РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Сектор за односи со јавноста и информации од јавен карактер
Бр.10 -
30.08.2007 година
С к о п ј е
ПРЕДМЕТ: Соопштение.-
Министерството за внатрешни работи од 01.09.2007 го стартува новиот бесплатен телефонски број “0800 192 92“ наменет за граѓаните во Република Македонија. Целта на профункционирањето на оваа нова телефонска линија е да се забрза, но и олесни за граѓаните, постапката за вадење патни исправи.
На телефонскиот број граѓаните од целата држава ќе можат да ги добијат сите релевантни информации за процедурата за вадење патни исправи. Наедно, МВР уште еднаш ги известува граѓаните на Р. Македонија дека ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ ОНИЕ ШТО САКААТ ДА АПЛЦИРААТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ПАТНА ИСРПАВА.