303, контакт телефон: 02/3145489. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Корисник сум на општествен стан подолго време. Поради немање на финансиски средства дел од киријата не ми беше платена. Откако дознав за можноста за откуп на општествени станови поднесов барање за откуп на рати (40 години). Ми беше одговорено дека за да склучам договор за откуп потребно е да ја платам заостанатата кирија (4000 еуро). Откако ја платив киријата (со заем) добив известување дека пак не можам да склучам договор бидејќи треба да платам и затезна камата во износ од уште 4000 еуро. Каде да се обратам, бидејки оваа сума не сум во можност да ја платам а за истата не бев известен пред да поднесам барање за откуп? Има ли логика за толкава висока затезна камата? Дали во условите за потпишувањето на договорите за откуп стои и плакање на затезна камата?
Дозволете ни да Ве известиме дека по основ на ова прашање потребно е да се обратите до Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, кое е надлежно по однос на Вашето прашање и решава за неплатена кирија и камата. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ве молам да ме известите за колкав временски интервал ќе ме известите за откупување на опшествен стан јас доставив во месец декември 2007 година а до ден денес немам добиено повратна информација . Јас сум корисник од Битола. Се надевам на соработка. Однапред ви благодарам
Дозволете ни да Ве известиме дека во врска со Вашето барање потребно е да се обратите до Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, Подрачна Единица Битола, или до Министерството за транспорт и врски, до Ирена Петанова, канцеларија број 303, контакт телефон: 3145489. Доколку Вашата документација ги исполнува законските услови, ќе Ви биде доставено писмо со пресметка. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дали при откуп на општествен стан се плаќа данок на промет на недвижности и ако се плаќа кој треба да го плати? Имено, Живеам во стан кој е откупен во 1994 година по договор за купопродажба со отплата на 480 рати. При откупот на општествените станови во 1994 г. беше речено дека овие купопродажни договори не подлежат на оданочување со данок на промет на недвижности . Меѓутоа, сега, при заверката на договорот во даночното одделение на град Скопје ми посочија дека треба да се плати данок на промет. Што да правам?
Дозволете ни да Ве известиме дека доколку нема печат на Договорот за купопродажба на станот за ослободување од данок на промет на станот, потребно е да се обратите до Минестерството за финансии, Управа за јавни приходи, каде можете да добиете подетални информации. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дали МТВ е надлежно за утврдување носител на станарско право кога има спор меѓу членовите на поширокото семејство кои во моментот на смртта на носителот на станарско право не живееле во семејно домаќинство но адресата на живеење не ја смениле откако заминале од предметниот општествен стан.
Дозволете ни да Ве известиме дека Решение за пренос на станарско право од починат носител може да добие лице што живеело непрекинато со носителот на станарско право односно член на семејното домаќинство (брачен другар, деца на носителот на станарско право, внуци без родители кои од своето раѓање живееле со носителот на станарското право), а тоа најдобро може да се утврди преку уверението за жителство издадено од Министерството за внатрешни работи. Доколку има спор за утврдување на носител на станарско право надлежен е судот во општината каде што е лоциран станот. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Kој е надлежен за утврдување носител на станарско право ако има спор меѓу наследниците на носителот на станарско право?
Дозволете ни да Ве известиме дека Решение за пренос на станарско право од починат носител може да добие лице што живеело непрекинато со носителот на станарско право односно член на семејното домакинство (брачен другар, деца на носителот на станарско право, внуци без родители кои од своето раѓање живееле со носителот на станарското право), а тоа најдобро може да се утврди преку уверението за жителство издадено од Министерството за внатрешни работи. Доколку има спор за утврдување на носител на станарско право надлежен е судот во општината каде што е лоциран станот. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ме интересира до каде е постапката зо социјалните станови во Кочани кои беа распределени и за истите има првосилни и извршни пресуди во корист на ЈП а кои сеуште не се спороведени и зашто ?
- Дозволете ни да Ве информираме дека становите изградени по ,,Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи за градот Кочани се распределени и за истите се склучени договори за закуп на стан, меѓу лицата кои го добија правото на закуп на стан и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ме интересира како да се покрене постапка за градење на социјални станови во Радовиш ? Бидејки најновата зграда што е во Радовиш е од пред 25 год, и вистина е дека во Радовиш како мал град има најмногу млади брачни парови што немаат сопствен дом.Дали може во Радовиш да се градат станови за млади брачни парови ?
- Дозволете ни да Ве информираме дека Изградба на нови станови сопственост на Република Македонија се врши согласно годишната Програма за изградба и одржување станови сопственост на Република Македонија која ја усвојува и донесува Владата на Република Македонија. Доколку има интерес и потреба од изградба на станови Локалната самоуправа на Општина Радовиш потребно е да достави до Министерството за транспорт и врски предлог локации согласно Детален урбанистички план на Радовиш, на кои е предвидено изградба на колективни станбени згради, а земјиштето е сопственост на Република Македонија. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ме интересира дали ке се приватизира ЈПССДП ? Кога ке се приватизира , каде ке паднат општествените станови кои немаат да успејат да се откупат? Дали ке останат под Министерство за транспорт и врски , или ке му припаднат на приватната фирма која ке го купи претпријатието? Кои се можностите за откуп на општествен стан , дали ке има некои законски поволности за намалување на заостанатите кирии за социјални случаи до одреден процент ?
Дозволете ни да Ве информираме дека Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ ( ЈПССДП ) , за што претпоставуваме дека прашувате во Вашето прашање, бидејки го ословувате со „ЈПССДП“, треба да биде трансформирано согласно „Стратегијата за домување“ кој како документ е усвоен од Владата на Република Македонија и можете да го видите на интернет -страницата на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk. Што се однесува за општествените станови кои досега не се откупени тие согласно позитивната законска регулатива, во никој случај нема да бидат отуѓени, односно за предметните станови ке бидат склучени договори за закуп согласно Законот за домување. Во врска со доспеаните, а неплатени кирии за горе наведените општствени станови, Владата на република Македонија преку ЈПССДП на РМ подготвува одредени решенија кои во најскоро време ке ги објави како дел од Законски решенија и подзаконски акти со кои овој дел на проблемите во врска со становите во општествена сопственост ќе бидат надминати . Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
До каде е стасан процесот за изградба на станови за оние со ниски примања и млади брачни парови ( конкретно ме интересира за град Скопје ) ? Дали е започната изградбата и кога да ја очекуваме можноста за конкурирање ?
Дозволете ни да Ве информираме дека Во врска со Вашето прашање доставено до Министерството за транспорт и врски преку “порталот услуги“ за решавање на Вашето станбеното прашање, Ве известуваме дека согласно Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за 2008 година (“Сл.весник на РМ“ бр.16/2008 и 48/2008) предвидено е : - Изградба на објекти во градот Скопје ( вкупно 276 стана ) наменети за издавање на социјални лица кои ќе бидат реализирани во период на градба од 2007-2009 година. За физичката реализација на објектите предвидени со горенаведената Програма задолжено е Јавното претпријатие за станбен и деловен простор на Република Македонија. Согласно нивниот динамички план на изградба се очекува кон крајот на оваа година да бидат завршени два објекта во Скопје (започнати со градба во 2007 година) со вкупно 102 стана (Горче Петров Јурија 3.1 и Горче Петров Јурија 3.2). Распределбата на овие станови како и условите за нивно користење ќе бидат одредени со посебна Одлука на Владата на Република Македонија. Согласно постоечката законска регулатива во Република Македонија, распределбата на станови во сопственост на Република Македонија се врши по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во огласот. Исто така, огласот ќе содржи податоци за местоположбата на станбениот објект и адреса, број на станови и станбена површина, спецификација на потребната документација која барателот на стан треба да ја приложи, рок за поднесување на потребната документација како и критериумите по кои ќе се врши распределбата на становите. - Исто така со Програмата се предвидува и изградба на станови наменети за продажба за млади брачни двојки во Скопје и тоа 6 објекти со 321 стан, а завршувањето на објектите се очекува да биде во текот на 2009 година. Согласно Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за 2008 година (“Сл.весник на РМ“ бр.16/2008 и 48/2008) сите станови наменети за продажба ќе се продаваат согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за продажба на станови на кои права, должности и одговорности во поглед на располагањето има Република Македонија (“Сл.весник на РМ“ бр. 34/96, 16/99, 64/01 и 52/06) За организирање и реализација на Програмата задолжено е Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија. Согласно постоечката законска регулатива во Република Македонија, продажбата на станови во сопственост на Република Македонија се врши по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во Огласот. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Мојата тетка почина, а е сеуште сопственик на стан кој сеуште не е доплатен.Она нема деца јас сум и внука од брат кој исто така е починат .Каде треба да се обратам за да го доисплатам станот.Која е прцедурата и кои документи ми требаат ?
- Дозволете ни да Ве информираме дека доколку се работи за стан кој е купен со Договор за купопродажба склучен со Владата на Република Македонија, најпрвин во оставинска постапка треба да бидете определен за наследник на Вашата тетка. Во банката каде се врши отплатата на станот со правосилното решение со кое сте определен за наследник ќе го доплатите станот. По целосната исплата на станот од банката ќе земете потврда, и во Министерството за транспорт и врски ќе поднесете Барање за потврда за целосно исплатен стан, со оргинал потврдата од банка, опгинал правосилно наследно решение, Договорот за купопродажба на стан на рати кој гласи на име на вашата тетка и копија од Ваша лична карта. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Кога ќе може да да се кункурира за становите за млади брачни парови ,кои наводно се во изградба ?
Дозволете ни да Ве информираме дека Во врска со Вашето прашање доставено до Министерството за транспорт и врски преку “порталот услуги“ за решавање на Вашето станбеното прашање, Ве известуваме дека согласно Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за 2008 година (“Сл.весник на РМ“ бр.16/2008 и 48/2008) предвидено е : - Изградба на објекти во градот Скопје ( вкупно 276 стана ) наменети за издавање на социјални лица кои ќе бидат реализирани во период на градба од 2007-2009 година. За физичката реализација на објектите предвидени со горенаведената Програма задолжено е Јавното претпријатие за станбен и деловен простор на Република Македонија. Согласно нивниот динамички план на изградба се очекува кон крајот на оваа година да бидат завршени два објекта во Скопје (започнати со градба во 2007 година) со вкупно 102 стана (Горче Петров Јурија 3.1 и Горче Петров Јурија 3.2). Распределбата на овие станови како и условите за нивно користење ќе бидат одредени со посебна Одлука на Владата на Република Македонија. Согласно постоечката законска регулатива во Република Македонија, распределбата на станови во сопственост на Република Македонија се врши по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во огласот. Исто така, огласот ќе содржи податоци за местоположбата на станбениот објект и адреса, број на станови и станбена површина, спецификација на потребната документација која барателот на стан треба да ја приложи, рок за поднесување на потребната документација како и критериумите по кои ќе се врши распределбата на становите. - Исто така со Програмата се предвидува и изградба на станови наменети за продажба за млади брачни двојки во Скопје и тоа 6 објекти со 321 стан, а завршувањето на објектите се очекува да биде во текот на 2009 година. Согласно Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за 2008 година (“Сл.весник на РМ“ бр.16/2008 и 48/2008) сите станови наменети за продажба ќе се продаваат согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за продажба на станови на кои права, должности и одговорности во поглед на располагањето има Република Македонија (“Сл.весник на РМ“ бр. 34/96, 16/99, 64/01 и 52/06) За организирање и реализација на Програмата задолжено е Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија. Согласно постоечката законска регулатива во Република Македонија, продажбата на станови во сопственост на Република Македонија се врши по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во Огласот. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Со која уредба се утврдени цените на М –2 за откуп на земјиште во државна сопственост , конкретно за општина Карпош ?
Дозволете ни да Ве информираме дек согласно уредбата за отуѓување на градежно земјиште (Сл.весник на РМ бр.155/07 и 158/07) и табеларен преглед за цените на градежно земјиште како составен дел на оваа уредба , каде што согласно намената на градежното земјиште е дадена и цената на градежното земјиште за општина Карпош. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Се работи за доделен стан од сојуз на борци.Овој стан е доделен на баба ми како дете на загинат борец од 1980 год. , меѓутоа до ден денес не е склучен договор за отплата на тој стан.значи документ кој што го имаме е само решението за доделување на стан кое гласи на баба ми.Дали е возможно некако тој стан да го откупи мојот татко доколу се знае дека мојата баба е сега почината?(значи баба ми е почината а останува само решението за доделување кое гласи на нејзино име).Ви благодарам Однапред и Ве молам да ми ја објасните дали е тоа можно ?
- Дозволете ни да Ве информираме дека стан сопственост на Република Македонија кој е доделен со решение за користење од надлежен орган и за кој е склучен договор за користење на станот со надлежен орган кој е наведен во решението и на кој се плаќа закупнина ( кирија ), со донесување на Законот за продажба на станови во општествена сопственост од 1990 година, се даде можност за купување на становите во општествена сопственост. Право на откуп по смртта на носителот на станарското право (вашата баба) во определена постапка пред Министерството за транспорт и врски за која е потребно да се поднесе барање со потребна документација, (но рокот за поднесување на барањето беше до 31.12.2007 година), до тој рок имаа можност да поднесат барање,лицата што се членови на неговото семејно домаќинство, кое во континуитет живее, го користи станот и нема друг стан - куќа во сопственост на територија на Република Македонија. Доколку сакате подетални информации можете да дојдете секоја среда во Министерството за транспорт и врски и да стапите во контакт со Г-ѓа Ирена Петанова , тел.контакт 02/ 3145-489 Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Во Битола кога ќе бидат готови становите за млади брачни парови ?
Дозволете ни да Ве информираме дека Согласно Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за 2008 година (“Сл.весник на РМ“ бр.16/2008 и 48/2008) во Битола предвидена е изградба на објекти: - Довршување на станови во градба од предходни програми наменети за продажба ( Довлеџик 2 Ламела 2 и 3) вкупно 149 стана. Согласно физичкиот напредок на овие објекти за кој е задолжено Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија се очекува истите да бидат завршени и предадени во употреба во 2008 година. - Изградба на објекти со станови наменети за продажба ( Цар Самоил 59) вкупно 10 стана. Завршувањето и предавањето на објектите се очекува во 2009 година. Согласно Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за 2008 година (“Сл.весник на РМ“ бр.16/2008 и 48/2008) сите станови наменети за продажба ќе се продаваат согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за продажба на станови на кои права, должности и одговорности во поглед на располагањето има Република Македонија (“Сл.весник на РМ“ бр. 34/96, 16/99, 64/01 и 52/06) За организирање и реализација на Програмата задолжено е Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија. Согласно постоечката законска регулатива во Република Македонија, продажбата на станови во сопственост на Република Македонија се врши по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во Огласот. - Воедно Ве известуваме дека во Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за 2008 година (“Сл.весник на РМ“ бр.16/2008 и 48/2008) предвидена е и изградба на 148 социјални станови во Битола. Распределбата на овие станови како и условите за нивно користење ќе бидат одредени со посебна Одлука на Владата на Република Македонија. Овие објекти ќе бидат реализирани во период на градба 2007-2009 година. Согласно постоечката законска регулатива во Република Македонија, распределбата на станови во сопственост на Република Македонија се врши по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во огласот. Исто така, огласот ќе содржи податоци за местоположбата на станбениот објект и адреса, број на станови и станбена површина, спецификација на потребната документација која барателот на стан треба да ја приложи, рок за поднесување на потребната документација како и критериумите по кои ќе се врши распределбата на становите. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Корисник сум на државен стан во кој живеам диво вселен, кој сакам да го купам ?
Дозволете ни да Ве информираме дека стан сопственост на Република Македонија може да се продаде на носителот на станарското право или со негова согласност на член на неговото семејно домаќинство, кој е корисник на станот. - Стан во сопственост на Република Македонија се користи доколку надлежен државен орган Ви издаде решение за користење на стан и Ви склучи договор за користење на стан. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ве молам за одговор на едно прашање. Живеам на адреса ул.69 бр.3 Мичурин Скопје. На тоа место на живеалиште опколени сме со станови, високите кули и Железничката станица. Кога ќе размислиме дека локациски се наоѓаме во центарот на градот дали Министерството за Транспорт и Врски на Република Македонија ќе превземе некои работи за да ни обезбеди станови и го реши проблемот со тој дел од градот кој не доликува на ништо со сегашниот изглед? Или можеби ни даде добри услови за купување на стан во некоја друга локација бидејки во тој дел буквално веќе нема услови за живеење.Однапред со почит и благодарност.
Дозволете ни да Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски не е надлежен за овој проблем, за одговор на ова прашање обратете се во Општина Ценатар - Скопје. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Корисник сум на државен стан во кој живеам диво вселен, кој предходно го имам реновирано и живеам со моето семејство 5 години, кој сакам да го купам каде да се обратам ?
Дозволете ни да Ве информираме дека стан сопственост на Република Македонија може да се продаде на носителот на станарското право или со негова согласност на член на неговото семејно домаќинство, кој е корисник на станот. Стан во сопственост на Република Македонија се користи доколку располагате со соодветна потребна документација ( решение за користење на стан и договор за користење на стан). Владата на Република Македонија доколку располага со слободен стан, врз основа на донесена одлука со која се утврдени условите, критериумите и начинот за распределба на стан под закуп или откуп сопственост на Република Македонија, објавува јавен оглас во дневен весник , во кој се објавени условите и начинот за распределбата на станот. Времето и местото за поднесување на барањето, на објавениот оглас во дневните весници, може да поднесе барање секое заинтересирано лице во согласност со утврдените услови и начин за распределба на станот. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Стан кој се води на мојот татко кој е починат со договор на мојата мајка и мојот брат кои се во странство сакаат станот да ми го поклонат на мене. Која е постапката за да се покрене судска постапка? Кои документи се потребни да се покрене судска постапка ?
Дозволете ни да Ве информираме дека ако станува збор за стан во приватна сопственост, треба да покрене барање за поведување оставинска постапка, до месно надлежниот суд за да можете да го стекнете вашето наследно право. Доколку станува збор за општенствен стан каде вашиот татко е носител на станарско право, а е починат Вие можете да се обратите до Министерството за трансопрт и врски , за промена на носител на корисничкот станарското право, со предходно прибавена изјава заверена на нотар каде ќе се изјаснат вашиот брат и вашата мајка дека се согласуваат Вие да бидете носител на станарското право.
Кои документи се потребни за откупување на државно земјиште, каде што постои објект веќе 50 години, а за истото замјиште се плаќа данок. Што треба да направиме за да добиеме поседовен лист и имотен лист ?
Дозволете ни да Ве информираме дека, доколку се работи за објект изграден со градежен технички документ и внесен во имотен лист, потребно е да поднесете барање до Министерството за транспорт и врски согласно Законот за градежно земјиште член 14, став 1 и 2, точка 6 од (Службен Весник на Република Македонија бр, 82 од 2008 година) и во прилог да ги доставите следните документи: 1. Извод од важечки Детален урбанистички план со затемнета градежна парцела со точни мерки и граници на градежната парцела , односнo Урбанистички проект согласно член 50 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен Весник на Република Македонија број 51/2005 и 137/2007) од надлежната општина. 2. Геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела усогласени со горенаведениот Извод. 3. Имотен лист за градежно земјиште сопственост на Република Македонија и евидентирано право на сопственост на објектот изграден со градежна документација. 4. Уверение за редослед на извршените промени во катастарската евиденција за предметоното градежно земјиште сопственост на Република Македонија кое представува КПброј ___КО___за период од 1929 година до денес издадено од Агенција за катастар на недвижности, Сектор за катастар ___. 5. Врз основа на Уверението од точка 4, конкретен одговор дека не е покрената постапка за денационализација од 31.12.2007 година за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија кое представува КПбр. __КО __ од поранешните сопственици односно од нивните наследници издадена од надлежната комисија за денационализација. 6. Уверение за државјанство, фотокопија од лична карта односно за правните лица доказ од Централен Регистар на Република Македонија. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ме интересира зашто не се даваат договорите за закуп на стан во Кочани и зашто ни се нудат договори спротивни на законот, затоа што во Крива Паланка седадени договори на 24.01.2008 год.Во кои се корисниците имаат право на откуп а во Кочани немат право на откуп.Тоа е по исти огласи и по исти критериуми а два различни договри.Опструкции се вршат од генералниот директор на ЈПССДП – Скопје , Ивица Коневски .Имам е поднесено тушжба против ЈПССДП за да го оствариме нашето право по судски пат а доколку во меѓувреме не добиеме договори како што е предвидено по одлуката по кое е распишан огласот со право на откуп ке поднесеме кривични пријави за одговорните лица ?
Дозволете ни да Ве информираме дека распределбата на становите сопственост на Република Македонија изградени по ,,Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи“ за градот Кочани, беше извршена согласно Одлуката за услови и критериуми за распределба на станови изградени по ,,Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи“ ( Службен весник на Република Македонија бр. 51/03 и 55/06). Во Одлуката со членот 11 се дава можност, корисниците на стан под закуп да го откупат станот по рокот по кој им се склучени договорите за закуп, (рок за закуп не подолг од 5 години) на начин и услови утврдени со закон. Што значи дека, врз основа на таа Одлука беше дадена можноста да се откупуваат становите после истекот на рокот за закуп за кој беше склучен договорот, на начин и услови утврдени со Закон. Со Одлука за изменување на Одлуката за услови и критериуми за распределба на станови согласно „Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи“ (Службен весник на Република Македонија бр.51/03; 55/06; 50/07 и 30/08) од 25.02.2008 година,се брише и не се дава можност корисниците на стан под закуп да го откупат станот после истекот на рокот по кој им се склучени договорите за закуп. Значи, за сите склучени договори за закуп на стан изградени во градовите на територијата на Република Македонија по овој Проект се применува Одлуката од 25.02.2008 година. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ме интересира за становите што беа поделени на лица со социални примајна (социални станови) требаше одреден период да плаќаат како станарина која подоцна ќе биди внесена во целата цена на станот. Но по изминатиот рок (5 год.) договори за откопување на становите не дојдоа, туку се продолжи по старо. Кога и како можи да се откупат таквите станови, и дали воопшто треба?
Дозволете ни да Ве информираме дека согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за услови и критериуми за распределба на станови согласно „Проектот за изградба на станови кои ке се издадат на лица со ниски приходи“( Службен весник на Република Македонија бр.51/03; 55/06; 50/07 и 30/08) од 25.02.2008 не е предвидена можност за продажба на овие станови. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Јас сум Мартин од Куманово.Ве молам дам и одговорите зашто Куманово не е во програмата за изградба на станови за млади брачни парови.
Дозволете ни да Ве информираме дека Изградба на нови станови сопственост на Република Македонија се врши согласно годишната Програма за изградба и одржување станови сопственост на Република Македонија која ја усвојува и донесува Владата на Република Македонија. Доколку има интерес и потреба од изградба на станови Локалната самоуправа на Општина Куманово потребно е да достави до Министерството за транспорт и врски предлог локации согласно Детален урбанистички план на Куманово, на кои е предвидено изградба на колективни станбени згради, а земјиштето е сопственост на Република Македонија. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Јас Розета Василевска од Куманово мажена со две деца, социјално загрозени без куќа.Дали би можеле да ми доделите државен стан во Куманово. Кои документи треба да ги доставам ?
Владата на Република Македонија доколку располага со слободен стан во Куманово, врз основа на донесена одлука со која се утврдени условите, критериумите и начинот за распределба на стан под закуп сопственост на Република Македонија, објавува јавен оглас во дневен весник, во кој се објавени условите и начинот за распределбата на станот. Во објавениот оглас во дневните весници се определени времето и местот за поднесување на барањето. Барање може да поднесе секое заинтересирано лице во согласност со утврдените услови и начин на распределба на станот. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Носител сум на станарско право од Битола, до донесување на решение за денационализација од 21 март 2007 година, со што државата требше да ми додели друг стан на користење во рок од една година преку Комисијата за станбени прашања, односно Јавното претпријатие за стопанисуванје со станбен и деловен простор, меѓутоа до тоа не дојде и моментално сум привремено сместена во приватен стан. Дали Владата на Република Македонија планира, за скоро време, да донесе одлука за обештетување на носителите на станарско право по основ на денационализација, и дали со новата изградба на станови се предвидени станови за оваа категорија?
Дозволете ни да Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски не е надлежно за решавање на Вашето прашање. Согласно Законот за денационализација (Службен весник бр.43/2000 од 30.05.2000 година, Службен весник бр.42 од 30.06.2003 година и Службен весник бр.44 од 06.04.2007 година) единствено надлежно да постапува по вашето прашање е Министерството за финансии на Република Македонија. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Корисник сум на стан во општествена, поточно сопственсот на Медицински центар.Бидејки медицинскиот центар се трансвормира сега сопственик е Здраствениот Дом во кој јас сум вработен.Решението за легално добиениот стан на конкурс го има добиено во 1991 година. Бидејки се работи за стан кој е на горниот спрат од селската амбуланта, каква е процедурата за откуп.Досега редовно имам плаќано кирија на Здравствениот дом а предходно на Медицинскиот центар. Во Септември 2006 година ги поднесов оргиналните елементи.Во Април 2008 фодина добив писмо од државниот советник во Министерството за транспорт и врски во кое се вели дека за откуп на станот потребно е да се изјасни Здравствениот дом.Очигледно е дека тие не ни помислуваат да се изјаснат.Истовремено писмото е испратено до Здравствениот дом и до Комисијата за стамбени прашања при Владата на Република Македонија. Се обидов да контактирам преку телефон со државниот советник кој го има пратено писмото но не успеавам да го добијам на телефон за да закажам,Ве молам посоветувајте ме како да постапам понатаму.
Дозволете ни да Ве известиме дека во врска со Вашето барање, за да можеме точно да Ви одговориме и конкретно да постапиме по вашето барање, потребно е да ни испратите точни податоци за вашето име и презиме, адреса на живеење, како и бројот на предметот под кој се води вашата постапката. За подетални информации Ве молиме обратете се во Секторот за стамбено – комунални работи и инфраструктура. Лице за контакт Г-дин Пакетчиев Ѓорги телeфон: 02/3145-461. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Со решение на РМ-МТВ бр.25-8927 од 03.01.2008 г. му се дава закуп на стан и можност за купопродажба на лице кое не е носител на станарско право и нема согласност од носителот кој е веќе починат.Заинтересирано лице-член на семејно домакинство на починатиот носител ќе поведе постапка за утврдување ништовност на ова решение кое е спротивно на законот за продажба на станови во општествена сопственост и законот за домуванје, а има поднесено барање за пренос на станарско право бр. 17-13854 од 12.10.2005 г.Во постапка која го чека исходот од судска постапка.Во истото решение има правна поука за право на жалба до основен суд во Скопје што е незаконито според чл. 250 од ЗОУП органот што го донел решението може да поведе по службена должност повторуванје на постапката дали тоа ќе го направи?
Дозволете ни да Ве информираме Во врска со Вашето прашање за предметот бр.25-8927 од 01.11.2007 година, со кое истовремено го оспорувате нашето решение за пренос на станарското бр.25-8927 на лицето Ѓорѓи Тасевски од Скопје, Ве известуваме следното: Лицето Ѓорѓи Тасевски со стан на ул: Македонска Косовска бригада бр.29/2-20 Скопје, се обрати до Министертвото за транспорт и врски со барање за пренос на станарското право од починат носител односно од неговата почината баба (мајка од таткото) Лубица Тасевска. По наше мислење барателот ги исполнуваше сите услови за пренос на станарското право на негово име од следните причини: -барателот има роднинска врска со носителот на станарското право односно е негов внук ; (доказ: извод од умрените за неговиот татко Цветан Тасевски бр.2011/1430 од 16.02.2002 година, извод од умрените за неговата баба Лубица Тасева бр.21.17-51331 од 29.09.2005 година, извод од родените за Ѓорѓи Тасевски бр.21.17/129-55961 од 31.10.2005 година); - барателот постојано живее во станот кој е предмет на станарското право(станот на горенаведената адресаа); (доказ: Уверение за жителство бр.212 од 24.02.2006 година и Известување од ЈПССДП на Р.Македонија бр.11-21723/2 од 11.12.2007 година со кое потврдува дека станот го користи барателот Ѓорѓи Тасевски); - барателот во барањето приложи во оргинал Решение бр.16-35530 од 12.07.1979 година и Договор за користење на станот бр.21-179-038 од 09.10.1979 на име на носителот на станарското право односно неговата баба Лубица Тасевска. - барателот достави негова изјава заверено на нотар дека само тој со семејството го користи станот. Доколку Вие мислите дека решението на горенаведеното лице е незаконски издадено може да го оспорите по пат на судска постапка. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Сакам да се информирам за тоа дали има станови за млади брачни парови за откуп во Гостивар, и ако може каде да се обратам?
Дозволете ни да Ве информираме дека со Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за 2008 година ( Службен весник на Република Македонија број 16/2008 и 48/2008) не е предвидена изградба на станови во градот Гостивар кои се наменети за продажба. Во програмата е предвидена изградба на 1 објект во градот Гостивар со вкупно 62 стана наменети за издавање на социјалните лица.Објектот ќе биде реализиран во периодот на градба до 2009 година. Распределбата на овие станови како и условите за нивно користење ќе бидат одредени со посебна Одлука на Влада на Република Македонија.Согласно постоечката законска регулатива во Република Македонија, распределбата на станови во сопственост на Република Македонија се врши по пат на јавен оглас објавен во дневниот печат, на кој ке можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во огласот. Исто така, огласот ќе содржи податоци за местоположбата на станмбениот објект, адресата, бројот на станови и станбена површина, спецификација на потребната документација која барателот на стан треба да ја приложи, рок за поднесување на потребната документација како и критериумите по кои ќе се врши распределбата на становите. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Почитувани Заинтересирана сум за становите за млади брачни парови, на која интернет страница ќе можам да ги добијам потребните информации. Однапред ви благодарам
Дозволете да Ве информираме дека сите потребни информации за доделувањето на станови за млади брачни парови и сите останати информации во надлежност на Министерството за транспорт и врски се објавуваат на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски: www.mtc.gov.mk. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
sakam da se informiram kako mozam da otkupam stan?Zivejam pod kirija vo Gevgelija i sum samohrana majka vrabotena.Dali mozam da zemam stan da go otkupam dali na rari bilo kako sekako plakam kirija.Kade mozam da se obratam?
Дозволете ни да Ве информираме дека сите потребни информации во врска со вашето прашање можете подетално да ги добиете во Секторот за станбено-комунални работи и инфраструктура во рамки на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија. Телефон за контакт: 3145-506. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
kolku pati treba da vi pisam i da cekam na odgovor od vasa strana
Дозволете ни да Ве информираме дека службите во Министерството за транспорт и врски одговараат на сите прашања во рамките на законските рокови. Постои можност Вашето прашање да не е воопшто испратено и затоа би Ве замолиле доколку сте во можност да го испратите повторно. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
se vikam natasa od kumanovo vece tret pat vi pisuvam.Samohrana majka sum na maloletno dete nevrabotena i korisnik sum na socijalna pomos ziveam so majkami i sestrami pod kirija dali voopsto vo kumanovo postojat socijalni stanovi i kako mozam da stanam korisnik na niv dokolku gi ima blagodaram
Ве известуваме дека потполно ја разбираме Вашата моментална состојба во која се наоѓате, но согласно постоечката законска регулатива Министерството за транспорт и врски нема надлежности и ингеренции да изврши непосредно доделување на стан под закуп. Во Годишната Програма за изградба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија за 2011 година (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/11) предвидена е изградба на 2 објекта со вкупно 60 социјални станови во Куманово ( локација на објектите : во кругот на касарната во Куманово). Социјалните станови ќе се распределуваат согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп составен дел на Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр.96/2009), односно доделувањето и распределбата на овие станови се врши по пат на јавен оглас објавен во дневниот печат, на кој можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во огласот. Воедно, Ве известуваме и за можноста со писмен допис да се обратите до Владата на Република Македонија – Комисија за станбени прашања, која согласно член 99, став 4, точка 2 од Законот за домување (Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/2009) одлучува за давање под закуп станови во сопственост на Република Македонија на лица во социјален ризик и други ранливи групи кои не се станбено обезбедени. Благодариме за разбирањето. Со почит,Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дали ке има олеснувања за граѓаните со ниски примања, кои не успеале да си ги купат становите, а не само на богатите со 900 еvra бруто плата. Барем да им се простат дел од застарените кирии, а не да ја барат правдата со адвокати. До кога ке се финансираат богатите и државните службеници, постојат ли други луге во државата, станови државни за нив, поволности за нив, кој друг има 900 е нето плата. Не знам која е целта на владата, дали да ги финансира градежните фирми или да и поклонува станови на свои лица по пола цена.
Ве известуваме дека согласно член 6 став 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 57/2010), при продажбата на становите согласно Законот за продажба на станови во општествена сопственост, пред склучување на договорот за продажба на станот Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката) изготвува пресметка со која го утврдува износот на неплатената закупнина односно надоместокот за користење на станот во која се засметува и пристигнатата камата. Неплатената закупнина односно надоместокот за користење на станот со засметана камата утврдени со пресметката, може во цел износ да се додаде на продажната цена на станот. Врз основа на изготвената пресметка се склучува купопродажен договор за станот, а Вие имате можност да изберете дали станот ќе го плаќате на рати или пак во готово. За плаќање во готово имате 70% попуст на продажната цена на станот односно плаќате само 30%. Ви благодариме на довербата.Со почит, Министерство за транспорт и врски.
Dali stan vo sopstvenost na RM, koj do 1991 bil sopstvenost na JNA i vo niv ziveelo semejstvo na sega pocinato voeno lice do 1991 godina, potoa od 1991 - 1998 godina, semejstvoto zivee vo R.Srbija, a od 1998 godina, semejstvoto si idi vo Makedonija i prestojuva na druga adresa, bidejki vo stanot zivee drugo semejstvo. Dali mozi da se dobie stanarsko pravo, stanot seuste ne otkupen i se vodi sopstvenost na RM. Vi blagodaram za odgovorot.
Ве известуваме дека носителот на станарското право треба во станот непрекинато да живее и да плаќа закупнина. Во овој случај носителот со иселувањето го изгубил станарското право. Од 16 мај 1998 година односно со влегување во сила на Законот за домување „Службен весник на РМ “ бр. 21/98 ( сега овој закон е вон сила) не се доделуваат станови на кои носителите имаат станарско право. Во моментов согласно постоечката законска регулатива се врши продажба на станови за кои лицата имаат акт за доделување и договор за користење донесени пред 16 мај 1998 година, освен во случаи определени со Законот за денационализација и Законот за припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства.Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
Почитувани, ме интересира дали постои определен рок кога треба да се заменат документите од типот лична карта, возачка и пасош, поради промена на презиме по склучен брак?
Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски не е надлежно за ова прашање. За одговор на ова прашање обратете се во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дали може да откупи стан лице кое со фамилија живее непрекинато повеќе од 19 години во стан во сопственост на РМ а станот е со времено решание. Лицето на кое гласи станот нема да е е тука и нема никој кој би оспорил нешто. Значи дали јас и моето семејство имаме основ за купување на станот,не поседуваме ништо во смисол стан,плац-нива или нешто слично,недвижен имот. Одговорот ми е повеќе од важен. Со ПОЧИТ
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека корисник на стан со времено решение неможе да изврши откуп на станот согласно Законот за продажба на станови во општествена сопственост. Еден стан може да биде предмет за откуп согласно Законот за продажба на станови во општествена сопственост ако лицето кое го користи станот поседува акт за доделување (решение или одлука) и договор за користење кои се склучени на неопределено време. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Благодарам на одговорот но има мала нејаснотија,барем не ми е јасно мене.Имено на почеток на 2011 мислам С.В.36 има донесено Владата на РМ акт со кој се дозволува откуп на општествени станови во владение на РМ со решение од времен карактер на лице на кое глеси или на лица кои немаат соодветна документација за станот, а со цена по пазарен износ-пазарна цена услови 30%учество и остатокот на максимум 180 рати. Тоа се однесува за ти групи,разбрав така. апрашање дали може или носителот на временото решение да го откупи или и лицето кое зивее со носителот во интерес се разбира на помалку трошоци-пренос,нотари,и останати давачки кога и така износот оди во каса на РМ,и до кога е краен рок. Со почит и Благодарам однапред
Почитувани, Дозволете да Ве известиме за подетални информации околу Вашето барање ќе се обратите во Секторот за станбено-комунални работи и инфраструктура во рамките на Министерството за транспорт и врски, кај Сузана Камческа, тел: 3145-506. Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Jas sum Arsenoski Dimitri od Ohrid Ve molam da mi kazete dali e otpocnata procedurata za legalizacija divogradbi vo stariot del na gradot .Komletnata dokumentacija ja imam dostaveno na 1-vi Juni.po posta .
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во согласност со законските рокови, односно најдоцна до 6 месеци, доколку ги исполнувате условите предвидени со Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ”, бр.23 од 24.02.2011 година) истите ќе може да се легализираат. За секое постапување ќе бидете известени од Министерството за транспорт и врски. Со почит, Министерство за транспорт и врски за Република Македонија.
има случаи каде во општествеи стан се диво вселени лица и добиваат можност за откуп на станот со тоа што живеат повеќе од 10 години каква е процедурата или како е можно? Нели по 10 години живот во објект има право да го -барем предност откупи?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во однос на Вашето прашање немате дадено прецизни податоци за каков стан се работи. Становите со кои стопанисува АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката (порано ЈПССДП на РМ) се државни станови односно истите се во сопственост на Република Македонија. Ако едно лице е бесправно вселено во стан кој е во сопственост на РМ, тоа не значи дека тој е бесправно вселен во општествен стан. Лице коe живее во стан врз основа на акт (решение или одлука и договор за користење донесени пред 16 мај 1998 година), тогаш за тој стан велиме дека е општествен стан односно истиот може да биде предмет на продажба согласно Законот за продажба на општествени станови. Согласно член 40 од Законот за домување лицата кои користат стан во сопственост на РМ без соодветен акт за доделување и користење можат да поднесат барање: - за откуп на станот во АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката или - за закуп на станот во Комисија за станбени прашања при Влада на РМ. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Одговорот на прашањето од 11,09 е во ред но пошто и претходно прочитав значи има сигурно и други случаеви од типот општествен стан а без акт... но потенцирам диво вселен или пак живее со лице на кое гласи времено решение добиен под образложение за немање каде да живее,е во таков стан живее и фамилија која исполнува се од условите - нема стан или друг недвижен имот ни тој ни некој од семејството - жители и државјани на РМ - станот е доделен на лицето со решение на влада на РМ пред 16,05,1998г Лицето нема намера да го купи односно да поднесе барање за купување на станот а пак јас и моето семејство веќе 12 години ги подмируваме сметки,одржуваме и едноставно живееме во тој стан. Да кажам и дека не сме вработени и двајцата па со две малолетн деца некако излегуваме на крај како и други. Каде со случајов? На улица или да ги поднесам сите барани документи иако не е на мое име? И да кажам дека нема никаква пречка од лицето на кое гласи временото решение. Благодарам за досега одговореното и да напоменам-пото ќе прочитаат и други некој написал не сте одговарале-до сега на се прашано одговорено за 2-3 дена Уште еднаш Благодарам
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме за подетални информации околу Вашиот проблем можете да се обратите во Секторот за станбено-комунални работи и инфраструктура кој е во рамките на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија. Можете да ја побарате Сузана Камческа на тел: 02/2145-506. Ви благодариме за соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
Од Битола сум кај нас има економско дали би ме примиле во економско во скопје оти во мојот град има?
Почитувани, Поставеното прашање не е во надлежност на Министерството за транспорт и врски. Со почит, Министерство за транспорт и врски
Почитувани, сакаме да откупиме стан за кој имаме времено решение кое е истечено, не третираат како диво вселени .Е сега вредноста на станот се утврдува според уредбата за Методологија за утврдување на станот,согласно законот за домување. Арно ама вработените во ЈПССДП не ни дават на увид како ја пресметале вредноста,па јас на интернет ја пронајдов уредбата и ја пресметав вредноста која е многу пониска од таа што ја бараат во ЈПССДП. Кому да се обратам?
Почитувани, Во врска со Вашето прашање дозволете ни да Ве известиме со член 41 став 5 од Законот за домување АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката е задолжено да изготвува пресметка за вредноста на станот согласно Уредбата за методологија за утврдување на вредноста на станот, како и методологијата за утврдување на висината на закупнината, висината на непрофитната закупнина, начинот на плаќање на закупнината, просторните норми, начинот на користење на станот, постапката за доделување на непрофитни станови, станови за службени потреби, за привремен закуп и закупот на станови за определена намена (Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/10 30/2010), потребно е писмено да се обратите во горенаведеното акционерско друштво. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дали ке се града социјални станови за млади брачни парови во Гевгелија? Каде се аплицира за нив? Однапрд ви благодарам
Почитувани, Во Годишната програма за изградба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија за 2011 година ( „Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/11) предвидена е изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи групи во градот Гевгелија , локација; ул„Сава Михајлов“ бб, Блок А Ламела 2 и Блок Б Ламела 2 ( два објекта со по 22 стана односно вкупно 44 станбени единици). Социјални станови се распределуваат согласно Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр.96/2009 и 122/10), по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во огласот. Исто така, огласот содржи податоци за местоположбата на станбениот објект и адреса, број на станови и станбена површина, спецификација на потребната документација која барателот на стан треба да ја приложи, рок за поднесување на потребната документација како и критериумите по кои ќе се врши распределбата на становите. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Со Потврда бр.03-1186 од 27,10,2008 год. издадена од Г.Д.Гранит А.Д.Скопје,Гранит ќе ми продаде стан во Битола,стамбени кули Областа кула 1,со вредност од 618,64 Е/м2. и ДДВ од 18%.Во 2008 год.платив 65% од целокупната вредност.Во Сл.Весник бр.133од 03,11,2009год. ДДВ-то е намалено од 18% на 5%,но Гранит не сака да ми направи Нова пресметка на вредноста на станот со намален ДДВ,затоа што намалувањето на ДДВ-то не вази за мене т.е.плати,па после судски барај што сакаш.Сега останатите станови во зградата ги продаваат по повисока цена од 695,25 Е/м2.со 5%ДДВ,така да целокупната цена по м2 е иста.Мислам дека намалувањето на ДДВ-то трбаше да биде во интерес на купувачите,а не за градезните фирми.Ве молам како да постапам.Со поцит и благодарам однапред.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека горенаведениот закон е во надлежност на Министерството за финансии и затоа Ве молиме да се обратите до нив. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Која е улогата на Регулаторната комисија за категоризација на станови?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 97 од Законот за домување Регулаторната комисија за домување врши категоризација на становите и станбените згради за што издава уверение за извршена категоризација кое барателот е должен да го достави до органот надлежен за водење на јавна книга за запишување на правата на недвижности заради запишување (прибележување). Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Pocituvani sakam da ve prasam dali postojat stanovi za mladi bracni parovi i sto e potrebno da se aplicira za takov sta,bidejki nie sme bez reseno stambeno prasanje. Pozdrav.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во Годишната програма за изградба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија за 2011 година ( „Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/11) предвидена е изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи групи. Социјални станови се распределуваат согласно Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр.96/2009 и 122/10), по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во огласот. Исто така, огласот содржи податоци за местоположбата на станбениот објект и адреса, број на станови и станбена површина, спецификација на потребната документација која барателот на стан треба да ја приложи, рок за поднесување на потребната документација како и критериумите по кои ќе се врши распределбата на становите. Сите информации се објавуваат и на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски : www.mtc.gov.mk Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Случајно пребарувајќи по документите дома пронајдов договор од 1963 година со кој дедо ми го купил плацот од извесен продавач.Подоцна добил решение за да изгради куќа на него.Пред некое време извадив имотен лист на кој пишуваше дека плацот е со право на користење 814 и по таа логика дека ке треба да го приватизирам .Не пронајдов никакво решение со кое државата тогаш плацот го дала на користење на дедо ми како што тогаш ги доделувала на користење кои денес треба да се приватизира.По кој основ катастарот во имотниот лист прибележил право на користење 814.Однапред Ви благодарам.
Почитувани, Во врска со Вашето прашање, Ви го доставуваме следниот одговор: постапките за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост се водат во Министерството за финансии-управа за имотно правни работи (во општината каде се наоѓа земјиштето), а согласно тоа потребно е да се обратите до цитираниот орган за подетални информации. Додека доколку имате намера да прибавите било каков податок во однос на извршените промени и засновани права на една катастарска парцела во историјата, потребно е за истата да прибавите Уверение за историски преглед на извршените запишувања во катастарскиот операт од Агенцијата за катастар на недвижности, со кое ќе бидете запознаени со сите извршени промени и засновани права, како и за актите врз основа на кои се засновани тие права. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дали може да ми кажете како се врши пресметка на стан според уредбата за методологија за утврдување на вредноста на стан и висина на закупнина,според проеектната документација или според фактичката состојба? Бидејки се соочувам со проблем од ЈПССДП,тие ми пресметуваат и елементи кои јас сум ги вградил во станот на мој трошок што е парадоксално.
Почитувани, Изготвувањето на пресметката за вредноста на станот според Уредбата од 2010 година е во надлежност на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Dobro vecer jas sum bil stitenik na domot Ranka Milanovic vo skopje od 1999 do 2004 god roditeli nemam ziveam sam pod kirija do sega mi bilo lesno no sega mi doslo vreme da se zenam i ce mi bide malku potesko dali imate stanovi vo Tetovo koj bi go platil na rati da sklucam dogovor ili da mi pomognete vie preku Granit da mi dadat stan koj bi go platil na rati vi blagodaram od napred...
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во Годишната програма за изградба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија за 2011 година ( „Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/11) предвидена е изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи групи. Социјални станови се распределуваат согласно Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр.96/2009 и 122/10), по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во огласот. Исто така, огласот содржи податоци за местоположбата на станбениот објект и адреса, број на станови и станбена површина, спецификација на потребната документација која барателот на стан треба да ја приложи, рок за поднесување на потребната документација како и критериумите по кои ќе се врши распределбата на становите. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
поцитувани Станот во кој зивеам од1 12 1997 година непрекинато или 14 години е во сопственост на ЈПССДПнаРМ и е дрзавен .Доделен ми е со акт навремено користенје од 1,12.1997 годинаи зивеам непрекинато во него до ден денес.Дали мозе да ми седозволи да го откупам и под кои услови .Имам поднесено документи и минатата година кога рокот бесе до 30.12. 2010 и сега кога рокот бесе до 30.09 2011 и немам одговор.Кој е мојот статус.Во опстината во која зивеам не сум задоволна од одговорот.Јас сум евидентирана во ЈПССДП од денот на доделуването на станот.,Ме третираат како диво вселена и без соодветна документација .Напоменувам дека цитајки ги проблемите на другите се пронајдов себе и процитав дека имате дадено одговор дека сите оние кои имаат добиено стан до 16 мај 1998 година се опсествени и имаат право да го откупат како такви. По втор пат прасувам зосто јас немам право кога мислам дека по закон го имам тоа право во опстината се децидни дека не е така .Сакам вие да ми казете тоцно сто ме следува бидејки пак ке повторам станот го добив 1,12.1997 година.Барам прием кај вас или кај некој надлезен кој ке има време да ја види мојата документација и ке го реси мојот проблем зосто сакам да го откупам станот и јас со мојата сопруга и двете деца да имаме кров.Со поцит телефон 072 238 919 Молам за прием.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека врз основа на горенаведениот текст се работи за стан кој се користи врз основа на акт за времено користење на стан (поточно од 01.12.1997 година), но не се кажува до кога трае ова времено решение. Согласно постоечката законска регулатива корисник на стан со времено решение неможе да изврши откуп на станот согласно Законот за продажба на станови во општествена сопственост. Еден стан може да биде предмет за откуп согласно Законот за продажба на станови во општествена сопственост ако лицето кое го користи станот поседува акт за доделување (решение или одлука) и договор за користење кои се склучени на неопределено време. Бидејќи, се обидовме во неколу наврати телефонски да Ве исконтактираме, но не добивме одговор, затоа Ве покануваме да дојдете во просториите на Министерството за транспорт и врски - Секторот за станбено-комунални работи - Одделение за станбени работи, а со себе да ја понесете целокупната документација за станот со која располагате. Контакт телефон: 02/3145-506. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ме интересира каде треба да се обратам, во врска со становите за млади брачни парови, и кои услови треба да се исполнуваат? Благодарам однапред
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во Годишната програма за изградба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија за 2011 година ( „Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/11) предвидена е изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи групи. Социјални станови се распределуваат согласно Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр.96/2009 и 122/10), по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во огласот. Исто така, огласот содржи податоци за местоположбата на станбениот објект и адреса, број на станови и станбена површина, спецификација на потребната документација која барателот на стан треба да ја приложи, рок за поднесување на потребната документација како и критериумите по кои ќе се врши распределбата на становите. Сите информации се објавуваат и на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски : www.mtc.gov.mk Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Почитувани се работи за општествена стамбена зграда со два стана и со дворно место,едниот станар во 2004 склучува договор за откуп на цело дворно место и местото под зграда без да ја понуди другата страна т.е.другиот станар со тоа што пријавува дека зрадата е составена од подрум и прв спрат а станот што се наоѓа на вториот кат беше на отплата на 40 години,со склучен договор за купопродажба во 1994год.Во 2011 си го докупив станот.Кога отидов во катастар за земјата ми одговорија дека немам право на дворно место.Ме интересира како е можно Република Македонија да му го продаде дворното место на еден станар и дали може да се раскине договорот за купопродажба на дворното место за да можам да имам прраво и јас на дворно место?Однапред ви благодарам.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за откуп на дворно место надлежно е Министерството за финансии на Република Македонија. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ke ve molam koga vo najblisu vremenski period e predvideno od vladata,odnosno m-tvrski da objavi nekoj konkurs.za stanovi...za kategorija koi ne se socijalni slucaevi..da receme ..so se vo raboten odnos dvajca od familijata..da receme tatko majka ili pa kerka...so pocit..i se izvinivame..za latinicata..posto nemame instalirano makedonski font..pozdrav
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во Годишната програма за изградба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија за 2011 година ( „Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/11) предвидена е изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи групи. Социјални станови се распределуваат согласно Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр.96/2009 и 122/10), по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во огласот. Исто така, огласот содржи податоци за местоположбата на станбениот објект и адреса, број на станови и станбена површина, спецификација на потребната документација која барателот на стан треба да ја приложи, рок за поднесување на потребната документација како и критериумите по кои ќе се врши распределбата на становите. Сите информации се објавуваат и на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски : www.mtc.gov.mk Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Pocituvani ve molam za informacija. Se raboti za opsestven stan koj bese zemen preku Keramicki Kicevo na 40 godini. Stanot e celosno isplaten vo SB pred nekolku meseci pri sto po dobivanjeto na potvrdata izvrseno e brisenje na hipotekata. Ve molam kazetemi kako da go privatiziram stanot odnosno koj ke go plati danokot za da mozam celosno da ja zavrsam postapkata i da izvadam imoten list.Stanot se naojga vo Kicevo
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека Министерството за транспорт и врски - Сектор за станбено комунални работи и инфраструктура, издава Потврди за целосно исплатен стан по основ на склучени Договори за продажба на станови на рати согласно Законот за продажба на станови во општествена сопственост (“Службен весник на Република Македонија“ 36/90, 62/92, 7/98 и 24/03) врз основа на кои лицата го запишуваат правото на сопственост на станот во Агенцијата за катастар на недвижности. Врз основа на склучениот договор за купопродажба на стан во општествена сопственост на рати, странката (купувачот) врши уплата на ратите во некоја од деловните банки на територија на Република Македонија. По исплата на сите рати, купувачот зема потврда од деловната банка дека станот-предмет на купопродажниот договор е целосно исплатен. Потоа потребно е да се поднесе барање до Министерството за транспорт и врски за издавање потврда за целосно исплатен стан со следниве документи: оргинал или копија заверена кај нотар од договорот за купопродажба на стан и од потврдата од деловната банка за целосно исплатен стан и копија од личнна карта, а ако лицето-купувач е починато треба да се приложи и оставинско решение во оргинал или копија заверена кај нотар. Доколку лицето не е во можност лично да поднесе барање односно да ја подигне потврдата потребно е да овласти друго лице со полномошно заверено кај нотар. Министерството за транспорт и врски ја издава потврдата за целосно исплатен стан со која лицето оди во катастарот и го запишува правото на сопственост на станот во имотниот лист. Во врска со данокот на промет, во договорот за купопродажба на стан стои одредба согласно која „Данокот на промет на недвижноста што е предмет на овој Договор е обврска на купувачот“. Врз основа на ова купувачот за да може да изврши солемнизација на договорот кај нотар - прво мора да плати данок на промет, па потоа нотарот ја врши солемнизацијата на договорот. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Кои лица можат да аплицираат и кои услови треба да се исполнат за склучување на договор за откуп на општествен стан?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 131 од Законот за домување (Сл.весник бр. 99/09, 57/10, 36/11 и 54/11), носителот на правото на користење на стан на чии права, должности и одговорности во поглед на располагањето има Република Македонија, а кој го користи станот врз основа на акт и договор за користење на станот донесен пред 16 мај 1998 година, како и член на семејно домаќинство кој по смртта на носителот на правото на користење на станот го користи станот врз основа на акт на надлежен орган со кој се стекнал со правото на закуп и откуп на станот, е должен да поднесе барање за откуп на станот до органот надлежен за вршење на работите од станбено-комунална област најдоцна до 31 декември 2010 година. Согласно член 39 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување ( СЛ.весник 36/11) корисници на станови за кои се водат судски постапки, станови за кои ќе се одлучи да не се продаваат односно да бидат заменети со друг стан од страна на Владата на Република Македонија, станови кои до 31 декември 2010 година не се внесени во евиденцијата на станови во сопственост на Република Македонија и станови за кои се водат постапки за пренос на правото на користење на стан имаат право да поднесат барање за откуп на станот по завршувањето на постапките. Потребната документација која барателот ја поднесува до Министерството за транспорт и врски за склучување на купопродажен договор треба да е во оригинал или копија заверена кај нотар и тоа: - Решение за користење на станот - Договор за користење на стан - Уверение за државјанство - Изјава заверена на нотар дека нема друг стан или куќа на територија на РМ - Фотокопија од важечка лична карта По комплетирање на документацијата, Министерството за транспорт и врски се обраќа со писмен допис до АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката со барање да изготват пресметка за вредноста на станот и да ни достават оригинален имотен лист. По завршување на постапката до издавање на Договорот за купопродажба сите документи поднесени во оригинал ќе бидат вратени на странката заедно со Договорот. По плаќање на данокот странката на нотар го солемнизира договорот и потоа врши упис во катастар. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Me interesiraat uslovi zaZAKONOT SUBVENCII KUPI KU{A KUPI STAN koj sto stapuva na sila 01.01.2012. Nemozam da najdam nikakvi informacii za sledni raboti 1.Koja banka ke odobruva kredit 2.Koi stanovi i vo koi naselbiu se naodjat 3.za da zemam kredit za stan od 50m2 kolku treba da imam neto plata.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека проектот Купи куќа, купи стан не е во надлежност на Министерството за транспорт и врски на РМ. Обратете се во Министерството за финансии на РМ. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Имам општествен стан, за кој имам договор за откуп на рати на 40 год.Пред извесен период го отплатив целосно преку банка.Неможам да добијам имотен лист затоа што катастарот бара доказ за платен данок на промет. Во локалната самоуправа велат дека Владата треба да го плати данокот, затоа што во договорот не стои клаузула во врска со тоа, што подразбирало дека продавачот го плаќа данокот, во овој случај државата.(Во колку треба дополнителни податоци ќе ви ги презентирам) Благодарам.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека Министерството за транспорт и врски не е надлежно за Вашето прашање. Даноците се во рамки на Министерството за финансии на Р.Македонија. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Живеам во општествен стан на Македонски железници за кој имаме Договор и Решение за носител на станарско право од 1966 г., но одЖелезница ни рекоа дека мора да направиме нов договор кои гласи ДОГОВОР ЗА ЗАКУП од 2001г и со сите документи ги поднесовме за откуп на стан и испадна сега ние 50 години што сме плаќале кирија да не мможеме да го откупиме МОЛАМ ДА МИ ОДГОВОРИТЕ на кој начин да го спроведеме откупот. Благодарам
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме бидејќи со склучување на договор за закуп на стан во 2001 не сте носител на станарско право, за евентуално решавање на Вашето барање за откуп на станот можете да поведете постапка пред надлежен суд. Доколку одлучите да не поведете постапка пред надлежен суд, должни сте да се обратите до Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката за склучување на нов Договор за закуп на стан без право на откуп, од причина што согласно член 99 став (3) точка (4) од Законот за домување („Службен весник на Република Македонија” број 99/09, 57/10, 36/11 и 54/11), Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката е задолжено за водење на единствена евиденција на станбениот простор кој е во сопственост на Република Македонија. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ве Г: молам да ми одговорите татко ми има склучено Договор за закуп на стан во 2009г со тоа што му е спорно за откупување и КОЈ Е НАЧИНОТ ЗА ОТКУП НА ВАКВИ СТАНОВИ СО ПРЕДХОДНО ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СТАН СО НОСИТЕЛ НА СТАНАРСКО ПРАВО ОД 1966г а сега почина пред дваипол месеци а јас сум му ќерка и со него живеам во овој стан непрекинато 50 годин.Која е постапката јас да го префрлам станот на мое име и дали можам да добија ДОГОВОР ЗА ЗАКУП И ОТКУП?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за детално разгледување на Вашиот случај потребни ни се дополнителни информации и Ве молиме да се јавите во Секторот за станбено-комунални работи и инфраструктура на телефонскиот број: 02/3145-506. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
ve molam da mi odgovorite kolku vreme treba da cekam za dogovor za otkup na stan vo koj ziveam veke 2o godini dodelen preku REK bitola a pred 6 meseci mi odobrija stalno stanarsko pravo,site potrebni dokumenti se isprateni do ministerstvoto no veke 6 meseci nemam nikakov odgovor.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека потребно е да го доставите бројот на предмет, име и презиме, како би можеле да го провериме Вашето поднесено барање. Исто така, може да се јавите директно во Министерството за транспорт и врски, Сектор за станбено-комунални работи и инфраструктура на телефонскиот број: 02/3145-489 и 02/3145-519. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Mi treba pomos okolu Uredbata za metodologija za utvrduvanje na vrednosta na stanot od 01.02.2010 godina. kade da se obratam?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека Уредбата за методологијата за утврдување на вредноста на станот, како и методологијата за утврдување на висината на закупнината, висината на непрофитната закупнина, начинот на плаќање на закупнината, просторните норми, начинот на користење на станот, постапката за доделување на непрофитни станови, станови за службени потреби, за привремен закуп и закупот на станови за определена намена, може да ја најдете на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски во делот Регулатива-Подзаконски акти од Законот за домување. Со почит, Министерство за транспорт и врски
POCITUVANI naiduvam na tezok problem.Zivejam vo snat na sopstevenost na Rm od 1984g so mojot pocinat suprug neprekinato odglevame 5deca vo istiot.Vo pozar koj bese predizvikan vo istiot stan ostanavme bez dokumentacija bez resenie za stanot koj glasese na soprugot.PRODOLZUVAME redovno da si ja placame kirijata-zakupninata BIDEJKI ni ja baraa i ne zaduzuvaa.vo nekolku navrati se obrtiv do ministerstvo za transport i vrski,do komisija za iselenicki prasanja do vlada na rm i do premierot, za dodeluvanje na resenije za stanot.SITE odgovori se svedoa deka nadlezni za toa se javnoto pretpriajatie za stopanisuvanje so stanben i deloven prostor na Rm_kumanovo. Vo medjuvreme izleguva prodazbata na opstestveni stanovi na RM vo zapazeniot rok gi dostaviv site potrebnni dokumenti osven RESENIE ZA STANOT koje so godini baram da mi se obnovi i izdede Vo AVGUST me povikuvaat od podruznata edinica kumanovo da apliciram za otkup na stanot kako lice bez sootvedna dokumentacija-DIVO VSELEN.APLICIRAV SO NADEZ DEKA TAKA POLESNO CE SI GO RESAM PROBLEMOT.SE napravi procenka na stanot koja e ne realna 8000evra za stan od 29kvm za stan deleku 25km od gradot i haoticna sostojba na celata zgrada. KAKO MOZAM DA SI GO OSTVARAM STANARSKOTO PRAVO DA DOBIJAM RESENIE I AVTOMATSKI DA BIDAM VO DRUGATA GRUPA za da mozam da si go kupam stanot po mnogu poniska cena od 2400evra ako s eplati vo gotovo 70%popust a ovaa grupa divo vseleni nema nikakva pOVOLNOSTI KAKO MOZAT DA ME SMEETAAT ZA DIVO VSELENA ??I NA KOJ OSNOV METERAT I ZIMAT PARI OD KIRIJATA-ZAKUPNINATA??ispadja deka nelegalno gi zemat.. vo javnoto pretprijatie ima mn nejastonii koi ne sakat da gi resat.ili nekoj od seto ova ima korist-moze e privatna smetka na nekoj od vrabotenite vo kumanovo na koja placame kirija so godini. dali pravdata treba po sudsi pat da ja ostvaram??? BLAGODARAM
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека доколку го немате Решението со кое сте определени за носител на станарското право може да го побарате во АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката, бидејќи тие го имаат склучено Договорот за користење на станот токму по таа основа на ова Решение и би требало да го имаат. Доколку ова не може да се реализира, тогаш единствена солуција е судска постапка со која ќе се докаже станарското право – доколку судот одлучи позитивно, во тој случај ќе може да го купите станот по ниска цена односно по општествени услови. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ме интаресира каде треба да се обратим и да аплицирам за станове за млади брачни парови во Скопје?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека социјални станови или станови за млади брачни парови се распределуваат согласно Одлуката за распределба на станови како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија, по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во огласот. Исто така, огласот содржи податоци за местоположбата на станбениот објект и адреса, број на станови и станбена површина, спецификација на потребната документација која барателот на стан треба да ја приложи, рок за поднесување на потребната документација како и критериумите по кои ќе се врши распределбата на становите.Сите информации се објавуваат и на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски : www.mtc.gov.mk Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
me racunat divo vselen vo opstestvenstan vo koj ziveam od 84g.kirijata sto ja placame glasi na imeto na tatko mi koj e pocinat!podnesovme za kupuvanje na stanot vo interes na pomalku troskovi prenos roditel dete potoa znaci kolku vreme zivee majka mi tolku i jas vo istiot ZOSTO NEMOZAM KUPOVANJETO D AGO IZVRSAM NA MOJE IME?? SO POCIT
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно Законот за домување, членовите на семејно домаќинство корисници на станот, по смртта на носителот на правото на користење на станот можат да поднесат барање за пренос на правото на користење на стан до органот надлежен за вршење на работите од станбено-комунална област и доколку ги исполнуваат условите органот ќе донесе акт со кој станот се дава под закуп со право на откуп. За пренос на правото на користење на стан треба да се исполнети следните услови : - да постои акт и договор за користење на станот на име на носителот на правото на користење на станот; -барателот да е член на семејното домаќинство и живеел во заедница со носителот на правото на користење на станот; -барателот да е државјанин на Република Македонија; -барателот не е сопственик на стан или куќа на територијата на Република Македонија; -барателот да е единствен носител на правото за пренос на правото на користење на станот; Кон барањето за пренос на правото за користење на стан се доставува следната документација : - акт и договор за користење на станот на име на носителот на правото на користење на станот; -извод од матична книга на умрените за носителот на правото на користење на станот; -извод од матична книга на венчаните или извод од матична книга на родените за барателот; -уверение за државјанство за барателот; -уверение за жителство за барателот; -копија од лична карта за барателот; -изјава заверена на нотар со која барателот потврдува дека нема во сопственост стан или куќа на територијата на Република Македонија и -изјава заверена на нотар со која барателот потврдува дека е единствен носител на правото за пренос на правото на користење на стан. Доколку повеќе членови на семејно домаќинство се стекнале со правото за пренос на правото на користење на стан, барателот треба да достави изјава заверена на нотар дадена од останатите носители на ова право, со која му се дава согласност за пренос на правото на користење на стан или одлука од надлежен суд со која е утврдено ова право. Горенаведената документација се доставува во Министерството за транспорт и врски во оригинал или копија заверена на нотар. Членовите на семејно домаќинство кои нема да се стекнат со правото на користење на стан ќе се сметаат за корисници на стан во сопственост на Република Македонија без соодветно оформена документација. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Dobar den,bi sakala da se informiram koga otprilika bi bil konkursot za apliciranje za stan za mladi bracni parovi, so cel da ne go propustime terminot,odnapred Vi blagodaram, so pocit, Emilija
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека социјални станови или станови за млади брачни парови се распределуваат согласно Одлуката за распределба на станови како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија, по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во огласот. Исто така, огласот содржи податоци за местоположбата на станбениот објект и адреса, број на станови и станбена површина, спецификација на потребната документација која барателот на стан треба да ја приложи, рок за поднесување на потребната документација како и критериумите по кои ќе се врши распределбата на становите.Сите информации се објавуваат и на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски : www.mtc.gov.mk Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
колку изнесува легализирање на станбена површина по м2 за станување, (и дали има разлика приземје и 1 2 кат), а колку за деловен простор во Општина Гостивар
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека висината на надоместокот за утврдување на правен статус на станбени згради за колективно домување е еднаква на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште кој се пресметува во постапката за добивање на одобрение за градење за овие објекти, која е утврдена од единиците на локалната самоуправа до денот на влегување во сила на овој закон, при што во предвид се зема изградената површина на бесправниот објект, утврдена со геодетскиот елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дали можево секое време без најава да се дојдево министерството или треба претходно закажуваоање?Имам поставувано прашање и добив одговор дека треба да дојдам со целокупна документација а нема потенцирано време. Сакам да дојдам па сакам дазнам дали може во секое времеда го сторам тоа и до колку часот? Контакт телефон 072 238 921 Со почит и онапред ви благодарам
Почитвувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во зависност од Секторот кој е надлежен за Вашето прашање може да се обратите телефонски во Министерството за транспорт и врски каде ќе бидете насочени подетално кога и каде да дојдете. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Имаме добиено општествен стан во декември 1997 современ договор,договорот по автоматизам беше продолжуван идо ден денес непрекинато живеам во негоили полни 14 години . Ме третираат како корисник на стан без соодветна документација. Па возаконот стои дека лица кои добиле стан до 16 мај 1998година врз основа на акт (договор)на определено или неопределено време има право на откуп на стан по општествени услови.Ги имам запазено сите временски рамки за поднесување на документи(и за општествени и за пазарни услови)Ме интересира како можам јас да добијам станарско право бидејки непрекинато живеам од 1997 година и мислам дека имам право да го откупам станот во кој живеам по општествени услови . Контакт телефон 072 238 901 Со почит и однапред ви благодарам
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за откуп на општествен стан, во архивата на МТВ - Сектор за станбено-комунални работи и инфраструктура се поднесува Барање за издавање на потврда за целосно исплатен стан (во архивата има готов образец од барањето) и се приложува следната документација која е наведена во барањето: 1. Договор за купопродажба заверен во суд (или кај нотар солемнизиран) (Оригинал) 2. Потврда од банка за целосно исплатен стан (во оригинал) 3. Фотокопија од лична карта 4. Доколку лицето не е во можност лично да ја подигне потврдата потребно е полномоштво заверено кај нотар за лицето кое ќе биде повикано во МТВ Доколку лицето купувач е починато треба да се достави и оригинално оставинско решение. По завршување на постапката до издавање на потврдата сите документи приложени во оригинал ќе бидат вратени заедно со потврдата. За подетални информации може да се јавите директно во Секторот за станбено-комунални работи и инфраструктура на телефонскиот број: 02/3145-506. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
koja e procedurata za otkup na drzaven stan odnosno stan na R.M?
Почитувани, Согласно член 131 од Законот за домување (Сл.весник бр. 99/09, 57/10, 36/11 и 54/11), носителот на правото на користење на стан на кој права, должности и одговорности во поглед на располагањето има Република Македонија а кој го користи станот врз основа на акт и договор за користење на станот донесен пред 16 мај 1998 година, како и член на семејно домаќинство кој по смртта на носителот на правото на користење на станот го користи станот врз основа на акт на надлежен орган со кој се стекнал со правото на закуп и откуп на станот, е должен да поднесе барање за откуп на станот до органот надлежен за вршење на работите од станбено-комунална област најдоцна до 31 декември 2010 година. Согласно член 39 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување ( СЛ.весник 36/11) Корисници на станови за кои се водат судски постапки,станови за кои ќе се одлучи да не се продаваат односно да бидат заменети со друг стан од страна на Владата на Република Македонија, станови кои до 31 декември 2010 година не се внесени во евиденцијата на станови во сопственост на Република Македонија и станови за кои се водат постапки за пренос на правото на користење на стан имаат право да поднесат барање за откуп на станот по завршувањето на постапките. Потребната документација која барателот ја поднесува до МТВ за склучување на купопродажен договор треба да е во оригинал или копија заверена кај нотар и тоа: - Решение за користење на станот - Договор за користење на стан - Уверение за државјанство - Изјава заверена на нотар дека нема друг стан или куќа на територија на РМ - Фотокопија од важечка лична карта По комплетирање на документацијата, ние (МТВ) се обраќаме со писмен допис до АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката со баарње да изготват пресметка за вредноста на станот и да ни достават оригинален имотен лист. По завршување на постапката до издавање на Договорот за купопродажба сите документи поднесени во оригинал ќе бидат вратени на странката заедно со Договорот. Потоа странката плаќа данок и оди кај нотар за да се солемнизира договорот, па потоа врши упис во катастар. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Ve molam da mi dadete pojasnuvanje zosto PROEKTOT KUPI KUKA KUPI STAN ne go pojasnuvate na gragjanite vo celost. Proektot ubavo e zamislen dosta e privlecen za javnosta no vo realnosta ne e taka ednostavno kako sto se pretstavuva. Imeno za da dobiete stanben kredit potrebni Vi se dva kokreditobarateli , postoi diskriminacija toa e samo za mladi bracni parovi i bankata raspolaga so odreden broj na gradezni firmi so koi e neophodno da sklucite preddogovor za kupoprodazba na stan.Smetam deka za eden vakov proekt administrativnata procedura e dosta komplicirana i diskriminatorna za gragjanite, za postari od 40 godini ne bil predviden proektot Vi se molam kakva diskriminacija !!! Pozdrav od razocaran gragjanin!
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека Проектот Купи куќа, купи стан е проект на Министерството за финансии на Република Македонија. Ве молиме за повеќе информации да се обратите до надлежното министерство. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Ve molam dali moze da se aplicira za proektot kupi kuka kupi stam dokolku mesecnite primanja ti se 10000 denara nie sme petocleno semejsvo a vraboten e samo soprugot bidejki kukata vo koja so ziveeme ne e nasa sopstvenost i e so teski uslovi potocno nema sanitaren cvor bi ve zamolila da ni odgovorite dali imame pravo da aplicirame .iskreno ve pozdravuvam i vi blagodaram .
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека Проектот Купи куќа, купи стан е проект на Министерството за финансии на Република Македонија. Ве молиме, за одговор на Вашето прашање да се обратите директно до надлежното министерство. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Vo 2000 godina potpisav dogovor za zakup na stan vo sopstvenost do togas na MI Brako od Veles (koe sega e likvidirano) so JPSSDP od Veles vo vremetraenje od 10 meseci.Na ovoj dogovor se nadovrzuva i odlukata sto togas ja donese firmata MI Brako za dodeluvanje na tri stana na tri lica na opredeleno vreme na koristenje od 10 meseci.Posle istekot na dogovorot pobarav da mi se dozvoli otkup na istiot no vo toa vreme ne dobiv nikakov odgovor.Potoa vo 2003 godini dostaviv i baranje za otkup i do Vladata na R.M no dobiv odgovor deka nadlezni za ovoj problem bila komisijata za stambeni prasanja pri Vlada na R.M.Vo 2007 g.isprativ i tamu baranje i dobiv deka sum nemal pravo da go otkupam stanot bidejki stan pod zakup ne podlezel na zakonot za otkup na opsestveni stanovi.Potoa bev vo JPSSDP -Veles i pobarav da i tie mi objasnat kako da go razresam ovoj moj problem.Mi rekoa da platam okolu 4000evra pa potoa ke videle dali mozele da mi go prodadat stanot.Jas ne go prifativ toa i pobarav da se obidat da mi dokazat vo koja grupa na korisnik me vmetnuvaat bidejki me tretiraa kako bespravno vselen.Sega so nekoj nov zakon me teraat da go otkupam stanot po enormno visoka cena okolu 43000 evra po nekoja nova metodologija.Se obidov da doznaam od kade taa cena no dobiv samo pismo vo koe sto mozam da go otkupam stanot so 30% ucestvo i ostanatoto na 180 rati i cenata e 43000 evra.Pa ottuka prasuvam kade mozam da se obratam kaj vas vo ministerstvoto da nekako mi se pomogne bidejki ovaa cena e premnogu visoka za moite licni primanja za da ja ne bi ostanal na ulica.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека имајќи го во предвид горенаведеното се работи за стан кој го користи лице без соодветен акт за доделување и користење. Начинот, условите и постапката за продажба и закуп на овие станови е согласно одредбите од Законот за домување „Сл. Весник на РМ бр. 36/2011“ ( од член 40 до член 44) . Имено, постапката за продажба на овие станови ја спроведува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, а вредноста на станот се определува согласно Уредбата за методологија за утврдување на вредноста на станот, како и методологијата за утврдување на висината на закупнината, висината на непрофитната закупнина, начинот на плаќање на закупнината, просторните норми, начинот на користење на станот, постапката за доделување на непрофитни станови, станови за службени потреби, за привремен закуп и закупот на станови за определена намена ( Службен весник на Република Македонија број 13/10, 30/10 и 151/11) Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
ve molam da mi kazete od koga do koga e apliciranjeto na socijalni stanovi za mladi bracni parovi i se nadevam deka ke ja imam taa sansa da apliciram.odnapred vi blagodaram pozdrav ljupka-bitola
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во тек е огласот за седумдесет станови за млади брачни парови и самохрани родители во Битола, а додека рокот за поднесување барања е до 28-ми април 2012 година. Сите други детални информации можете да ги видите на нашата интернет страница: www.mtc.gov.mk. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Имам добиено општествен стан во декември 1997 год.со времен договор на корристење.Договорот по автоматизам беше продолжуван и до ден денес живем во него со сопругата и двете деца. Во неколку наврати ви пишував и добивав одговор ама никако да ми стане јасно зошто не можам да го откупам станот по општествени услови кога во законот децидно пишува дека сите што имаат добиено стан пред 16. 05.1998 се третираат како општествени и можат да бидат предмет на откуп по општесвени услови јас станот го добив на 1. 12. 1997.и мислам дека треба да ми се испочитува правото и јас да го откупам станот по општествени услови а не по пазарни.Мислам дека кога некој живее во општествен стан стан повеке од 15 години стекнува станарско право или пак не е така незнам како можам јас да го остварам тој правен статус.Или накратко можам ли да добијам право на купување на станот во кој живеам општествени услови или не. Ве молам да ми образложите или да ме примите во вашето министерство.Контакт тел.072.238.921 Однапред ви благодарам бидејки навистина сакам да го купам станот.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно постоечката законска регулатива, Министерството за транспорт и врски не врши продажба на станови на лица кои имаат времени договори бидејќи истите биле носители за одреден временски период кој што е наведен во договорот. По истекот на временскиот период , а во зависност од одредбите во договорот лицето требало да се исели од станот. Во вашето прашање не е јасно наведено како и кој го продолжувал договорот по автоматизам. За консултации може да се обратите во Секторот за станбено-комунални работи и инфраструктура на телефонскиот број: 02/3145-506. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани,Сакам да ве прасам дали ке има промена во методологијата за откуп на општествените станови бидејки е многу скапо од гледна точка што истите станови во моментот на моите соседи е 3000 евра а на мене 20 ооо па каде е реалноста ова го кажувам бидејки не е реално .Сакам и да се информирам дали ако станот го земеме под закуп и ако во иднина дојдеме до подобри финансиски средства ке можеме да си го купиме или не.Поздрав
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за становите кои се продаваат согласно Законот за продажба на станови во општествена сопственост АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, изготвува пресметка за вредноста на станот согласно Уредбата донесена во 1992 година во која се пропишани критериумите и начинот на утврдување на продажната цена на становите во општествена сопственост и при нејзиното изготвување (пополнуваат) два вида на обрасци и тоа: Образец за утврдување на продажна цена на становите во општествена сопственост (член 2 од Уредбата) и Образец за утврдување на градежната вредност на станот изразена во бодови за 1м2 (член 3 од Уредбата). Бидејќи вашето прашање не е јасно поставено, Ве молиме да се обратите во Секторот за станбено-комунални работи и инфраструктура на тел.број: 02/3145-506. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
sakam da se informiram koga ce ima promena na urbanistickiot plan za grad Skopje,potocno za Kisela voda,zatoa sto sakav da kupam mesto za izgradba na kuka no od opstina Kis. voda me informiraa deka na toj prostor ne moze da se dobie markica dodeka ne se napravi promena na urbanistickiot plan.Odnapred blagodaram
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“, бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11 и 53/11), постапката за изработка и донесување на урбанистичките планови од членот 7, точка 2, алинеа 2, 3 и 4 на овој закон, се во надлежност на општините. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
ја почитувам одлукатана Владата на РМ за откуп на општествените станови, но морам да кажам и да апелирам до Регулаторната Комисија во однос на пресметката на становите.Методологијата за пресметка на становите за сите е еднаква мислам дека некаде не е во ред Стан изграден 1945 год од камен и кал без плоча со стари врати и прозорци стара инсталација дрвени скали купатила сами правевме и подот е од дрвени обични даски и др,еднаква цена со понови станови кои се опремени со се .Ве молам ова да го презентирате и соопштите на комисијата и ако се волни да направат промена во врска со пресметката на становите за откуп.Стан изграден 1945 и стан изграден 1985 иста цена мислам дека не е во ред.однапред ви благодарам и ако вие не сте надлезни за ова кажете ми каде да прашам и да донесам факти за случајот.Навистина сакам даси го купам станот ама многу ама цената е многу висока и за такамалиот мој домасен буџет.ако извадам кредит нема да можам да плакам и рата за кредит и рата за стан. Би замолила да се направи несто и за ваквите категории на грагани кои се во голем број. ПОЗДРАВ,
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека изготвувањето на пресметката за вредноста на станот е во надлежност на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката. Министерството за транспорт и врски нема надлежност во овој случај. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
pocituvani dozvolete da vi se obratam.va molam za odgovor na moeto prasanje.sakam da prasam dali imam pravo da se otkazam od gradenje na kukata sto sum zapisana vo gradeznata dozvola zaedno so roditelite .kukata e izgradena i ne e zapisana vo katasterot.blagodaram. odgovorete mi so da ili ne .
Почитувани, Доколку согласно доказот за сопственост е издадено одобрение во кое фигурира подносителот на прашањето, промена на инвеститор се врши во законска постапка согласно член 70 од законот за градење. Доколку објектот е во постапка за легализација, некој од сосопствениците со изјава заверена на нотар може да го отстапи своето право во корист на други сосопственици да во соодветна законска постапка се стекнат со решение за третман на бесправен објект со кој ќе се запишат во АКН-катастар. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
pociyuvani mi interesira kako mojam da konkuriram za drjavnite stanovi 50-50
Почитувани, Со оглед на тоа што Вашето прашање не е целосно поставено, претпоставуваме дека се работи за проектот Купи Куќа, купи стан, па Ве молиме за одговор да се обратите во Министерството за финансии на РМ. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Imame podneseno baranje do komisija za stambeni prasanja na Vlada na Republika Makedonija, na koe nemame dobijano odgovor veke od oktomvri mesec. Sakame da dobijame nivni telefonski broj za da gi iskontaktirame zatoa sto ako treba da aplicirame do Ministerstvo za transpord i vrski za zakupuvanje na stan pod zakup, treba da si gi povratime dokumentite od kajniv, zatoa sto stanuva zbor za orginali. Se nadevam deka ke ne informirate i regularno da podenseme baranje do vas...So pocit graganka od Prilep.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во врска со Вашето прашање за Комисијата за станбени и иселенички прашања може да се обратите на телефонскиот број: 02/ 3118-022, локал: 227. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
zdr imame skluceno dogovor za otkup na opsestven stan no imame zaostanata neplatena stanarina dali mozi da se plati na rati zaostanatata stanarina no pred se isto taka procenkata na nasiot stan e mnogu golema vo sporedba so stanovite na procenkata na drugite stanovi vo nasata zgrada kade mozi da se prasa za procenkata i dali mozi da se napraj druga procenka da se pozalam i kaj treba inaku nie sme 4cleno semejstvo so samo edno primajne socijalna pomos i eden bolen clen imame vo semejstvoto dali ima isto taka popust za socijalen slucaj pozdrav ocekuvam odgovor pozz
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за одговор може да се обратите со детални податоци во Секторот за станбено-комунални работи и инфраструктура на телефонскиот број: 02/3145-506. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Ние сме две сестри кои живееме во странство. Живеевме во државен стан со нашиот татко. Бевме многу души во станот. Добивме проширување и добивме уште еден идентичен стан кој се водеше на името на татко ми. Не знам на кој начин едната сестра заедно со едниот брат успеале поединечно да си ги препишат становите на нивното име. Ние не бевме прашани за становите. Дали е можно да бевме отфрлени од решение во кое правилно и ние се водевме? Би сакала да знам каде да се обратам за ова прашање и каде да поднесам тужба?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за да може да ви дадеме конкретен одговор на Вашето прашање потребни ни се дополнителни податоци во врска со становите и носителот на станарското право. Затоа, може да се обратите писмено до Одделението за станбени работи со сите детални податоци или на телефонскиот број 02/3145-506. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
ke ve molam da me informirate kade bi mozela da se obratam ,i dali vo grad veles momentalno ima slobodni socijalni stanovi za lica so posebni potrebi .ke ve molam da mi odgovorite .so pocit
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека станови за млади брачни парови, за самохрани родители и социјални случаи се распределуваат согласно Одлуката за распределба на станови како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за 2013 година, по пат на јавен оглас - објавен во дневниот печат, на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани лица и да конкурираат со поднесување на соодветна документација која ќе биде наведена во огласот. Исто така, огласот содржи податоци за местоположбата на станбениот објект и адреса, број на станови и станбена површина, спецификација на потребната документација која барателот на стан треба да ја приложи, рок за поднесување на потребната документација како и критериумите по кои ќе се врши распределбата на становите. Сите информации се објавуваат и на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски : www.mtc.gov.mk. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, Живеам во стан од моето раѓање , веке 25 години кој е доделен на мојот покоен дедо со договор за времено решавање на стамбеното прашање. Во станот живеам со моите родители и на 03 јуни 2010 година татко ми има поднесено барање за откуп на станот но тогаш му кажале дека за овие станови нема донесено закон за откуп. Каде може да се обратиме и дали има закон за откуп на овие станови. Никој од моето семејство го нема решено стамбено прашање и сите зивеем во тој стан. Овде нема можност да го прикачам дговорот со кој му е додекен станот на мојот покоен дедо.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека бидејќи немате наведено никакви податоци за да може да видиме за каков стан станува збор, може да се обратите во Секторот за станбено-комунални работи на телефонските броеви: 02/3145-506 и 02/3145-489, каде може детално да ви се објасни постапката или да дојдете директно во просториите на министерството. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, ако може да ми одговорите дали при прва купопродажба на стан од инвеститор се плаќа данок на промет и ако се плаќа колку изнесува и кој го плаќа. Ви благодарам
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека Вашето прашање не е во надлежност на Министерството за транспорт и врски, па за одговор може да се обратите до Министерството за финансии и Град Скопје, во Одделението за даноци. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Живеам во општествен стан за кои имам Договор за користење на стан татко ми (почина-2011г) беше носител на станарско во кој и јас како ќерка сум носител на станарско право повеќе од 40 години, но побарвме премерување заради внатрешно проширување и ЖТП ни издаде Договор за закуп во 2009 г. наместо Договор за закуп и откуп и зарди тој Договор Министерство не одби за да го откупам станот сега јас незнам кај да се обратам и како да се добие нов Договор каде ќе си го вратам носител на станарско право. Ви благодарам.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека од Одделението за станбени работи не известија дека со дописот за одбивање веќе сте биле известени за начинот како да го регулирате станбеното прашање согласно постоечката законска регулатива. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Дали договорот за закуп на деловен простор треба да се пријави во Агенцијата за катастар. Договорот за закуп е поднесен во УЈП.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека министерството за транспорт и врски во своето законско постапување нема надлежност по однос на прашањето. Согласно член 2 став 1 точка 2 од Законот за катастар на надвижности, „Катастар на недвижности“ е јавна книга во која се врши запишување на правото на сопственост и на другите стварни права на недвижностите, на податоците за недвижностите, како и на други права и факти чие запишување е утврдено со закон. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
pocituvani sedam vo stan pod zakup vo sopstvenos na republika makedonija imam resenie koe glasi so pravo da go koristam do zavrsuvanjeto na vrsenjeto na na funkcijata,me interesira da li e mozno da se promeni resenieto za da ostvaram pravo za da go otkupam i dokolku e mozno kade treba da se obratam
Почитувани, Органот кој го издал постоечкото решение има единствена можност и да изврши промена на истото решение - се разбира доколку овој надлежен орган оцени дека има можност за тоа. Согласно постоечката законска регулатива единствено Комисијата за станбени прашања при Владата на РМ може и можела во изминатиов временски период да издава Решенија со кои се доделува стан на користење(под закуп) до завршување на вршењето на функцијата - па согласно тоа странката треба да се обрати до Комисијата за станбени прашања при Владата на РМ.
zdr ima prateno dokomenti za otkum naopsestven stan za otkumna rati mi pobaraja da pratam od bankata dokomenti i procenkata dokomentite se prateni skoro povejce od 1 mesec a nemam dobieno odgovor dali treba uste da cekam i kolku vreme treba da cekam a isto taka sakam da prasam dali treba pak da se prajcat dokomenti nesto novo oti sega brzo kazuvat na vestite za isjasnuvajne na stanarite dali za kirija ili za otkup da pratat dokomenti dali treba jas da prajcam oti prativ i se izjasniv deka sakam da go otkupuvam na rati dali treba da pratam i jas nanovo pozdrav
Се упатува барателот да се јави на тел: 3145-489 и 3145-476 кај Ирена Петанова за да добие информација за текот на неговиот предмет.
Zdravo imam edna teska mana koja sto tesko moze da se resi izmegu mene i opstina cair,problemot e se raboti za eden lokal vo ulica Kazandiska br 13 a vo 1994 god se izgorija vo plamen 2 dukani totalno unisteni od pozarot,edniot dukan bese na Saban Alievski restoran a drugiot dukan bese hemisko cistenje.Se raboti za dukanot koj sto bese hemisko cistenje ,vo 1994 dukanot bese vo sopstvenost na siz i rm po pozarot koj sto totalno se unisti ,vo 1997 god se pravi nov urbanisticki za starata carsija i se pravi promena na dukanot so broj 13 a se pravi ulica za vlez vo Kapa han.Vo 2000 god se pravi promeni vo zakonot a toa denacioilizacija koj imal tapija mu se vraka,se javuva gazda na poranesniot lokal i go dobiva od drzavata so site sudski propisi i zakoni i so dokumenti so resenie i so trasformacija na zemjisteto so resenje vo ime na familijata Drvendjievi.Vo 2003 god stapuvam vo kontakt so sopstvenicite na zemjisteto i na dukanot i se dogovarame za prodazba na kraj se dogovorivme i go kupiv so site zakonski proceduri i placanjeto na danokot so imoten list e sve na moe ime, vo 2009 god resiv da go izgradam dukanot nov i podnesov molba vo opstina cair za promena na urbanistickiot plan za da se vrati planot vo poranesna sostojba dukan pred da se promeni planot vo 1997 god ,opstina cair me odbiva i velat deka tuka ke se pravi ulica tie uporno stojat po urbanistickiot plan koj sto e napraven vo 1997 god,a svesni se deka jas sum sopstvenikot na ulicata ni ti nudat nesto nitu ti davat dokument za da se pocne procedura za gradba .I resiv da vi se obratam vam za pomos i koe vasevo mislenje i sovet.
Основа за изработката на деталниот урбанистички план е генералниот урбанистички план и неговата изработка е во надлежност на општината на чија територија се наоѓа просторот кој се урбанизира. При реализација на деталниот урбанистички план односно при спроведување на постапката за документирање и изградба на улицата која се спомнува во прашањето ќе се врши и експропријацијата на градежното земјиште кое го зафаќа трасата. До реализацијата на деталниот урбанистички план не може да се издава градежно техничка документација која е спротивна со одредбите од деталниот урбанистички план.
Zdravo imam edna teska mana koja sto tesko moze da se resi izmegu mene i opstina cair,problemot e se raboti za eden lokal vo ulica Kazandiska br 13 a vo 1994 god se izgorija vo plamen 2 dukani totalno unisteni od pozarot,edniot dukan bese na Saban Alievski restoran a drugiot dukan bese hemisko cistenje.Se raboti za dukanot koj sto bese hemisko cistenje ,vo 1994 dukanot bese vo sopstvenost na siz i rm po pozarot koj sto totalno se unisti ,vo 1997 god se pravi nov urbanisticki za starata carsija i se pravi promena na dukanot so broj 13 a se pravi ulica za vlez vo Kapa han.Vo 2000 god se pravi promeni vo zakonot a toa denacioilizacija koj imal tapija mu se vraka,se javuva gazda na poranesniot lokal i go dobiva od drzavata so site sudski propisi i zakoni i so dokumenti so resenie i so trasformacija na zemjisteto so resenje vo ime na familijata Drvendjievi.Vo 2003 god stapuvam vo kontakt so sopstvenicite na zemjisteto i na dukanot i se dogovarame za prodazba na kraj se dogovorivme i go kupiv so site zakonski proceduri i placanjeto na danokot so imoten list e sve na moe ime, vo 2009 god resiv da go izgradam dukanot nov i podnesov molba vo opstina cair za promena na urbanistickiot plan za da se vrati planot vo poranesna sostojba dukan pred da se promeni planot vo 1997 god ,opstina cair me odbiva i velat deka tuka ke se pravi ulica tie uporno stojat po urbanistickiot plan koj sto e napraven vo 1997 god,a svesni se deka jas sum sopstvenikot na ulicata ni ti nudat nesto nitu ti davat dokument za da se pocne procedura za gradba .I resiv da vi se obratam vam za pomos i koe vasevo mislenje i sovet.
Основа за изработката на деталниот урбанистички план е генералниот урбанистички план и неговата изработка е во надлежност на општината на чија територија се наоѓа просторот кој се урбанизира. При реализација на деталниот урбанистички план односно при спроведување на постапката за документирање и изградба на улицата која се спомнува во прашањето ќе се врши и експропријацијата на градежното земјиште кое го зафаќа трасата. До реализацијата на деталниот урбанистички план не може да се издава градежно техничка документација која е спротивна со одредбите од деталниот урбанистички план.
Во врска со отписот на долгови за социјално загрозените.Мојата тетка (сестра на татко ми ) живее во куќата која ја наследивме од татко ми (почина 2008г.), таа е корисник на постојана парична помош и е корисник на електрична енергија но долгот не гласи на нејзино име туку на татко ми кој го променил живеалиштето долго пред да настане долгот. Во центарот за социјални работи ни беше соопштено дека тетка ми за да и биде отпишан долгот треба да најде доказ од кој може да се утврди дека корисникот на електрична енергија не е директен носител на долгот туку долгот е од лице кое не е директен носител на долгот. Може ли да ми кажете кој вид на доказ може да го употребиме. Ви благодарам.
Ве молиме обратете се до Центарот за социјални работи каде можат да ви укажат кој документ би претставувал најподобен доказ.
Би сакала да купам имот во странство.Дали постојат некакви услови за приватно лице од Македонија да поседува имот во друга држава.Благодарам
Купувањето на имот-недвижност во странска држава е регулирано во државата во која се планира да се изврши купопродажбата, а врз основ на билатерални договори помеѓу таа држава и Република Македонија, заради што е потребно обраќање до Министерството за надворешни работи во чија надлежност е уредувањето на односите на нашата држава со останатите држави во светот. Најчесто правило е прифаќање на правото на реципроцитет, односно доколку во нашата држава е дозволено државјанин на друга држава да купи имот (во согласност со законот за сопственост и стварни права) тогаш и наш државјанин во другата држава е дозволено да купи имот, под услови утврдени во меѓусебните договори помеѓу државите.
Pocituvani,ziveam vo kuka koja se vodi vo katastaror kako"RM vo odrzuvanje Makedonija Pat" poveke od 50 god.Imeno na Dedo mi koj e sea pocinat po nekoja osnova mu e dodelen toj objekt za ziveenje za koj nemame dokument.Dali soglasno zakonot po pat na Odrzuvanje ili pak Clenot 40 od zakonot za Domuvanje imame pravo da go otkupime toj objekt i kade morame da se obratime za resavanje na ovoj problem.Blagodaram
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката е надлежно за спроведување на постапката за продажба на становите согласно член 40 од Законот изменување и доплолнување на законот за домување (сл весник бр..36/2011) поради што ова лице треба да се обрати во ова АД.
Pocituvani dobiv procenka za otkup na stanben stan da go otkupam stanot vo kes dali moze da se otplaka na rati vi blagodaram
Prasanjeto ne e precizno formulirano, za kakov stan dobil procenka I od kogo,dali ima barawe vo MTV, koj ja izgotvil procenkata I dr. Strankata da dade konkretni podatoci za da mozeme da I dademe konkreten odgovor.
Pocituvani, dali treba po privatna krivicna prijava nie ili nadlezniot organ po sluzbena dolznost treba da goni lice, koe podnelo baranje za legalizacija na bespravnoizgraden objekt koj se naoga na zemjiste, sto ne e vo negova sopstvenost, a znae deka soglasno nasledno resenie zemjisteto pripaga na drugi lica, t.e. na negov brat i majka po idelana polovina, a voedno ne go izvestil organot namerno deka postoi takvo nasledno resenie sto ne e sprovedeno vo katastar, a znae za istoto i go poseduva. Organot go izvestivme za ova i donese zaklucok za prekin na postapkata za legalizacija do razresuvanje na imotno-pravnite odnosi. Vo Odgovorot na organot megu drugoto stoi i negova izjava dadena na notar, za koja pretpostavuvame deka e izjava dadena pod moralna i materijalna i krivicna odgovornost, deka go vladee objektot, no svesno go izmanipuliral organot so nea, skrivajki go faktot deka za zemjisteto ima nasledno resenie so cel da go legalizira objektot. Nie slucajno razbravme deka podnel baranje za legalizacija, pa go izvestivme organot deka zemjisteto ne e negovo, no setame deka za ova treba dopolnitelno da odgovara. So pocit, vo ocekuvanje na odgovor
Министерството за транспорт и врски согласно законската регулатива и своите надлежности ги спроведува постапките за издавање на пропишани со закон акти, но нема надлежност за поднесување на барање за поведување на кривична постапка за дела кои не се во контекст на законските одредби од законот за градење. Лажното претставување и лажните изјави доколку постојат, се предмет на постапување по пријава од лицата кои тврдат дека постои лажно претставување и лажна изјава.
Почитуван, Министерството нема надлежност по однос на ова прашање.
so pocit,ve molam bev samohrana majka polni 21 god.bez rabota i dom,bezpravna iodbacena od site institucii,seuste pod kirija sega i so losa zdravstvena sostojba..dali ima moznost da mi se obezbedi nuzen smestaj,yiveam od 1020den.soc.pomos,bidejqi ya mene i moeto dete nemase nikakvi prava vo ova drzava..soprugot bese isceznat vo bosna,posle mnogu godini jas licno pobarav predlog za dokazuvanje na smrta,no vo megjuvreme pred toa centarot ya soc.rabota vo tetovo soglasno i po pravilata i togasniot zakon mi pobaraa razvod i otkazuvanje od site moji prava.asllani miniver so pocit so nadez od vasiot odgovor
Постави прашање за дадената услуга
Email
Прашање
NextSense Captcha

По внесување на кодот кој го гледате на екранот во текст полето од негова десна страна, кликнете на линкот Прати прашање во долниот десен агол од екранот.