|
-
Возач-почетник е секој возач на моторно возило до 21 година возраст или возач на моторно возило во период од 2 години по добивање на возачка дозвола.За возачот почетник постојат ограничувања во поглед на брзината на движење, алкохолот во крвта, јачината на возилото со кое управува како и управување на возилото во периодот од 23,00 до 05,00 часот
-
Употребата на зимската опрема во определениот временски период се однесува само за управување на возило надвор од населено место
-
Забрането е користење на мобилен телефон при управување со возило освен со употреба на направа која овозможува користење без употреба на раце
-
Забрането е преминување од една сообраќајна лента во друга освен кога преминувањето е заради свртување или престигнување
-
Не е дозволено паркирање на возило спротивно на сообраќаен знак, а особено на места наменети за движење на лица со посебни потреби
-
Воведени се нови категории и тоа: А, Б, Ц, Д, Б+Е, Ц+Е, Д+Е, национални категории Ф, Г, и М и поткатегории А1, Ц1, Ц1+Е, Д1, Д1+Е
-
Спроведувањето на возачкиот испит ќе се врши во испитни центри
-
Кандидатот за возач може да отпочне со обука со навршени 17 години и 6 месеци
-
Од 2008 година ќе се издаваат нови регистарски таблици со посебна софистицирана заштита
Предвидена глоба за одредени прекршоци
-
Неупотребување на сигурносен појас ............................20 евра или 10 негативни бодови
-
Непрописно паркирање ............................45 евра или 25 негативни бодови
-
Брзо возење 30-50 км на час над дозволено надвор од населено место или 10-30 км на час над дозволено во населено место ........................... 45 евра или 25 негативни бодови
-
Непропуштање пешаци на пешачки премин ................ 35 евра или 20 негативни бодови
-
Прскање на пешаци .......................... 35 евра или 20 негативни бодови
-
Возење цик-цак ........................... 45 евра или 25 негативни бодови
-
Пролизгување на погонски тркала ...............................45 евра или 25 негативни бодови
-
Нагло запирање без потреба ............................ 25 евра или 15 негативни бодови
-
Возење лице под дејство на алкохол или дрога ........... 45 евра или 25 негативни бодови
За сторени прекршоци за кои е предвидена глоба до 45 евра ако во определен рок не се плати глобата се впишуваат негативни бодови
За сторени прекршоци за кои е предвидена глоба до 500 евра ако сторителот самоиницијативно ја плати глобата добива бонус односно плаќа половина од глобата
Возачката дозвола се одзема со добиени 100 негативни бода добиени во последните 3 години
|