Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Информирање на барањата на даночните обврзници
Kako moze da se izvrsi prenasocvanje na platen danok vo korist na obvrznikot od uplatna smetka 840-182-01375 na 840-141-1380 vo Kumanovo?
Vo odnos na postavenoto prasanje za prenasocuvanje na personalen danok od edna uplatna smetka na druga , Ve izvestuvame deka treba da dostavite pismeno baranje za prenasocuvanje do Regionalnata direkcija na UJP spored opstinata na koja se uplateni sredstvata, za da se izgotvi resenie za prenasocuvanje.Vo baranjeto ke navedete na koja uplatna smetka se uplateni sredstvata , kolkav iznos e uplaten i na koj datum e uplatata i na koja uplatna smetka treba da se prenasocat. Po izgotvenoto resenie UJP-Generalna direkcija ke izvrsi prenasocuvanje.
Потчитувани.Во 2012год како физичко лице имам остварено приход од десет ијади денари по основ продажба на старо железо,дали треба да поднесам даночна пријава и доколку трба ве молам да ми посочите во кој вид на остварен приход спаѓа горенаведеното?
Почитуван, Во врска со поставеното прашање Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје, Ве известува дека: 1) Согласно член 3 од Законот за персоналниот данок на доход (објавен во Службен весник на Р.М. број 80/93... 166/12, во понатамошниот текст ЗПДД), доходот што подлежи на оданочување го сочинуваат следниве видови приходи остварени во земјата и во странство: 1) лични примања; 2) приходи од самостојна дејност; 3) приходи од имот и имотни права; 4) приходи од авторски права и права од индустриска сопственост; 5) приходи од капитал; 6) капитални добивки; 7) добивки од игри на среќа и други наградни игри; и 8) други приходи. На оданочување подлежат сите приходи од став 1 на овој член што се остварени во пари, хартии од вредност, во натура, или во некој друг вид. Согласно член 6 став 1, точка 21-а од ЗПДД, данок на доход не се плаќа на примања по основа на приходи од продажба на корисен цврст отпад, остварен од страна на физичко лице. Согласно Законот за управување со отпад („Службен весник на Република Македонија” бр 68/04...123/12), член 6 точка 39 индивидуален собирач на отпад е физичко лице кое повремено или редовно собира и продава неопасен отпад во мали количини во висина до 30.000 мкд на годишно ниво, а за што е евидентирано за собирање на отпад кај правно или физичко лице кое има дозвола за трговија со неопасен отпад согласно со овој закон или пропис донесен врз основа на овој закон, кое не треба да биде регистрирано како трговец поединец и кое не треба да поседува дозвола за трговија со неопасен отпад. Според изнесеното, примањата по основ на приходи од продажба на цврст отпад не преставуваат приход оданочив со персоналниот данок на доход согласно член 3 од ЗПДД и истите немате обврска да ги пријавите во Годишната даночна пријава.
Pocituvani, dokolku edna firma e proektantsko biro, za licenca za proektiranje i e potrebno da ima vraboteno najmalku 3 ovlasteni inzeneri i firmata gi plati ovlastuvanjata, clanarinata vo Komorata na ovlasteni arhitekti i inzeneri i plati za digitalnite potpisi na svoite vraboteni lica, potrebno e da se plati i personalen danok na istite? So pocit
Почитувани, Во врска со поставеното прашање Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје, Ве известува дека: Согласно член 102 од Законот за градење (во понатамошен текст: ЗГ) објавен во “Сл.весник на РМ”бр. 130/09...7913, Комората на овластени архитекти и овластени инженери (во натамошниот текст: Комората) ги застапува, усогласува и заштитува интересите на овластените архитекти и овластени инженери и ги заштитува интересите на трети лица при вршењето на работите од страна на овластените архитекти и овластени инженери. Правото на употреба на професионален назив овластен архитект и овластен инженер се стекнува со добивање овластување согласно со овој закон и со запишување во соодветен именик на Комората. Според член 126 од ЗГ, средствата за извршување на работите од надлежност на Комората се обезбедуваат од: надоместок за овластување, надоместок од членарина, надоместок од нострификација, донации и други извори утврдени со закон. Согласно член 39 став 4 од ЗГ, овластување издадено согласно со одредбите од овој закон се одзема доколку надлежниот орган на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, утврди дека физичкото лице не се придржува на ценовникот од членот 109 точка 7 од овој закон, не платило годишна членарина или не се придржува на Кодексот на професионална етика на овластени архитекти и овластени инженери. Во членот 39 став 8 од ЗГ е наведено дека физичкото лице чие овластување е одземено поради неправилности наведени во ставовите (4) и (5) на овој член, не може да добие овластување согласно со одредбите од овој закон за вршење на работите за кои е донесено решение за одземање на овластување, во рок од една година од денот на правосилноста на решението за одземање на овластувањето. Според член 3 од Законот за персоналниот данок на доход (во понатамошниот текст ЗПДД), “Сл.весник на РМ” бр.80/93...166/12, до¬хо¬дот што под¬ле¬жи на ода¬но¬чу¬ва¬ње го со¬чи-ну¬ва¬ат следните видови на приходи ос¬тва¬ре¬ни во зем¬ја¬та и во странс¬тво:1) лич¬ни при¬ма-ња;2) при¬хо¬ди од са¬мо¬стој¬на деј¬ност;3) при¬хо¬ди од имот и имотни права;4) при¬хо¬ди од автор¬ски пра¬ва и пра¬ва од ин¬ду¬стри¬ска сопс¬тве¬ност;5) приходи од капитал;6) ка¬пи¬тал¬ни до¬би¬вки;7) до¬би¬вки од игри на сре¬ќа и дру¬ги на¬град¬ни игри;и8) дру¬ги при¬хо¬ди. На ода¬но¬чу¬ва¬ње под¬ле¬жат си¬те при¬хо¬ди од став 1 на овој член што се ос¬тва¬ре¬ни во па¬ри, хар¬тии од вред¬ност, во на¬ту¬ра, или во не¬кој друг вид кој има парична вредност. Според горе наведеното, а пред се поради задолжителноста на плаќање на членство во Комора на овластени инжинери и овластени архитекти заради правото на употреба на професионален назив овластен архитект и овластен инженер, Ве известуваме дека исплатата на трошоците за овластување и чланарина како и трошоците за дигитални потписи за вработените лица согласно ЗПДД, не се сметаат за поединечно остварен приход на вработените, па според тоа не постои обврска за пресметување и плаќање на персонален данок на доход.
Pocituvani Ve Molam da mi odgovorite dali e potrebno da se podnesuva danocna prijava ili nekoj drug dokument ako ostvaruvam prihod samo od licen dohod (plata). Ova za mene kako graganin mi e dosta nepoznato od pricina sto e novina od samo nekolku god.za fizickite lica, i poveke UJP me asocirase samo za obvrska na pravnite lica(firmite) bideeki kako obicen graganin vo izminatite godini vo nasata drzava nemavme nitu navika nitu tradicija,obvrska pa i poznavanje od ovaa oblasta Ve molam za odgovor dali sekoj graganin potrebno e da podnesuva prijava,dali i penzionerite treba da podnesuvaat prijava ako kako prihod im e samo penzijata.Vi Blagodaram
Почитувана, Во врска со поставеното прашање Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје, Ве известува дека: Согласно член 70 од Законот за персоналниот данок на доход (“Службен весник на РМ” бр.80/93....166/12), обврзникот кој остварува во текот на годината само приход од плата и пензија, односно само приход од земјоделска дејност или само приход од самостојна дејност не е должен да поднесува годишна даночна пријава. Согласно посоченото, физичките лица кои во 2013 година оствариле само приход од плата и/или пензија немаат обврска за поднесување на Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП) до Управата за јавни приходи. Ова е мислење на Сектор за услуги на даночни обврзници и за даноци во Министерство за финансии / Управа за јавни приходи и истото нема правна сила на толкување на закон и неможе да претставува основа за негово користење, или употреба како доказ пред суд или други органи и институции за остварување на одредени права во корист на подносителот. Надлежен орган за давање на овластено толкување на Закон е Собранието на Република Македонија согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија.”
Почитувани Сакам да отворам фирма поточно "играчница" со билијард пикадо play station и сл. Моето прашање е како би требало да ја регистрирам фирмата дали како интернет кафе, играчница или , забавен клуб и дали треба некоја дозвола за вршење на оваа дејност. Однапред благодарам
Почитуван, Во врска со поставеното прашање Управата за јавни приходи – Генерална дирекција, Ве известува: Доколку сакате да отпочнете стопанска дејност од која ќе остварувате приходи од вршење на дејност, потребно е да основате фирма според една од формите предвидени во Законот за трговските друштва (“Сл. весник на РМ” бр. 28/04...70/13, во понатамошниот текст ЗТД). Согласно член 20 од ЗТД, “Трговско друштво, според формата, без оглед на тоа дали врши трговска или некоја друга дејност, е: 1) јавното трговско друштво; 2) командитното друштво; 3) друштвото со ограничена одговорност; 4) акционерското друштво и 5) командитното друштво со акции. Трговско друштво може да биде основано само во форма и на начин определени со овој закон. Основачот слободно ја избира формата на трговското друштво, освен ако со закон поинаку не е определено.” Согласно член 4 став 1 точка 2 од ЗТД, тр¬го¬вец во смис¬ла на овој за¬кон е секое лице кое самостојно трајно во вид на занимање врши трговска дејност заради остварување добивка со производство, трговиjа и давање услуги на пазарот. Дејностите што трговецот ќе ги врши се класифицираат според дејностите утврдени во Националната класификација на дејности. Регистрираните трговски друштва како правни лица, законските прописи за плаќање на даноци се според: • Законот за данок на добивка (“Сл. весник на РМ” бр. 80/93...79/13), • Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (“Сл. весник на РМ” бр. 84/05...170/13) • Законот за персоналниот данок на доход (“Сл. весник на РМ” бр. 80/93...187/13) и • Законот за данокот на додадена вредност (“Сл. весник на РМ” бр. 44/99...155/12) • Подзаконските акти донесени врз основа на напред наведените закони. Споменатите законски прописи, освен Законот за данок на добивка се однесуваат и за регистрираните трговци поедници-физички лица, самостоен вршител на дејност. Доколку за остварување на дејноста е потребно претходно добивање на лиценца, дозвола, одобрение или друг посебен документ, начинот и местото на нејзиното добивање се уредува со посебен закон за дејност. Постапката за регистрација се врши преку едношалтерскиот систем, што подразбира дека сите неопходни активности за регистација на Вашата дејност и доделувањето на даночен број (ЕДБ) ќе ги завршите на шалтерот во Централниот регистар во рок од 4 часа, без притоа да доаѓате во Управата за јавни приходи. За потребните документи за регистрирање на фирма треба да се обратите во Централниот регистар. Истовремено, Ве упатуваме и на веб страната на Централниот регистар www.crm.com.mk Согласно член 2, став 1, точка 2 и 4 од Законот за игри на среќа и забавните игри објавен во (Службен весник на Република Македонија број. 24/2011...171/2012), забавни игри се: игрите на компјутери, симулатори, видео-автомати, флипери и други слични апарати кои се ставаат во погон со помош на пари, жетони или на друг начин, како и пикадо, билијарди и други слични игри во кои се учествува со уплата, а во кои учесникот не може да оствари добивка во пари, предмети или права, туку стекнува право на една или повеќе бесплатни игри од ист вид, како и други игри од забавен карактер во кои се подразбира дека учесникот во забавните игри кој губи ги сноси трошоците за играта или каде што уплатите (влоговите) и добивката се незначителни. Приредувач на забавна игра е трговско друштво и физичко лице-трговец поединец на кои им е издадена дозвола за приредување на забавни игри. Во врска со работите од областа на игрите на среќа и забавните игри, Министерството за финансии: постапува по поднесени барања за издавање на лиценци и дозволи за приредување на игри на среќа и за забавни игри, односно издава и одзема дозволи за приредување на игри на среќа и за забавни игри. За дополнителни информации можете да се обратите до Министерството за финансии-Сектор за финансиски систем кој е надлежен во делот на игрите на среќа и забавните игри. „Ова е мислење на Сектор за услуги на даночни обврзници и даноци во Министерство за финансии / Управа за јавни приходи и истото нема правна сила на толкување на закон и неможе да претставува основа за негово користење, или употреба како доказ пред суд или други органи и институции за остварување на одредени права во корист на подносителот. Надлежен орган за давање на овластено толкување на Закон е Собранието на Република Македонија согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија.”
Pocituvani, Imam edno prasanje vo odnos na Godisnata danocna prijava za personalen danok na dohod. Dali prodazba na zemjiste se odanocuva so PDD? Odnosno dali prihodite od prodazba na zemjiste se vnesuvaat vo Godisnata prijava na prodavacot i kako? Odnapred Vi blagodaram za odgovorot.
Почитувана, По однос на поставеното прашање, Управата за јавни приходи, Ве известува за следното: Согласно член 50 став 1 од Законот за персоналниот данок на доход (“Сл.весник на РМ” број 80/93....13/14 во натамошниот текст:ЗПДД), под капитална добивка се подразбира и приходот што обврзникот го остварува од продажба на недвижен имот. Капиталната добивка претставува разлика помеѓу: • продажната цена на недвижниот имот и • куповната (набавната) цена. Како продажна цена се смета договорената цена, односно цената која органот за јавни приходи ќе ја утврди ако оцени дека договорената цена е пониска од пазарната. Ку¬пов¬на¬та (на¬бав¬на¬та) це¬на од став 2 на овој член прет¬ста¬ву¬ва це¬на¬та по ко¬ја об¬врз-ни¬кот го стек¬нал нед¬виж¬ни¬от имот. Куповната-набавната цена при продажбата на недвижниот имот кој обврзникот сам го изградил се смета пазарната цена според која се утврдува основата на данокот на имот. Обврзник на данокот на доход од капитални добивки е физичко лице кое остварува добивка од член 50 став 2 од ЗПДД. Основа на данокот на доход за капитални добивки претставува разликата помеѓу продажната цена на недвижниот имот и куповната (набавна) цена. Капиталната добивка остварена со продажба на недвижен имот се внесува во даночната основа во висина од 70% од разликата (член 51-а и 52 од ЗПДД). Согласно членот 53 од ЗПДД, капитална добивка не се плаќа на средствата остварени од продажба на недвижен имот, кој обврзникот го продава по истекот на три години од денот кога го стекнал. Доколку недвижноста која сте ја стекнале, сте ја продале во периодот од три години од денот на неговото стекнување, во тој случај согласно член 73 став 2 од ЗПДД, должни сте да поднесете Аконтативна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход на капитални добивки “Образец ПДД-АДП/КД” до органот за јавни приходи на чија територија се наоѓа Вашето живеалиште, во рок од 15 дена од денот на остварување на приходот. При аконтативното утврдување на данокот на доход за капитални добивки, органот за јавни приходи изготвува решение врз основа на податоците од даночната пријава на даночна основа која претставува 70% од разликата помеѓу продажната и набавната цена на недвижен имот, со примена на стапка од 10%. Согласно член 69 став 1 од ЗПДД, об¬врз¬ни¬кот на да¬но¬кот на до¬ход е дол¬жен да под¬не-се го¬диш¬на да¬ноч¬на при¬ја¬ва за ос¬тва¬ре¬ни¬от до¬ход по исте¬кот на го¬ди¬на¬та за ко¬ја се утвр-ду¬ва да¬но¬кот нај¬доц¬на до 15 март на¬ред¬на¬та го¬ди¬на. Пријавувањето на приходите од капитални добивки од продажба на недвижен имот се врши со нивно искажување на редниот број 18 - Капитални добивки. Ова е мислење на Сектор за услуги на даночни обврзници и за даноци во Министерство за финансии / Управа за јавни приходи и истото нема правна сила на толкување на закон и неможе да претставува основа за негово користење, или употреба како доказ пред суд или други органи и институции за остварување на одредени права во корист на подносителот. Надлежен орган за давање на овластено толкување на Закон е Собранието на Република Македонија согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија
почитувни дали парите земени од обврзници за земјиште од денационализација,треба да се пријават
Почитувани, Во врска со Вашето барање на мислење, Управата за јавни приходи-Генерална дирекција Скопје, Ве известува за следното: Со член 1 од Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација (Сл.весник на РМ” бр.37/02 ... 6/12), се уредува: начинот и постапката на издавање на обврзници за денационализација, кои се даваат како надомест за имотот одземен во корист на државата врз основа на прописите со кои е вршено општо одземање и ограничување на сопственоста, врз основа на прописите за одземање на имот заради остварување на општокорисни цели, како и имот експроприран заради остварување на општокорисни цели, односно општ интерес, ако не се исполенети условите за враќање на имотот според одредбите за експропријација и одземање без правна основа. Согласно член 2 став 1 од истиот закон Република Македонија издава обврзници за намирување на обврските по основ на надоместот кој во постапката за денационилизација се дава во вид на обврзници. Со членот 9 од Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, се утврдува дека приходите врз основа на обврзниците за денационализација не се оданочуваат. Cо оглед на тоа, приходите остварени по овој основ не се пријавуваат во Годишната даночна пријава. Ова е мислење на Сектор за услуги на даночни обврзници и за даноци во Министерство за финансии / Управа за јавни приходи и истото нема правна сила на толкување на закон и неможе да претставува основа за негово користење, или употреба како доказ пред суд или други органи и институции за остварување на одредени права во корист на подносителот. Надлежен орган за давање на овластено толкување на Закон е Собранието на Република Македонија согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија
Dali moze da se izvrshi korekcija na danochnata prijava na lichen prihod pred istekot na datumot za podnesuvanje i kako,dokolku se uvidi deka e napravena greska pri vnesot na podatocite vo obrazecot za danocna prijava za godishni lichni primanja shto bi mozelo da vlijae na presmetkite na personalniot danok?
Во врска со поставеното прашање Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје Ве известува дека: Податоците во даночната пријава, согласно членот 53 став 3 од Законот за даночна постапка (“Сл.весник на РМ” број 13/06....187/13, во натамошниот текст: ЗДП), мора да бидат точни, вистинити и потполни. Доколку утврдите дека сте пријавиле неточни или нецелосни податоци во Годишната даночна пријава, должни сте да извршите исправка на образецот “ПДД-ГДП” преку поднесување на нова исправна даночна пријава за тој даночен период со наведување на остварените приходи по сите основи. При поднесување на исправката на претходно поднесената Годишна даночна пријава, означето го полето “исправка на ПДД-ГДП” со внесување на знакот “Х” и наведете го даночниот период за кој се врши исправката. Ова е мислење на Сектор за услуги на даночни обврзници и даноци во Министерство за финансии / Управа за јавни приходи и истото нема правна сила на толкување на закон и неможе да претставува основа за негово користење, или употреба како доказ пред суд или други органи и институции за остварување на одредени права во корист на подносителот. Надлежен орган за давање на овластено толкување на Закон е Собранието на Република Македонија согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија
Постави прашање за дадената услуга
Email
Прашање
NextSense Captcha

По внесување на кодот кој го гледате на екранот во текст полето од негова десна страна, кликнете на линкот Прати прашање во долниот десен агол од екранот.