Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Издавање на решенија за локациски услови за градење на објекти од прва и втора категорија
1. Пред неколку дена ви се обратив преку истата оваа рубрика и тогаш бев водушевен од објавувајњето на оваа страна со ваква можност за директен контакт со граѓаните, се надевам дека не е нешто друго во прашање и дека ќе добијам одговор на претходно поставените прашања. Колку за потсетување конкретно ме интересираше - Кој документи треба да се достават за добивање на градежна дозвола за кабелска телевизија? -Колку време е потрбно за да се добие дозволата одкако ќе се достават документите? -Дали има и колкави се ако ги има таксите што треба да се подмират во целата процедура за добивање на градежна дозвола? Однапред ви благодарам. Ристо Стефановски.
На Вашето поставено прашање, Министерството за транспорт и врски, Ви го доставува следниот одговор: Согласно одредбите на членот 50, став 1, точка 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење (“Сл. весник на РМ”, број 82/08), кој стапи во сила на 17.07.2008 година, изградбата на кабелските телевизии (електронски комуникациски мрежи и средства од локален карактер кои покриваат подрачје на една општина) веќе се градби од трета категорија, за кои потребната документација за нивна изградба (решение за локациски услови, одобрение за градење и одобрение за употреба) ја издава локалната самоуправа надлежна за подрачјето на кое истата и ќе се гради. Пред да се отпочне со постапката за добивање на решение за локациски услови, потребно е инвеститорот од локалната самоуправа да побара извод од постојната урбанистичка документација (извод од генералниот или деталниот урбанистички план), согласно одредбите на членот 49 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Сл. весник на Република Македонија”, број 51/05 и 137/07). Доколку со наведената урбанистичка документација е планирана изградбата на кабелската телевизија, инвеститорот до локалната самоуправа поднесува барање за издавање на решение за локациски услови за изградба на кабелската телевизија. Со барањето, инвеститорот е должен да ја достави документацијата наведена во одредбите на членот 52, став 3, алинеи 1, 2, 3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и одредбите на член 27 и 28 од Законот за електронските комуникации (“Сл. весник на Република Македонија”, број 13/05, 14/07, 55/07 и 98/08). По правосилноста на издаденото решение за локациски услови, инвеститорот треба да поднесе барање за издавање на одобрение за градење. Со барањето за издавање на одобрението за градење на кабелската телевизија, инвеститорот е должен да ја достави документацијата наведена во одредбите на членот 52, став 3, точки 1, 2, 3, 4 и 5 и член 53, став 1 од Законот за градење. Органот надлежен за издавање на одобрението за градење, по службена должност треба да издаде протокол за регулациона, градежна и нивелациона линија и по службена должност ги обезбедува согласностите и мислењата за усогласеноста на документацијата со посебните услови содржани во решението за локациски услови, стандардите и нормативите за проектирање и одредбите на посебните закони од други органи. По добивањето на одобрението за градење на кабелската телевизија и неговата правосилност, инвеститорот отпочнува со изградбата на градбата. По завршувањето на изградбата на кабелската телевизија, инвеститорот е должен до надлежниот орган да поднесе барање за издавање на одобрение за употреба. Со барањето за издавање на одобрение за употреба, инвеститорот е должен да ја достави документацијата наведена во одредбите на членот 74, став 1, алинеи 1, 2 и 3 од Законот за градење. Врз основа на поднесеното барање за издавање на одобрение за употреба, надлежниот орган формира Комисија за вршење на технички преглед на градбата согласно одредбите на членот 75 од Законот за градење, која Комисија во рок од 15 дена треба да го изврши техничкиот преглед и на надлежниот орган да му достави записник со предлог дали изградената градба може да се даде во употреба. На денот на вршењето на техничкиот преглед, инвеститорот е должен на Комисијата да ја стави на увид целокупната документација наведена во одредбите на членот 72, став 1, точки од 1 - 13 од Законот за градење. Согласно тарифните броеви 1 и 64 од Законот за административните такси (“Сл. весник на РМ”, број 61/04и 95/05), за добивање на решение за локациски услови се плаќа административна такса во износ од 3.050,оо денари, согласно тарифните броеви 1 и 67, за добивање на одобрение за градење се плаќа административна такса во износ од 3.550,оо сденари, а согласно тарифните броеви 1 и 69, за добивање на одобрение за употреба се плаќа административна такса во износ од 4.550,оо денари. Наведените износи се уплатуваат на жиро-сметка број 100000000063096-840-ххх-3161 (ххх е бројот на локалната самоуправа на чија територија ќе се гради градбата), со приходна шифра 722313 - 00, на корисникот “Буџет на РМ” и со цел на дознаката “административни такса за... (решение за локациски услови, одобрение за градење или одобрение за употреба). Доколку главната станица биде сместена во постоечки објект, наведените давачки се единствените во постапката. Доколку пак, главната станица се сместува во градба што треба да се гради, за истата се плаќа надомест од 0,3% од просечната плата вп Републиката од претходната година, по м2 од површината за градење, согласно со основниот проект за изградба на нова градба и доградба на постојна градба (согласно одредбите на членот 55 од Законот за просторно и урбанистичко планирање) и доказ за платен надоместок за уредување на градежно земјиште (согласно одредбите на член 52, став 3, точка 4 од Законот за градење).
1. Здраво. Ја поздравувам оваа новост и секоја чест што отворивте ваква страница. Конкретно ме интересира за да отворам кабелска телевизија кој документи ми се потребни за да добијам градежна дозвола, колку време трае постапката и колку ќе ме кошта сето тоа ако можете да ми одговорите. Однапред ви благодарам. Поздрав, Ристо.
На Вашето поставено прашање, Министерството за транспорт и врски, Ви го доставува следниот одговор: Согласно одредбите на членот 50, став 1, точка 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење (“Сл. весник на РМ”, број 82/08), кој стапи во сила на 17.07.2008 година, изградбата на кабелските телевизии (електронски комуникациски мрежи и средства од локален карактер кои покриваат подрачје на една општина) веќе се градби од трета категорија, за кои потребната документација за нивна изградба (решение за локациски услови, одобрение за градење и одобрение за употреба) ја издава локалната самоуправа надлежна за подрачјето на кое истата и ќе се гради. Пред да се отпочне со постапката за добивање на решение за локациски услови, потребно е инвеститорот од локалната самоуправа да побара извод од постојната урбанистичка документација (извод од генералниот или деталниот урбанистички план), согласно одредбите на членот 49 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Сл. весник на Република Македонија”, број 51/05 и 137/07). Доколку со наведената урбанистичка документација е планирана изградбата на кабелската телевизија, инвеститорот до локалната самоуправа поднесува барање за издавање на решение за локациски услови за изградба на кабелската телевизија. Со барањето, инвеститорот е должен да ја достави документацијата наведена во одредбите на членот 52, став 3, алинеи 1, 2, 3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и одредбите на член 27 и 28 од Законот за електронските комуникации (“Сл. весник на Република Македонија”, број 13/05, 14/07, 55/07 и 98/08). По правосилноста на издаденото решение за локациски услови, инвеститорот треба да поднесе барање за издавање на одобрение за градење. Со барањето за издавање на одобрението за градење на кабелската телевизија, инвеститорот е должен да ја достави документацијата наведена во одредбите на членот 52, став 3, точки 1, 2, 3, 4 и 5 и член 53, став 1 од Законот за градење. Органот надлежен за издавање на одобрението за градење, по службена должност треба да издаде протокол за регулациона, градежна и нивелациона линија и по службена должност ги обезбедува согласностите и мислењата за усогласеноста на документацијата со посебните услови содржани во решението за локациски услови, стандардите и нормативите за проектирање и одредбите на посебните закони од други органи. По добивањето на одобрението за градење на кабелската телевизија и неговата правосилност, инвеститорот отпочнува со изградбата на градбата. По завршувањето на изградбата на кабелската телевизија, инвеститорот е должен до надлежниот орган да поднесе барање за издавање на одобрение за употреба. Со барањето за издавање на одобрение за употреба, инвеститорот е должен да ја достави документацијата наведена во одредбите на членот 74, став 1, алинеи 1, 2 и 3 од Законот за градење. Врз основа на поднесеното барање за издавање на одобрение за употреба, надлежниот орган формира Комисија за вршење на технички преглед на градбата согласно одредбите на членот 75 од Законот за градење, која Комисија во рок од 15 дена треба да го изврши техничкиот преглед и на надлежниот орган да му достави записник со предлог дали изградената градба може да се даде во употреба. На денот на вршењето на техничкиот преглед, инвеститорот е должен на Комисијата да ја стави на увид целокупната документација наведена во одредбите на членот 72, став 1, точки од 1 - 13 од Законот за градење. Согласно тарифните броеви 1 и 64 од Законот за административните такси (“Сл. весник на РМ”, број 61/04и 95/05), за добивање на решение за локациски услови се плаќа административна такса во износ од 3.050,оо денари, согласно тарифните броеви 1 и 67, за добивање на одобрение за градење се плаќа административна такса во износ од 3.550,оо сденари, а согласно тарифните броеви 1 и 69, за добивање на одобрение за употреба се плаќа административна такса во износ од 4.550,оо денари. Наведените износи се уплатуваат на жиро-сметка број 100000000063096-840-ххх-3161 (ххх е бројот на локалната самоуправа на чија територија ќе се гради градбата), со приходна шифра 722313 - 00, на корисникот “Буџет на РМ” и со цел на дознаката “административни такса за... (решение за локациски услови, одобрение за градење или одобрение за употреба). Доколку главната станица биде сместена во постоечки објект, наведените давачки се единствените во постапката. Доколку пак, главната станица се сместува во градба што треба да се гради, за истата се плаќа надомест од 0,3% од просечната плата вп Републиката од претходната година, по м2 од површината за градење, согласно со основниот проект за изградба на нова градба и доградба на постојна градба (согласно одредбите на членот 55 од Законот за просторно и урбанистичко планирање) и доказ за платен надоместок за уредување на градежно земјиште (согласно одредбите на член 52, став 3, точка 4 од Законот за градење).
1. Здраво, живеам во Кичево во куќа и имам намера да изградам објект во дворот за што постои можност за истиот (нема урбанистички пречки), прашањето е кои се документи треба да ги имам за доставување, каде и колкав би бил рокот на чекање, и според која пресметка се пресметува износот на комуналиите што треба да ги платам. Поздрав, Дејан.
Дозволете да Ве известиме дека рокот за издавање на Извод од ДУП е 5 работни денови, за решение за локациски услови е 5 работни денови, за издавање на одобрение за градење е 7 работни денови, почнувајќи од денот кога барателот ќе го комплетира барањето со потребните докази и прилози согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање ("Службен Весник на Република Македонија бро ј51/05) и Законот за градење ("Службен Весник на Република Македонија број 51/05). Воедно, Ве информираме дека издавањето на Извод од Детален урбанистички план како и издавањето на Одобрение за градење е во надлежност на општините, во конкретниот служај општина Кичево. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
1. Зошто г-дин Андреј Петров веќе 4 години не ми издава дозвола за тениска сала која сакам сам да ја финансирам на веќе постоечки тениски игралишта. Ве молам да ме упатите каде да се обратам. Врховен суд и второстепена комисија ми одобруваат. Контактирајте ме на овој број 070 906-528 или на маил: tkevroset@yahoo.com. Однапред ви благодарам. Зоран Божиновски.
Дозволете да Ве известиме дека доколку барањето за издавање одобрение за градење се однесува на намената на предвидената градба за која е определена градежна парцела во урбанистичкиот план, може да се издаде одобрението за градење. Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Здраво до министерство. Сум заинтересиран за Законот на закуп на градежно земижте сопственост на Република Македонија и Законот за регулирање на градежното земиште сопственост на Република Македонија што бил долготрен корисник на тоа земиште. Ќе сум многу благодарен доколку ми овозможите некои информации бидејки јас се наогам во Соединетите Американски Држави Ви благодарам од моја страна до Вас како министерство.
Дозволете ни да Ве известиме дека Градежното земјиште, сопственсот на Република Македонија се дава под долготарен закуп по пат на Јавно наддавање. За подетални информации потребно е да ги следите објавите за јавно наддавање кои Министерството за транспорт и врски ги објавува на својата интернет страница www.mtc.gov.mk Однапред Ви благодариме на соработката. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Почитувани.Најпрво сакам да ви честитам на оваа идеја со граѓанскот дневник, сметам дека е повеќе од европски културно и на ниво кое го зaслужуваат граѓаните на Македонија.Да ја изнесам мојата голгота во врска со наследено земјиште во центарот на градот.Да почнам од почеток: -три години изгубив да го вратам национализирано земиште од 74 метри квадратни во Катастар, движење на парцела, скици и останато, извадив поседовен лист, поднесов пријава за рушење, бидејќи соседот си направил шупа за дрва која потоа си ја преправа во куќичка.Oд оваа пријава никаков одговор немам, поднесов друга пријава. Во меѓу време дознав дека надлежен инспектор е господинот Пижула и од оваа пријава немам одговор.Морав да одам лично до господинот Пижула кој во меѓувреме со канцаларии се преселил во општина Центар, и неговиот одговор беше дека ако не ви одговориме една година ништо.Незнам како и до кога ќе поднесувам пријави а времето си поминува.Можда таков му стилот на работа.Ве молам да ми посочите што да правам да си го добијам она што е законски мое, кои постапки да ги превземам, овие процедури се повлекуваат 10 години. Поздрав,се надевам дека ми одговрите Стојков Марјан Ул.Разловечко Востание 24/5 Скопје.
Дозволете ни да Ве информираме дека во однос на Вашето барање Министерството за транспорт и врски писмено се обрати до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, како надлежен орган, од каде е добиен следниот одговор : „До денешен ден во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам нема ваква претставка од Стојков Марјан ул.Разловечко Востание 24-Скопје така да и овој орган немал основа за поведување на управна постапка“. Меѓутоа по доставувањето на дописот, од наша страна Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, ќе ги превземе сите законски обврски со цел решавање на Вашето барање во најкус можен рок. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Pozdrav, Sakam da kupam stan vo faza na gradba, me interesira kako da se zastitam od nekakvi si neregularnosti. Kaki dokumenti treba ta pobaram od izveduvacot i kakvi dokumenti treba da mi izdade osven sto ke napravime dogovor kaj notarot. Vi blagodaram odnapred
Почитувани, Во однос на Вашето прашање дозволете ни да Ве известиме дека при купување на стан во градба, потребно е купувачот да направи преддоговор со инвеститорот, кој ќе се завери кај нотар и тој преддоговор да се достави во Агенција за катастар на недвижности со цел станот кој е предмет на преддоговорот да се предбележи дека за истиот веќе е склучен договор за купопродажба. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
почитувани,како можам да добијам одобрение за градба за парцела за која ДУП е изготвен но сеуште не усвоен од советото на Општината и дали постои можност за изготвување на ДУП само за мојата парцела.Ви благодарам
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека одобрение за градење се издава врз основа на дефинирана градежна парцела со ДУП кој што е усвоен од страна на Советот на општината. Согласно член 13-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл весник на РМ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11 и 53/2011) со урбанистичките планови предмет на планирање може да биде и една градежна парцела, а може да се врши и нивно изменување и дополнување во рамките на една градежна парцела, доколку постои изградена сообраќајна секундарна инфраструктура. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Почитувани! Поздрав и секоја чест за ваквиот директен контакт со граѓани.Моето прашање се однесува на проектоТ " КУПИ КУКА, КУПИ СТАН " , каде би можеле да се обратиме конкретно за да добиеме по подробни информации т.е. која е процедурата за да дојдеме до ...куќа,стан Однапред Ви благодарам, во очекување на позитивен одговор од вас. Поздрав АНА
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека Проектот Купи куќа, купи стан не е проект на Министерството за транспорт и врски на РМ. Ве молиме да се обратите до Министерството за финансии на РМ. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, ќе Ве молам за одговор за едно прашање. Мојата баба е сопственик на еднособен стан во Прилеп. Станот има можност за проширување бидејќи се наоѓа на највисокиот спрат и до него има тераса која по правило им припаѓа на сите станари, меѓутоа не знам дали имаат сите станари право на доградба или само двата стана што се на најгорниот спрат. Се обратив во општината во Прилеп, и ми кажаа дека треба да се има согласност од сите станари, значи 100%, исто така дека процедурата е до 2000 евра само за добивање дозвола за доградба. Ве молам одговорете ми дали е ова точно, и доколку не е каде да се обратам за да добијам точна информацја. Ви благодарам, поздрав.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за Вашето прашање е надлежна општината. Во законот за градење е опфатена целата постапка за добивање на дозвола за градба и потребната документација за неа. Ви благодариме на довербата. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Здраво, Која е постапката да проверам која е максималната висина/габарит на стамбена зграда, која може да ја изградам. Однапред благодарам.
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за одговор на Вашето прашање надлежни се едниниците на локалната самоуправа. Потребно е да се обратите до општината каде се наоѓа земјиштето и да се разгледа Деталниот урбанистички план. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
koi dokumenti se potrebni za izdavanje gradezna dozvola na teritorija karpos?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека за одговор на Вашето прашање надлежни се едниниците на локалната самоуправа. Потребно е да се обратите до општината каде се наоѓа земјиштето и да се разгледа Деталниот урбанистички план. Со почит, Министерство за транспорт и врски на Република Македонија
Zdravo , sakam da prasam dali mozam da izvadam dozvola za nadgradbana sprat vo area koja seuste nema detalen urbanisticki plan, se raboti za veles, inace segasniot objekt mi e legalen no za nadgradba na uste eden sprat ne mi davat gradezna dozvola (nema sporni objekti okolu ili nekoi drugi precki)... no poradi maliot prostor na ziveenje (9 luge) imame potreba od uste eden sprat... kako da pocnam so gradba? dobiv informacija deka treba da pocekam da vleze vo detalen urbanisticki plan... no toa ke bilo slednive 5 godini .. dali administrativnite barieri se uste postojat za nas siromasnite? ili olesnuvanjata se samo za gradeznite oligarsi?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 59 од Законот за градење (Службен весник на Република Македонија број 39/2012-пречистен текст) во став (1): „Постапката за издавање на одобрение за градење се води согласно со одредбите на Законот за општата управна постапка, доколку со овој закон поинаку не е уредено.“ Во став 2 се наведени потребните докази кои инвеститорот треба да ги достави со барањето за одобрение за градење и тоа: - извод од детален урбанистички план или урбанистички план за вон населено место или урбанистички план за село или државна односно локална урбанистичка планска документација, а за линиските инфраструктурни градби проект за инфраструктура заверен од надлежен орган; - архитектонско- урбанистички проект заверен од надлежен орган доколку со урбанистичкиот план или државната односно локалната урбанистичка планска документација е предвидена изработка на овој проект; - основен проект во три примероци со извештај за ревизија на основниот проект или писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект доколку истиот е изработен во странство; - доказ за право на градење и - геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште. Доколку во деталниот урбанистички план или другата наведена урбанистичка планска документација не е предвидена изградба на спрат, надлежниот орган не може и не смее да издаде одобрение за градење, доколку се има предвид член 61 од истиот закон во кој стои: „Доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спротивно на овој закон или не издаде одобрение за градење односно не го одбие барањето за одобрение за градење во рокот од член 59 на овој закон, одговорното односно службеното лице, подлежат на кривична одговорност согласно Кривичниот законик.“ Начинот и постапката за донесување или измена на урбанистички планови се врши во постапка предвидена со Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Република Македонија број 60/2011-пречистен текст) при што треба да се имаат предвид членовите 24 и 13-а во кој стои: (1) Со урбанистичките планови од членот 7 точка 2 алинеи 2, 3 и 4 на овој закон предмет на планирање може да биде и една градежна парцела, а може да се врши и нивно изменување и дополнување во рамките на една градежна парцела, доколку постои изградена сообраќајна секундарна инфраструктура. (2) Во случаите од ставот (1) на овој член, урбанистичките планови се донесуваат во постапка утврдена во членот 24 од овој закон, а јавната анкета трае од најмалку пет до најмногу десет работни дена. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
ve molam za odgovor . Kako treba da postapam ako vo DUP na odredena gradezna parcela se vneseni netocni podatoci .(po noviot premer na katastarot se vneseni podatoci koi ne soodetstvuvaat so podatocite koi gi imam za objektot) ..Sprema odobrenie za gradba. potesna lokacija protokol i se drugo objektot e izgraden tamu kade se dadeni upatstvata i odobrenieto za gradba.Dokumentacijata tehnicka za objektot e prizmje plus sprat itaka e izgraden a vo D U P ne stoi taka tuku samo osnovata na objektot .Na sosednite parceli na site sto imaat P+1 im stoi taka a kaj nas samo zatemneta So linii povrsina a ne P+1 kako na drugite.Na sosednata parcela e vnesenoP+1 a nivnata kuka e bez tehnicka dokumentacija isamo treba da im bide osnovata na prizemje bidejki nemat kat. Vi se molam da mi kazete sto da napravam za da se ispravi ova ne po moja vina Pozdrav
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“, бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11 и 144/12), постапката за изработка и донесување на урбанистичките планови од членот 7, точка 2, алинеа 2, 3 и 4 на овој закон, се во надлежност на општините. Согласно член 17 од истиот закон, за изработување на плановите од членот 7, точка 2 на овој закон, општините донесуваат Годишна програма која задолжително ја објавуваат во јавните гласила, а изработката на плановите од програмата се финансира од буџетот на општината, а може да ја финансираат и заинтересирани правни и физички лица. Општините, согласно член 17-а овој закон, се должни да ја да разгледаат секоја иницијатива поднесена од правни и физички лица за изменување и дополнување на урбанистичките планови од членот 7, точка 2, алинеа 2, 3 и 4 на овој закон и во рок од 30 дена од поднесувањето на иницијативата да го известат подносителот дали истата се прифаќа . Доколку поднесената иницијатива е прифатена, општината е должна во рок од три месеци да започне постапка за изменување и дополнување на урбанистичкиот план за кој е поднесена иницијативата. Урбанистичките планови се изработуваат на ажурирани геодетски подлоги, Согласно член 14 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, на кои се ажурираат сите постојни надземни и подземни градби во рамки на планскиот опфат. На легално изградените градби или легализираните градби, согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти, се предвидуваат услови за градење за доградба и надградба. Легалните објекти за кои не се предвидуваат услови за градење, се потврдуваат како постојни. Согласно член 22 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, плановите од членот 7 на овој закон се изработуваат во две фази, односно како нацрт на план и предлог на план. Со член 23 и член 24 од Законот, регулирани се постапките за донесување на генералните урбанистички планови и деталните урбанистички планови, како и другите видови плански документации, а кои пропишуваат објавување на соопштение за јавна презентација и јавна анкета по нацрт-планот, во најмалку две јавни гласила (дневни весници, радио, телевизија), негово презентирање од стручни лица и период од најмалку десет дена за доставување на писмени примедби од страна на сите заинтересирани субјекти. Потоа стручна комисија формирана од градоначалникот на општината ги разгледува анкетните листови, оправданите ги прифаќа и потоа истите се вградуваат во предлог-планот, а за тоа писмено ги известува подносителите. Согласно член 25 од Законот, на плановите од членот 7, точка 2 на овој закон изработени во форма на предлог план согласност дава органот на државна управа надлежен за уредување на просторот, а потоа општината донесува Одлука за усвојување на планот. По неговото објавување истиот почнува да се спроведува. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani. Dali za gradbi od vtora i treta kategorija za izgradba na elektrana od obnovlivi izvori na energija so moknost pomala od 1MW resenie za lokaciski uslovi i odobrenie za gradba izdava nadleznata opstina ili ministerstvoto za transport i vrski. Blagodaram
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 57 од Законот за градење: Градби од втора категорија се: градби наменети за основно и средно образование, градби од областа на културата, градби наменети за примарна и секундарна заштита, градби за потребите на верските заедници, технолошки индустриски развојни зони формирани од правни лица и градбите во овие зони, индустриски градби, стопански градби, деловни градби, станбено-деловни градби, градби за индивидуално домување, викенд куќи, градби за колективно домување, градби за потребите на агроберзи, трговски центри, хотели, рекреативни центри, градби за научно-истражувачка дејност, катни гаражи, пазари, општински патишта, придружно услужни објекти на општински патишта утврдени со закон, електронски комуникациски мрежи и средства, термоцентрали и хидроцентрали со капацитет до 1 МВ, ветерници, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет до 1 МW, далноводи со напонско ниво до 35 КВ, трафостаници со напонско ниво до 10 КВ, складишта за нафтени деривати, природен гас и ТНГ со капацитет на складирање до 1.000 тони, секундарна гасоводна мрежа, трамвајски пруги, градби за противпожарна заштита, градби за ветеринарна заштита, детски градинки, градби во подрачје не национални паркови, градби за сепарација на материјал за производство на бетон, бетонски бази, асфалтни бази, локални водоснабдителни и канализациони системи со системи за пречистување, градби кои се во функција на заштита и промоција на природното наследство (информативни центри), депонии за интерен отпад (градежен шут), објекти за складирање, третман и/или преработка на отпад, меѓуградски автобуски станици, зоолошки градини, стадиони и спортски сали со капацитет под 10.000 гледачи, отворени спортски игралишта, базени во ниво на теренот за јавна употреба, јавни паркови, јавни паркиралишта и ски-лифтови. Согласно член 58 став 2 од Законот за градење, градбите од втора категорија од членот 57 на овој закон се градби од локално значење и одобрение за градење издава градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, Се извинувам, би сакала да Ве замолам, да ми кажете кои документи (дозволи, согласности, решенија) и од кој надлежен орган се потребни за изградба на телекомуникациска мрежа на: -локално ниво; -регионално ниво Што е потребно за доградба на мрежите во и надвор од градот (на ниво на повеќе општини). Однапред Ви благодарам. Со почит, Марија
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме согласно член 57 и член 58 од Законот за градење (Сл. Весник на Р. Македонија, бр.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12 и 25/13) во градби од прва категотија припаѓаат телекомуникациски центри за прием на сателитски сигнали и градби предвидени на подрачје на две или повеќе општини, за кои одобрение за градење издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот, додека во градби од втора категотија припаѓаат електронски комуникациски мрежи и средства за кои одобрение за градење издава градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје. Согласно пак член 59 став 2 од истиот закон за добивање на одобрение за градење инвеститорот поднесува писмено барање до надлежниот орган од членот 58 на овој закон со следната документација: - извод од детален урбанистички план или урбанистички план за вон населено место или урбанистички план за село или државна односно локална урбанистичка планска документација, а за линиските инфраструктурни градби проект за инфраструктура заверен од надлежен орган; - архитектонско- урбанистички проект заверен од надлежен орган доколку со урбанистичкиот план или државната односно локалната урбанистичка планска документација е предвидена изработка на овој проект; - основен проект во три примероци со извештај за ревизија на основниот проект или писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект доколку истиот е изработен во странство; - идеен проект доколку истиот претходно е доставен и одобрен согласно со членот 48-а од овој закон. - доказ за право на градење и - геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште. Ставот 6 на членот 59 определува дека доколку е поднесено барање за одобрение за градење на електронски комуникациски мрежи и средства, покрај доказите од став (2) на овој член се доставува и нотификација за пренос на електронски податоци издадена од Агенцијата за електронски комуникации. Членот 59-а определува што се смета како доказ за право на градење во смисла на овој закон. Наведената документација е потребна како за изградба така и за доградба на електронски комуникациски мрежи и средства и телекомуникациски центри за прием на сателитски сигнали и градби предвидени на подрачје на две или повеќе општини. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, имам куќа на приземје. Имав пречки при легализирањето, бидејќи еден мал дел од неа е изграден на место каде што со ГУП од пред 30 и повеќе години била предвидена улица. (но и тој дел од куќата е на мое земјиште). Со последните законски измени, со одлука на Советот на општината, куќата ја легализирав, но од општината ми рекоа дека иако е легализирана, нема да може над неа да се изврши надградба на уште еден кат. Според ДУП-от предвидена е П+2 во мојата парцела но на место пред постојната куќа. Дали можам да извршам надградба на постојната куќа, и каква е постапката за да се стигне до тоа? Ви благодарам!
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“, бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11 и 144/12), постапката за изработка и донесување на урбанистичките планови од членот 7, точка 2, алинеа 2, 3 и 4 на овој закон, се во надлежност на општините. За сите прашања околу градба, доградба и надградба потребно е да се обратите до надлежната општина. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани ! Урбанистичка согласност за бесправен објект - издадена од МТВ за објект од значење за Република Македонија, доставена е до надлежната Општина, во согласност со Член 20, став 6 за пресметка на надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект. Висината на надоместокот кој треба да се пресмета е еднаква на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште. Во согласност со Законот за грдежно земјиште Член 86 - Во случаи кога градежното земјиште не е уредено со објекти од комунална инфраструктура, не се плаќа надоместок за уредување. Во конкретниов случај ,дел од предметниот објект е легално изграден и од страна на инвеститорот на негов трошок е уредено градежното земјиште. Дали во овој случај Општината има право да пресмета и наплати надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект.? Благодарност !
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 20 став 6 од Законот за постапување со бесправни објекти за објектите од значење за Републиката согласно со Законот за градење и друг закон, чиишто иматели се приватни субјекти или други мешовити субјекти со доминантна приватна сопственост се пресметува и се плаќа надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект, така што висината на надоместокот за овие објекти е еднаква на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште кој се пресметува во постапката за добивање на одобрение за градење за овој вид на објекти, при што во предвид се зема изградената површина на бесправниот објект, утврдена со геодетскиот елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект. Имајки ја предвид оваа законска одредба, пресметувањето на висината на надоместокот за утврдување на правен статус на бесправен објект треба да се врши на ист начин како и во постапката за добивање на одобрение за градење, применувајки ги истите одредби од соодветниот Правилник. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Почитувани, ме интересира да ми одговорите кој заверува проект за инфраструктура за градби од вторакатегорија?
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека согласно член 51-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12 и 55/13): (4) Проектот за инфраструктура за линиски инфраструктурни објекти од прва категорија утврдени со Законот за градење, се доставува до органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот, за линиски инфраструктурни објекти од втора категорија утврдени со Законот за градење до општината на чие подрачје се предвидува инфраструктурниот објект, а за магистрални и собирни улици на подрачјето на градот Скопје, како и за линиски инфраструктурни објекти чија изградба согласно со Законот за градот Скопје е во надлежност на градот Скопје се доставува до градот Скопје, со барање за одобрување на истите. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Imam plac so 2 gradezni markici a do nego iako se predvi deni 2ulici ne mozam da vlezam.Pristapite se ogradeni od sosedite i poradi toa ne mozam da izgradam kuka i platam komunalii.Za ova podnesuvav mn.baranja do opstina Cen tar a tie se odnesuvaat kako da gi stitat interesite na sosedite. Gospodin Pizula i ostanatite administrativci od tamu mi go drzat semejstvoto vo zaloznistvo 3god.i ne mi sozdavaat us lovi za gradba kako da ne sakaat da gi uplatam parite za gra dezna dozvola vo opstinata.Dali ministerot moze da gi kon trolira ovie administrativci sto gi delat graganite na prv i vtor red.Kade da se obratam za da gi ostvaram svoite prava.Zosto ovie administrativci gi krojat sudbinite na obicnite luge a za toa se plateni od drzavni pari.Ke mi odgovori li nekoj zosto se tolku ne odgovorni i koj im go dade pravoto vo drzavava da si igraat so tugi zivoti.Pa drzavata ne e samo nivna taa pripaga i na moeto semejstvo kako ne im e sram
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека во надлежностите на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам е предвидено да се врши надзор над работата на општинските органи согласно член 144 и 145, како и 147. 148 и 149 од Законот за градење, а во делот на донесување на урбанистичките планови согласно член 64 и 66 како и член 6, 68 и 69 од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Поради наведеното потребно е со конкретни докази да се достави барање до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за вршење надзор над работата на општинските органи во конкретната општина. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani!sakam da prasam koko mozam da dobijam dozvola za gradba na parcela koja ne ja opfaka gradezno zemjiste i dali vopsto moze da se dobie vo regionot na kumanovo odnapred blagodaram
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека прашањето не содржи доволно податоци, но претпоставка е дека се работи за земјиште кое не е опфатено со урбанистички план. Во таа смисла потребно е во претходна постапка да се изврши урбанизација на просторот со урбанистички план вон населено место, или локална или државна планска документација во зависност од видот-категоријата на предвидената градба, или пак друг вид на урбанистичка планска документација, врз основа на која ќе може да се води постапка за издавање на одобрение за градење. Овие одредби се утврдени во позитивната законска регулатива и се однесуваат за секој простор во Република Македонија. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani,Skam da izvadam gradezna dozvola za kuka od 75 kvadrati prizemje i na istoto podkrovje bez podrum vo opstina ilinden,dali treba da pravam elaborat za geomehanicki ispituvanja ili ne.odnapred vi blagodaram
Почитувани, Дозволете ни да Ве известиме дека геомеханичките испитувања се потребни за фазата статика со сеизмика, па доколку проектантот на таа фаза нема соодветни податоци за носивоста на просторот на кој се предвидува изградбата може да изготви статика со претпоставени вредности за носивоста на просторот. Согласно член 4а од законот за градење за градби наменети за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 не е задолжително мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani!imam plac od 4000m2 koj pripagase pod opstina Ilinden i bese vo industriska zona, vo koj sakavme da gradime industriski objekt .No granicite na opstinite se promenija i sega ovoj plac e pod opstina Gazi baba i nema DUP za toa mesto.Moeto prasanje e kako mozam da dobijam dozvola za izgradba na industriski objekt vo ova mesto?Da napomenam deka placot granici so veke izgraden takov objekt od ednata strana,a od drugata strana ima Spedicija i parking za kamioni.Vo opstina Gazi baba ni kazaa deka nema DUP za toa mesto i toa trae veke nekolku godini.Kade treba da se obratime da se resi ovoj DUP za da moze da se gradi?Odnapred blagodaram!!!
Почитувани, Урбанизација на просторот се врши врз основа на член 7 и тоа со просторен план, генерален урбанистички план, детален урбанистички план, но исто така и врз основ на државна и локална урбанистичка документација и урбанистички план вон населено место. Иницијатива за изработка на плановите од член 7 став 2 (детален урбанистички план, но исто така и врз основ на државна и локална урбанистичка документација и урбанистички план вон населено место) може да покрене било кое заинтересирано правно и физичко лице, а исто така може и да ја финансира изработката на планот. Потребно е со обраќање до општината да се утврди начинот за побрза урбанизација на просторот. Со почит, Министерство за транспорт и врски на РМ
Pocituvani, imam kupen plac vo Nov Dojran preko javno nadavanje i obrvrska da napravam kuka od tvrd materijal. Sakam da napravam kuka od balirana slama (ekoloska) - da li e kuka od slama kako cvrst materijal i da li ke mozam da e legaliziram? Da li nekoj vo Makedonija se zanimava so izgradba kuki od slama?
Почитувани, Законот за градење во член 3 став 1 утврдува дека „Секоја градба, зависно од намената, треба да ги исполни основните барања за градбата предвидени со параметрите од урбанистичкиот план или државната односно локалната урбанистичка планската документација или проектот за инфраструктура и други услови пропишани со овој закон и посебните закони“, а во став 2 дека „Основните барања за градбата се однесуваат на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, заштита од пожар, санитарна и здравствена заштита, заштита на работната и животната средина, заштита од бучава, сигурност во употребувањето, ефикасно користење на енергијата и топлинската заштита, непречен пристап и движење до и во градбата и техничките својства на градежните производи што се користат за изградба“. Во изводот од валидната планска документација дадени се општи и посебни услови за градење кои обврзно треба да се почитуваат. Министерството за транспорт и врски не располага со податоци дали има изведувачи кои вршат изградба со балирана слама.
Pocituvani. Bi sakala da znam dali voopsto mozam, i kako mozam da promenam markica na semejna kukja od A1 vo A2. Vi Blagodaram odnapred.
Намената на градбите, како и нивната местоположба, површина, висина и се` останато што се определува, се утврдува со детален урбанистички план за просторот на кој се наоѓа градбата. Деталниот урбанистички план се изработува врз основа на генерален урбанистички план. Постапката за донесување на детален урбанистички план или негово изменување и дополнување е утврдена во Законот за просторно и урбанистичко планирање. Условите кои треба да бидат исполнети се комплексни и за намената А1 се различни од условите кои треба да бидат исполнети за намената А2, па доколку има можности истите да се исполнат, може да се поведе постапка за изменување и дополнување на деталниот урбанистички план и намената на предметната градба.
Почитувани, Имам намера да купам градежен плац за кој според ДУП е потребно дооформување на градежната парцела со дел од катастерска парцела за која сопственикот е непознат(околу 10% од вкупната површина на парцелата, според ДУП, маркицата за градба зафаќа и на таа катастерска парцела) Ме интересира која е постапката за да се дооформи градежниот плац. Со почит.
3. Законот за градежно земјиште ги утврдува условите и потребната документација за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, а со изложување на земјиштето, кое како што е наведено во прашањето нема утврден сопственик, ќе се утврди сопственикот.
Постави прашање за дадената услуга
Email
Прашање
NextSense Captcha

По внесување на кодот кој го гледате на екранот во текст полето од негова десна страна, кликнете на линкот Прати прашање во долниот десен агол од екранот.