|
ШТО Е ГРАЃАНСКИ ДНЕВНИК?
Иницијативата “Граѓански дневник“ е одговор на барањето за решавање на
проблемите со кои се среќаваат граѓаните во секојдневната, интеракција со
организациите или институциите кои обезбедуваат јавни услуги.
Концептот на Граѓански дневник ја негува довербата помеѓу оние
кои ги даваат услугите и корисниците. Тој има за цел да ги претстави мерливо
стандардите на услугите, добиени преку консултации меѓу службениците и
корисниците на услугите. Дневникот претставува декларација со која
органот/ите јавно се обврзуваат кон јавноста за стандардите на услугите кои ги
даваат и едновремено им овозможува на граѓаните пристап до услугите кои нив
лично ги засегаат и можност за оценка на дадените услуги која претставува
алатка за мерливост на успешноста на органите во секој индивидуален случај.
Граѓанскиот дневник е израз на разбирање меѓу граѓаните и
давателите на услуги со почит во однос на квалитетот на услугите што граѓаните
ги добиваат како размена со данокот кој го плаќаат. Во суштина се работи за
правата на јавноста и обврските на јавните службеници. Бидејќи јавните служби
се финансирани од граѓаните, директно или индиректно преку даноци, тие имаат
право да очекуваат одреден квалитет на услугите кој би одговарал на нивните
потреби и истите се обезбедуваат ефикасно со разумно чинење. Граѓанскиот
дневник е пишана декларација од давателите на услуги во врска со стандардите на
услугите, изборот, достапноста, не дискриминацијата, транспарентноста и
одговорноста. Тој треба да биде во согласност со очекувањата на граѓаните.
Затоа, тоа претставува корисен начин за дефинирање на природата на начелата на
услугите и експлицитните стандарди во давање на самите услуги.
ПРИНЦИПИ НА ГРАЃАНСКИОТ ДНЕВНИК
Главната цел на Граѓанскиот дневник е да му даде на граѓанинот поголеми
овластувања во однос на услугите од јавниот сервис и можат да се препознаат 6
основни принципи:
-
Квалитет (подобрување на квалитетот на услугите);
-
Избор (кога е возможен);
-
Стандарди (специфицирано што да се очекува и како да се постапува
доколку не се постигнати стандардите);
-
Вредност (за парите на даночните обврзници);
-
Одговорност (индивидуална и институционална); и
-
Транспарентност (правила / процедури / шеми / поплаки жалби)
Како принцип кој може да се препознае во еден Граѓански дневник
е и потребата за промената на мислењето на службениците односно да се
препознаат себеси дека не се лица кои имаат моќ над јавноста туку дека
едноставно и исклучиво се сервис на граѓаните.
Во секој случај, Граѓанскиот дневник не треба да претставува само еден документ
за сигурност или формула која наметнува униформиран начин на работа во секоја
служба. Тој е предвиден да биде алатка за иницијативи и идеи со кои би се
подигнало нивото на стандарди во давање на услуги и тоа на најсоодветен начин
од страна на администрацијата. Дневникот треба да претставува ефективна алатка
со која би се осигурила транспарентноста и одговорноста и едновремено да
обезбеди добро владеење само доколку се применува доследно и проследено со
желба за успех од страна на владините институции.
КОНТРОЛА И СЛЕДЕЊЕ
Во процесот на имплементација на Граѓанските дневници
воспоставен е и механизам за контрола на работата при давањето на услугите на
органите на држаната управа. Едно од клучните барања во тој правец е и
објавување на резултатите од работењето на државните органи. Механизмот за
контрола на работата на органите опфаќа воведување на Формулар за оценување
на услугите од страна на корисниците.
Формуларот за оценување на услугите од страна на корисниците
преставува едноставен прашалник со кој граѓаните корисници на одредени услуги
се прашуваат за начинот, брзината, временскиот рок за добивање на услугата и
едновремено преставува можност за давање предлог за унапредување на начинот на
давање на услугите.
|