Државниот архив согласно своите функции дадени со закон, е надлежен за чување и заштита на архивската граѓа создадена во работата на: Собранието на РМ, Владата на РМ, Државните органи, единиците на локална самоуправа и други правни и физички лица на РМ. Визијата на ДАРМ е депонираната граѓа да ја среди согласно архивските стандарди, да ја заштитува и чува со цел за што подобро користење од страна на корисниците на архивска граѓа (правни и физички лица) и по потереба да ја публикува. Исто така визијата на Државниот архив е да ја чува и заштитува архивската граѓа која е од историски, културен и сличен интерес за Република Македонија. Заложба, граѓаните во најкраток можен рок да дојдат до бараната информација.