Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Издавање на одобренија за градење
Во текот на 2011годона имавме поднесено барање за легализација на куќа изградена веќе 35 години во село Волково.До денеска не сме добиле никаков одговор од општината а при контакт со нив ни објаснија дека нема да може да се легализира објектот бидејќи куќата по дуп донесен во 2012 година лежи на планирана улица широка 9 метри.Ме интересира што законски можеме да превземеме како би го легализирале објектот ?
Согласно член 11 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12, 72/13 и 44/14), единицата на локална самоуправа во рок од една година од приемот на барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект односно од денот на продолжување на постапката доколку истата била прекината, утврдува дали се исполнети условите за утврдување на правен статус пропишани со овој закон и издава урбанистичка согласност или донесува решение со кое се одбива барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект. Доколку нема можности за менување на трасата на сообраќајницата, односно за изменување на планското решение од деталниот урбанистички план, во тој случај не се исполнети условите за издавање на урбанистичка согласност и утврдување на правен статус на бесправниот објект. Во однос на рокот за одлучување, согласно член 15 став 1 и 5 ) од истиот закон, е определено дека доколку општината, не издаде урбанистичка согласност односно не донесе решение со кое се одбива барањето за утврдување на правен статус во рокот од членот 11 став (1) на овој закон, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање до писарницата на градоначалникот на општината, за градоначалникот на општината да издаде урбанистичка согласност, а доколку градоначалникот на општината, не издаде урбанистичка согласност или решение со кое се одбива барањето за утврдување на правен статус, во рокот од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.
Sakam da kupam stan koj ima dogradba terasi koi ne se legalizirani , ima podneseno baranje i elaborat , me interesira kakva e postapkata na kupoprodazba vo ovoj slucaj dali voopsto moze da mi go prodadat ili treba da cekaat legalizacija
Согласно член 5-б од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12, 72/13 и 44/14), промена на барател за утврдување на правен статус се врши врз основа на барање за промена на барател, најдоцна до донесување на урбанистичка согласност, а кон барањето за промена на барател се доставува изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност од страна на подносителот на барањето за утврдување на правен статус, со која тој потврдува дека е согласен постапката за утврдување на правен статус да продолжи на име на подносителот на барањето за промена на барател за утврдување на правен статус, уверение за државјанство или копија од лична карта односно копија од патна исправа за странско физичко лице односно извод од Централен регистар за правно лице (за подносителот на барањето за промена на барател за утврдување на правен статус) и договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето или изјава заверена на нотар со која сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето изјавува дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект на име на подносителот на барањето за промена на барател, доколку земјиштето е сопственост на друго физичко или правно лице, односно бесправниот објект е изграден на земјиште кое е сосопственост на барателот и друго физичко или правно лице. Договорот за купопродажба е облигационен однос помеѓу две (или повеќе) страни и покрај основните одредби може да содржи и други одредби во зависност од условите и желбите на договорните страни.
Кои документи се потребни за да се добие Одобрение за градба и кои се трошоците?
Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 52 од Законот за градење (“Службен весник на Република Македонија” број 51/05), документите кои се потребни за издавање на Одобрение за градење се следните: -решение за локациски услови; -комплетен основен проект; -извештај од извршена ревизија на основниот проект; -студија за оценка на влијанијата на проектот врз животната средина одобрена од Министерството за животна средина и просторно планирање (во зависност од категоријата на објектот и намена на дејноста што се врши во истиот); -доказ за регулиран надоместок за уредување на градежно земјиште; -решение за електроенергетска согласност; -протокол за регулациона, градежна и нивелациона линија; -други согласности и мислења предвидени со Закон; и -доказ за платен надоместок за финансирање за изработка на просторен план на Република Македонија и други урбанистички планови, а согласно член 55 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” број 51/05) и административна такса, согласно Законот за административни такси (“Службен весник на Република Македонија” број 61/04). Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дали се издава одобрение за реконструкција на објект-постоен, во кој ќе се изврши само менување на кровната конструкција?
Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 62 од Законот за градење (“Службен весник на Република Македонија” број 51/05), не е потребно да се издаде Одобрение за градење, доколку се работо само за менување на кровна конструкција на веќе постоечки објект. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Имам плац кој е во процедура на пренамена од зелена површина во градежно земјиште веќе 2 години во Куманово - Доброшане индустриска зона, па би ве замолил да ми кажете колку време треба сето тоа да помине и да можам да извадам дозвола за градба да платам данок на државата да отворам фирма и да запослам најмалку 10 луѓе и да отворам сопствен бизнис во Македонија. Ви се заблагодарувам однапред за Вашиот одговор.
Дозволете да Ве известиме дека надлежна зa Вашето прашање е општина Куманово. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Каква е постапката за легализирање на диво-изградени објекти и колкави се давачките за комуналии за втора зона во Куманово?
Дозволете да Ве известиме дека постапката за легализација на диво иградените објекти ќе се реши согласно одредбите кои треба да се донесат со усвојување и стапување во сила на Законот за третманот на бесправно изградените градби и неформалните населби. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Каква е постапката за приватизација на државно земјиште?
Дозволете да Ве известиме дека Согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (,,Службен весник на РМ“ бр.4/2005 и 13/2007), приватизацијата на градежно земјиште во државна сопственост е стекнување на право на приватна сопственост на градежното земјиште во државна сопственост на кое право на користење имаат физички и правни лица. Барањето за приватизација може да се поднесе во рок од четири години од денот на влегувањето во сила на овој закон и барањето за приватизација се поднесува до органот на државната управа надлежен за имотно-правните работи на подрачјето каде што се наоѓа градежното земјиште што е предмет на приватизација. Воедно, Ве известуваме дека горенаведената постапка е во надлежност на Министерството за финансии, додека постапката за долготраен закуп и времен закуп, согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (,,Службен весник на РМ“ бр.4/2005 и 13/2007), е во надлежност на Министерство за транспорт и врски. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Во зградата сме на последен 11-ти кат. Кровот е рамен и ни протекува цел стан. Што ни треба да добиеме дозвола за надградба (поткровје) а што само да ставиме кров?
Дозволете ни да Ве известиме дека по однос на Вашиот проблем потребно е да се обратите до надлежниот орган во Општината за издавање на: Решение за локациски услови за изградба на поткровје, Одобрение за градење и Решение за употреба. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Почитувани, Ве молам да ми одговорите на следниве прашања, се разбира доколку сте во можност. Каде треба а се обратам за дозвола за градба на индивидуален објект и ако може да ми кажете кои се документи ми се потребни за истото, бидејки земјиштето се наога во населба Пинтија и сеуште во тој објектите не се легализирани.
Дозволете ни да Ве известиме дека по однос на Вашето прашање потребно е да се обратите во надлежната општина бидејќи решение за локациски услови за градби од локално значење утврдени со закон донесува градоначалникот на општината. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дали ке излеза законот за легализација на дивоградби оваа година.
Дозволете ни да Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски работи во соработка со експерти и представници на општините на текстот на Закон за легализација на дивоградби истиот се очекува во блиска иднина да биде представен во јавноста. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дали ке излеза законот за легализација на дивоградби оваа година.
Дозволете ни да Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски работи во соработка со експерти и представници на општините на текстот на Закон за легализација на дивоградби истиот се очекува во блиска иднина да биде представен во јавноста. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Сакам да отворам приватна фирма. Ве молам ако може да ми кажете која е постапката за тоа. Или каде можам да се информирам за процедурата за отварање на нова приватна фирма. Ви благодарам
Дозволете ни да Ве информираме дека во врска со ова прашање Министерствотото за транспорт и врски нема надлежност, за одговор на ова прашање да се обтатите во Централниот регистар на Р.Македонија, каде се врши постапка за регистрација на фирма. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Според законот за градба за отпочнување на постапка за градба потребна е изработка на основен проект.Издавањето на лиценци А и Б на физ. лица од комората на инженери и архитекти според новиот закон не функционира а исто така и издавањето на лиценци А,Б, Ц, Д, Е на правни лица од страна на Министерство за транспорт и врски. Кога ќе почнe да функционира и каде поточно во Министерството за транспорт,во кој сектор ќе се врши поднесувањето на документацијата за добивање на лиценци? Според член 72 од Законот за изменување и дополнување на законот за градење Сл.весник 8 јули 2008 до отпочнување со издавање на овластувања на Комората, задолжено за издавање на овластувања на физички лица е Министерството за транспорт и врски.
Дозволете ни да Ве информираме дека согласно Законот за градење("Сл.весник на РМ " бр.82/2008)овластувањата за проектирање, ревизија и надзор ќе ги издава Комората додека лиценците ќе ги издава Mинистерството за транспорт и врски. Во едно Bе известуваме дека Bашите барања за овластување можете да ги доставите до Комората. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ве молам да ме информирате дали може странец од блискисток женет за македонка да купи и да гради своја ќука во Р.Македонија ?
Дозволете ни да Ве информираме дека согласно член 6 од Законот за градежното земјиште („Сл.весник на РМ“ бр.82/2008) градежното земјиште може да биде во сопственост на Република Македонија и во сопственост на домашни и странски физички и правни лица, под услови утврдени со овој и друг закон. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дали и кога Министерството за транспорт и врски ке склучи договр со ЕVN ESM Македонија за поставување електрични броила на јавни површини. Веке три месеци чекам поставување на броило,трпам значителна штета, во EVN велат дека се немоќни и дека подрачната еденица на Министерството добиле одговoр дека проблемот требало да се реши на Републичко ниво.
Дозволете ни да Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски не е надлжно за решавање на ова прашање.Согласно Законот за енергетика ова прашање е во надлежност на Министерството за економија. Согласно Законот за градење ( чл 50 - став 4 ) надлежна за издавање документи за поставување броила се oпштините. Ве упатуваме прашањето да го адресирате до надлежните институции. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Дивоградба запишана во Општина Карпош се дефиниција Провизориум на име Благоја Цветановски , дивоградба запишана во Катастар без валидни документи .Незнам дали во ваша надлежност е и Водовод.Крадење на водо во период 44.Не можам да си го наплатам украдениот дел заради Арнаудова.Тендер за продажбата на ( елементи и материјали) од ЈА Коменски – дали имаше.Каде све има украдени елементи и направен Провизориум.Објаснете ми што знаци тоа Провизориум.
Дозволете ни да Ве информираме дека во однос на вашето прашање за дивоградба во општина Карпош по дефиниција провизориум (времен објект) потребно е да се обратите во Агенцијата за катастер на надвижности како надлежна институција. Во однос на прашањето за крадење вода потребно е да се обратите до ЈП „Водовод и канализација“– Скопје, како надлежно претпријати за приклучување и исклучување на корисниците. Што се однесува до прањањето за тендерската постапка за продажба на елементи од О.У „Јан Амос Коменски“ истата е во надлежност на Министерството за образование и наука. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Кои документи се потребни да се достават за легализација на дивоизградени објекти?
Дозволете да Ве известиме дека согласно член 6 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ”, бр.23 од 24.02.2011), барателот е должен да достави: - уверение за државјанство за домашно физичко лице односно дозвола за постојан престој за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице, извод од Централен регистар на РМ односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште; - доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн), а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред влегување во сила на овој закон; - геодетски елаборат за извршен премер на катастарската или градежната парцела и на бесправниот објект, кој содржи скица на премерување на катастарска или градежна парцела и скици на премерување на внатрешната површина на бесправниот објект; - проект за фактичка состојба на бесправен објект изработен од правно лице со соодветна лиценца за проектирање и - имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
колкави се давачките за комуналии во општина карпош-средно нерези и во која зона спаѓа и за колку време може да се извади одобрение за градба---поздрав
Дозволете ни да Ве известиме дека по однос на Вашето прашање потребно е да се обратите во надлежната општина бидејќи одобренија за градба од локално значење утврдени со закон донесува градоначалникот на општината. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
Никаде не можам да најдам колкава минимална површина на плац е дозволено за да се изгради куќа од 80 м2 во околина на Скопје (радишани,драчево) ?
Дозволете ни да Ве известиме дека согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија” бр.51/05) во чии рамки е Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, не се пропишани прецизни димензии за изградба на станбена куќа, но сопственикот на плацот мора да ја почитува катастарската парцела и сите други начела и прописи за урбанистичко планирање. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
Me interesira do koja faza treba da bide izgraden objektot za da moze da se legalizira. Nasata kuka e dovedena do karabina faza bez postaveni prozorci i vrati pred donesuvanje na zakonot. Dali dokolku nemame postaveno vrati i prozorci ke moze da ja legalizirame kukata. Vi blagodaram odnapred
Дозволете ни да Ве информираме дека согласно член 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ”, бр.23 од 24.02.2011), предмет на законот се бесправните објекти на кои од денот на влегувањето во сила на овој закон се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна целина и функционална целина. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
Mojata kuka e lveke legalizirana no garazata koja e izgradena vo dvorot na kukata e nelegalna. Me interesira dali e potrebno da se leglizira i garazata i dali istata e predmet na legalizacija na divoizgradenite objekti
Дозволете ни да Ве информираме дека сите бесправно изградени објекти кои се изградени заклучно до 03.03.2011 година се предмет на Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ”, бр.23 од 24.02.2011 година) и доколку ги исполнат условите предвидени со овој закон истите можат да се легализираат. Под бесправно изградени објекти во смисла на овој закон се подразбираат објекти од значење за Републиката согласно Законот за градење и друг закон, објекти со намена производство, дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта), објекти со намена домување во станбени куќи, согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и електронски комуникациски мрежи и средства согласно Законот за градење, кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, како и делови на објектите со наведената намена кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, во и надвор од плански опфат. Ви благодариме на соработката.Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
ДАЛИ СО ЗАКОНОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ СЕ ОПФАТЕНИ И ЛЕГАЛНО ДОГРАДЕНИТЕ ТЕРАСИ, СЕКАКО СО ПЛАТЕНИ КОМУНАЛИИ ЗА ТЕРАСИ ВО СТАМБЕНИТЕ ОБЈЕКТИ, А КОИ ТЕРАСИ ПОТОА ВО ЕДЕН ДЕЛ СЕ ЗАТВОРЕНИ КАКО СТАМБЕН ПРОСТОР?
Дозволете ни да Ве информираме дека сите бесправно изградени објекти кои се изградени заклучно до 03.03.2011 година се предмет на Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ”, бр.23 од 24.02.2011 година) и доколку ги исполнат условите предвидени со овој закон истите можат да се легализираат. Под бесправно изградени објекти во смисла на овој закон се подразбираат објекти од значење за Републиката согласно Законот за градење и друг закон, објекти со намена производство, дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта), објекти со намена домување во станбени куќи, согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и електронски комуникациски мрежи и средства согласно Законот за градење, кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, како и делови на објектите со наведената намена кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, во и надвор од плански опфат. Ви благодариме на соработката.Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
imam izgradeno terasa od metalna konstrukcijavo procep na zgrada,dali da ja prijavam kako divogradba za legalizacija.
Дозволете ни да Ве информираме дека сите бесправно изградени објекти кои се изградени заклучно до 03.03.2011 година се предмет на Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ”, бр.23 од 24.02.2011 година) и доколку ги исполнат условите предвидени со овој закон истите можат да се легализираат. Под бесправно изградени објекти во смисла на овој закон се подразбираат објекти од значење за Републиката согласно Законот за градење и друг закон, објекти со намена производство, дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта), објекти со намена домување во станбени куќи, согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и електронски комуникациски мрежи и средства согласно Законот за градење, кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, како и делови на објектите со наведената намена кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, во и надвор од плански опфат. Ви благодариме на соработката.Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
Dali prostorija dogradena na sopstvena terasa treba da se legalizira
Дозволете ни да Ве информираме дека сите бесправно изградени објекти кои се изградени заклучно до 03.03.2011 година се предмет на Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ”, бр.23 од 24.02.2011 година) и доколку ги исполнат условите предвидени со овој закон истите можат да се легализираат. Под бесправно изградени објекти во смисла на овој закон се подразбираат објекти од значење за Републиката согласно Законот за градење и друг закон, објекти со намена производство, дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта), објекти со намена домување во станбени куќи, согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и електронски комуникациски мрежи и средства согласно Законот за градење, кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, како и делови на објектите со наведената намена кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, во и надвор од плански опфат. Ви благодариме на соработката.Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
dali moze da se legalizira dogradba na postojana kuca koja izleguva od gradezna linija. dogradbata e vo funkcija na prosiren deloven objekt i go opfaca samo prizemjeto,
Дозволете ни да Ве информираме дека сите бесправно изградени објекти кои се изградени заклучно до 03.03.2011 година се предмет на Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ”, бр.23 од 24.02.2011 година) и доколку ги исполнат условите предвидени со овој закон истите можат да се легализираат. Под бесправно изградени објекти во смисла на овој закон се подразбираат објекти од значење за Републиката согласно Законот за градење и друг закон, објекти со намена производство, дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта), објекти со намена домување во станбени куќи, согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и електронски комуникациски мрежи и средства согласно Законот за градење, кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, како и делови на објектите со наведената намена кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, во и надвор од плански опфат. Ви благодариме на соработката.Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
ДАЛИ СО ЗАКОНОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ СЕ ОПФАТЕНИ И ЛЕГАЛНО ДОГРАДЕНИТЕ ТЕРАСИ, СЕКАКО СО ПЛАТЕНИ КОМУНАЛИИ ЗА ТЕРАСИ ВО СТАМБЕНИТЕ ОБЈЕКТИ, А КОИ ТЕРАСИ ПОТОА ВО ЕДЕН ДЕЛ СЕ ЗАТВОРЕНИ КАКО СТАМБЕН ПРОСТОР?
Дозволете ни да Ве информираме дека сите бесправно изградени објекти кои се изградени заклучно до 03.03.2011 година се предмет на Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ”, бр.23 од 24.02.2011 година) и доколку ги исполнат условите предвидени со овој закон истите можат да се легализираат. Под бесправно изградени објекти во смисла на овој закон се подразбираат објекти од значење за Републиката согласно Законот за градење и друг закон, објекти со намена производство, дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта), објекти со намена домување во станбени куќи, согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и електронски комуникациски мрежи и средства согласно Законот за градење, кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, како и делови на објектите со наведената намена кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, во и надвор од плански опфат. Ви благодариме на соработката.Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
Imam izgradeno objekt ( divogradba ) so povrsina od 50 m2 na zemjodelska povrsina vo moja sopstvenost koj go koristam kako svinjarska farma . Koja e postapkata za da go legaliziram toj objekt kako svinjarska farma
Дозволете ни да Ве информираме дека сите бесправно изградени објекти кои се изградени заклучно до 03.03.2011 година се предмет на Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ”, бр.23 од 24.02.2011 година) и доколку ги исполнат условите предвидени со овој закон истите можат да се легализираат. Под бесправно изградени објекти во смисла на овој закон се подразбираат објекти од значење за Републиката согласно Законот за градење и друг закон, објекти со намена производство, дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта), објекти со намена домување во станбени куќи, согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и електронски комуникациски мрежи и средства согласно Законот за градење, кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, како и делови на објектите со наведената намена кои се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, во и надвор од плански опфат. Ви благодариме на соработката.Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
Дали може странец од Русија да купи земјиште и да гради куќа на негово-нејзино име за живеење или прво мора да стекне државјанство или пак е доволно само да биде омажена-женет за Македонец-Македонка со постојан престој од 1 година односно лична карта со важност од една година.
Дозволете ни да Ве информираме дека согласно член 6 од Законот за градежното земјиште („Сл.весник на РМ“ бр.82/2008) градежното земјиште може да биде во сопственост на Република Македонија и во сопственост на домашни и странски физички и правни лица, под услови утврдени со овој и друг закон. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Прашање поврзано со Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Наследници сме на имот на кои е изграден бесправен објект. Оставнинска постапка е завршена меѓутоа немаме извршена физичка делба. Консултирав правници меѓутоа секој дава различен одговор. Дали може еден член да поднесе барање комплетирано со фотокопија од лична карта, решение за оставинска постапка, сметка од ел. енергија и елаборат со имотен лист? Во локалната самоуправа бараа да поднесеме три барања затоа што сме тројца наследници. Ви благодарам однапред
Дозволете ни да Ве известиме дека доколку бесправниот објект е изграден на земјиште кое не е сопственост на Република Македонија, а барателот не е единствен сопственик на земјиштето истиот е должен со барањето да достави и договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот на земјиштето. ( член 6 став 3) Во однос на насоката дадена од локалната самоуправа за поднесување на три барања од тројцата наследници, Ве известуваме дека доколку се работи за еден објект не треба да се поднесат три посебни барања, туку може сите сопственици на земјиштето да се јават како баратели на едно заедничко барање, со тоа што при издавањето на решение за утврдување на правен статус сите баратели ќе бидат наведени како сопственици на објектот. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
me interesira imam dukan kupen od treska nema imoten list ima kupoprodazen dogovor kako da go legaliziram i napred terasata mi e dogradena sto da postapam VI SE ZABLOGADURAVAM ODNAPRED
Дозволете ни да Ве известиме дека доколку се работи за бесправен објект треба да се поднесе барање за утврдување на правен статус до надлежната општина и да се достават доказите предвидени со член 6 од Законот за постапување со бесправни објекти. Образецот на барањето е објавен на веб страницата на Министерството за транспорт и врски. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
Поседувам стан на 3 кат од стамбена зграда „П + 4 “.Пред 15 години станот и останатите станови во вертикала се доградени за околу 15 метри квадратни. Колку ќе не чини легализацијата за 1 метар квадратен ,дали 1 евро или пак по околу 40 евра.Се работи за доградба во ширина.
Дозволете ни да Ве известиме дека висината на надоместокот за утврдување правен статус на станбени згради за колективно домување е еднаква на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште кој се пресметува во постапката за добивање на одобрение за градење за овие објекти, која е утврдена од единиците на локална самоуправа до денот на влегување во сила на овој закон, при што во предвид се зема изградената површина на бесправниот објект, утврдена со геодетскиот елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект.Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
Imame kupeno stan vo zgrada na 6-sprat od 6 na potkrovje,vo ramkite na samiot stan e izgradena mala soba na nivo,veke zateknata izgradena chija povrshina ne e vlezena vo imotniot list .Za toj del podnesovme baranje za legalizacija po koja cena ke moze da se plati toj del shto faktichki e del od stanot so vnatreshen 1 vlez blagodaram
Дозволете ни да Ве известиме дека висината на надоместокот за утврдување правен статус на станбени згради за колективно домување е еднаква на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште кој се пресметува во постапката за добивање на одобрение за градење за овие објекти, која е утврдена од единиците на локална самоуправа до денот на влегување во сила на овој закон, при што во предвид се зема изградената површина на бесправниот објект, утврдена со геодетскиот елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
Ме интересира како ќе се третираат, според законот за легализација, куќите кои што се изградени пред повеќе од педесет години низ селата во нашата држава , дали и за нив треба да се поднесуваат барања за легализација , значи зборувам за куќи во кои може да се живее но се напуштени а во најголем случај дури ни физички поделени наиту пак наследени. Однаперед Ви благоадарм
Дозволете ни да Ве известиме дека доколку наведените објекти се изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење, во и надвор од плански опфат и на истите до денот на влегувањето во сила на овој закон се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина, за истите може да се поднесе барање за утврдување на правен статус до општината на чие подрачје се изградени.Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
DALI E POTREBNO DA SE LEGALIZIRA OBJEKT TE KUKA KOJA SE NAOGA VO SELO KOSEL VO OHRIDSKO KADE NE POSTOI URBANISTICKI PLAN I SITE KUKI SE DIVO IZGRADENI I DALI MOZE I KAKO DA SE LEGALIZIRA OBJEKT KOJ SE NAOGA NA TUG IMOT A E SO DOGOVOR IZGRADEN OD NASA STRANA ISTO TAKA NEMAME NIKAKOV DOKUMENT OSVEN AVIONSKO SNIMANJE VO KOE E ZABELEZAN MNOGU VI BLAGODARAM.
Дозволете ни да Ве известиме дека семејни куки како градби од локално значење се предмет на Законот за постапување се објекти од значење за Републиката доколку до денот на влегувањето во сила на овој закон се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина. Доколку бесправниот објект е изграден на земјиште кое не е сопственост на барателот или на Република Македонија односно земјиштето е сопственост на друго физичко или правно лице, барателот покрај останатите докази предвидени со законот должен е да достави и договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот на земјиштето. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
Me interesira posto go ispustivme prijavniot rok za prijavuvanje na divogradba,dali ke ima drugo prijavuvanje,bidejki sme vo stranstvo i ne bevme zapoznaeni so odredeniot rok..kako mozeme da go reshime problemot..odnapred blagodarime
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека рокот за поднесување на барања за легализација на бесправно изградени објекти заврши на 3 септември 2011 година. За сите бесправно изградени објекти за кои не се поднесени барања во законскиот рок ќе следи постапување согласно Законот за градење (Службен весник на Република Македонија бр. 130/09, 124/10,18/11 и 54/11). Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Нашата куќа е планска со платени комунали, но со минимална измена која мислевме дека е легална и зато не поднесовме барање. Дали може одкако заврши рокот повторно да се поднесе барање затоа што не бевме навремено обавестени за тоа дека има отстапки од планот? Ви благодариме однапред.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека рокот за поднесување на барања за легализација на бесправно изградени објекти заврши на 3 септември 2011 година. За сите бесправно изградени објекти за кои не се поднесени барања во законскиот рок ќе следи постапување согласно Законот за градење (Службен весник на Република Македонија бр. 130/09, 124/10,18/11 и 54/11). Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
ПОЗАДИ СТАРА ЛЕГАЛНА КУЌА ИЗГРАДЕНА Е ДОГРАДБА ВО КОЈА ЖИВЕАТ САМО 2 НАСЛЕДНИЦИ, ДОДЕКА ОСТАНАТИТЕ ТРОЈЦА НАСЛЕДНИЦИ ЖИВЕАТ ВО СТАРАТА ЛЕГАЛНА КУЌА. ЗЕМЈИШТЕТО НА КОИ Е ИЗГРАДЕНА СТАРАТА КУЌА И ДОГРАДБАТА Е ВО СОПСТВЕНОСТ НА Р.М. НАПРАВЕНА Е ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА И СИТЕ НАСЛЕДНИЦИ СЕ СОСОПСТВЕНИЦИ НА СТАРАТА КУЌА И НА КОРИСНИЧКОТО ПРАВО НА ЗЕМЈИШТЕТО. ДАЛИ ЗА ДОГРАДБАТА ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВИ НА СИТЕ НАСЛЕДНИЦИ, ИЛИ ПАК САМО ТИЕ ШТО ЖИВЕАТ ВО ДОГРАДБАПА ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ ?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно законот, предвидено е подносител на барањето за утврдување на правен статус да може да биде физичко лице - државјанин на Република Македонија, правно лице регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија и институции кои се иматели на бесправните објекти. Согласно член 10 став 3 од законот во случај на поднесени повеќе спротивставени барања за утврдување на правен статус на еден бесправен објект, од страна на повеќе баратели, надлежниот орган во рок од 10 работни дена од приемот на барањето донесува заклучок за прекин на постапката а ги упатува барателите на парнична постапка пред надлежен суд. Би сакале да ви укажеме дека рокот за поднесување на барање за утврдување на правен статус изнесува шест месеци од денот на влегување во сила на овој закон, кој рок истече на 03 септември 2011 година. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
dali za montazni skalila od privremen karakter koi ke bidat prilepeni do mojata kuka nameneti za 2 spat i tavan a se vo moeto mesto odaleceni 7 metri od sosednata parcela e potrebna dozvola za gradba
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за конкретен одговор на Вашето прашање потребно е да се обратите до надлежната општина бидејќи општините се надлежни за донесување на урбанистичките планови и издавање на одобренија за градба, доградба и надградба. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
dali tearasa od 4 m2 koja ne e evidentirana vo imoten list moze da se legalizira posle krajniot rok za legalizacija?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека предмет на Законот за постапување со бесправно изградени објекти ( Службен весник на РМ, бр. 23 од 24.2.2011 година) се и бесправно изградени делови на објекти. Крајниот рок за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објекти истече на 03.09.2011 година. Со бесправните објекти ќе се постапува согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
me intersira koga mozam da izvadam upotrebna dozvola-sega e samo karabina so prozorci-pozdrav
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за конкретен одговор на Вашето прашање потребно е да се обратите до надлежната општина бидејќи општините се надлежни за донесување на урбанистичките планови и издавање на одобренија за градба, доградба и надградба. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
BEKAP2...MESEC DENA POMINA A NE MI ODGOVORIVTE...Jas ziveam vo Skopje...Ama me interesira za dogradba na balkonot a se raboti za mojata majka od Kicevo koja zivee na posleden sprat vo garsonjera zaedno so mojot brat...Vo istata zgrada prviot i tretiot vlez se izgradeni balkonite a vtoriot vlez kade sto zivee majka mi uporno ja zeza nekoj i nemoze da napravi dogradba...Zgradite se takvi da koga nekoj ke se kaci gore na od vremeto na YU zaednickiot balkon moze slobodno niz prozor da zirka a i da si vleze vo stanot preku prozor...KAZETE MI KADE DA SE OBRATAM ZA POMOS I DA SE RESI SLUCAJOT...pozdrav
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека Министерството за транспорт и врски на РМ навремено одговара на сите Ваши прашања. Одоговорот на Вашето прашање е испратен на 10.10.2011 година. Подолу Ви го испраќаме истото. Одговор: 37 Креиран на: 10.10.11 во 10:37 За јавност: Последна измена: 10.10.11 во 10:37 Прашање: Jas ziveam vo Skopje...Ama me interesira za dogradba na balkonot a se raboti za mojata majka od Kicevo koja zivee na posleden sprat vo garsonjera zaedno so mojot brat...Vo istata zgrada prviot i tretiot vlez se izgradeni balkonite a vtoriot vlez kade sto zivee majka mi uporno ja zeza nekoj i nemoze da napravi dogradba...Zgradite se takvi da koga nekoj ke se kaci gore na od vremeto na YU zaednickiot balkon moze slobodno niz prozor da zirka a i da si vleze vo stanot preku prozor...KAZETE MI KADE DA SE OBRATAM ZA POMOS I DA SE RESI SLUCAJOT...pozdrav Одговор: Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека одобренија за градење издава надлежната општина. Обратете се до општината каде припаѓа самиот објект или земјиште. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
,, zavrsena epostapkata za legalizacija na objekt vo kisela voda i napravena promena vo imotniot list spored zakonot na vladata no otposle primetiv deka ne se ucrtani skalite in terasata od glavnata ulica. sto da pravam
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека органот е должен да постапи во рамките на поднесеното барање од Ваша страна. Доколку сметате дека со донесеното решение не е во целост постапено по Вашето барање, имате право заради заштита на правата и интересите да поднесете жалба против решението до Министерството за транспорт и врски во рок од 15 дена од приемот на решението. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
POCITIVANI,VE MOLAM ZA ODGOVOR ILI SOVET..IMENO...GO PROPUSTIV ROKOT ZA LEGALIZACIJANA MOE SOPSTVENO ZEMJISTE SO CELOSNA DOKUMENTACIJA..KO BESEDO 3ti SEPTEMVRI 2011...BEV VO OPSTINATA KISELA VODA...PRASAV I REKOV DALI MOZE DA PLATAM PENALI DA MI SE LEGALIZIRAAT PREOSTANATITE 70 KVADRATI..DOBIV ODGOVOR NEGATIVEN..MNOGU SE RAZOCARANI..SE RABOTI ZA ZEMJISTE CIJA TAPIJA POTEKNUVA DURI OD 1927 GODINA..A JAS SEGA KE GO ZAGUBAM SAMO ZA MOJA OTSUTNOST ILI MOZEBI NEBRIZNOST OD PREOKUPIRANOST SO DOMASNI PROBLEMI...KAKO DA POSTAPAM..I DALI IMA NADES NEKOJA ZA DOPLNUVANJKE ..PRODOLZUVANJE NA ROKOT..VI BLAGODARAM ODNAPRED!
Почитувани, Во врска со Вашето прашање, дозволете ни да Ве известиме дека согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Сл. Весник на РМ, бр. 23 од 24.2.2011 година), рокот за поднесување на барањата за легализација на бесправно изградени објекти беше заклучно со 03.09.2011 година. За сите бесправно изградени објекти за кои не се поднесени барања за легализација ќе се постапува согласно законските одредби. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почтувани, Поставив прашање дали има некоја правна мозност за легализација на сопствено земјиште после рокот од владат на 3ти септември 2011.Имено,70 м2 од имотот не сме ги легализирале,поточно,го испустивме пропишаниот рок ,па сега неможеме да го продадеме плацот поради недоволната квадратура и испстениот рок за легализација на споменатите 70м2.Очајни сме,ве молам дали постои некој нацин на било акква легализација после рокот со плакање на пенали или дали има некои правни средства за легализирање на тие квадрати.Ве молам за одговор,ова е трет пат како пишѕвам и барам одговор.ВИ БЛАГОДАРАМ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И РЕСРЕТЛИВОСТА
Одговор: 50 Креиран на: 17.11.11 во 14:32 За јавност: Последна измена: 17.11.11 во 14:32 Прашање: POCITIVANI,VE MOLAM ZA ODGOVOR ILI SOVET..IMENO...GO PROPUSTIV ROKOT ZA LEGALIZACIJANA MOE SOPSTVENO ZEMJISTE SO CELOSNA DOKUMENTACIJA..KO BESEDO 3ti SEPTEMVRI 2011...BEV VO OPSTINATA KISELA VODA...PRASAV I REKOV DALI MOZE DA PLATAM PENALI DA MI SE LEGALIZIRAAT PREOSTANATITE 70 KVADRATI..DOBIV ODGOVOR NEGATIVEN..MNOGU SE RAZOCARANI..SE RABOTI ZA ZEMJISTE CIJA TAPIJA POTEKNUVA DURI OD 1927 GODINA..A JAS SEGA KE GO ZAGUBAM SAMO ZA MOJA OTSUTNOST ILI MOZEBI NEBRIZNOST OD PREOKUPIRANOST SO DOMASNI PROBLEMI...KAKO DA POSTAPAM..I DALI IMA NADES NEKOJA ZA DOPLNUVANJKE ..PRODOLZUVANJE NA ROKOT..VI BLAGODARAM ODNAPRED! Одговор: Почитувани, Во врска со Вашето прашање, дозволете ни да Ве известиме дека согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Сл. Весник на РМ, бр. 23 од 24.2.2011 година), рокот за поднесување на барањата за легализација на бесправно изградени објекти беше заклучно со 03.09.2011 година. За сите бесправно изградени објекти за кои не се поднесени барања за легализација ќе се постапува согласно законските одредби. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Ve molam da mi pojasnite, dali treba da se bara gradezna dozvola za postavuvanje na vremen objekt, kontejnerski tip na kukja, na zemjodelsko zemjiste vo selo vo berovsko? Blagodaram odnapred
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно Законот за градење (Сл.весник на Република Македонија бр.130/09, 18/11, 36/11 и 54/11), член 2 став 3 и став 4, времен објект е монтажно-демонтажен или типски објект кој се поставува на градежно неизградено земјиште, заради привремена употреба на просторот, до реализацијата на урбанистички план за градежното земјиште на кое е поставен времениот објект. Времен објект се поставува заради вршење на: - сообраќајни дејности (привремени паркинзи и природни патеки), - туристички, културни, спортско-рекрeативни и забавни дејности (информативни паноа, платформи за спортски, културни, туристички и забавни настани, придружни објекти во функција на спортски настани и летни дискотеки) и - објекти кои се во функција на граничните премини; Додека „Урбана опрема претставува опрема која се поставува на градежно изградено земјиште. Под урбана опрема, во смисла на овој закон, се смета опрема за продажба на билети за јавен превоз, весници, сувенири, цвеќиња, сладолед, телефонски говорници, автобуски постојки, типски објекти за обезбедување кои се во функција на дипломатско-конзуларните претставништва, на објекти на органите на државната управа и на резиденцијалните објекти, јавни санитарни јазли, тераси со или без настрешници, платформи за јавни манифестации на копно и на водна површина, покриени и непокриени шанкови, самостоечки рекламни паноа, детски игралишта, фонтани, чешми, клупи и корпи за отпадоци. Членот 79 од истиот закон определува дека Општините, општините во градот Скопје и градот Скопје донесуваат годишна програма за поставување на времени објекти со која се утврдува просторот на кој можат да се постават времени објекти, кој треба да е градежно незиградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со изградена инфраструктура и за кој е донесена урбанистичко планска документација. Понатаму е наведено дека по одобрувањето на програмата, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, на предлог на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје спроведува постапки за доделување под краткотраен закуп на градежното земјиште опфатено со програмата, согласно со Законот за градежно земјиште. Со предлогот потребно е да се достават микролокациски услови, геодетски елаборат за нумерички податоци и имотен лист за предметното земјиште. Се утврдува дека времените објекти се поставуваат по добиено одобрение за поставување на времен објект, кое го издава градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје и градоначалникот на градот Скопје на лицата кои склучиле договор за краткотраен закуп за предметното земјиште. Членот 80 на Законот за градење дефинира дека урбана опрема се поставува на јавни површини кои претставуваат градежно изградено и уредено земјиште без притоа да се наруши основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот. Потребата за поставување на урбана опрема ја утврдува советот на општината, советите на општините во градот Скопје и Советот на градот Скопје, како и дека Урбана опрема се поставува по добиено одобрение за поставување на урбана опрема, кое го издава градоначалникот на општината, градоначалниците на општините во градот Скопје и градоначалникот на градот Скопје. Ви благодариме на довербата. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ми треба информација, дали е потребна било каква дозвола или согласност за поставување на метален контејнер (општо познат како бродски контејнер) на приватно земјшите? Иако контејнерите не се градби во општината добивме конфузни одговори од различни службеници.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно Законот за градење (Сл.весник на Република Македонија бр.130/09, 18/11, 36/11 и 54/11), член 2 став 3 и став 4, времен објект е монтажно-демонтажен или типски објект кој се поставува на градежно неизградено земјиште, заради привремена употреба на просторот, до реализацијата на урбанистички план за градежното земјиште на кое е поставен времениот објект. Времен објект се поставува заради вршење на: - сообраќајни дејности (привремени паркинзи и природни патеки), - туристички, културни, спортско-рекрeативни и забавни дејности (информативни паноа, платформи за спортски, културни, туристички и забавни настани, придружни објекти во функција на спортски настани и летни дискотеки) и - објекти кои се во функција на граничните премини; Додека „Урбана опрема претставува опрема која се поставува на градежно изградено земјиште. Под урбана опрема, во смисла на овој закон, се смета опрема за продажба на билети за јавен превоз, весници, сувенири, цвеќиња, сладолед, телефонски говорници, автобуски постојки, типски објекти за обезбедување кои се во функција на дипломатско-конзуларните претставништва, на објекти на органите на државната управа и на резиденцијалните објекти, јавни санитарни јазли, тераси со или без настрешници, платформи за јавни манифестации на копно и на водна површина, покриени и непокриени шанкови, самостоечки рекламни паноа, детски игралишта, фонтани, чешми, клупи и корпи за отпадоци. Членот 79 од истиот закон определува дека Општините, општините во градот Скопје и градот Скопје донесуваат годишна програма за поставување на времени објекти со која се утврдува просторот на кој можат да се постават времени објекти, кој треба да е градежно незиградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со изградена инфраструктура и за кој е донесена урбанистичко планска документација. Понатаму е наведено дека по одобрувањето на програмата, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, на предлог на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје спроведува постапки за доделување под краткотраен закуп на градежното земјиште опфатено со програмата, согласно со Законот за градежно земјиште. Со предлогот потребно е да се достават микролокациски услови, геодетски елаборат за нумерички податоци и имотен лист за предметното земјиште. Се утврдува дека времените објекти се поставуваат по добиено одобрение за поставување на времен објект, кое го издава градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје и градоначалникот на градот Скопје на лицата кои склучиле договор за краткотраен закуп за предметното земјиште. Членот 80 на Законот за градење дефинира дека урбана опрема се поставува на јавни површини кои претставуваат градежно изградено и уредено земјиште без притоа да се наруши основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот. Потребата за поставување на урбана опрема ја утврдува советот на општината, советите на општините во градот Скопје и Советот на градот Скопје, како и дека Урбана опрема се поставува по добиено одобрение за поставување на урбана опрема, кое го издава градоначалникот на општината, градоначалниците на општините во градот Скопје и градоначалникот на градот Скопје. Ви благодариме на довербата. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Почитувани , ако можете да ми одговорите каква е процедурата ако сакам да градам на неурбанизирано земјиште кои документи ми се потребни. Ви благодарам
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека доколку нема урбанистички план за земјиштето, не може да добиете одобрение за градење. Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
имам поднесено легализација на доградба за кат и поткровје( зграда 2) а сопственик на приземјето со подрум сум јас и тоа е заведено во катастарската евиденција, а на корисничкото право на земјата сме зведени јас и уште дајца. Сега општината ми бара да доставам согласност и од другите двајца носители на корисничкото право на земјата иако тие немаат поднесено барање за легализација. а напоменам и тоа дека повеќе од половина сум сопственика и на зграда 1 а и на корисничкото правона земјата а и доградбата е извршена по договор за заедничка градба со свекорот и свекрвата кои во тоа време беа носители на корисничкото право на земјата а сега се починати, значи доградбара е извршена со наши средства.
Почитувани, Во врска со Вашето прашање поставено на порталот, дозволете ни да Ве известиме дека потребно е до надлежната општина да доставите согласност од двајцата носители на корисничкото право на земјиштето. Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
imam podneseno baranje vo opstina centar za legalizacija na objekt koj go koristam nad 25 godini. I pokraj dostavenite uredno dokumenti sega opstinata mi bara soglasnost i od drugite nositeli na korisnicko pravo na zemjata . Da napomenam deka jas sum sopstvenik na poveke od polovina od objektot a su nositel na poveke od polovina na korisni;koto pravo na zemjata ;ija sopstvenost e R.Makedonia.
Почитувани, Во врска со Вашето прашање поставено на порталот, дозволете ни да Ве известиме дека потребно е до надлежната општина да доставите согласност од двајцата носители на корисничкото право на земјиштето. Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани два пати ме одбиваат за поткровје а во низот од куќи лепенки втората има добиено дозвола за градба,од кои мојата куќа е прва,дали имам право да се жалам и каде ?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека можете да поднесете претставка до Секторот за управно-надзорни работи во рамки на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Kako moze da ja doznaam cenata za komunalii za gradezna dozvola vo Dolno Lisice - kolku se plaka za komunalii od metar kvadraten?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека плаќањето на комуналиите не е во надлежност на Министерството за транспорт и врски. Обратете се до единиците на локалната самоуправа. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Kako moze da doznaam koja e cenata za legalizacija na deloven prostor,garaza preinacena vo deloven prostor,nadvor od centralnoto gradsko podracje?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за одговор на Вашето прашање ќе се обратите до единиците на локалната самоуправа кои се надлежни за истото. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани,, Ве молам, како е процедура за градење и одобрение на приватна бензинска пумпа во РМ,,,,јасум заинтересиран да инвестирам во РМ не знам кај да се обратам....
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека Вашето прашање е општо и потребно е писмено да се обратите до Министерството за транспорт и врски ( доколку локалитетот е покрај регионален или магистрален пат) со детални податоци бидејќи го немате наведено локалитетот на кој имате намера да градите бензинска пумпа, или доколку локалитетот е покрај локален пат или градска улица обратете се писмено до надлежната општина. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
koristam drzavno zemjiste niva 2.5 hektari sakam da ja legaliziram i da se registriram kako zemjodelec koga drzavata go nudese ne bev vo moznost da ja legaliziram, pa sakam da ve prasam kako da go storam toa za da mozam da si plakam za nea.Odnapred vi blagodaram so pocit .
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за одговор на Вашето прашање ќе се обратите до Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Pocituvani, dali vo postapkite na zakonot za legalizacija e predvideno i transformiranje na zemjisteto po avtomatizam ako placot i objektot se naogjaat vo gradezen reon, ili paralelno so zakonot za legalizacija ke bide potrebno samo da pravime transformacija na zemjste. Mojot primer e sleden. Objektot e napraven pred 15 godini, imam star imoten list na koj ima pecat deka placot e vo gradezen reon, imam izdadeni uslovi za gradba i sopstvenik sum na zemjisteto na koe e gradbata. Bidejki vo posledniot izdaden imoten list od katastar, katastarskata kultura e l=livadi, me interesira dali prenamena ke se pravi avtomatski vo postapkata za legalizacija, ili ke trebam sam da sporvedam prenamena na katastarskata kultura?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за одговор на Вашето прашање потребно е да се обратите до Агенцијата за катастар на недвижности. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Почитувани по добивањето на одобрение за градба, дали за било која идна фаза е потребен надзор за изградба на деловен објект од 80 м2?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека потребен е надзор од правно лице со лиценца за надзор за изградба на објекти. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
почитувани,ме интересира кој е надлезен и кој би мозел да даде одговор до каде е градезен опфат на едно село,конкретно с,Рамне -Охридско,бидејки јас имам 1528 м2 на 75 метра од центарот на селото и бидејки не е урбанизирано целото землјисте е землјоделско,и се јавува проблем да продадам пола бидејки со новиот закон не се дели помалку од два хектари землја,на имотниот лист ми пишува 5 класа ,лево и есно од мене има изградени куки,ви благодарам
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за одговор на Вашето прашање надлежни се единиците на локалната самоуправа. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
почитувани,ме интересира за место,парцела која е во сопственист на дрзавата, местото е урбанизам, како јас да постапам за да мозам да го добијам тоа место за да мозам да изградам објект(кука)
Почитувани, Дозволете да Ве известиме дека до Министерството за транспорт и врски треба да доставите барање за распишување на оглас за јавно наддавање, со извод од Детален Урбанистички план издаден од надлежната општина, зависно од тоа на која локација се наоѓа предметното земјиште. Доколку се работи за земјиште во државна сопственост, Министерството за транспорт и врски по службена должност ги обезбедува сите докази потребни за отуѓување на земјиштето со јавно наддавање. Објавите за јавното наддавање, Министерството за транспорт и врски ги објавува во дневните печатени медиуми. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Pocituvani, Dali ke se menuva zakonot za legalizacija i dali ima najava za nekoi izmeni dopolnuvanja,imeno,go propustivme rokot za legalizacija na eden del,dodaden na kukata poradi sto ne mozeme da go prodademe celiot plac na investitorot za ..VE MOLAM ZA STO POSKORESEN ODGOVOR!
Почитувани, Во врска со Вашето прашање, дозволете ни да Ве известиме дека согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Сл. Весник на РМ, бр. 23 од 24.2.2011 година), рокот за поднесување на барањата за легализација на бесправно изградени објекти беше заклучно со 03.09.2011 година. За сите бесправно изградени објекти за кои не се поднесени барања за легализација ќе се постапува согласно законските одредби. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Дали постои образец за регулирање на правата и обврските при заедничка градба по меѓу две правни две физички или правно и физичко лице или истиот договор се изработува врз основа на потребите.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека не постои пропишан образец во прописите од надлежност на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ve molam za odgovor zatoa sto navistina sum zbunet. Me interesira : 1.dali moze divogradba (kuka za ziveenje) da bide legalizirana dokoku se naoga vo zona na stopanisuvanje. 2. dali moze divogradba(stopanski objekt-magacin) da bide legalizirana po cena 1e/m2. isto taka dokolku se naoga vo zona na stopanisuvanje. Nasata kuka se naoga vo zona na stopanisuvanje i od opstinata ni velat deka vo nikoj slucaj nemozat da je legaliziraat kako takva, tuku treba prvo da ja preimenuvame kako stopanski objekt i potoa da ja legalizirame po cena od 1500den/m2. Dali e vistina toa.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно стандардите за вклопување на бесправните објекти во урбанистичко-планската документација доколку намената на бесправниот објект не е во согласност со намената на земјиштето на кое е изграден објектот утврдена во важечката урбанистичко-планска документација, потребно е советот на општината да одлучи дали ќе се донесе урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените. Согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти за објектите со намена домување во станбени куќи и за електронските коминикациски мрежи и средства висината на надоместокот изнесува 61.00 денар по м2 од изградената површина на бесправниот објект, која е утврдена со геодетскиот елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект а за сите останати објекти од локално висината на надоместокот е еднаква на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште кој се пресметува во постапката за добивање на одобрение за градење за објекти од локално значење, која е утврдена од единиците на локална самоуправа до денот на влегување во сила на овој закон. Исто така не може да се “преименува“ објектот, бидејќи се утврдува фактичката состојба однсоно се легализира согласно постојната намена на објектот. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Корисник сум на земјиште по основ на поранешна сопственост. Денес тоа земјиште не е опфатено со урбанистички план, односно е вон опфат. Земјиштето е национализирано. Соседните катастарски парцели исто така не се опфатени со урбанистички план, но тие се приватизирани по закон кој важел во 2001 година. Сега на исто подрачје има замјишта со различен правен режим. Законот за приватизација на градежно земјиште одредува дека мора да има урбанистички план за да земјиштето биде приватизирано. Во постапка за приватизација сум одбиен поради тоа што не се работело за градежно земјиште. Како да станам сопственик на мое земјиште, на земја која ми е наследство од турското? Која е процедурата за приватизација национализирани земјоиделски земјишта?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека Министерството за транспорт и врски на РМ не е надлежно за Вашето прашање. Ве молиме, за одговор обратете се до Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ние сме тројца браќа.Од родителите наследивме куќа (поранешна барака)и доградба,изградена со одобрение за градба и платени комуналии.И куќата и доградбата отстапуваат од затечената и дозволената квадратура,во плус.Очигледен статус на делумна дивоградба.За да не се протолкува дека имаме случај од член 10 точка 3 (Закон за постапување со бесправно......), за спротиставени барања за утврдување на правен статус на еден (делумно)бесправен објект,имајки правосилно оставинско решение но не и спроведена физичка делба , одлучивме,еден од нас да го поднесе барањето,со приложување на фотокопии од лична карта и сметки за струја од сите тројца.Одговорниот службеник го прими барањето поднесено во законски утврдениот рок 23.07.2011 год..Дали сме постапиле во согласност со законот?
Почитувани, Дозволете да Ве известиме дека согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Службен весник на РМ, бр. 23 од 24.2.2011 година), за утврдување на правен статус на бесправен објект се поднесува Барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од страна на имателот на бесправен објект до надлежниот орган. Воопшто не е спорно дека и повеќе лица можат да поднесат заедничко барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, во кој случај во барањето треба да бидат наведени сите лица и истото треба да е потпишано од сите баратели. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Дали е можна промена на лицето на кое што гласи барањето за легализација? Поточно пред истекување на рокот за поднесување на барањата, е предвидено легализацијата на дивоградбата да биде на име на Љ.А. По истекот на рокот за легализација се случува бракоразводна постапка, и се врши физичка делба на дивоградбата вклучувајќи и поделба на електрично броило. Прашањето ми е дали е возможно, со оглед на околностите на терен, легализацијата да се изврши како врз две дивоградби на име на поранешните сопружници, иако првично барањето било за една дивоградба на име на едниот соприжник?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти кои се во владина процедура, се предвидува постапка за промена на лицето кое го поднесува барањето за легализација. Доколку е поднесено барање за утврдување на правен статус на еден објект, се донесува едно решение за утврдување на правен статус на бесправниот објект. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
zdravo ke ve molam da mi odgovorite na prasanjeto imam plac 600m2 kade sto ima izgradeno kuka od 100m2no nie sme dvajca braka isakame da izgradime uste edna kuka vo istiot plac placot se naoga vo naselba vo kriva palanka vo zona 5 sto dokumenti ke se potrebni i kolku finansii ke ni se poterbni za dokumentite
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за одговор на Вашето прашање потребно е да се обратите во надлежната општина каде се наоѓа градежното земјиште. Единиците на локалната самоуправа ги поседуваат деталните урбанистички планови. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Што е потребно за доградба на последен кат во зграда во која што е доградено на цела вертикала?
Почитувани, Во врска со вашето прашање, Ве известуваме дека за конкретен одговор потребно е да се обратите до надлежната општина од причина што таа ги донесува урбанистичките планови и издава одобранија за градба, доградба и надградба. Со почит, Министерство за транспорт на Република Македонија
кои документи и формулари се потребни за аплицирање за издавање на овластување А за овластен проектант
Почитувани, Врз основа на Законот за градење (Службен весник на Република Македонија бр.130/09,124/10, 18/11 и 54/11), Правилникот за начинот и постапката за издавање обновување и одземање на лиценците за проектирање на градби, ревизија на проектна документација, управител на градба, изведувач на градби, надзор над изградбата на градби и управител на одржување на објекти, формата и содржината на образецот на лиценците како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот за издадени лиценци (Службен весник на Република Македонија бр.24/11) и Правилникот за висината на надоместокот за добивање на лиценци (Службен весник на Република Македонија бр.143/09 и 24/11) за издавање на лиценците од страна на Министерството за транспорт и врски, во прилог на барањето потребно е да се достави и следната документација: I. ЛИЦЕНЦИ ЗА ИЗВЕДУВАЧ НА ГРАДБИ 1) Со барањето за добивање на лиценца А за изведувач на градби од прва категорија правното лице потребно е да се достави:  доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци, во оригинал или копија заверена на нотар,  доказ дека има вработено најмалку 20 лица од кои три лица со овластување А за инженер за изведба и едно лице со овластување Б за инженер за изведба: • нотарски заверени копии од М1/М2 обрасци за најмалку дваесет вработени лица и • копии од три А овластувања за инженер за изведба и едно Б за инженер за изведба што ги поседуваат најмалку четворица од вработените во правното лице. 2.) Со барањето за добивање на лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија правното лице потребно е да се достави:  доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци, во оригинал или копија заверена на нотар,  доказ дека има вработено најмалку 5 лица од кои две лица со овластување Б за инженер за изведба: • нотарски заверени копии од М1/М2 обрасци за најмалку 5 вработени лица и • копии од две овластувања Б за инженер за изведба што ги поседуваат најмалку двајца од вработените во правното лице. II. ЛИЦЕНЦА ЗА НАДЗОР НАД ГРАДБИ 1.) Со барањето за добивање на лиценца А за надзор на изградбата на градби од прва категорија потребно е да се достави:  доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци во оригинал или копија заверена на нотар;  доказ дека има вработено најмалку четворица инженери од кои двајца со А овластување за вршење на надзор: • нотарски заверени копии од М1/М2 обрасци за најмалку четворица вработени инженери, • копии од А овластувања за надзор за најмалку двајца вработени инженери и • копии од дипломи за најмалку двајца вработени инженери. 2.) Со барањето за добивање на лиценца Б за надзор на изградбата на градби од втора категорија потребно е да се достави:  доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци, во оригинал или копија заверена на нотар;  доказ дека има вработено најмалку тројца инженери од кои двајца со Б овластување за вршење на надзор: • нотарски заверени копии од М1/М2 обрасци за најмалку тројца вработени инженери, • копии од Б овластувања за надзор за најмалку двајца вработени инженери и • копија од диплома за најмалку еден вработен инженер. III.ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ НА ГРАДБИ 1.) Со барањето за добивање на лиценца А за проектирање на градби од прва категорија правното лице потребно е да се достави:  доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци во оригинал или копија заверена на нотар;  доказ дека има вработено најмалку тројца инженери од кои еден со овластување А за проектирање на градби и еден со овластување Б за проектирање: • копии заверени на нотар од М1/М2 обрасци за најмалку 3 вработени инженери во правното лице, • копија од овластување А за проектирање на градби за најмалку еден инженер и копија од овластување Б за најмалку еден инженер, • копија од диплома за најмалку еден инженер. 2.) Со барањето за добивање на лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија правното лице потребно е да се достави:  доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци во оригинал или копија заверена на нотар;  доказ дека има вработено најмалку двајца инженери од кои еден со овластување Б за проектирање на градби: • копии заверени на нотар од М1/М2 обрасци за најмалку двајца вработени инженери во правното лице, • копија од овластување Б за проектирање на градби за најмалку еден инженер и • копија од диплома за најмалку еден вработен инженер. IV.ЛИЦЕНЦА ЗА РЕВИЗИЈА НА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА 1.) Со барањето за добивање на лиценца А за ревизија на проектна документација за градби од прва категорија правното лице потребно е да се достави:  доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци во оригинал или копија заверена на нотар;  доказ дека има вработено најмалку тројца инженери од кои еден со овластување А за ревизија на проектна документација и еден со овластување Б за ревизија на проектна документација: • копии заверени на нотар од М1/М2 обрасци за најмалку тројца вработени инженери во правното лице, • копија од овластување А за ревизија на проектна документација за најмалку еден инженер и копија од овластување Б за ревизија на проектна документација за најмалку еден инженер, • копија од диплома за најмалку еден вработен инженер. 2.) Со барањето за добивање на лиценца Б за за ревизија на проектна документација за градби од втора категорија правното лице потребно е да се достави:  доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци во оригинал или копија заверена на нотар;  доказ дека има вработено најмалку двајца инженери од кои еден со овластување Б за ревизија на проектна документација: • копии заверени на нотар од М1/М2 обрасци за најмалку двајца вработени инженери во правното лице, • копија од овластување Б за ревизија на проектна документација за најмалку еден инженер и • копија од диплома за најмалку еден вработен инженер. НАДОМЕСТОК ЗА ЛИЦЕНЦИ Надоместокот за издавање на секоја лиценца одделно треба да се уплати во денарска противвредност според среден курс на НБРМ на денот на уплатата на следната сметка: Цел на дознака: надоместок за добивање на лиценца за изведувач /надзор/проектирање/ревизија Назив на примач: Буџет на РМ Банка на примач: НБРМ Буџетска сметка: 100000000063095 Уплатна сметка: 840***06964 Приходна шифра: 718142 Програма: 00 *** Ѕвездичките го означуваат бројот на општината каде правното лице има седиште Висината на надоместокот за секоја лиценца одделно изнесува: За изведувач на градби: За проектирање на градби: Лиценца А – 2000 евра Лиценца А – 1000 евра Лиценца Б - 1000 евра Лиценца Б – 500 евра За надзор над изградбата: За ревизија на проектна документација: Лиценца А – 3000 евра Лиценца А – 2500 евра Лиценца Б – 1000 евра Лиценца Б – 1500 евра Лиценците се подигнуваат во Министерството за транспорт и врски секој работен ден од 10 до 12 часот со приложување на оригинал уплатница за извршен надоместок. Истите податоци ги има и на нашата интернет страница: www.mtc.gov.mk, во делот Услуги за граѓаните. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
дали важи плаќање на рати при легализација на дивоградба во стамбена зграда
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 20 став (6) од Законот за постапување со бесправно изградени објекти е предвидено надоместокот за утврдување на правен статус на бесправен објект, барателот може да го плати во рок од 10 работни дена од денот на приемот на пресметката или одложено на дванаесет месечни рати при што доколку надоместокот се плаќа одложено, барателот е должен со единицата на локална самоуправа да склучи договор за одложено плаќање на надоместокот за утврдување на правен статус. Имајќи ја во предвид наведената одредба плаќањето на одложени 12 месечни рати се однесува на сите видови на објекти. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Постапката за легализација на куќата ми е сопрен поради некаква грешка од катастарот!!!Имено куќата ми е изградена уште во далечната 1975 год. и фактичката состојба на теренот се совпаѓа со тогашната документација и геометарски мерења,меѓутоа според сегашните мерења,геометрите пронаоѓаат некоја грешка, според која биле поместени границите на плацовите.Се разбира ,сега не само јас и моите соседи туку и целата населба (Илинден,Марино-Скопје) го има тој проблем,меѓутоа мојот проблем е уште поголем бидејќи според сегашните мерења- дел од мојата куќа зафаќа дел од плацот на мојот сосед.поради што и постапката за легализација ми е стопирана се дури не донесам доказ за сопственост.Мојот сосед е запознаен со овој проблем и поради тоа своеволно ми потпиша изјава-заверена на нотар,дека се согласува да продолжи постапката за легализација на мојата куќа.Меѓутоа од општина Илинден не се согласуваат со тоа и постапката се уште ми е стопирана,а навистина не знам зошто?Ме интересира дали вие како министерство сте запознаени со овој вид на проблеми и што се превзема во овој правец ,бидејќи верувајте дека со ваков вид на проблеми се соочуваат поголемиот дел од граѓаните на општина Илинден.Навистина би ви бил благодарен доколку ме известите преку мејл со совет ,што да правам понатака?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти (член 6 став 3) е предвидено во случаите кога бесправниот објект е изграден на земјиште кое не е сопственост на барателот или на Република Македонија односно земјиштето е сопственост на друго физичко или правно лице, барателот е должен да достави и договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот на земјиштето. Со предлог законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, кој е во собраниска процедура, за вакви случаи се предвидува и изјава заверена на нотар со која сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето изјавува дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект и истиот да се запише во јавните книги за запишување на правата на недвижности на име на барателот. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
ве молам да ми појасните дали во законот за дивоградби постои одредба за висина на објектот кој се легализира , имено имам куќа( приземје два спрата и поткровје) изградена 2005 год со висина од 10,5 метри до венец,а тогаш ми беше дозволено по елаборат11,2 но не платив комуналии.ги поднесов сите документи за легализација на време се е во ред со документацијата и од катастарот ја потврдија висината која е мерена до земја бидејки уште немам ставено цокле и стази околу куќата но од општината ми кажаа дека имам проблем бидејки дозволено било 10,2 по законот а јас нигде не увидов дека така стои во ниедна регулатива ве молам за ваше мислење и како да им објаснам ако сум во право...
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти не постои одредба за висината на објектот кој е предмет на утврдување на правен статус. Стандардите кои бесправниот објект треба да ги исполни за да може да се вклопи во урбанистичко планската документација се утврдени со правилникот за стандарди за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко планската документација, кој можете да го најдете на веб страната на министерството за транспорт и врски. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Јас сум Трендафиловска Сунчица од Куманово. Од Јовановски Зоран, купив куќа на ул. Стојан Арсов бр. 30 во Куманово, Имотен лист број 17293 КП 20701, во која сега живеам со моето семејство. Заедно со куќата го купив и целиот двор. Но во дворот постои уште една куќа Имотен лист број 45583 КП 20701 сопственост на Митевски Мите (поранешен сопственик на мојата куќа, се разбира и на дворот). Ме интересира дали сопственикот на оваа куќа има право само на неминовен (службен) премин низ мојот двор (бидејќи тој нема ни еден квадратен метар двор - неговата куќа всушност лежи во мојот двор). Ако е така, кој орган треба да му го стави тоа до знаење - да издаде решение или слично... И уште едно прашање. Бидејќи тој нема двор, неговата куќа лежи во мојот двор, дали имам право на надомест - кирија за истото Уште едно појаснување. Митевски Мите ја заложил куќата и дворот (на кои сега јас сум сопственик), и бидејќи не го вратил долгот, во 2003 година го изгубил правото на сопственост, па сега неговата куќа останала во мој двор. Ве молам ако можете да ми одговорите како да си ги остврам моите права. Однапред ви благодарам
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека според Вашите податоци, не сме во можност целосно да ја утврдиме фактичката состојба, па затоа Ве молиме за да можеме да Ве упатиме на право место, како и за комплетно разгледување на Вашиот случај, да дојдете со комплетната документација директно во Секторот за документирање и управување со градежно земјиште, во вторник и четврток од 13:00 до 16:00 часот. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
кои документи и формулари се потребни за аплицирање за издавање на овластување Б за изработка и ревизија на проектна документација?
Почитувани, Врз основа на Законот за градење (Службен весник на Република Македонија бр.130/09,124/10, 18/11 и 54/11), Правилникот за начинот и постапката за издавање, обновување и одземање на лиценците за проектирање на градби, ревизија на проектна документација, управител на градба, изведувач на градби, надзор над изградбата на градби и управител на одржување на објекти, формата и содржината на образецот на лиценците како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот за издадени лиценци (Службен весник на Република Македонија бр.24/11) и Правилникот за висината на надоместокот за добивање на лиценци (Службен весник на Република Македонија бр.143/09 и 24/11) за издавање на лиценците од страна на Министерството за транспорт и врски, во прилог на барањето потребно е да се достави и следната документација: I. ЛИЦЕНЦИ ЗА ИЗВЕДУВАЧ НА ГРАДБИ 1) Со барањето за добивање на лиценца А за изведувач на градби од прва категорија правното лице потребно е да се достави:  доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци, во оригинал или копија заверена на нотар,  доказ дека има вработено најмалку 20 лица од кои три лица со овластување А за инженер за изведба и едно лице со овластување Б за инженер за изведба: • нотарски заверени копии од М1/М2 обрасци за најмалку дваесет вработени лица и • копии од три А овластувања за инженер за изведба и едно Б за инженер за изведба што ги поседуваат најмалку четворица од вработените во правното лице. 2.) Со барањето за добивање на лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија правното лице потребно е да се достави:  доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци, во оригинал или копија заверена на нотар,  доказ дека има вработено најмалку 5 лица од кои две лица со овластување Б за инженер за изведба: • нотарски заверени копии од М1/М2 обрасци за најмалку 5 вработени лица и • копии од две овластувања Б за инженер за изведба што ги поседуваат најмалку двајца од вработените во правното лице. II. ЛИЦЕНЦА ЗА НАДЗОР НАД ГРАДБИ 1.) Со барањето за добивање на лиценца А за надзор на изградбата на градби од прва категорија потребно е да се достави:  доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци во оригинал или копија заверена на нотар;  доказ дека има вработено најмалку четворица инженери од кои двајца со А овластување за вршење на надзор: • нотарски заверени копии од М1/М2 обрасци за најмалку четворица вработени инженери, • копии од А овластувања за надзор за најмалку двајца вработени инженери и • копии од дипломи за најмалку двајца вработени инженери. 2.) Со барањето за добивање на лиценца Б за надзор на изградбата на градби од втора категорија потребно е да се достави:  доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци, во оригинал или копија заверена на нотар;  доказ дека има вработено најмалку тројца инженери од кои двајца со Б овластување за вршење на надзор: • нотарски заверени копии од М1/М2 обрасци за најмалку тројца вработени инженери, • копии од Б овластувања за надзор за најмалку двајца вработени инженери и • копија од диплома за најмалку еден вработен инженер. III.ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ НА ГРАДБИ 1.) Со барањето за добивање на лиценца А за проектирање на градби од прва категорија правното лице потребно е да се достави:  доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци во оригинал или копија заверена на нотар;  доказ дека има вработено најмалку тројца инженери од кои еден со овластување А за проектирање на градби и еден со овластување Б за проектирање: • копии заверени на нотар од М1/М2 обрасци за најмалку 3 вработени инженери во правното лице, • копија од овластување А за проектирање на градби за најмалку еден инженер и копија од овластување Б за најмалку еден инженер, • копија од диплома за најмалку еден инженер. 2.) Со барањето за добивање на лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија правното лице потребно е да се достави:  доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност: • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци во оригинал или копија заверена на нотар;  доказ дека има вработено најмалку двајца инженери од кои еден со овластување Б за проектирање на градби: • копии заверени на нотар од М1/М2 обрасци за најмалку двајца вработени инженери во правното лице, • копија од овластување Б за проектирање на градби за најмалку еден инженер и • копија од диплома за најмалку еден вработен инженер. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
ПОЧИТУВАНИ, ВЕ МОЛАМ ДА МИ ОДГОВОРИТЕ ДО КОГА Е КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕЛАБОРАТИ ЗА ДИВО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ. ЗА ИСТИОТ ИМАМ ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ДО ОПШТИНАТА. ВИ БЛАГОДАРАМ.
Почитувани, Согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Службен весник на Република Македонија бр.23/11 и 54/11) не е предвиден рок за доставување на геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојна на бесправен објект.Во собраниска процедура се наоѓа Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со кој се предвидува рок за доставување на геодетски елабоарати кој изнесува 18 месеци од денот на влегување во сила на истиот.Оттука доколку Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти се усвои од страна на Собранието на Република Македонија, рокот од 18 месеци за доставување на геодетски елаборати ќе започне да тече од денот на влегувањето во сила на Закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, дали може да се изврши промена на барател за уврдување на правен статус на бесправно изграден објект и кои документи се потребни Ви благорадам
Почитувани, Согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Службен весник на Република Македонија бр.23/11 и 54/11) не е предвидена промена на поднесител на барање за утврдување на статус на бесправно изграден објект. Во собраниска процедура се наоѓа Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со кој се предвидува горенаведената промена доколку горенаведениот Предлог-Закон се усвои од страна на Собранието на Република Македонија. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
почитувани дали странски лица можат да купат градежно земјиште или имот, со што би побарале одобрение за градба и ако да, од кој земји и која е процедурата односно потребните документи
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во секоја објава за електронско јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено земјиште постои дел: Право на учество на јавното наддавање и УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ: 1.Физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија. 2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Ве молам за одговор, имам изградено мост на река во КО Маркова Сушица, како единствен начин да дојдам до плацот кој го поседувам. Дали може да го легализирам мостот и кои документи ми се потребни?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека рокот за поднесување на барања за легализација на бесправно изградени објекти заврши на 3 септември 2011 година. За сите бесправно изградени објекти за кои не се поднесени барања во законскиот рок ќе следи постапување согласно Законот за градење (Службен весник на Република Македонија бр. 130/09, 124/10,18/11 и 54/11). Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Ве молам за одговор, имам изградено мост на река во КО Маркова Сушица, како единствен начин да дојдам до плацот кој го поседувам. Имам поднесено барање за легализација во рокот до 03.09.2011. Моето прашање е дали може да го легализирате мостот и кои документи ми се потребни? Физички мостот се наоѓа на двата брега на реката, меѓутоа по увид и мерење од геодетска фирма за елобарат, поради промена на течението на реката сега мостот според катастарски план се наоѓа на приватен плац. Како да постапам, дали да го откупам местото за да имам имотен лист за местото на кое се наоѓа мостот?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека рокот за поднесување на барања за легализација на бесправно изградени објекти заврши на 3 септември 2011 година. За сите бесправно изградени објекти за кои не се поднесени барања во законскиот рок ќе следи постапување согласно Законот за градење (Службен весник на Република Македонија бр. 130/09, 124/10,18/11 и 54/11). Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
За поставување урбана опрема во сопствена парцела-дворно место на главна улица имаме добиено Одобрение за поставување урбана опрема во сопствена парцела донесено од Град Скопје по овластување на Градонацалник на Град Скопје. Одобрението е донесено врз основа на поднесен Елаборат за поставување урбана опрема со потребни податоци и прилози, за кое сектор од Град Скопје изврши увид на лице место и донесе одлука дека барањето и Елаборатот се во согласност со одредбите на Одлуката за поставување урбана опрема. Спротивно Град Скопје ,општина Карпош и Градонацалникот Стевце Јакимовски за истата урбана опрема иако имаме одобрение од Град Скопје, донесуваат решение за одстранување во рок од 1( ЕДЕН) ден. Ве молиме да ни дадете одговор дали во овој слуцај каде што имаме одобрение од Град Скопје по уредно доставен елаборат, и сме на главна улица како надлезност на Град Скопје, како и фактот дека урбаната опрема се наога на приватен имот-дворно место- дали има општината надлезност да донесува вакви решенија и воопшто да одлуцува. Ви благодариме однапред на брзиот и навремен одговор.
Почитувани, Согласно член 2 став еден точка 4. „Урбана опрема претставува опрема која се поставува на градежно изградено земјиште. Под урбана опрема, во смисла на овој закон, се смета опрема за продажба на билети за јавен превоз, весници, сувенири, цвеќиња, сладолед, телефонски говорници, автобуски постојки, типски објекти за обезбедување кои се во функција на дипломатско-конзуларните претставништва, на објекти на органите на државната управа и на резиденцијалните објекти, опрема во функција на туристички, културни, спортски настани, јавни санитарни јазли, тераси со или без настрешници, платформи за јавни манифестации на копно и на водна површина, покриени и непокриени шанкови, самостоечки рекламни паноа, детски игралишта, фонтани, чешми, клупи и корпи за отпадоци“. Доколку бараната урбана опрема припаѓа во наведените опции за урбана опрема тогаш треба да се имаат предвид и другите законски одредби. Согласно член 80 од Законот за градење е наведено: „(1) Урбана опрема се поставува на јавни површини кои претставуваат градежно изградено и уредено земјиште без притоа да се наруши основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот. Потребата за поставување на урбана опрема ја утврдува советот на општината, советите на општините во градот Скопје и Советот на градот Скопје. (2) Урбана опрема се поставува по добиено одобрение за поставување на урбана опрема, кое го издава градоначалникот на општината, градоначалниците на општините во градот Скопје и градоначалникот на градот Скопје. Доколку е издадено одобрение за поставување на урбана опрема од страна на градоначалникот на градот Скопје, општината е должна истото да го почитува. Меѓутоа, мора да се има предвид дека во принцип одобрението за поставување на урбана опрема во општините на градот Скопје го издава градоначалникот на општината, додека службите на Градот Скопје издаваат одобрение за обавување на дејност и определуваат надомест за користење на јавна површина за одобрената намена, но не го издаваат одобрението за поставување на урбаната опрема. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani.Imam podneseno barajne za legalizacija na divogradba na mesto kupeno pred 40 godini so nadvoresen dogovor. bideki sopstvenikot e umren naslednicite mi baraat pari za da mi dozvolat legalizacija na divogradbata za koja imam dostaveno evidenten list.ve molam da mi odgovorite koja e narednata postapka bideki od opstinata ne mi dozvoluvaat legalizacija. SO POCIT.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 6 став 4 од Законот “Доколку бесправниот објект е изграден на земјиште пренесено од поранешен сопственик врз основа на договор за купопродажба, на кое како корисник е евидентиран поранешниот сопственик, а барателот го користи земјиштето повеќе од 20 години од денот на склучувањето на договорот, барателот е должен покрај доказите од став (2) на овој член да достави и договор за купопродажба на земјиштето и изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека барателот или лицето чиј наследник е барателот го имаат купено земјиштето од поранешниот сопственик. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
имаме купено плац со надворешен договор,сопственикот има корисничко право,ине уценува за легализацијата на изградената куќа,имаме подадено елаборат во општината,поведено судски процеси,но ништо ..плацот ни е купен пред 17 год.што понатаму ,ве молам за совет заоа што адвокативе само пари земаат и ништо.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 6 став (4) од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, доколку бесправниот објект е изграден на земјиште пренесено од поранешен сопственик врз основа на договор за купопродажба, на кое како корисник е евидентиран поранешниот сопственик, а барателот го користи земјиштето повеќе од 20 години од денот на склучувањето на договорот, барателот е должен покрај другите докази предвидени со законот за постапување со бесправно изградени објекти да достави и договор за купопродажба на земјиштето и изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека барателот или лицето чиј наследник е барателот го имаат купено земјиштето од поранешниот сопственик (појаснување : Изјавата ја дава лицето кое го поднело барањето за легализација, а не поранешниот сопственик или неговите наследници). Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Имам поднесено барајне за легализација на кујка изградена 1971 г. на плац кој ни е купин со надворешен договор 1970 г.Сопственикот на плацот е умрен и поднесов судско барајне да ми се утврди корисничко право на користејне на КП. Според пресудата на основен суд во Прилеп се задолзува наследникот на сопственикот да ми го признае тоа право но,истиот се зали на Апелационен суд во Битола кои се повикуват на сојузен закон од 15.02.1968 г. и корисницкото право ми го успоруваат. Со ваквата втора степана пресуда поднесуваат барајне до општината во Прилеп да не мисе дозволи легализација на објектот.Дали мозам да ја легализирам кујќата бидејки од општината ми налагаат прво да го решам спорот со местото.Со почит.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 6 став (4) од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, доколку бесправниот објект е изграден на земјиште пренесено од поранешен сопственик врз основа на договор за купопродажба, на кое како корисник е евидентиран поранешниот сопственик, а барателот го користи земјиштето повеќе од 20 години од денот на склучувањето на договорот, барателот е должен покрај другите докази предвидени со законот за постапување со бесправно изградени објекти да достави и договор за купопродажба на земјиштето и изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека барателот или лицето чиј наследник е барателот го имаат купено земјиштето од поранешниот сопственик (појаснување : Изјавата ја дава лицето кое го поднело барањето за легализација, а не поранешниот сопственик или неговите наследници). Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
dali e donesen zakonot izmeni i dopolnuvajne za legalizacija na divogrdbi ako ima izmeni do koj datum graganite treba da gi kompletiraat dokumentite (elaborati idr. )za da gi dostavat do opstinata nadleznoto ministerstvo da mi odgovorite so datum i sto potoa koja e postapkata , sto ako geodetskite firmi ne go izrabotat elaboratot do toj datum i drugi resenija okolu ovie problemi. koi mu se nametnuvaat i na taka bednite i osiromaseni gradzani.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека со Законот за постапување со бесправни објекти не е предвиден рок за доставување на геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект. Во собраниска процедура се наоѓа предлог закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправни објекти каде се предвидува рок од 18 месеци од денот на влегување во сила на овој закон. Доколку од страна на Собранието на Република Македонија се донесе наведениот закон, рокот за доставување на Геодетски елаборат ќе изнесува 18 месеци сметајќи од денот на влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Vo vrska so legalizacija se naogam vo madir maalo centar predadena mi e komplet dokumentacija vo meguvreme nosat urbanisticki plan vo koj se predvideni zgradi i mi velat deka za legaliziranje treba da platam 117 evra po kvadrat vo red go prifativ i toa sega veli ne se vklopuvam vo planot sto moze ponatamu da se stori dali opstina centar ima vo plan da legalizira ili ne ili kade da go najdam zakonov so poprecizni raboti
Почитувани, Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Службен весник на РМ, бр. 23/11 и 54/12) и Правилникот за стандардите за вклопување на бесправните објекти во урбанистичко планската документација (Службен весник на РМ, бр. 56/12) го определуват постапувањето по барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти. Согласно алинеја 4 и алинеја 5 на член 2 од Правилникот надлежниот орган утврдува дали намената на бесправниот објект е во согласност со важечкиот урбанистички план односно дали советот на општината ќе го уважи барањето за измена на планот при што ќе донесе одлука за изменување и дополнување на планот со намената на бесправно изградениот објект. А согласно член 2 од законот надлежниот орган утврдува дали се исполнети условите за вклопување на бесправниот објект во урбанистичко-планската документација и издава урбанистичка согласност или донесува решение со кое се одбива барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект. Од наведеното произлегува констатацијата дека доколку е предвидено со важечкиот ДУП изградба на градби со намена А2-домување во станбени згради, а намената на бесправно изградениот објект е со А1-домување во семејни куќи, бесправно изградениот објект не е изграден во согласност со намената утврдена во планот. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pochituvani, dali mozete da mi odgovorite dali e potrebna dozvola za da se vgradi montazen bazen vo zemja koj nema da bide prikluchen na vodovodna , kanalizaciska , ili elektrichna mreza vo Skopje? Postaveno e prashanjeto do urbanizam pri nadleznata opshtina megutoa odgovor nemam! Soglasno sluzbeniot vesnik od 14.03.2011 br 31 chlen 14 neznam dali tolkuvanjeto e za bazeni so tvrda gradba ili pak gi opfaka site vidovi bazeni? Ve molam za ednostaven odgovor , dali e potrebna dozvola za ovoj tip na bazen ili ne? Blagodaram odnapred!
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме согласно Законот за градење (Пречистен текст) Сл. Весник на Р. Македонија, бр.39 од 22.03.2012 година, во глава 9. Градби за кои не е потребно одобрение за градење, односно во член 73 став (1) е наведено дека „Одобрение за градење не е потребно за следниве градби:...“ па следи набројување за кои градби се однесува, така што во алинеја 14 стои „базени на ниво на терен за индивидуална употреба;“ Имајки ја предвид оваа законска одредба потребно е Решение кое надлежниот орган го издава врз основа на член 74 каде стои: „ (1) За изведување на градбите, односно поставување на опремата од членот 73 на овој закон инвеститорот поднесува барање со документација утврдена во прописот од став (2) на овој член до општината на чија територија треба да се изведе градбата, односно да се постави опремата. Доколку се исполнети условите за изведување на градбата, односно поставување на опремата градоначалникот на општината донесува решение за изведување на градбата, односно поставување на опремата, во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето. (2) Формата и содржината на барањето, потребната документација и образецот на решението од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите за уредување на просторот.“ Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, Ве молам за одогор на прашањата: 1.Која одалеченост треба да биде од меѓата градба на станбена зграда со 4 ката и станбена зграда од 6 ката. 2.За кое време застарува правото на тужба доколку некој ја прекршил гореневедената обврска за одалеченост на објектот од меѓата. 3.Дали има право на отвори /прозорци/ доколку е на помало растојание од меѓата пропишано со закон. Однапред благодарам,
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека растојанијата помеѓу објектите се утврдуваат во планската документација, а во согласност со одредбите од член 42 од Правилникот за стандарди и нормативи за планирање (Службен весник на РМ бр.63/12). Во однос на Вашето второ прашање за времето на застарување на тужбата - растојанијата помеѓу објектите утврдени во планската документација потребно е да се почитуваат при изработка на основниот проект врз основа на кој се издава одобрение за градење. Против одобрението за градење е допуштена жалба во рок од 15 дена од прием на одобрението. Додека во однос на Вашето трето прашање - растојанијата помеѓу објектите утврдени во планската документација и одредбите од член 42 од Правилникот за стандарди и нормативи за планирање ги определуваат случаите кога може и со какви ограничувања да се одобрат прозори во основниот проект. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Од кој датум се смета 18 месеци рок за доставување на елабоорат за легализацијана објети?Со почит.
Почитувани, Рокот за доставување на геодетски елаборати за бесправно изградените објекти изнесува 18 месеци сметајќи од денот на влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Службен весник на Република Македонија бр.155/12) односно од 17.12.2012 година. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, Ме интересира што се случува со постапката за легализирање на веке изграден (дивоизграден) објект (куќа) во зона за малостопанство ( индустриска зона).Имено куќата е изградена многу порано пред да се донесе одлука дека таму ќе била индустриска зона. Имаме проблем бидејќи општината бара да се пренамени ќуќата во деловен објект што фактички не е, и вистина не гледам причина зошто така да се легализира, имајќи ги во предвид финансиите и фактичката состојба. Кои олеснителни околности ни се на располагање за легализација на веќе постоечки објект. Дали со некој закон е опфатено што и како да се постапува во ваков случај за да се испочитува и општината и државата , а да не сме ние оштетени како сопственици на куќа во некоја идна индустриска зона, зошто сепак тоа е куќа а не индустриски објект. Ве молам за помош и совет и насока за понатаму.Однапред Ви благодарам
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека доколку намената на бесправниот објект не е во согласност со намената на земјиштето на кое е изграден објектот утврдена во важечката урбанистичко-планска документација, потребно е со одлука на Советот на општината односно Советот на општината во градот Скопје или Советот на Градот Скопје да се утврди дали ќе се донесе урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените. Условите за утврдување на правен статус се утврдени во Законот за постапување со бесправно изградени објекти и тие се еднакви за сите иматели на бесправни објекти. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani me interesira sto e potrebno da se smeni zemjiste od ovostarnik vo gradezno zemjiste dali moze da se izvrsi promena
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека Вашето прашање е во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
do koga e posledniot datum za dostava na elaborat za bespravno izgraden objekt do lokalnata samouprava a so novite izmeni vo zakonot ve molam da mi odgovorite i da mi go ispratite odgovotot na mojot email
Почитувани, Рокот за доставување на геодетски елаборати за бесправно изградените објекти изнесува 18 месеци сметајќи од денот на влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Службен весник на Република Македонија бр.155/12) односно од 17.12.2012 година. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани , ме интересира до кога е крајниот рок за доставување на елаборат за легализација на дивоградбите, бидејќи имаше еден рок од 18 месеци, па ме интересира дали тој закон е стапен во сила и кога е крајниот рок?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека рокот за доставување на геодетски елаборати за бесправно изградените објекти изнесува 18 месеци сметајќи од денот на влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Службен весник на Република Македонија бр.155/12) односно од 17.12.2012 година. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани,ме интересира дали е потребно да се бара изјава од сосопственик на земјиште на кое има изградено еден од сосопствениците и покренатата постапка за легализација на тој објект е само од еден сосптвеник на земјиште,имено ова го прашувам од причина што сосопственикот кој нема изградено несака да даде изјава кај нотар плашејки дека се работи за признавање на право врз земјиштето а за градбата не се поднесени и други барања за леглизација на истиот објект, причината за соопственост на земјиштето произлезена е од а повеке премери ва катастарската евиденција каде дел од стара К.П.на сега сосопственикот кој несака да даде изјава во формираната нова К.П. е заведен со идеален дел во И.Л.,и тоа сразмерно многу помал идеален дел од поднесителот на барањето за легализација.Да напоменам освен оваа причина останатите потребни документи се доставени во пропишаниот рок и форма
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 6 став 3 од Законот за постапување со бесправни објекти, доколку бесправниот објект е изграден на земјиште кое е сосопственост на барателот и друго физичко или правно лице, барателот покрај доказите од ставот (2) на овој член е должен да достави и договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сосопственикот на земјиштето или изјава заверена на нотар со која сосопственикот на земјиштето изјавува дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект и истиот да се запише во јавните книги за запишување на правата на недвижности на име на барателот. Поради наведената законска одредба одговорот на Вашето прашање е дека согласноста е неопходна во постапката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, ме интересира каде можам да се обратам за да ги заштитам своите права во ситуација кога е издадено решение за легализација на бесправно изграден , кој е изграден на земјиште кое е во сосопственост на двајца наследници, само на едниот наследник а на другиот наследник му се бара изјава како неопходен услов за да може да го легализира својот објект кој е изграден на истата недвижност. Исто така во решението за легализација кое е добиено наследникот кој успеал да го легализира својот објект е внесен и објект кој е во сосопственост на двата наследници а за кој не постои физичка делба. Во катастарот се запишани промените. Решението е доставено само до наследникот кој успеал без изјава да го легализаира земјиштето а другиот за оваа одлука на општината дознава дури после неколку месеци кога вади имотен лист од агенцијата за катастар на недвижности?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во одредбите на член 6 став (3) од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12 и 72/13) е определено дека: „Доколку бесправниот објект е изграден на земјиште кое не е сопственост на барателот или на Република Македонија, односно земјиштето е сопственост на друго физичко или правно лице, односно бесправниот објект е изграден на земјиште кое е сосопственост на барателот и друго физичко или правно лице, барателот покрај доказите од ставот (2) на овој член е должен да достави и договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето или изјава заверена на нотар со која сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето изјавува дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект и истиот да се запише во јавните книги за запишување на правата на недвижности на име на барателот.“ Имајки предвид дека решението врз основа на кое се запишува правото на сопственост во јавната книга за запишување на правата на недвижности е наведено во имотниот лист, а по истото може да се изјави жалба, потребно е да побарате примерок од истото врз основ на доказ дека сте сосопственик и да го обжалите до наведениот второстепен орган во решението. Исто така, бидејки наведувате и други спорни сосопственички односи, потребно е во судска постапка со соодветни докази да си ги побарате своите права. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Jas kupiv plac vo Nov Dojran vikano mest Kaldrma po javen oglas vo 2011 so dadeni uslovi. Na 14.12.2012 podnesov baranje za odobrenie za gradba, mi napravija presmetka no ne dobiv odobrenie za gradba (mal e objektot za gradenje). Na 31.01.2013 podnesov nova dokumentacija dobiv sega presmetka po novi ceni na komunalii. Za prvoto baranje bese 900,00 den/m2, sega 1400,00 den/m2. Dali ima pravo Opstinata da gi menuva cenite? Dali imam pravo jas da go raskinam dogovorot so Ministerstvo za transport i vrski i si gi baram site vlozeni sredstva nazad, a tie neka si go zemat placot nazad?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во постапката за издавање на одобрение за градење согласно законските одредби не може да се издаде истото доколку не е платен надомест за уредување на градежно земјиште. Со поднесување на ново барање, доколку постои промена на вредноста на надоместот пресметувањето се врши согласно во моментот на поднесување на барањето важечка вредност на надомест за уредување на градежно земјиште. По однос на раскинување на договорот за оттуѓување на градежното земјиште, сите права и обврски на страните кои склучиле договор се регулираат со одредбите наведени во конкретниот договор кој е склучен врз основ на Законот за облигациони односи. Согласно законските одредби и одредбите од конкретниот договор се утврдуваат постапките и последиците од еднострано или спогодбено раскинување на договорот. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani ,vo mal ring vo blizina na Eurostandart banka treba da izgradime od 5000 m2 neto za uste edna poznata banka kolku garazni mesta ni se potrebni za objekt od 5000 m2 neto ?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека предметната градба согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање е со намена за деловни дејности „- Б4 деловни дејности кои се одвиваат во големи канцелариски простори од трговски друштва, акционерски друштва, управни згради, професионални и финансиски сервиси и слично“, поради што и потребниот број на паркиралишни места треба да се определи согласно член 61 од споменатиот Правилник односно „1 паркинг место на секои 60 м2 од вкупната површина“. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
sto treba da se napravi za da stane pravosilna odlukata odnosno resenieto za gradba ako nekojh od sosedite namerno ne saka da ve ostavi da go realizirate svojot plan a pri toa uredno ste dobile i platile se ona sto sleduva spored zaklonot za gradba i po koj osnov sega nekojsi koj sto nema drugo da pravi ve stopira za toa. Vi blagodaram od napred na odgovorot i ve molam da me posovetuvate na koj pat odnosno nacin da prodolzam do realizacija na mojata ideja.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека правото на жалба од страна на непосредните соседи е утврдено во важечката законска регулатива и не може да се оспори. Согласно член 65-а од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13 и 79/13): (1) Инвеститорот може да започне со изградба на градбата врз основа на правосилно одобрение за градење. (2) По исклучок од став (1) на овој член инвеститорот на сопствена одговорност и ризик може да започне со изградба и врз основа на конечно одобрение за градење. (3) Доколку одобрението за градење не е правосилно, поради тоа што жалителот започнал управен спор, а инвеститорот не започнал со изградба на градбата пред одобрението за градење да стане правосилно, инвеститорот има право да бара надомест на штета и надомест на изгубена добивка од жалителот доколку тужбеното барање и/или жалбеното барање од надлежните судови се одбиени како неосновани и/или недопуштени. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, Куќата која сакам да ја легализира е на земјиште купено од страна на баба ми, но купопродажниот договор (тапија) изгоре во пожар пред повеќе од 30 години. Друг документ немаме. Парцелата во катастар се води на човекот од кого ја имаме купено. Тој е починат. Стапивме во контакт со неговиот син и тој ни кажа дека нема спроведено оставинска/наследна постапка и како таков не е надлежен да ни даде согласност за градба во општината. Го замоливме да ја спроведе постапката но одбива. Во моментов тоа е единствената пречка за легализација. Дали е можно да се легализира објектот без неговата согласност? Живееме на парцелата над 40 години и имаме докази за тоа (сметки од комуналии, сведоци). Не е фер поради несериозноста на еден човек да останеме без дом.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека потребно е да се применат одредбите на членот 6 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти (на Република Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12 и 72/13) ги дефинираат потребните докази кои се поднесуваат со барањата за утврдување правен статус на бесправен објект, така што во нив стои: „(6) Доколку бесправниот објект е изграден на земјиште сопственост на Република Македонија на кое право на користење има друго физичко или правно лице, а земјиштето не е пренесено од поранешен сопственик врз основа на договор за купопродажба или земјиштето е пренесено од поранешен сопственик но како корисник во имотниот лист не е евидентиран поранешниот сопственик, барателот е должен покрај доказите од ставот (2) на овој член да достави и изјава заверена на нотар, дадена под кривична и материјална одговорност со која ќе потврди дека предметното земјиште го користи повеќе од 20 години.“ и/или „(8) Доколку е поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект кој е изграден на земјиште со нерасчистени имотни односи, поради тоа што не е спроведена оставинска постапка, барателот е должен покрај доказите од став (2) на овој член да достави и известување од нотарот повереник на оставинскиот суд дека се води оставинска постапка за предметното земјиште.“ Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Imam podneseno celosni dokumenti za legalizacija na kuka.Pravo na sopsvenost vrz nejze imaat dvajca sopstvenici i toa 1/2 idealen del.No edniot sopstvenik e 40 god vo stranstvo i ne se javuva za da potpise za svojot idealen del pri legalizacijata.Sto da prezemam vo ovoj slucaj za da si go ostvaram svoeto pravo.Da napomenam deka ne se pojavuva ni pri fizicka delba na kukata i placot.Dali ima nekoe resenie za da si go legaliziram svojot idealen del i za da fizicki go podelam
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во постапката за утврдување правен статус на бесправен објект се одлучува по барањето во обем на барањето и за барателот кој го поднел барањето. Согласно член 6 став (3) е пропишано дека доколку бесправниот објект е изграден на земјиште кое е сосопственост на барателот и друго физичко или правно лице, барателот покрај доказите од ставот (2) на овој член е должен да достави и договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сосопственикот на земјиштето или изјава заверена на нотар со која сосопственикот на земјиштето изјавува дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект и истиот да се запише во јавните книги за запишување на правата на недвижности на име на барателот. Начинот на обезбедување на оваа изјава не е утврден во Законот за постапување со бесправни објекти, бидејки истото се утврдува во други прописи. Еден од начините за обезбедување на согласноста е преку конзуларните претставништва или амбасади во државата во која се наоѓа другиот сосопственик. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani, Ve molam za odgovor na slednovo prasanje - podneseni mi se komplet dokumenti za legalizacija na kuka na moe ime vo koja ziveam so moeto semejstvo, megutoa placot na koj e izgradena e vo sopstvenost na tatko mi I cicko mi koj e pocinat pred nekolku godini. Dali vo ovoj slucaj dozvola se dobiva samo so potpis od tatko mi I naslednicite na cicko mi ili ima druga procedura?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 6 став (3) е пропишано дека доколку бесправниот објект е изграден на земјиште кое е сопственост на друго физичко или правно лице односно сосопственост на барателот и друго физичко или правно лице, барателот покрај доказите од ставот (2) на овој член е должен да достави и договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот односно сосопственикот на земјиштето или изјава заверена на нотар со која сопственикот односно сосопственикот на земјиштето изјавува дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект и истиот да се запише во јавните книги за запишување на правата на недвижности на име на барателот. Понатаму, во став (8) е определено дека доколку е поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект кој е изграден на земјиште со нерасчистени имотни односи, поради тоа што не е спроведена оставинска постапка, барателот е должен покрај доказите од став (2) на овој член да достави и известување од нотарот повереник на оставинскиот суд дека се води оставинска постапка за предметното земјиште. Ова се единствените законски одредби кои ја третираат предметната проблематика. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитуванј , имам прашање до Вас за кое неможам да добијам одговор во Локалната самопурва во мојот град . Ако во стамбена куќа се извршува стопанска дејност а за тоа нема пренамена од стамбен во деловен објект и ако за по Деталниот урбанистички план на градот тоа е предвидено за куќи за живеење, која инспекција треба да даде забрана за извршување на стопанска дејност ?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во член 97 од законот за градење е определено дека „Објектот се употребува согласно со неговата намена“. Согласно член 131 од истиот закон „Градежен инспектор, односно овластен градежен инспектор во рамките на надлежностите утврдени со овој и друг закон, има право да врши инспекциски надзор во текот на изградбата, како и инспекциски надзор на објект кога во него се врши пренамена на конструктивните елементи во поглед на нивната механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, како и при пренамена од станбен во деловен простор и обратно.“ Овие постапувања се во врска со изградените делови од објектот. По однос на обавување на дејноста, односно донесување на акт за прекинување на обавување на дејноста надлежни се органите кои го одобруваат вршењето на дејноста. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
imam dobieno plac za gradenje vo 1964 god imam izgradeno kuka planska sega ne mozam da dobijam imoten list za kukata deka ne bila zapisana vo katastar kako da postapam i kade da se obratami sto dokumenti da dostavam imotot se naoga vo naselba cento vo kukata veke 50 god ziveme dali e ova nekoj sluzben propust odnapred blagodarni
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека запишувањето на недвижностите се врши од страна на Агенцијата за катастар на недвижности врз основa на законски и подзаконски акти од таа област, каде се наведени одлуки и решенија од надлежни органи, од судови и слично. Информација за тоа кои документи се потребни за запишување на недвижностите може да добиете од надлежните службени лица во Агенцијата за катастар на недвижности во зависност од тоа што во моментот поседува барателот како документација, па да се укаже уште која документација е потребна. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Imam podneseno baranje za legalizacija na divogradba vo sklop na legalen del koj go delam so dr lice na idealna polovina no nemame filicka delba,a objektot e izgraden na zemjiste na R.M.za koe isto taka imam podneseno za otkup.Vo opstina K.Voda mi rekoa deka mozam da otkupam samo edna polovina i se slozuvam,no me interesira sto ke bide ako dr.lice nema podneseno za otkup,dali so nego ke delam samo legalen del,a so drzavata dvor i dali jas bi mozel da otkupam pogolem del od dvorot,bez negovo odobruvanje(ako nema podneseno za otkup)delot koj sakam da go otkupam go koristi dr.lice,no pominuva preku mojot del t.e.koristime ista staza koja toj ja koristi samo za toj otpad od 40 m2
Почитувани, Согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на РМ“, број 23/11, 54/11, 155/12 и 72/13), ја утврдува постапката и потребната документација за утврдување на правен статус на бесправните објекти во целина и за одредени наведени случаи. Надлежните органи можат да постапуваат само по поднесено барање и само во рамките на барањето, а врз основа на доставените докази во постапката. Без конкретните докази не може да се даде конкретен одговор на прашањето. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
pocituvani ,ve molam da mi odgovorite na prashanjeto -imam deloven objekt koj e vo raspagjanje i sakam da go rekonstruiram .7 godini lokalnata samouprava nema interes za nov urbanisticki plan na taa ulica .kade da se obratime i sto da napravime za da dobieme odobrenie za rekonstrukcija .objektot se naoga na ulica mosha pijade kumanovo .
Почитувани, Согласно Законот за градење, каде во член 3 став 1 е наведено: Секоја градба, зависно од намената, треба да ги исполни основните барања за градбата предвидени со параметрите од урбанистичкиот план или државната односно локалната урбанистичка планската документација или проектот за инфраструктура и други услови пропишани со овој закон и посебните закони.Членот 59 и членот 97 од истиот закон ја утврдуваат потребната документација за добивање на определено одобрение за градење, меѓу која е и извод од урбанистичка планска документација. Од наведеното е видно дека секако е потребно да има урбанистичка планска документација. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани , имам објект кој е легален а имам и доградено тераса во склоп на објектот но земјиштето е државно .Кои документи се потребни за легализација на земјиштето под објектот и како да ја легализирам терасата во склоп на објектот .
Почитувани, Согласно член 5 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, за утврдување на правен статус на бесправен објект се поднесува барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од страна на имателот на бесправен објект до единицата на локалната самоуправа на чие подрачје е изграден бесправниот објект односно органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот, а рокот за поднесување на барање за утврдување на правен статус изнесува шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон (до 02.09.2011 година). Од наведеното произлегува дека по истекот на определениот рок не може да се поднесе барање за утврдување на правен статус на бесправен објект. Барателот е должен со барањето за утврдување на правен статус на бесправни објекти да достави: - уверение за државјанство или копија од лична карта за домашно физичко лице односно копија од патна исправа за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице, извод од Централен регистар на Република Македонија односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште; - доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн.) а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред влегувањето во сила на овој закон; - геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект; Доколку во рок поднесеното барање е непотполно, надлежниот орган е должен со заклучок да ја прекине постапката со наведување на недостатоците кои барателот е должен да ги отстрани односно да го дополни барањето. Крајниот рок за доставување на геодетски елаборати е заклучно со 18.06.2014 година. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
pocituvani,imam plac vo ohrid na ''ul.Budva''KP 3463/3,del od UZ 13 del od UB 13.3,KO OHRID 4 za koj del seuste ne e donesen detalen urbanisticki plan.Od moja e podneseno baranje za izdavanje na markica za edna gradezna parcela,porebnite dokumenti se dostaveni i pominati na Sovet na opstina Ohrid vo pocetok na 2013god.Od togas pa do sega ministerstvoto za transport i vrski ne ja dava potrebnata soglasnost,so izgovor deka opstina Ohrid e potrebno da ja proektira ulicata vo predvidenite ramki,a koja ulica objektivno poradi mestopolozbata na sosednite kuki e nevozmozno da se napravi vo ramkite na predvidenoto(prosiri) ve molam da mi odgovorite zosto i posle godina ipol seuste nemozam da ja dobijam potrebnata soglasnost,sto treba da napravam.blagodaram odnapred
Почитувани, Законот за просторно и урбанистичко планирање и Правилникот за стандарди и нормативи за планирање ги утврдуваат начинот и постапките за урбанизација со донесување на урбанистички плански документации, при што се формираат градежни парцели кои треба да имаат обезбеден пристап. Согласно наведениот закон, градежна парцела е градежно земјиште планирано за градење градба, а го опфаќа земјиштето под градбата и земјиштето за редовна употреба на градбата, чиишто граници се утврдени со урбанистички план, а согласно наведениот Правилник основни услови кои градежното земјиште треба да ги исполни за да се оформи во градежна парцела се да се наоѓа непосредно до земјиште за општа употреба изведено или испланирано како сообраќајна инфраструктура, така што до парцелата да може непречено да се пристапува и таа да може самостојно и независно да се гради, употребува и одржува, и да има димензии и форма кои соодветствуваат со намената на земјиштето и градбите, видот и густината на градбите и начинот на нивното користење. Доколку не се испочитувани наведените услови, Министерството за транспорт и врски не може да издаде согласност на изработената планска документација. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани ме интересира кои е последен закон за градба и дали за изградба на приватна куќа од 80 м2 потребно е да се ангажира фирма за градба и кои документи за упис на куќата во катастар после изградбата?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека пречистен текст на Законот за градење со последните измени нема објавено, така што се применуваат сите наведени во Службен Весник на РМ во последната измена, и тоа „Службен весник на Република Македонија“ број 130/2009, 124/10, 18/11, 36/ 11, 54/11, 13/12, 144/13, 25/13, 79/13, 137/13 и 163/13. Согласно член 12 од законот за градење „Учесници во изградбата се носителот на правото на градење и правни лица кои ги вршат работите на проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградбата“, при што за изведување на градби од втора категорија правното лице треба да има лиценца Б за изведувач. Согласно член 25 од овој закон изведувач е правно лице кое ја изведува, односно гради градбата или дел од градбата, врз основа на договор за градење склучен со инвеститорот, а за извршување на работите од ставот (1) на овој член правното лице треба да е регистрирано во Централниот регистар за изведување на градежни и/или градежно- занаетчиски работи и да поседува лиценца за изведувач. По завршување со изградбата, градбите наменети за индивидуaлно домување со бруто развиена површина до 300 м2 ќе се стават во употреба по давање на изјава заверена кај нотар под полна материјална и кривична одговорност од изведувачот со која ќе потврди дека објектот е изграден во согласност со одбрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба. Оваа изјава се доставува со целокупната документација од одобрението за градење до Агенцијата за катастар на недвижности за упис на изградениот објект. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, дали при реконструкција на кров, физичка делба, доградби во станбени згради во 51% потписи спаѓаат и становите на барателот? Конкретно во нашиот случај се работи за 2 стана од вкупно 5. Од колку станови, освен нашите два треба да имаме минимум потписи? Однапред благодарам!
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме согласно член 59-а од Законот за градење како доказ за право на градење во смисла на овој закон, во алинеја 5 е наведено: „договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост“. Од наведеното произлегува дека е потребна согласност за бараните интервенции на зградата од сопствениците на онолку станови кои во сопственост имаат повеќе од 50% од површината на зградата. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Me interesira koi se potrebni dokumenti za legalizacija na dogradena terasa, prasuvam zatoa sto vo opstina gi baraat istite dokumenti kako i da pocnes da gradis a ne da legaliziras, odnapred blagodaram. DA DOPOLNAM SAMO, TERASATA E DOGRADENA NA ZGRADA.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека Законот за постапување со бесправни објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12 и 72/13)(пречистен текст) во член 6 став 6 утврдува дека се доставува барање со потребните докази и истите ги набројува, меѓу кои и дека доколку е поднесено барање за утврдување на правен статус за станбени згради за колективно домување, потребно е барањето да е поднесено од заедницата на станари или да е потпишано од повеќе од половината иматели на стан во зградата при што покрај доказите од став 2 на овој член се доставува и список на станари, договори за купопродажба на становите во зградата, како и уверение за државјанство или копија од лична карта од сите иматели на стан во зградата.За утврдување на правен статус на делови (доградби и надградби) на станбени згради кои се бесправно изградени, подносител на барање за утврдување на правен статус е имателот на делот кој е бесправно изграден. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани. Дали треба да извршам легализација на балконот од станот, кој го има соѕидано до горе и го пренаменив во стамбен простор.Станот во кој влегува и балконот ги имам купено. Благодарам
Почитувани, Потребно е да се спроведе постапката за утврдување на правен статус и на балконот кој веќе не е со намена која ја имал претходно. За ваквите случаи, доколку нема поднесено барање во рокот утврден со Законот за постапување со бесправни објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12 и 72/13), во постапка е и наскоро се очекува донесување на измена на законските одредби. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani. Dali rokot za legalizacija na divogradbi, e pomesten ili ne. Kako i da e ve molam kazete mi do koja data e.. Odnapred vi blagodaram
Почитувани, Согласно член 5 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, за утврдување на правен статус на бесправен објект се поднесува барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од страна на имателот на бесправен објект до единицата на локалната самоуправа на чие подрачје е изграден бесправниот објект односно органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот, а рокот за поднесување на барање за утврдување на правен статус изнесува шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон (до 02.09.2011 година). Од наведеното произлегува дека по истекот на определениот рок не може да се поднесе барање за утврдување на правен статус на бесправен објект. Барателот е должен со барањето за утврдување на правен статус на бесправни објекти да достави: - уверение за државјанство или копија од лична карта за домашно физичко лице односно копија од патна исправа за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице, извод од Централен регистар на Република Македонија односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште; - доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн.) а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред влегувањето во сила на овој закон; - геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект; Доколку во рок поднесеното барање е непотполно, надлежниот орган е должен со заклучок да ја прекине постапката со наведување на недостатоците кои барателот е должен да ги отстрани односно да го дополни барањето. Крајниот рок за доставување на геодетски елаборати е заклучно со 18.06.2014 година. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Здраво, Во детален урбанистички план има планирано маркица со димензи 8х8м за семејна куќа...(без ниеден услов за градење на куќа) Ме интересира за промена на димензии на планираниот објект од 8х8 на 10х9м,и поместување на маркицата. Што е потребно да се направи. Парцелата вкупно има 250м2 поздрав
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме секој Детален урбанистички план содржи покрај графичкиот приказ на просторот за кој се однесува и текстуални одредби за негово спроведување. Доколку некои параметри не се определени со одредбите од планот, во тој случај се применуваат одредбите од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani.Sakam da znam kade treba da se obratam .Dosega imaf pat od 3m no poradi nedorazbiranje na komsiite sto se pred mene edniot od levata drugiot od desnata strana go stesnuvaat so toa sto edniot ima ziva ograda koja sekoja godina e se posiroa a drugiot sega kopa kanalce z da se ogradel.Taka sega jas imam pat od 2m sirina .Se naogame vo Dolno Lisice i patot tuku sto bese tamponiran i treba da se asfaltira.Ve molam kade treba da se obratam za resavanje na problemot pred da se asfaltira ulicata sto ja pravi opstinata.
Почитувани, Сите градежни работи може да се изведуваат по добиено одобрение за градење во согласност со Законот за градење. Овој закон во член 59 определува дека за добивање на одобрение за градење инвеститорот поднесува писмено барање до надлежниот орган со потребната документација меѓу која е и извод од детален урбанистички план или урбанистички план за вон населено место или урбанистички план за село или државна односно локална урбанистичка планска документација, а за линиските инфраструктурни градби проект за инфраструктура заверен од надлежен орган. Согласно овие одредби патот-улицата треба да се реализира согласно заверениот основен проект изработен врз основа на изводот од урбанистичката планска документација, а бесправните градежни активности може да се пријават во општинскиот инспекторат односно до општинскиот овластен инспектор.
Pocituvani, Po smrtta na moite roditeli vo 2013 so setrami zapocnavme ostavinska postapka pri koja naidovme na problem so kukata na roditelite koja se naoga vo selo vo Opstina Bitola. Roditelite ne podnele baranje za legalizacija na kukata i istata ne mozese da bide predmet na ostavinska postapka. Notarkata ne upati na katastar koj izraboti elaborat, no podocna naucivme deka rokot e izminat i kukata seuste ne mozeme da ja preneseme vo sopstvenost. Zemjisteto pod kuka i okolu kuka e preneseno vo ostavinska postapka, no kukata seuste ne. Se obrakame do Opstina, Katastar....drugi institucii i ni kazuvaat deka izminal rokot i deka problemot e neresliv. Ve molam za nasoki dali moze da se pokrene vonredna postapka za koja bi gi platile site trosoci i konecno da go resime problemot. Od dosegasna dokumentacija ima posedoven list, Imoten list so nezapisani prava, snimka, premer,.....Ve molam za nasoki, napatsvija za ponatamosni aktivnosti, zasto nekoi raboti imaat sentimentalna vrednost koja ne prasuva za cena. Vi blagodaram
Почитувани, Членот 5 став 1 и 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12, 72/13 и 44/14) се децидни во поглед на условите, начинот и постапката за утврдување на правен статус, па за утврдување на правен статус на бесправен објект се поднесува барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од страна на имателот на бесправен објект до единицата на локалната самоуправа на чие подрачје е изграден бесправниот објект односно органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот, а рокот за поднесување на барање за утврдување на правен статус изнесува шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, односно краен рок е 03.09.2011 година. Продолжен е само рокот за поднесување на барања на имателите на бесправни доградби на објекти со намена домување во станбени згради - тераси и тераси пренаменети во станбен простор, кои немаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, а на кои објекти заклучно со 3 март 2011 година се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина, кои можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект најдоцна до 30 јуни 2015 година.
Почитувани, Ме интересира што е потребно да добијам сопственост на поткровје во станбена зграда. Зградата во која живеам има приземје, 4 ката и поткровје. Поткровјето е поделено на 3 дела (1 дел на секоја вертикала). Благодарам однапред, Бојан Ефремовски
Почитувани, Станбената зграда треба да е запишана со својата целосна содржина во имотен лист и со сите сопственици на секој поединечен дел, врз основ на соодветна документација. Доколку поткровјето е бесправно изградено, за него било потребно согласно Законот за постапување со бесправни објекти до 03.09.2011 година да се поднесе барање за утврдување на правен статус. Доколку е изградено со документација, сопственоста се запишува врз основ на одобрението за градење и употреба на објектот, или пак врз основ на правно дело (договор за купопродажба, подарок, оставинско решение и сл.) во соодветното одделение на Агенцијата за катастар. Имајки предвид дека прашањето е недефинирано со потребните податоци за конкретен одговор, наведени се општи услови за запишување на сопственоста.
Пред една година купивме плац во Кучевишка бара, на територија на општина Чучер Сандево. Кога го купивме плацот земавме потврда од општина дека е во градежен реон плацот, но сега не можеме да извадиме дозвола за градба бидејќи нема детален урбанистички план. На кој начин можеме да дојдеме до дозвола за градба за куќа или треба да чекаме да излезе деталниот урбанистички план кој не ни почнал да се изработува?
Почитувани, Согласно Законот за градење, за добивање на Одобрение за градење покрај останатата документација предвидена во член 59 од Законот за градење , потребно е да доставите Извод од Детален урбанистички план или урбанистички план за вон населено место, или урбанистички план за село . Од таму произлегува дека треба да сочекате Општината Чучер Сандево да донесе Детален урбанистички план или урбанистички план за вон населено место, или урбанистички план за село.
Постави прашање за дадената услуга
Email
Прашање
NextSense Captcha

По внесување на кодот кој го гледате на екранот во текст полето од негова десна страна, кликнете на линкот Прати прашање во долниот десен агол од екранот.